За потребите на фирмата од готовина, се пополнува налог за исплата на готовина - урнек од налогот е прикажан на сликата.
На левата страна се пополнуваат податоци за фирмата какви што се назив, трансакциска сметка, цел на исплата и се става потпис од лицето кое е овластено за потпишување на налози во банка.
Кај цел на исплата може да пишува ‘материјални трошоци’, ‘патни трошоци’ или друг опис што одговара на целта за подигнување на готовина.
На десната страна се запишува лицето кое ќе ја подигне готовината, неговиот/нејзиниот матичен број и износот на готовината што треба да се подигне. Секако на крајот се става и потпис.
Налогот се носи во банка кај одделот за работа со правни лица. Откако ќе биде проверено и одобрено, се оди на шалтер за благајната за правни лица. И се подигнува готовината.
Парите и една копија од налогот се носат во сметководство/финансии на фирмата за да се запише во благајната и да се искнижи трансакцијата.
#обрасци #сметководство
