Деновиве очекувам прв прилив на пари преку PayPal ама скептик сум дека ќе бидат успешно префрлени. Направив business акаунт пред околу 2 месеци преку македонски линк на PayPal (www.paypal.com/mk) и на него поврзав дебитна картичка од НЛБ банка. Од претходни искуства дали некој може да ми потврди дека уплатата ќе помине со овој метод или пак треба да правам нов акаунт со некои измени (бугарски линк, друга картичка, друга банка) или пак од акаунт до акаунт е различно? Скептик сум затоа што никаде на на акаунтот не видов дека постои опција за прием на пари, ако воопшто треба да има таква опција. Еве некои скриншотови, па ако некој има додатни опции за прием на пари, а јас ги немам нека ми одговори.
top of page
Форум на Логин Системи
Прашање?
Заштеди време за евалуација и подесување на Пејпал за прием на пари. Закажи термин за премиум консултација. 👇
Подесување на бизнис сметка и прием на пари со PayPal во Македонија
30 min
36 евра
Ако не си член на сајтот, регистрирај се тука 👉
Dali ti uspea da gi primis parite? i mene mi e potreben paypal akaunt za primanje pari pa me interesira dali za tebe raboti
@Blagoja Tashovski Пробајте со новата објава Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата)
Se javiv vo banka i se cudea za kakva auto-transfer opcija se raboti, kako da im objasnam?
Добро, дали доколку се јавам во банка и ми ја оспособат картичката за Auto-transfer (ако воопшто е можно тоа) треба само да ја update-нам картичката на PayPal и би се сменил акаунтот, односно би примал пари или ќе треба нов PayPal да правам со нова картичка?
Кога конфигурирате бизнис сметка со Пејпал, ако има било какво ограничување, Пејпал нема да ви дозволи да наплатувате. Во превод, алатките за прием на пари нема да бидат на располагање. На некој начин сте обезбедени дека нема да заглавите ако ви се плати.
Колку што може да се види од сликата што ја приложувате, немате можност за продажба односно прием на пари.
Овие линкови подолу може да ви помогнат во верификацијата:
Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите
Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер
Се надеваме дека ќе успеете.