Честа е праксата сметководствените бироа да земаат софтвери за сметководство со застарени платформи и со оскудни можности за надградба. Затоа се јавуваат случаи фирмите да преминуваат кон сметководствените бироа со посеопфатни и модерни софтвери или да ангажираат интерни сметководители.
Скалабилност на софтверот значи софтверот подеднакво добро да работи со мал и со голем број на корисниците. Таа овозможува да не се менува софтверот ако пораснат потребите на фирмите за да им се води сметководството. Со други зборови - се обезбедува континуитет.
Надградливост на софтверот е нужна заради промени на закони и прописи, нараснати разновидни потреби на корисниците. Софтверот треба да биде лесно надградлив на нови верзии, а надополнувањата да не предизвикуваат застој во работата.