Министерството за финансии го објави водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот од додадена вредност.
Целта на овој водич е да ја подобри информираноста во однос на даночните права и обврски на физичките лица кога тие вршат самостојна стопанска дејност и да ги унапреди даночните услуги кон граѓаните.
Водичот е изработен во соработка помеѓу Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Цивитакс – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица.
Водичот може да се преземе тука ...
Извор: Министерство за финансии
Групата Цивитакс е основана од 14 членки (12 граѓански организации и 2 физички лица). Во моментот на објава на овој водич, Групата брои 29 придружни членки.