Што е ново во Dynamics NAV 2017? | 📢 Login Systems | 🔖 Функционалности на ERP систем
top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

информација

функционалности

Што е ново во Dynamics NAV 2017?

Стратегијата на Microsoft е корисниците на Dynamics NAV да добиваат секоја година дополнета верзија на Dynamics NAV во која ќе бидат...

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif


Dynamics NAV, сметководство, финансии, ЕРП, софтвер

Стратегијата на Microsoft е корисниците на Dynamics NAV да добиваат секоја година дополнета верзија на Dynamics NAV во која ќе бидат вклучени најновите техничко-технолошки достигнувања. Па така после Dynamics NAV 2015 и Dynamics NAV 2016, неодамна Microsoft го лансираше Dynamics NAV 2017.

Пред да ги изнесеме најбитните дополнувања на оваа верзија, да потсетиме дека Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности:

  • Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството.

  • Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите

  • Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис

  • Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите

  • Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти

  • Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со разчлични валути и јазици

  • Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата.

Дополнувањата на Dynamics NAV во верзијата од 2017та може да се групираат во (1) подобрувања на основната апликација, (2) приближување на двата света Power BI и Office365 како и (3) општи подобрувања во користењето и проширувањето на NAV.

Подобрувањата на основната апликација воглавно е направена во 4 делови и тоа кај финансиите, артиклите, проектите и CRM.

Во финансиите главното дополнување е тоа што контниот план е проширен со категории на конта и додадени се два нови извештаи кои ги користат категориите на конта – извештај за паричен тек (анг. Cashflow) и изјава за задржана добивка (анг. retained earnings). Во апликацијата е додадена нова ролја за бизнис сопственик кој може да ги гледа сите главни финансиски извештаи на фирмата како биланс на состојба, биланс на успех, паричен тек, извештај за задржана добивка и извештај за прибрани даноци.

Новината кај артиклите е воведувањето на атрибути како модел, боја и големина која е погодна за интеграција со веб апликации. Така сега е можно да се искористат постоечките категории на артикли и да се направи хиерархија која ги користи атрибутите со што се заштедува време во планирањето на артиклите и се обезбедува конзистентност. На пример, кај мебелот може да има Бренд и Модел година.

Кај проектите е воведена ролјата на проектен менаџер. Исто така има подобрувања на картичката на проекти, доделување на проектен менаџер за проект и креирање на проекти од постоечки проекти. Планирањето на проектите може да се праќа директно во календар во Outlook или да се стават часовите од outlook директно во дневникот на проекти во NAV.

Деловната интелигенција Power BI може да се вградува директно во екраните на NAV и при тоа да се запазува типот на пристап до овие извештаи и графици во зависност од ролјата на корисникот.

Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV.

Повеќе информации за можностите на Dynamics NAV 2017 и неговото лиценцирање може да се добијат од оригиналните документи на Microsoft што може да се преземат од страната www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav.

0 comments
LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page