Резултати од пребарување
388 results found with an empty search
- Почетни екрани на програмите за сметководство и деловно работење
Почетните екрани и главните менија на програмите за сметководство и деловно работење откриваат многу за самиот начин на работа со овие програми. За да помогнеме на корисниците во нивната одлука за нов сметководствен програм, ги издвојуваме и прикажуваме главните екрани на програмите од Даталаб, Инфо-Биро, Зонел и Microsoft Dynamics NAV (со Логин Системи). За разлика од Dynamics NAV кој може да се подесува и од Логин Системи но и од самиот корисник, другите програми имаат фиксен главен екран. Подесувањето на главниот екран и другите делови од апликацијата е важно за продуктивноста на вработените како и за сигурноста на податоците. Со прикажувањето на соодветните податоци, вработениот на Dynamics NAV се фокусира директно на работата од својот делокруг и при тоа не му се овозможува да „лута“ по другите податоци од фирмата или организацијата. Да ги погледнеме во продолжение главните екрани преземени од нивните веб сајтови. Даталаб Pantheon Главниот екран на пакетот Пантеон од Даталаб го земавме од нивно видео на корисничкиот дел на нивниот веб сајт. Колку што можеме да забележиме, менито е фиксно и има само хоризонтално мени. Слика 1: Главен екран на Пантеон (преземено од корисничкиот дел на нивниот сајт на 28.04.2018 - линк тука ) Зонел Helix Екранот на главното мени на програмот Helix од Зонел го грабувавме од нивото видео на Youtube. Слика 2: Главен екран на Хеликс (преземено од Youtube каналот на фирмата Зонел на 30.04.2018 - линк тука ) Инфо-биро CFMA На наредната слика е прикажано главното мени од делот за материјално работење на програмата CFMA од Инфо-биро. Програмот на Инфо-биро има и алатник (рибон) и мени за навигација од левата страна - наместо само хоризонтално мени како што имаат програмите на Даталаб и Зонел. Слика 3: Главен екран на CFMA од Инфо-биро (преземено од Фејсбук страницата на Инфо-биро на 30.04.2018 - линк тука ) Логин Системи и Microsoft Dynamics NAV Microsoft Dynamics NAV се прилагодува на ролјата што ја има корисникот. Во системот се предефинирани преку 20 ролји (види линк ), а може да се дефинираат многу повеќе. Покрај главниот екран, сите други менија и команди се прилагодени на соодветната ролја. Карактеристично е тоа што и самиот корисник може да ги менува полињата од страниците и командите во менијата. Во продолжение се прикажани три различни главни екрани за ролјите „бизнис менаџер“, „сметководител“ и „менаџер за човечки ресурси“. Слика 4 (галерија): Главен екран за бизнис менаџер, сметководител и менаџер за човечки ресурси - повеќе за Dynamics NAV тука ) Повеќе други споредби: Споредба на Артикли меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Споредба на Вработени меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Налог за книжење: Инфо-биро или Логин Системи на Dynamics NAV (вклучува и налог за книжење од Пантеон) Ако сакате да презентирате некој друг сметководствен програм, топло препорачуваме и ве охрабруваме да го сторите тоа во коментарот на овој пост. Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост. #DynamicsNAV #Сметководство #ДеловенСофтвер #ERP #СпоредбаКонкуренција
- Трендови во сметководството кај малите фирми и невладините организации
Се менуваат потребите, навиките и трендовите кај малите фирми и невладините организации. Каква е моменталната ситуација и во кој правец се движат сметководствените услуги? Трендовите во начинот на работењето на фирмите и организациите се менуваат, а посебно кај оние организации кои се изложени на секакви можни пазарни притисоци. Кај таквите организации секое подобрување во работењето може да им овозможи стабилност и да постави платформа за раст. Тие се во постојана потрага по подобрувања и намалување на трошоците или за исти пари да добијат повеќе. Постоечката поставеност на сметководствените услуги кај дел од нив не им обезбедува квалитетни податоци за навремени и квалитетни одлуки. Моментална ситуација Поради обемот на работата или тесната специјалност, малите фирми и организации не се во состојба да имаат сметководител на платен список во својот тим. Тие потпишуваат договори со сметководствени фирми за водење на целосно сметководство. Во таквите случаи, сметководствениот програм е инсталиран и се користи во сметководствената фирма. Четири книговодствени активности што креираат вредност Обично договорите за сметководствени услуги се однесуваат на четири активности кои креираат вредност за нивните корисници. Две од овие активности не спаѓаат во стручниот делокруг на работа на сметководствените фирми, а такви се „внесување на документи“ и „подготовка на извештаи“. Иако личи дека договорите се „клуч на рака“, тие не може да ги покријат сите области во работењето на фирмите и организациите. Нив им требаат алатки за правење на фактури, за водење на залихи и евиденција на уплати и исплати и затоа се приморани да инвестираат во помошни програми за материјално работење, комерцијално работење, па дури и плати. Секако и на луѓе што ќе внесуваат податоци и трансакции. Во многу организациии се користи Microsoft Excel за водење на разни евиденции и анализи. Дополнителен проблем се јавува заради тоа што сметководствената фирма не ги внесува податоците веднаш туку периодично, најчесто седмично, а уште почесто - месечно. Извештаите што ги праќа сметководствената фирма до организацијата се пост фестум на нешто што се случило многу одамна и таквите извештаи освен за законодавачот, организацијата нема многу корист од нив. Во ваквиот модел постои одреден степен на поделба на трудот, поголемиот дел од работите се внесуваат на две места, постојат два извори на податоци кои најчесто не се синхронизирани (види слика подолу). Ваквиот начин на работење предизвикува потешкотии бидејќи фирмата/организацијата нема целосен и навремен увид во работењето, приморана е да изнесува документација од организацијата и да праќа до сметководствената фирма. Во праксата денес, ваквата поставеност на деловниот систем на малите фирми и организации не нуди можност за развој, а воедно се трошат непотребно средства и време на две места. Најбитното е што во фирмата нема една вистина за работењето туку две и повеќе вистини поради неинтегрираноста на податоците и различниот временски период на внесување во базите на податоци. Затоа не е случајно тоа што кај фирмите и организациите нема точни извештаи и/или доцнат со седмици - со што таквите задоцнети извештаи немаат употребна вредност за менаџерите. Секоја фирма (треба да) се стреми да има една вистина во податоците ... Секоја фирма се стреми да има една вистина во податоците, но тие најчесто се десинхронизирани, и секогаш различни во однос на сметководството. Ова секако влијае на квалитетот на одлуките на сопствениците, менаџерите и вработените. Работење со ERP решенија - интегриран пристап Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи. ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата. Повеќе за ERP има на постот „ Општо за ERP “. На илустрацијата подолу е прикажан концептот на работа на сметководството со помош на ERP. Главната карактеристика е тоа што со самото креирање на фактурата кон купувачот и нејзиното постирање (книжење), се ажурираат помошните книги какви што се книгите на купувачи, даночната книга, книгата на артикли или услуги - за да на крајот се запише во главната книга од сметководството со соодветните потребни книжења. Слично се постапува и со другите документи. Сите други трансакции и повремени документи какви што се одлуките се запишуваат во општиот дневник и потоа се прокнижуваат. Од тука може да се заклучи дека при креирањето и затворањето на документите организацијата си го извршува потребното книжење во сметководството. Ако таквите случаи се повеќе од 90% од работењето, тоа би значело дека организацијата има реализирано сметководство од 90 и повеќе проценти. ... главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Друга важна работа е дека главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Бидејќи книжењата на набавките и продажбите се прават во реално време, извештаите се секогаш навремени и точни. Ако било добро, зошто до сега не се користело? Да, логично е прашањето. Прво , степенот на развој и достапност на информатиката кај малите фирми беше ограничен до скоро. Второ , изработка на ERP систем е сложена долгогодишна програмерска и експертска активност, а квалитетни ERP решенија имаше само од странство. Трето , ERP решенијата се посложени и бараат повеќе средства за поставуање и одржување. Тоа е и за очекување ако се знае дека дел од сметководственото знаење, посебно она рутинското за контирање и дел од книжењата, се вградени во самото софтверско решение. Важна причина е и тоа што квалитетните ERP системи се странски и за истите е потребна нивна локализација кон македонските прописи, а во некои случаи и преведување на македонски јазик. Почетната инвестиција повеќе не е пречка за користење на ERP. Една од главните пречки кај малите и помалите-средни фирми е почетната инвестиција во набавката на серверска опрема и во лиценците за ERP решение. Овие две работи сега се надминати заради тоа што ERP решението може да се користи на принцип на месечна претплата на сличен начин како што фирмите плаќаат месечна кирија за користење на простории. Инвестицијата во серверска опрема се надминува со можноста ERP решението да се постави на т.н. хостинг сервер. Со веќе-постоечката можност за месечно рентање на Dynamics NAV и со воведувањето на новата услуга на хостирање во Логин Системи, квалитетното ERP решение станува атрактивно за многу поголем број на фирми и институции. Ако фирмата постави хостирано ERP решение базирано на Dynamics NAV ќе добие централизиран систем за сметководство, автоматизирање на процесите на опслужување на купувачите, магацинско работење, набавки, производство и човечки ресурси. Фирмата ќе може да пристапува и да ги обработува документите и податоците од канцеларија како и преку мобилните уреди базирани на Apple, Android и Microsoft. Сметководствената фирма ќе може да пристапува на податоците преку веб интерфејс или со Dynamics NAV апликација (види слика подолу). Во оваа архитектура, сметководствена фирма е контролор и поднесувач на даночните пријави и завршните пресметки. Внесувањето на трансакциите си го прави самата фирма. Се избегнува да се пренесуваат документи од фирмата во сметководственото биро. Сите работат во тим и се искористува стручноста на секого. Прераспределба на трудот и придобивки На прва помисла, користењето на ERP решенијата кај малите фирми ќе ја намали работата на сметководствените фирми. Според новиот начин на работа, подготовката на извештаите и внесувањето на документи преминува во самите фирми бидејќи внесувањето на документи ионака го прават фирмите, а воедно ќе можат директно од системот да ги влечат извештаите. Со ваквата распределба, сметководствената фирма ќе се „раатиса“ од мануелната работа која има ниска вредност и ќе се остручи на давање на услуги со поголема вредност. Бидејќи обемот на мануелна работа ќе падне, сметководствената фирма ќе има слободни ресурси за опслужување на повеќе клиенти со пакети за сметководствен консалтинг, поддршка во сметководството како и одговорноста за завршната пресметка. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти - пракса што веќе наголемо постои во земјите од Европската унија. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти ... Голема погодност е и тоа што корисниците на ваквите ЕРП услуги не мораат да ги носат документите во сметководствените бироа за нивна обработка и книжење. Општо земено, ако се споредат традиционалното работење и работењето со хостирано ERP решение е тоа што фирмите за истите пари или за приближно истите пари ќе имаат целосна контрола на сопствените податоци и ќе имаат ажурни и навремени извештаи. Наместо цело сметководство, тие ќе ги ангажираат сметководствените фирми за контрола во сметководството или поддршка на сметководството. ... „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со новиот начин, фирмата може да каже „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со користењето на ERP, дел од фирмите што имаат интерно сметководство ќе можат да ги аутсорсираат овие активности со што ќе се зголемува работата на сметководствените фирми. На цена ќе дојдат квалитетните сметководители наместо сметководителите што имаат „брзи прсти“ да внесуваат документи во сметководствените програми. Се чини дека никогаш не било подостапно користењето на ЕРП систем од светска класа во Македонија. Некои сметководствени фирми веќе почнаа да се прилагодуваат на промените и нудат различни пакети наместо само целосно сметководство. Ќе биде интересна оваа трансформација во наредниот период што доаѓа ... Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство
- Бесплатна поддршка за сметководство и деловно работење со само-услужување
Скопје, 23.03.2018. Денес, Логин Системи, македонскиот провајдер на сметководствен софтвер и ERP системи, ја објавува реализацијата на својата стратегија за опслужување на корисниците и заинтересираните организации и индивидуи. „Логин Системи посветува забележително внимание на подготовка на содржини кои ќе служат за наобразба, селф-сервис за поддршка и форуми за споделување на информации меѓу корисниците на ERP системите и сите други заинтересирани.“, изјави Венко Глигоров , основач и управител на Логин Системи. „За таа цел, поставивме платформа и алатки за само-услужување какви што се современ центар за помош и база на знаење, отворен и затворен форум, видео канал како и блог-објави на актуелни теми.“ Користењето на платформата и алатките за помош и поддршка се бесплатни за користење на сите професионалци, ентузијасти и студенти за областите на ERP, софтверот за сметководоство и деловно работење Microsoft Dynamics NAV. Исклучок на ова е затворениот форум и ресурсниот центар кои се достапни само на корисниците што имаат договор со Логин Системи. Центар за помош и база на знаење Нашиот центар за помош и база на знаење е место кадешто може да се најдат одговори на прашањата од корисниците. Во центарот за помош има објави кои се групирани во повеќе рубрики. Покрај текстуалните објави, во рубриките има и практични водичи во форма на видео-сесии и туториали кои помагаат во подобро користење на програмите и отстранувањето на базичните проблеми. Центарот за помош содржи ефикасен систем за пребарување според зборови и реченици со што бараниот одговор е при рака на посетителите на центарот. Центарот за помош се наоѓа на адресата https://help.loginsystems.biz/ . Отворен форум Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum . Форумот е организиран во неколку категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле. Членовите на форумот може да отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да ги споделуваат темите на социјалните мрежи. Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до областите во рубриките, модераторите може да бришат постови и коментари коисе надвор од темате или се со недолични зборови. Затворен форум и ресурсен центар За корисниците кои имаат договори за поддршка и одржување, Логин Системи постави затворен форум и ресурсен центар на адресата https://support.loginsystems.biz . Во ресурсниот центар се поставени оригиналните прирачници за Microsoft Dynamics NAV. Блог постови На страната https://www.loginsystems.biz/blogerp/ се наоѓаат блог-објави кои обработуваат одредени теми за сметководство, ЕРП и/или менаџмент. Во моментот е транзиција на постоечкиот блог во нов блог со адреси: Постоечки блог Нов блог Видео канал Логин Системи редовно произведува видео сесии на актуелни теми за Microsoft Dynamics NAV. Истите може да се прегледаат на адресата www.erp.mk/video . Поширока листа на видеа има на Youtube каналот на Логин Системи на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw . Резиме од линкови: Центар за помош и база на знаење | Отворен форум | Затворен форум и ресурсен центар | Блог-постови | Видео канал | Youtube канал #DynamicsNAV #Сметководство #ERP #ДеловноРаботење
- Топ 10 најчитани написи за стратегија и менаџмент
Форумот за стратегија и менаџмент на Логин Системи има корисни написи за теми кои се практични за бизнисот и менаџментот, а се поткрепени со теоретски сознанија. Во оваа прилика ги издвојуваме десетте најчитани написи од форумот досега - форумот е отворен за коментари, нови написи и лајкувања. Да почнеме од десет па накај врвот ... 10 Дефиниција: Стратегија Стратегија за прв пат се јавува како војнички поим (од грчкиот збор stratego ) кој се користи за да се опише уметноста на војување на генералот. Под стратегија се подразбира планот на генералот за распоредување и маневрирање на неговите сили со цел да се победи војската на непријателот. 9 Како до балансиран животен стил? Со правилото 80/20. Сте слушнале ли за тн. 80/20 правило? Независно од вашиот одговор, во продолжение ќе прочитате за изворната примена на правилото, но и за моите препораки како да се употреби неговата логика, за промена на животната филозофија во насока на водење поизбалансиран , а со тоа и среќно-успешен живот. 8 План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard Карактеристика на планот за одбрана на Велика Британија е тоа што се користи општо-прифатена методологија за стратегија и изведба на стратегија оригинално поставена од Др. Каплан и Др. Нортон - Balanced Scorecard. Методологијата Balanced Scorecard како методологија наоѓа широка примена во бизнисот и во владата. 7 Четири перспективи на бизнисот (и организацијата) со BSC Многу често луѓето мислат дека мерењето е алатка за контрола на однесувањето и оценување на изминатите перформанси на вработените и организацијата. Всушност, Balanced Scorecard (BSC) се користи на поинаков начин. 6 Пресметка на цена на чинење на вработен или ресурс ... пример со мерење на трошоците на медицинска сестра при работа со пациенти кадешто ќе користам податоци кои повеќе одговараат на македонските услови. Исто така на крајот од овој пост поставувам линк за урнек во Excel за пресметка на цена на чинење на ресурс. 5 Поим: Стратешка агенда за промени Стратешка агенда за промени е ефективен начин за одредување, сумаризирање и социјализирање на т.н. Случај за промени. Агендата ги отсликува деловните предизвици што насочуваат кон потребата од промени кај критичните перформансни димензии. Агендата за стратешки промени ги одредува тековните наспроти достижните и посакуваните состојби за секоја димензија. Пример со FBI . 4 Инфраструктура за креирање и изведување на стратегија Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци. ЕРП системите имаат клучна улога во креирањето и изведбата на стратегијата. Тие се дел од т.н. овозможувачи на стратегијата (анг. strategy enablers ). 3 Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска Градењето на правосудниот систем на Шкотска е школски пример како се гради и изведува стратегијата за подобар правосуден систем. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија. 2 Историски показатели или водечки индикатори? За остварување на стратегиските цели потребно е да се користи соодветен микс од историски показатели и водечки индикатори. Мерките со кои се стимулираат постигнување на идни резултати се нарекуваат водечки индикатори (анг. leading indicators). 1 (Би)вол-стадо или лет на полските гуски Разликите во стилот на менаџмент базиран на стадото биволи и летот на гуските е голем. Со парадигмата на јатото од гуските, може лесно да се увидат придобивките од засилениот "тимски" приод каде што секој е вовлечен во активности за групата да може да стигне до посакуваната одредница. #Стратегија #Форум #ЛогинСистеми #Менаџмент Членувањето во форумот на Логин Системи е бесплатно. Повеќе за членовите има на линкот Членови. Кликнете на главната страница за форумот за да ги видите рубриките на форумот.
- Форум: За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV?
Со преку 100.000 корисници ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Нашите софтверски решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. Како некој примарен ориентир која компанија може да има најмногу придобивки од користењето на решенијата базирани на Dynamics NAV послужува годишната продажба на компаниите. Продолжи да читаш тука ...
- ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба
Опциона МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни цени како што се бара во Македонија. Поддршката ја овозможува македонската локализација и надополнувањат на Логин Системи. На Dynamics NAV може да се прикачат ПОС апликации кои се поврзуваат со фискалните принтери и формираат ПОС каси. Надополнувањата и подесувањата што ги прави Логин Системи се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени и обратно како и за потребните извештаи што ги бара законодавачот. ПОС апликацијата на Логин Системи е со едноставен изглед но има моќни опции за брза и конформна работа на корисниците. Тие може да користат тачскин монитори или глувче со тастатура. Исто така, ако производите имаат бар-кодови, може да се користат бар-код читачи. Подолу се прикажани неколку екрани од апликацијата што е во функција во ланецот на ресторани: Мекиците од Стража . Слики од повеќе екрани на апликацијата за ПОС каси Екраните може да се прилагодуваат на барањата на корисникот или на самиот бизнис. ПОС касите се поврзуваат со централниот Dynamics NAV преку локална мрежа или Интернет. За таа цел, Логин Системи направи конектор со кој податоците од ПОС решенијата за фискални каси ќе можат да се префрлуваат во NAV. Шема на ПОС и Dynamics NAV Покрај поврзувањето на ПОС апликацијата со НАВ за префрлување на сметките, конекторот овозможува моментална синхронизација на податоците од НАВ кон касата. Оваа синхронизација се употребува за одредување на продажните цени на артиклите во продавниците на централно место во НАВ кои веднаш (или на одредено време од корисникот) се пренесуваат во продавниците. Конекторот овозможува и пренесување на претходно креираните кампањи за цени и попусти од НАВ на ПОС локациите. Различни групи на купувачи може да имаат различни услови на набавка во поглед на цени и начин на плаќање во НАВ и со помош на конекторот истите се пренесуваат до сите локации. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV (од оваа година и под називот Dynamics 365 Business Central) е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV
- Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители
Новости: Логин Системи ја прилагоди ролјата Сметководители да одговара на потребите и навиките на македонските сметководители. Главниот екран на Dynamics NAV за ролјата Сметководител Во централниот дел од главниот екран се прикажани отворените документи и документите што доспеваат наредната седмица. Во десниот дел сметководителот може да избере кои му се омилените конта, добавувачи и купувачи и во секое време да ги гледа нивните салда. (подетални слики се наоѓаат најдолу во постот). Од лева страна во горниот дел се прикажани најкористените команди какви што се контен план, сметки во банка, купувачи, добавувачи, буџети и дојдовни документи. На десната страна во долниот дел се прикажани областите какви што се дневници за книжење, основни средства, плати и вработени, паричен тек, трошковно сметководство, преглед на книжените продажни и набавни фактури и приемници/испратници, како и команди за администрација и подесување. Има можност и за евиденција на работно време за да се синхронизира со платите. Во горниот дел од екранот се наоѓаат табови со листа од команди. Листата е контекстно чувствителна и се прикажуваат само командите кои се битни за дадениот избор. На пример, ако изборот е конта, тогаш се прикажани команди кои се карактеристични за работата со конта. При избор на контен план, се прикажуваат контата од контниот план заедно со салдата, а во табовите има команди кои се соодветни за контниот план. Десно од листата, сметководителот може да става забелешки и коментари кои се однесуваат за соодветните конта. Кликни во галеријата од слики погоре за детален преглед и зголемени слики Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV
- Нова ролја: Менаџер на човечки ресурси
Новости: Подобрени функционалности на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи изработи и воведе нова ролја во системот за сметководствено работење и поддршка на деловни операции Microsoft Dynamics NAV. Ролјата "Менаџер на човечки ресурси" ги содржи сите потребни информации и активности поврзани со водењето на кадровската служба во малите и средни организации. Во ролјата е вградено повеќе од 10 годишно искуство на Логин Системи во работењето со организациите што имаат повеќе од 50 вработени. Со стартување на Dynamics NAV на главниот екран се прикажуваат вкупниот број на човечки ресурси и други податоци поврзани со вработените (види слика долу). Со кликнување на една од плочките, се прикажуваат подетални листи на вработени. Од левата страна на менито се дадени сите команди за вработени, шифрарници и модулот за плати на вработените. Од десната страна се дадени податоци од евиденцијата на работното време на вработените. Ролји на корисници во Dynamics NAV Со ова надополнување Dynamics NAV станува уште поатрактивен и поприменлив за македонските компании и институции. Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV
- Што е ново во Dynamics NAV 2017?
Стратегијата на Microsoft е корисниците на Dynamics NAV да добиваат секоја година дополнета верзија на Dynamics NAV во која ќе бидат вклучени најновите техничко-технолошки достигнувања. Па така после Dynamics NAV 2015 и Dynamics NAV 2016, неодамна Microsoft го лансираше Dynamics NAV 2017. Пред да ги изнесеме најбитните дополнувања на оваа верзија, да потсетиме дека Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности: Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството. Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со разчлични валути и јазици Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата. Дополнувањата на Dynamics NAV во верзијата од 2017та може да се групираат во (1) подобрувања на основната апликација, (2) приближување на двата света Power BI и Office365 како и (3) општи подобрувања во користењето и проширувањето на NAV. Подобрувањата на основната апликација воглавно е направена во 4 делови и тоа кај финансиите, артиклите, проектите и CRM. Во финансиите главното дополнување е тоа што контниот план е проширен со категории на конта и додадени се два нови извештаи кои ги користат категориите на конта – извештај за паричен тек (анг. Cashflow) и изјава за задржана добивка (анг. retained earnings). Во апликацијата е додадена нова ролја за бизнис сопственик кој може да ги гледа сите главни финансиски извештаи на фирмата како биланс на состојба, биланс на успех, паричен тек, извештај за задржана добивка и извештај за прибрани даноци. Новината кај артиклите е воведувањето на атрибути како модел, боја и големина која е погодна за интеграција со веб апликации. Така сега е можно да се искористат постоечките категории на артикли и да се направи хиерархија која ги користи атрибутите со што се заштедува време во планирањето на артиклите и се обезбедува конзистентност. На пример, кај мебелот може да има Бренд и Модел година. Кај проектите е воведена ролјата на проектен менаџер. Исто така има подобрувања на картичката на проекти, доделување на проектен менаџер за проект и креирање на проекти од постоечки проекти. Планирањето на проектите може да се праќа директно во календар во Outlook или да се стават часовите од outlook директно во дневникот на проекти во NAV. Деловната интелигенција Power BI може да се вградува директно во екраните на NAV и при тоа да се запазува типот на пристап до овие извештаи и графици во зависност од ролјата на корисникот. Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV. Повеќе информации за можностите на Dynamics NAV 2017 и неговото лиценцирање може да се добијат од оригиналните документи на Microsoft што може да се преземат од страната www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav . #DynamicsNAV #MK
- Видео: твојот бизнис во облак
Бизнисот на организацијата може да биде целосно во "облак" со Microsoft Dynamics NAV. Тоа е целосно интегрирано решение за водење на сметководството, финансиите, продажбата, магацинското работење, набавките и производството. Логин Системи е овластен за имплементација на Dynamics NAV. Погледнете го видеото тука ...
- Испратено писмо со иницијатива за PayPal до Мин. за финансии и други надлежни институции
Иницијатива за PayPal: Направи корисно за себе и за македонската економија. Скопје, 29.06.2017. Денес, во името на иницијативата за воведување на PayPal за продажни места во Македонија, Венко Глигоров испрати писмо и список на иницијаторите до министерот за финансии, Д-р Драган Тевдовски. Истовремено, се испратија копии од писмото и списокот до 4 други надлежни државни институции: Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Народната банка на РМ, Министерството за економија и Министерството за информатичко општество и администрација. Пријавување за поддршка на иницијативата се правеше на веб страницата https://goo.gl/9G8qJa во периодот од 21.06.2017 до 28.06.2017. Нејзе ја поддржаа повеќе од 1100 правни и физички лица. Резултати од иницијативата „Недостатокот на PayPal за продажни места во Македонија претставува пречка за развојот на претприемаштвото, не овозможува услови за поголем извоз на македонски производи и услуги во странство и се јавува потиштеност кај македонските стопанственици дека Македонија речиси секогаш назадува со современите текови во светот.“ се започнува во писмото упатено до Министерот. Целосната содржина на писмото може да се прегледа на адресата https://goo.gl/Fn4VE9 . „Се надеваме дека ќе успееме бидејќи потребата е голема, а има придобивки за сите“, изјави Венко Глигоров, еден од главните иницијатори за воведување на PayPal за продажни места во Македонија. „Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница.“ Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #PR #MK #Општественаодговорност
- Министерството за финансии има комуникација со PayPal
Скопје, 16.08.2017 . На барање на повеќе заинтересирани граѓани и фирми, Логин Системи ја информира јавноста дека Министерството за финансии започнало комуникација со #PayPal за воведување на PayPal за продажни места и прием на уплати во Македонија. Ова се неофицијални информации и според наша слободна проценка, воведувањето на PayPal не може да се случи пред октомври оваа година. Логин Системи ја организираше иницијативата за воведување на PayPal и од 13 јули оваа година, Министерството за финансии ја презема реализацијата на иницијативата. Повеќе информации за самата иницијатива има на https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal.














