top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Дополнување со работен стаж: бесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та

    Калкулаторот за плата во 2019та вклучува и пресметка на плата со работен стаж (минат труд). Тој е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. Работи и на англиски јазик. Скопје, 15.01.2019. Логин Системи го дополни веб калкулаторот за плата со внесување на години за работен стаж (минат труд). Новата веб верзија на калкулаторот за плати се внесени новините од прогресивниот данок како и променетите коефициенти за придонеси од платата. Оваа апликација е бесплатна и е наменета за членовите на веб заедницата на Логин Системи. Членството во веб заедницата е отворено и за нови членови www.loginsystems.biz/members. "Веб калкулаторот го подобруваме според барањата од корисниците и затоа го дополнивме со можност за внесување на работен стаж односно минат труд." напиша Венко Глигоров , основач на Логин Системи. "Исто така веб калкулаторот го направивме и да работи на англиски јазик за менаџерите и вработените од странство што работат во Македонија". Корисни линкови Нови износи на даноци и придонеси за пресметка на плата 2019 - рекапитулар Насоки на УЈП во врска со примената на Законот за данок на личен доход Калкулаторот е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati . Важна напомена Во калкулаторот моментално се користат износи за највисока и најниска основица за пресметка на придонеси за 2018 година. Овие износи, 545.264 денари за највисока основица и 17.040 денари за најниската основица за придонеси, може да претрпат измени кон крајот на јануари оваа година кога се објавуваат износите што ќе важат за 2019та година. Премиум апликација за плати за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central За потребите на фирмите и организациите што имаат повеќе вработени и имаат потреба од пресметка на плати со боледувања, работни часови, договори за работа и изработка на МПИН, го предлагаме модулот за плати за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Повеќе информации има тука . Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот. Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). #плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

  • Подарок за празниците: бесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та

    Со калкулаторот може да се пресметува индивидуална плата или плата за повеќе вработени. Тој е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. Скопје, 07.01.2019. Логин Системи изработи нова веб верзија на калкулаторот за плати во кои се внесени новините од прогресивниот данок како и променетите коефициенти за придонеси од платата. Оваа апликација е бесплатна и е наменета за членовите на веб заедницата на Логин Системи. Со калкулаторот може да се пресметува индивидуална плата или плата за повеќе вработени. Тој е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. "Апликацијата за плати е дел од нашата понуда според принципот freemium - ја имаме оваа бесплатна верзија за веб и целосна верзија за Dynamics NAV / 365 Business Central која ја наплатуваме." напиша Венко Глигоров , основач на Логин Системи. "Во своето безмалку 30 годишно постоење, редовно сме имале бесплатни производи и услуги како дел од нашата општествена одговорност или како дел од нашата видливост на пазарот. Корисни линкови Нови износи на даноци и придонеси за пресметка на плата 2019 - рекапитулар Насоки на УЈП во врска со примената на Законот за данок на личен доход Новина кај веб пресметката е тоа што е наменета само за членовите на веб заедницата на Логин Системи, а тоа значи дека претходно заинтересираните е потребно да се зачленат. Ова членување е бесплатно и покрај пресметката за плата има други погодности како што е активно учество на форумот за сметководство, менаџмент и стратегија и Dynamics NAV / 365 Business Central. Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati . Важна напомена Во калкулаторот моментално се користат износи за највисока и најниска основица за пресметка на придонеси за 2018 година. Овие износи, 545.264 денари за највисока основица и 17.040 денари за најниската основица за придонеси, може да претрпат измени кон крајот на јануари оваа година кога се објавуваат износите што ќе важат за 2019та година. Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). #плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

  • Ни оваа година нема PayPal за продажба, се преминува на социјалните мрежи

    Скопје, 29.12.2018. Водачот на иницијативата за воведување на PayPal за наплата на продажбата во Македонија, Венко Глигоров, информира дека во 2018та година нема прогрес во реализацијата на иницијативата. Од Пејпал изјавија дека Македонија и банките не се спремни за соработка со Пејпал и дека тоа е главната пречка за воведувањето на овој светски сервис во Македонија. "Испративме писмо пропратено со преку 1000 потписи од физички лица, фирми и професионалци со барање до државните иниституции да се заложат за воведување на PayPal во Македонија со можности за наплата на продажбата на производите и услугите преку PayPal.", вели Венко Глигоров . "Интересот на малите фирми и претприемачи е огромен, а се покажа дека нема доволен интерес кај државните иниституции ова да се реши." Иницијативата се покрена во 2017та година и Министерството за финансии ја превзема да ја реализира. Освен една одржана работна средба во Министерството за финансии со банките, УЈП, Народната банка и Министерството за информатичко општество, нема официјален прогрес во иницијативата. "Ги пробавме сите начини почнувајќи од дописи со потписи, работни средби, комуницирање со дел од луѓето во министерствата и сето тоа е без успех - ни преостанува да ги користиме социјалните мрежи за да го покренеме ова важно прашање. Сведоци сме дека централната и локалната власт побрзо реагираат на социјалните мрежи отколку преку традиционалните начини на комуникација", заклучува Венко Глигоров. Неофицијално се дознава дека следуваат промени во законските прописи за платниот промет кадешто се предвидува либерализација на платниот промет. Повеќе за иницијативата има на линкот https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal или со клик на хаштагот подолу. #Пејпал #PayPal

  • ИТД Дистрибуција е корисникот на годината за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

    Скопје, 28.12.2018. Денес Логин Системи ја избра фирмата ИТД дистрибуција за корисник на годината за Microsoft Dynamics NAV. ИТД Дистрибуција направи надградба на својот претходен систем за сметководство и деловно работење Dynamics NAV 2009 на новата верзија на Microsoft Dynamics NAV 2017 - со спремност за брз премин на најновата платформа Microsoft Dynamics 365 Business Central. Надградбата на ЕРП системот на ИТД Дистрибуција се состоеше од префрлување на сите податоци од стариот систем во новиот систем, примена на најновиот интерфејс на Microsoft и воведување на неколку новини какви што се водењето според лотови и сериски броеви, фондови од добавувачи и хиерархиско одобрување на документи и продажни цени. ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Груп (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето 25-годишно искуство, Инфософт Груп опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. Својата работа во Македонија ја започнува од годината 2007, а под сегашното име ИТД Дистрибуција работи од 2010 година. ИТД во Македонија е овластен дистрибутер на DELL, IBM, HP, Lenovo, ADATA, Gygabyte, TP-link Genius, Winstar, Cooler master, Futjutu, Spire, Power Tree, ION, UNI-1, Fabriano, MURATLI Karton, Lepenka и нуди многу други производи од други светски престижни компании. „Изборот ИТД Дистрибуција да биде корисник на годината е резултат на посветеноста на фирмата да ги подобри сите аспекти во своето работење и да овозможи поквалитетна услуга на своите корисници.“ изјави Венко Глигоров , управител на Логин Системи. „Имплементираме Dynamics NAV повеќе од 15 години, а целосното преминување од NAV 2009 на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central за нас беше еден од најголемите предизвици. Се радувам што завршивме успешно.“ Повеќе информации за Логин Системи има на www.LoginSystems.biz. Повеќе информации за ИТД Дистрибуција има на www.ITD.mk.

  • Безбеден и поефтин премин од старо сметководство кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

    Скопје, 21.12.2018 . Согледувајќи ги потребите на корисниците во Македонија, Логин Системи припреми повеќе пакети од консултантски услуги за побезбедна и поефтина замена на постојниот сметководствен систем кон Microsoft Dynamics NAV и Microsoft Dynamics 365 Business Central. Искуства Искуствата кажуваат дека премин од стар во нов систем не е едноставна и ефтина работа бидејќи не се менува само софтверот туку се отвораат можности за промени во процесите и промени на навиките на луѓето во фирмата, Покрај новитетите од софтверот, организациите треба да се справуваат и со менаџментот на организациски промени (анг. organization change management). Бидејќи е тоа процес со многу неизвесности, фирмите ги советуваме да пристапат кон посериозно планирање и инкрементален прогрес без однапред инвестирање во цел систем. Тука доаѓаат консултантските услуги на Логин Системи кои го олеснуваат процесот на промена на софтверот и го намалуваат ризикот од евентуални грешки во инвестициите. Пакети "Направивме неколку пакети на услуги кои одговараат на првата фази од планирање и разгледување на нов ERP систем", кажува Венко Глигоров , управител и главен консултант во Логин Системи. "Сфативме дека колку се важни фазите на имплементирање и одржување, уште поважна е фазата на планирање и подготовки и тука сакаме да дадеме вредност на компаниите". Пакетите од консултантски услуги за планирање и подготовки се состојат од (1) брифинг од 1 час, (2) советување и изработка на план на високо ниво, (3) изработка на функционални барања и (4) демо инсталација. Придобивки Главните придобивки со овие консултантски услуги се да се осигураат компаниите дека процесите и барањата може да се имплементираат со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Потоа може да се утврдат ризичните области кадешто специфичните барања на корисникот не се подудараат со функционалностите на Dynamics NAV / 365 Business Central. На крајот е потребно да се постигне доверба во изборот на решението пред да се тргне во поскапите фази од имплементацијата и инвестирањето. "Најбарана опција ни е демо инсталацијата која иако е важна, без другите консултантски услуги не може да ги даде очекуваните резултати" завршува Глигоров. "Ќе им инсталираме демо и потоа не знаат како да продолжат понатаму. Затоа е потребно да се искористи барем уште еден друг пакет од консултантски услуги што ги нуди Логин Системи". Инвестирањето во консултантските услуги е исплатливо бидејќи може да се се пребие од износот на имплементирање на новиот ЕРП систем ако се набави од Логин Системи. Повеќе информации и цени Листата на консултантски услуги, нивен опис и цени има на страната " Консултантски услуги " на Логин Системи. Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот. Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). #dynamicsnav #msdyn365bc #msdynnav #услуги

  • Називи на лиценци: Microsoft Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central

    Со излегувањето на Microsoft Dynamics 365 Business Central, производителот Microsoft ги прилагоди називите на лиценците за да одговараат подобро на потребите и полесно да се уочуваат разликите меѓу истите. Карактеристично е што сега лиценците и во месечна претплата и во набавка на трајни лиценци имаат исти називи. Месечна претплата Стандардниот корисник (анг. Standard User SAL) кај Microsoft Dynamics NAV се нарекува Dyn365 Business Central Essentials. Наместо да се собираат Standard User и Advanced Extended User SAL, во Dyn365 Business Central оваа лиценца се вика Dyn365 Business Central Premium. Лимитираниот корисник SAL по ново сега се вика Dyn365 Business Central Членови на тим (анг. team members). Рекапитулар на овие лиценци има на табелата долу. Повеќе за месечната претплата и нивните цени има на страната „ Лиценцирање по пат на месечно изнајмување “. Трајни лиценци Кај трајните лиценци во Dynamics NAV постои набавка на пакет „Почетен пакет“ (анг. Starter Pack) или на Проширен пакет (анг. Extended Pack). Откако ќе се набават еден од овие два пакети, потоа се набавуваат лиценци за пристап. Со новото лиценцирање на Dynamics 365 Business Central нема набавка на пакети од лиценци туку директно се набавуваат клиентските лиценци и тоа Dynamics 365 Business Central Premium Dynamics 365 Business Central Essentials Dynamics 365 Business Central Team Members Повеќе за трајните лиценци и нивните цени има на страната „ Набавка на трајни лиценци “. Важно. Од Април 2019та година новите корисници ќе може да набавуваат само Microsoft Dynamics 365 Business Central. #DynamicsNAV #msdyn365bc #msdynnav #лиценцирање

  • За препорака на Microsoft Dynamics NAV се добива продажна провизија од 10%

    Логин Системи ќе ги наградува правните и физичките лица за препорачување на Microsoft Dynamics NAV и Логин Системи кај потенцијалните корисници на ова сметководствено-деловното софтверско решение. Скопје, 01.12.2018. Денес Логин Системи објавува дека започнува иницијатива за соработка со правни и физички лица кои ќе ги препорачуваат софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (Dynamics 365 Business Central), македонската локализација и дополнувањата од Логин Системи на трети фирми. Логин Системи ќе ги наградува правните и физичките лица кои ќе пронајдат и препорачаат потенцијални корисници на овие сметководствено-деловни софтверски решенија. За секоја препорака, Логин Системи ќе одвои 10% од вредноста на лиценците на Microsoft Dynamics NAV и дополнувањата на Логин Системи во форма на продажна провизија. За да може да се заработи оваа провизија, лицата треба претходно да го најават интересот на одредена фирма за користење на сметководствен програм во Логин Системи. Тоа се прави со пополнување на онлајн формулар. Ако се склучи договорот во рок од 6 месеци, продажниот агент ќе може да ја добие провизијата од 10% на износот на лиценците. Ако се работи за месечен наем (претплата) на лиценци, провизијата се пресметува на вкупниот годишен износ на наемот. "Логин Системи има убедливо најдолга историја во македонската информатичка индустрија во работа со деловни партнери наречени дилери", изјави Венко Глигоров , управител на Логин Системи. "Во средината на 90тите години започнавме пионерски чекори за индиректна продажба преку специјализирани ИТ фирми и ланци од ИТ маркети и опслужувавме преку 1000 дилери. Сакаме ова наше искуство да го примениме и на ЕРП решенијата на Microsoft.". Со оваа нова иницијатива, Логин Системи има за цел да го раздвижи пазарот на софтверски програми и услуги и да се овозможи збогатена понуда на поразновидни решенија за потребите на малите и средни фирми и организации. Повеќе информации и препорачување се прави на страницата "Препорачај го Microsoft Dynamics NAV" . Основана во 1991 година, компанијата Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги кои од 2002 година се базирани на Microsoft Dynamics NAV . Нашите софтверски решенија се имплементирани во преку 400 фирми во Македонија од постоењето до денес.

  • Обновен мини-бизнис клуб

    Многумина го помнат бизнис клубот на Логин Системи. Кога се отвори беше уникатен не само за ИТ заедницата. За вработените беше место за појадок, кафе муабет и интерни состаноци - посебно се користеше во неработно време за работни средби. Во бизнис клубот се одржуваа бизнис состаноци со клиенти и потенцијални купувачи. Клубот беше доволно голем и за прослави, коктели па и живи свирки. Многу познати лица и нормален свет го имаат искусено еспресо кафето и пијалоците во бизнис клубот. Бизнис клубот изгуби на значење со новиот закон за пушење. Луѓето ги правеа паузите надвор. Се изгуби онаа сплотеност и размена на бизнис идеи. Со трансформацијата на Логин Системи од водечки регионален дистрибутер за ИКТ производи во провајдер на деловни решенија и услуги - бизнис клубот го затворивме. Минатата седмица Мими (Глигорова) го обнови клубот со креирање мини бизнис клуб при што користење дел од елементите од затворениот клуб. Во продолжение има галерија од слики за потсетување на минати времиња. Два претседатели во исто време Еден од највпечатливите настани беше во 2003та година кога во бизнис клубот беа гости два Претседатели - едниот на Македонија, Борис Трајковски и другиот на Моторола, Мајк Зафировски (последна слика во галеријата горе). Ако некој се сеќава на некои случки со бизнис-клубот или имате никатни слики, ве молиме да споделите во коментар.

  • Видео честитка од ко-основачот на QBS Груп, деловен партнер на Логин Системи

    Основачот на Логин Системи, Венко Глигоров, доби видео честитка од ко-основачот на QBS Груп за неколку годишната успешна соработка меѓу двете организации. Во честитката се вели дека (QBS) се почестени со успехот на Логин Системи како Microsoft Dynamics Partner и дека посакуваат да продолжи заедничкото партнерство. Кјубиес е најголемата и најбрзо растечката интернационална мрежа на партнери на Microsoft Dynamics која се состои од 350 фирми во 15 земји. Според Мариа Гарана, потпретседател на Microsoft Business Solutions за ЕМЕА, партнерите во мрежата на Кјубиес се поуспешни до 40% од другите фирми за Microsoft Dynamics NAV. Видео честитката може да се погледне подолу. #msdynnav #msdyn365bc #сметководство #ерп #erp

  • Почетни екрани на програмите за сметководство и деловно работење

    Почетните екрани и главните менија на програмите за сметководство и деловно работење откриваат многу за самиот начин на работа со овие програми. За да помогнеме на корисниците во нивната одлука за нов сметководствен програм, ги издвојуваме и прикажуваме главните екрани на програмите од Даталаб, Инфо-Биро, Зонел и Microsoft Dynamics NAV (со Логин Системи). За разлика од Dynamics NAV кој може да се подесува и од Логин Системи но и од самиот корисник, другите програми имаат фиксен главен екран. Подесувањето на главниот екран и другите делови од апликацијата е важно за продуктивноста на вработените како и за сигурноста на податоците. Со прикажувањето на соодветните податоци, вработениот на Dynamics NAV се фокусира директно на работата од својот делокруг и при тоа не му се овозможува да „лута“ по другите податоци од фирмата или организацијата. Да ги погледнеме во продолжение главните екрани преземени од нивните веб сајтови. Даталаб Pantheon Главниот екран на пакетот Пантеон од Даталаб го земавме од нивно видео на корисничкиот дел на нивниот веб сајт. Колку што можеме да забележиме, менито е фиксно и има само хоризонтално мени. Слика 1: Главен екран на Пантеон (преземено од корисничкиот дел на нивниот сајт на 28.04.2018 - линк тука ) Зонел Helix Екранот на главното мени на програмот Helix од Зонел го грабувавме од нивото видео на Youtube. Слика 2: Главен екран на Хеликс (преземено од Youtube каналот на фирмата Зонел на 30.04.2018 - линк тука ) Инфо-биро CFMA На наредната слика е прикажано главното мени од делот за материјално работење на програмата CFMA од Инфо-биро. Програмот на Инфо-биро има и алатник (рибон) и мени за навигација од левата страна - наместо само хоризонтално мени како што имаат програмите на Даталаб и Зонел. Слика 3: Главен екран на CFMA од Инфо-биро (преземено од Фејсбук страницата на Инфо-биро на 30.04.2018 - линк тука ) Логин Системи и Microsoft Dynamics NAV Microsoft Dynamics NAV се прилагодува на ролјата што ја има корисникот. Во системот се предефинирани преку 20 ролји (види линк ), а може да се дефинираат многу повеќе. Покрај главниот екран, сите други менија и команди се прилагодени на соодветната ролја. Карактеристично е тоа што и самиот корисник може да ги менува полињата од страниците и командите во менијата. Во продолжение се прикажани три различни главни екрани за ролјите „бизнис менаџер“, „сметководител“ и „менаџер за човечки ресурси“. Слика 4 (галерија): Главен екран за бизнис менаџер, сметководител и менаџер за човечки ресурси - повеќе за Dynamics NAV тука ) Повеќе други споредби: Споредба на Артикли меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Споредба на Вработени меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Налог за книжење: Инфо-биро или Логин Системи на Dynamics NAV (вклучува и налог за книжење од Пантеон) Ако сакате да презентирате некој друг сметководствен програм, топло препорачуваме и ве охрабруваме да го сторите тоа во коментарот на овој пост. Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост. #DynamicsNAV #Сметководство #ДеловенСофтвер #ERP #СпоредбаКонкуренција

  • Трендови во сметководството кај малите фирми и невладините организации

    Се менуваат потребите, навиките и трендовите кај малите фирми и невладините организации. Каква е моменталната ситуација и во кој правец се движат сметководствените услуги? Трендовите во начинот на работењето на фирмите и организациите се менуваат, а посебно кај оние организации кои се изложени на секакви можни пазарни притисоци. Кај таквите организации секое подобрување во работењето може да им овозможи стабилност и да постави платформа за раст. Тие се во постојана потрага по подобрувања и намалување на трошоците или за исти пари да добијат повеќе. Постоечката поставеност на сметководствените услуги кај дел од нив не им обезбедува квалитетни податоци за навремени и квалитетни одлуки. Моментална ситуација Поради обемот на работата или тесната специјалност, малите фирми и организации не се во состојба да имаат сметководител на платен список во својот тим. Тие потпишуваат договори со сметководствени фирми за водење на целосно сметководство. Во таквите случаи, сметководствениот програм е инсталиран и се користи во сметководствената фирма. Четири книговодствени активности што креираат вредност Обично договорите за сметководствени услуги се однесуваат на четири активности кои креираат вредност за нивните корисници. Две од овие активности не спаѓаат во стручниот делокруг на работа на сметководствените фирми, а такви се „внесување на документи“ и „подготовка на извештаи“. Иако личи дека договорите се „клуч на рака“, тие не може да ги покријат сите области во работењето на фирмите и организациите. Нив им требаат алатки за правење на фактури, за водење на залихи и евиденција на уплати и исплати и затоа се приморани да инвестираат во помошни програми за материјално работење, комерцијално работење, па дури и плати. Секако и на луѓе што ќе внесуваат податоци и трансакции. Во многу организациии се користи Microsoft Excel за водење на разни евиденции и анализи. Дополнителен проблем се јавува заради тоа што сметководствената фирма не ги внесува податоците веднаш туку периодично, најчесто седмично, а уште почесто - месечно. Извештаите што ги праќа сметководствената фирма до организацијата се пост фестум на нешто што се случило многу одамна и таквите извештаи освен за законодавачот, организацијата нема многу корист од нив. Во ваквиот модел постои одреден степен на поделба на трудот, поголемиот дел од работите се внесуваат на две места, постојат два извори на податоци кои најчесто не се синхронизирани (види слика подолу). Ваквиот начин на работење предизвикува потешкотии бидејќи фирмата/организацијата нема целосен и навремен увид во работењето, приморана е да изнесува документација од организацијата и да праќа до сметководствената фирма. Во праксата денес, ваквата поставеност на деловниот систем на малите фирми и организации не нуди можност за развој, а воедно се трошат непотребно средства и време на две места. Најбитното е што во фирмата нема една вистина за работењето туку две и повеќе вистини поради неинтегрираноста на податоците и различниот временски период на внесување во базите на податоци. Затоа не е случајно тоа што кај фирмите и организациите нема точни извештаи и/или доцнат со седмици - со што таквите задоцнети извештаи немаат употребна вредност за менаџерите. Секоја фирма (треба да) се стреми да има една вистина во податоците ... Секоја фирма се стреми да има една вистина во податоците, но тие најчесто се десинхронизирани, и секогаш различни во однос на сметководството. Ова секако влијае на квалитетот на одлуките на сопствениците, менаџерите и вработените. Работење со ERP решенија - интегриран пристап Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи. ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата. Повеќе за ERP има на постот „ Општо за ERP “. На илустрацијата подолу е прикажан концептот на работа на сметководството со помош на ERP. Главната карактеристика е тоа што со самото креирање на фактурата кон купувачот и нејзиното постирање (книжење), се ажурираат помошните книги какви што се книгите на купувачи, даночната книга, книгата на артикли или услуги - за да на крајот се запише во главната книга од сметководството со соодветните потребни книжења. Слично се постапува и со другите документи. Сите други трансакции и повремени документи какви што се одлуките се запишуваат во општиот дневник и потоа се прокнижуваат. Од тука може да се заклучи дека при креирањето и затворањето на документите организацијата си го извршува потребното книжење во сметководството. Ако таквите случаи се повеќе од 90% од работењето, тоа би значело дека организацијата има реализирано сметководство од 90 и повеќе проценти. ... главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Друга важна работа е дека главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Бидејќи книжењата на набавките и продажбите се прават во реално време, извештаите се секогаш навремени и точни. Ако било добро, зошто до сега не се користело? Да, логично е прашањето. Прво , степенот на развој и достапност на информатиката кај малите фирми беше ограничен до скоро. Второ , изработка на ERP систем е сложена долгогодишна програмерска и експертска активност, а квалитетни ERP решенија имаше само од странство. Трето , ERP решенијата се посложени и бараат повеќе средства за поставуање и одржување. Тоа е и за очекување ако се знае дека дел од сметководственото знаење, посебно она рутинското за контирање и дел од книжењата, се вградени во самото софтверско решение. Важна причина е и тоа што квалитетните ERP системи се странски и за истите е потребна нивна локализација кон македонските прописи, а во некои случаи и преведување на македонски јазик. Почетната инвестиција повеќе не е пречка за користење на ERP. Една од главните пречки кај малите и помалите-средни фирми е почетната инвестиција во набавката на серверска опрема и во лиценците за ERP решение. Овие две работи сега се надминати заради тоа што ERP решението може да се користи на принцип на месечна претплата на сличен начин како што фирмите плаќаат месечна кирија за користење на простории. Инвестицијата во серверска опрема се надминува со можноста ERP решението да се постави на т.н. хостинг сервер. Со веќе-постоечката можност за месечно рентање на Dynamics NAV и со воведувањето на новата услуга на хостирање во Логин Системи, квалитетното ERP решение станува атрактивно за многу поголем број на фирми и институции. Ако фирмата постави хостирано ERP решение базирано на Dynamics NAV ќе добие централизиран систем за сметководство, автоматизирање на процесите на опслужување на купувачите, магацинско работење, набавки, производство и човечки ресурси. Фирмата ќе може да пристапува и да ги обработува документите и податоците од канцеларија како и преку мобилните уреди базирани на Apple, Android и Microsoft. Сметководствената фирма ќе може да пристапува на податоците преку веб интерфејс или со Dynamics NAV апликација (види слика подолу). Во оваа архитектура, сметководствена фирма е контролор и поднесувач на даночните пријави и завршните пресметки. Внесувањето на трансакциите си го прави самата фирма. Се избегнува да се пренесуваат документи од фирмата во сметководственото биро. Сите работат во тим и се искористува стручноста на секого. Прераспределба на трудот и придобивки На прва помисла, користењето на ERP решенијата кај малите фирми ќе ја намали работата на сметководствените фирми. Според новиот начин на работа, подготовката на извештаите и внесувањето на документи преминува во самите фирми бидејќи внесувањето на документи ионака го прават фирмите, а воедно ќе можат директно од системот да ги влечат извештаите. Со ваквата распределба, сметководствената фирма ќе се „раатиса“ од мануелната работа која има ниска вредност и ќе се остручи на давање на услуги со поголема вредност. Бидејќи обемот на мануелна работа ќе падне, сметководствената фирма ќе има слободни ресурси за опслужување на повеќе клиенти со пакети за сметководствен консалтинг, поддршка во сметководството како и одговорноста за завршната пресметка. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти - пракса што веќе наголемо постои во земјите од Европската унија. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти ... Голема погодност е и тоа што корисниците на ваквите ЕРП услуги не мораат да ги носат документите во сметководствените бироа за нивна обработка и книжење. Општо земено, ако се споредат традиционалното работење и работењето со хостирано ERP решение е тоа што фирмите за истите пари или за приближно истите пари ќе имаат целосна контрола на сопствените податоци и ќе имаат ажурни и навремени извештаи. Наместо цело сметководство, тие ќе ги ангажираат сметководствените фирми за контрола во сметководството или поддршка на сметководството. ... „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со новиот начин, фирмата може да каже „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со користењето на ERP, дел од фирмите што имаат интерно сметководство ќе можат да ги аутсорсираат овие активности со што ќе се зголемува работата на сметководствените фирми. На цена ќе дојдат квалитетните сметководители наместо сметководителите што имаат „брзи прсти“ да внесуваат документи во сметководствените програми. Се чини дека никогаш не било подостапно користењето на ЕРП систем од светска класа во Македонија. Некои сметководствени фирми веќе почнаа да се прилагодуваат на промените и нудат различни пакети наместо само целосно сметководство. Ќе биде интересна оваа трансформација во наредниот период што доаѓа ... Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство

  • Бесплатна поддршка за сметководство и деловно работење со само-услужување

    Скопје, 23.03.2018. Денес, Логин Системи, македонскиот провајдер на сметководствен софтвер и ERP системи, ја објавува реализацијата на својата стратегија за опслужување на корисниците и заинтересираните организации и индивидуи. „Логин Системи посветува забележително внимание на подготовка на содржини кои ќе служат за наобразба, селф-сервис за поддршка и форуми за споделување на информации меѓу корисниците на ERP системите и сите други заинтересирани.“, изјави Венко Глигоров , основач и управител на Логин Системи. „За таа цел, поставивме платформа и алатки за само-услужување какви што се современ центар за помош и база на знаење, отворен и затворен форум, видео канал како и блог-објави на актуелни теми.“ Користењето на платформата и алатките за помош и поддршка се бесплатни за користење на сите професионалци, ентузијасти и студенти за областите на ERP, софтверот за сметководоство и деловно работење Microsoft Dynamics NAV. Исклучок на ова е затворениот форум и ресурсниот центар кои се достапни само на корисниците што имаат договор со Логин Системи. Центар за помош и база на знаење Нашиот центар за помош и база на знаење е место кадешто може да се најдат одговори на прашањата од корисниците. Во центарот за помош има објави кои се групирани во повеќе рубрики. Покрај текстуалните објави, во рубриките има и практични водичи во форма на видео-сесии и туториали кои помагаат во подобро користење на програмите и отстранувањето на базичните проблеми. Центарот за помош содржи ефикасен систем за пребарување според зборови и реченици со што бараниот одговор е при рака на посетителите на центарот. Центарот за помош се наоѓа на адресата https://help.loginsystems.biz/ . Отворен форум Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum . Форумот е организиран во неколку категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле. Членовите на форумот може да отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да ги споделуваат темите на социјалните мрежи. Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до областите во рубриките, модераторите може да бришат постови и коментари коисе надвор од темате или се со недолични зборови. Затворен форум и ресурсен центар За корисниците кои имаат договори за поддршка и одржување, Логин Системи постави затворен форум и ресурсен центар на адресата https://support.loginsystems.biz . Во ресурсниот центар се поставени оригиналните прирачници за Microsoft Dynamics NAV. Блог постови На страната https://www.loginsystems.biz/blogerp/ се наоѓаат блог-објави кои обработуваат одредени теми за сметководство, ЕРП и/или менаџмент. Во моментот е транзиција на постоечкиот блог во нов блог со адреси: Постоечки блог Нов блог Видео канал Логин Системи редовно произведува видео сесии на актуелни теми за Microsoft Dynamics NAV. Истите може да се прегледаат на адресата www.erp.mk/video . Поширока листа на видеа има на Youtube каналот на Логин Системи на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw . Резиме од линкови: Центар за помош и база на знаење | Отворен форум | Затворен форум и ресурсен центар | Блог-постови | Видео канал | Youtube канал #DynamicsNAV #Сметководство #ERP #ДеловноРаботење

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page