Изработка на камати за купувачи и проверка на листите на добавувачи

Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central нуди можност за пресметка на различни камати во зависност од купувачите. Дополнително, во Македонија постои постапка за пресметка на камати на платениот износ од доспеаниот долг.

Модулот за пресметка на камата за ненавремено плаќање на доспеаните долгови од страна на купувачите е изработен од Логин Системи како дел од Македонската локализација за сметководство во Dynamics NAV и работи во согласност со Македонското законодавство за пресметка на законска казнена камата. Кај купувачите се одредува методот на пресметка на камати дали ќе биде според табелата или според соодветен процент.

Работна табела за пресметка на камата

Пример Согласно нашето законодавство, пресметката на каматата за долг кој е платен по датумот на неговото доспевање, се пресметува во моментот кога истиот е наплатен. На пример, доколку една фактура има датум на доспевање 15.07.2018, а е наплатена на 31.07.2018, пресметката на камата се врши откако уплатата по основ на таа фактура е евидентирана.

За утврдување на каматната стапка се користи референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата утврдена од НБРМ зголемена за десет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за осум процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

Примена кај добавувачите

Овој модул може да се искористи и за проверка на каматната листа што е испратена од добавувачот на фирмата. Се случува каматните листи од добавувачите да не се точно пресметани според прописите во Македонија.  


Провери ги другите надополнувања на Логин Системи во Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

#msdynnav #msdyn365bc #MK

    0