Скопје, 23.03.2018. Денес, Логин Системи, македонскиот провајдер на сметководствен софтвер и ERP системи, ја објавува реализацијата на својата стратегија за опслужување на корисниците и заинтересираните организации и индивидуи.
„Логин Системи посветува забележително внимание на подготовка на содржини кои ќе служат за наобразба, селф-сервис за поддршка и форуми за споделување на информации меѓу корисниците на ERP системите и сите други заинтересирани.“, изјави Венко Глигоров, основач и управител на Логин Системи. „За таа цел, поставивме платформа и алатки за само-услужување какви што се современ центар за помош и база на знаење, отворен и затворен форум, видео канал како и блог-објави на актуелни теми.“
Користењето на платформата и алатките за помош и поддршка се бесплатни за користење на сите професионалци, ентузијасти и студенти за областите на ERP, софтверот за сметководоство и деловно работење Microsoft Dynamics NAV. Исклучок на ова е затворениот форум и ресурсниот центар кои се достапни само на корисниците што имаат договор со Логин Системи.
Центар за помош и база на знаење
Нашиот центар за помош и база на знаење е место кадешто може да се најдат одговори на прашањата од корисниците. Во центарот за помош има објави кои се групирани во повеќе рубрики.
Покрај текстуалните објави, во рубриките има и практични водичи во форма на видео-сесии и туториали кои помагаат во подобро користење на програмите и отстранувањето на базичните проблеми.
Центарот за помош содржи ефикасен систем за пребарување според зборови и реченици со што бараниот одговор е при рака на посетителите на центарот. Центарот за помош се наоѓа на адресата https://help.loginsystems.biz/.
Отворен форум
Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum.
Форумот е организиран во неколку категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле.
Членовите на форумот може да отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да ги споделуваат темите на социјалните мрежи. Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до областите во рубриките, модераторите може да бришат постови и коментари коисе надвор од темате или се со недолични зборови.
Затворен форум и ресурсен центар
За корисниците кои имаат договори за поддршка и одржување, Логин Системи постави затворен форум и ресурсен центар на адресата https://support.loginsystems.biz.
Во ресурсниот центар се поставени оригиналните прирачници за Microsoft Dynamics NAV.
Блог постови
На страната https://www.loginsystems.biz/blogerp/ се наоѓаат блог-објави кои обработуваат одредени теми за сметководство, ЕРП и/или менаџмент. Во моментот е транзиција на постоечкиот блог во нов блог со адреси:
Видео канал
Логин Системи редовно произведува видео сесии на актуелни теми за Microsoft Dynamics NAV. Истите може да се прегледаат на адресата www.erp.mk/video.
Поширока листа на видеа има на Youtube каналот на Логин Системи на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw.
Резиме од линкови: Центар за помош и база на знаење | Отворен форум | Затворен форум и ресурсен центар | Блог-постови | Видео канал | Youtube канал
Comments