Како продолжение на измената на регулативата на Народната банка како и мојот претходен пост (За да носи мед, саќето треба да е подготвено - следни чекори за PayPal) дека е потребно да се подготват работи во повеќе сегменти - отварам тема за извозот на мали пратки.
Постои заинтересираност и начелна согласност кај надлежните институции за разговор и наоѓање решенија за извоз на мали пратки. Сегменти за кои би се зборело се транспортни трошоци и нивна сигурност, шпедитерски трошоци и царински формалности.
За да не биде само на жалење на администрацијата, сега кога имаме подадена рака, замолувам да споделите ваши искуства, предлози и сугестии околу овие теми. Ако немате, а знаете некој има искуство, информирајте го за оваа иницијатива/сондажа за да може да се вклучат релевантни лица. Ни требаат паталци, а не - гаталци.
Времето е значајно. Ве молам да прибереме фидбек во наредните 10 денови. Ќе претстојат средби во Министерството за економија и во Царината.
Благодарам!
Здраво,каква е постапката за извоз на мали акцизни пратки конкретно алкохолни пијалоци кои истите ги продаваме онлајн за пазарот на нашата држава.Дали воопшто е исплатливо онлајн продажбата на тој вид производи да се прошири надвор од границите на државата?
Било какво искуство ако има некој би ни помогнало.
Благодарам.
Еве слика од значките да видите колку се убави :)
Јас се извинувам за предолгиот пост :) ама си го баравте ...и сега читајте :)
Бидејќи веќе добив одговор дека ова се однесува и на регистрираните занаетчии (ракотворци). Ние како дел од некаков си микробизнис сме многу заинтересирани за воведување на PayPal во МК
Е сега прашањето ми е следново:
Зошто ние како занаетчии немаме никакво право да вршиме извоз. За да го оствариме тоа мора да смениме дејност во дооел а во тој случај ги губиме сите привилегии (не сме фискализирани, плаќаме годишен паушален данок и плаќаме минимални придонеси за здравствено и пензиско осигурување). А ние живееме од продажба на накит (во мојот случај накит од сребро), и многу би ни значело кога би можеле да си го прошириме пазарот и надвор од Мк
Е сега моето лично искуство при обид за извоз
Јас како филигранџија и сопственик на фирма Добро ми стои https://www.facebook.com/DobroMiStoi/?eid=ARDBxHKWtgiCgE_R8mL9ua3BIo83x6w7xLyHXlEy8ULQErGZ3qsz8xcAyKfJKwYIBy8tis7ItXDuY20D Добивам барање од https://www.ntnu.edu/ (Норвешки универзитет за наука и технологија) да изработам голема количина значки (кои ќе се даваат на дипломци)...станува збор за рачно изработени значки од сребро под услов плаќањето да се изврши преку ф-ра на девизна с-ка (бидејќи универзитетот нема можност парите да ми ги исплати во готово).
Во тој момент јас пресреќна (збогом сиромаштијо) поштено ќе си заработам 1000 евра. Тоа што немам во моментот девизна с-ка сигурно за час ке го решам со помош на Занаетчиска комора, па нели јас сум регистриран занаетчија кој поштено си ги подмирува своите обврски кон државата.
Аха :) пази да не
Се јавувам во ЗК (Занаетчиска комора) го изложувам проблемот и од таму ми викаат ааа чекај малку ти воопшто не ни можеш да имаш девизна с-ка како занатчија !! ниедна банка нема да ти ја издаде!!...па ти жено немаш право ни на кредит а не па девизна с-ка!!
Јас решена дека парите ќе си ги земам одлучувам да се јавам во УЈП за они да ми кажат кој ми статусот, после 3 дена чекање одговорот од УЈП беше дека они незнаат дали можам или неможам да имам таква с-ка и дека никој до сега не им се јавил со вакво прашање!!
Овде гледам дека сепак ќе треба самата да ја истуркам работата бидејќи од институциите во државава нема да добијам решение ...пошто “незнаат” :)
Нареден чекор е да не слушам никого и да отидам во банка и да се обидам да извадам девизна с-ка (планот е да се правам малку глупава)....и за среќа успевам во рок од 2 саата со приложена тековна состојба од централен регистар добивам с-ка ....јеее...
ама не е така
Во случаен разговор со луѓе доаѓам до информација дека понатака треба да се обратам во Царинска управа за они да ми издадат декларации за извоз и да ми одредат шпедитер кој ќе ја турка понатаму работата. Одам во Царина ...и таму кажувам што ми е проблемот ...
Одговорот е НЕМОЖЕ...за да правам извоз мора да сменам дејност а со самото тоа и да си ја затворам фирмата за максимум 1 година бидејќи нема да можам да го издржам оптоварувањето.
Во неформален разговор со еден шеф од царина ми беше посочено ич да не се малтретирам туку да си ја истуркам работата до крај (чим сум упеала да извадам девизна с-ка). Наводно УЈП нема да се растревожи од моите 1000 евра (сијаличката се палела на сума повисока од 10 илјади)
И така и би, готовите значки си ги шверцав преку луѓе (студенти докторанти на универзитетот), парите ми легнаа и си бев на одмор :) а тужба за сторен криминал не ми стигна (сеуште чекам) :)