Актуелни објави

1

|

|

|

Heading 1

Heading 6

пишува:

Автор

датум

Photo caption

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

MakasIT.gif

Скопје, 28.12.2018. Денес Логин Системи ја избра фирмата ИТД дистрибуција за корисник на годината за Microsoft Dynamics NAV. ИТД Дистрибуција направи надградба на својот претходен систем за сметководство и деловно работење Dynamics NAV 2009 на новата верзија на Microsoft Dynamics NAV 2017 - со спремност за брз премин на најновата платформа Microsoft Dynamics 365 Business Central.


Надградбата на ЕРП системот на ИТД Дистрибуција се состоеше од префрлување на сите податоци од стариот систем во новиот систем, примена на најновиот интерфејс на Microsoft и воведување на неколку новини какви што се водењето според лотови и сериски броеви, фондови од добавувачи и хиерархиско одобрување на документи и продажни цени.


ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Груп (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето 25-годишно искуство, Инфософт Груп опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. Својата работа во Македонија ја започнува од годината 2007, а под сегашното име ИТД Дистрибуција работи од 2010 година.



Од тимската предновогодишна прослава на ИТД Дистрибуција (Интермецо 2018)


ИТД во Македонија е овластен дистрибутер на DELL, IBM, HP, Lenovo, ADATA, Gygabyte, TP-link Genius, Winstar, Cooler master, Futjutu, Spire, Power Tree, ION, UNI-1, Fabriano, MURATLI Karton, Lepenka и нуди многу други производи од други светски престижни компании.


„Изборот ИТД Дистрибуција да биде корисник на годината е резултат на посветеноста на фирмата да ги подобри сите аспекти во своето работење и да овозможи поквалитетна услуга на своите корисници.“ изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Имплементираме Dynamics NAV повеќе од 15 години, а целосното преминување од NAV 2009 на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central за нас беше еден од најголемите предизвици. Се радувам што завршивме успешно.“


Повеќе информации за Логин Системи има на www.LoginSystems.biz. Повеќе информации за ИТД Дистрибуција има на www.ITD.mk.


0 comments
arrow&v
Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan