top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

информација

функционалности

press release

Безбеден и поефтин премин од старо сметководство кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

Скопје, 21.12.2018. Согледувајќи ги потребите на корисниците во Македонија, Логин Системи припреми повеќе пакети од консултантски услуги...

пишува:

Angel Face

Автор

21.12.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

Безбеден и поефтин премин од старо сметководство кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

MakasIT.gif

Скопје, 21.12.2018. Согледувајќи ги потребите на корисниците во Македонија, Логин Системи припреми повеќе пакети од консултантски услуги за побезбедна и поефтина замена на постојниот сметководствен систем кон Microsoft Dynamics NAV и Microsoft Dynamics 365 Business Central.


Искуства


Искуствата кажуваат дека премин од стар во нов систем не е едноставна и ефтина работа бидејќи не се менува само софтверот туку се отвораат можности за промени во процесите и промени на навиките на луѓето во фирмата, Покрај новитетите од софтверот, организациите треба да се справуваат и со менаџментот на организациски промени (анг. organization change management). Бидејќи е тоа процес со многу неизвесности, фирмите ги советуваме да пристапат кон посериозно планирање и инкрементален прогрес без однапред инвестирање во цел систем.


Тука доаѓаат консултантските услуги на Логин Системи кои го олеснуваат процесот на промена на софтверот и го намалуваат ризикот од евентуални грешки во инвестициите.


Пакети


"Направивме неколку пакети на услуги кои одговараат на првата фази од планирање и разгледување на нов ERP систем", кажува Венко Глигоров, управител и главен консултант во Логин Системи. "Сфативме дека колку се важни фазите на имплементирање и одржување, уште поважна е фазата на планирање и подготовки и тука сакаме да дадеме вредност на компаниите".

Групи на консултантски услуги во различни фази од работа со ERP систем
Групи на консултантски услуги во различни фази од работа со ERP систем


Пакетите од консултантски услуги за планирање и подготовки се состојат од (1) брифинг од 1 час, (2) советување и изработка на план на високо ниво, (3) изработка на функционални барања и (4) демо инсталација.


Придобивки


Главните придобивки со овие консултантски услуги се да се осигураат компаниите дека процесите и барањата може да се имплементираат со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Потоа може да се утврдат ризичните области кадешто специфичните барања на корисникот не се подудараат со функционалностите на Dynamics NAV / 365 Business Central. На крајот е потребно да се постигне доверба во изборот на решението пред да се тргне во поскапите фази од имплементацијата и инвестирањето.


"Најбарана опција ни е демо инсталацијата која иако е важна, без другите консултантски услуги не може да ги даде очекуваните резултати" завршува Глигоров. "Ќе им инсталираме демо и потоа не знаат како да продолжат понатаму. Затоа е потребно да се искористи барем уште еден друг пакет од консултантски услуги што ги нуди Логин Системи".


Инвестирањето во консултантските услуги е исплатливо бидејќи може да се се пребие од износот на имплементирање на новиот ЕРП систем ако се набави од Логин Системи.


Повеќе информации и цени


Листата на консултантски услуги, нивен опис и цени има на страната "Консултантски услуги" на Логин Системи.


 

Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.

Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија).

0 comments

Kommentare


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page