Во Службен весник на РМ број 241 од 2018 година е објавен Законот за данок на личен доход кој започнува да се применува од 1 јануари 2019 година. Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ‘‘ број 80/93…190/17).
Со новиот Закон за данокот за личен доход се воведуваат два модели на оданочување:
прогресивен данок за доходите од работа, авторските доходи, од самостојно вршење на дејност, доход од одигурување (пензиски придонес и пензиски надоместок) и доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Овој доход се оданочува со стапка од 10% на годишната основа од 1.080.000 денари, а над овој износ со стапка од 18% и
данок на доход од капитал кој се оданочува се пропорционална даночна стапка од 15%. Овој доход не се вклучува во годишниот доход кој би се оданочувал прогресивно.
Одредбите кои се однесуваат на оданочување на каматите на депозитите како и на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе се применуваат од 1 јануари 2020 година.
Законот може да го преземете тука ...
Извор: МСФИ е-вести https://msfi.com.mk/
Насоки во врска со примената на законот има на страницата на УЈП со адреса http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/674