Министрите за привлекување на инвестиции го тераат старомодниот начин на привлекување: обезбеди парцела со вода, струја и Интернет, рекламирај ефтина работна сила и “бркај” ги фабриките по светот. Добро, и тоа е економија и даде одредени резултати на хартија. Извозот е зголемен, има вработувања и се покрива негативата од домашните компании во БДП. Реално гледано, овие инвестиции не го подобрија стандардот на поголемиот број на граѓаните. Не се зголемува вработеноста во приватниот сектор. Ваквите инвестиции се и ризични заради можното брзо затворање на бизнисите. Би требало да се помисли следното: да се привлечат инејблери (овозможувачи) за инвестиции во Македонија. Прво и основно: патната инфраструктура. Сите пристапи до граничните премини да бидат топ спремени - автопати и современи згради на граница за брз проток на луѓе и возила. Ова е витален интерес. Стратешки интерес е Македонија да обезбеди светски играчи во делот на платежни услуги и процесирања. (само ние останавне во дупка). Нашите луѓе да творат и произведуваат, а истото да може лесно да го продаваат по светот. Да има можност за извоз на екстра мали пратки (мали трошоци во царина и шпредиција), да има можност да се наплати трудот или производот и да се негуваат позитивни релации со купувачите од странство. Министрите да се подзаинтересираат за ваквиот тип на индиректни инвестиции: наместо да бараат големи играчи, може да се фокусираат илјадници мали инвеститори да вложат во фирмите за да произведуваат. Математиката кажува: 2000 луѓе со просечна инвестиција од 5000 евра се 10 милиони евра. На овие фирми не им требаат субвенции како на странските. Би им требал полесен пристап до капитал додуша. Што треба да направат министрите за инвестиции: да се “борат” на два фронта. Едниот е да имаат комуникација и да притискаат кај светските платежни процесори: Пејпал, Скрил, Пајонир, Страјп и останатите. Да ги прашаат што им е потребно за да ја стават нашата земја на нивната мапа на работење. Од друга страна, ваквите министри да се “борат” да се подобри регулативата за да може полесно платежните оператори да работат во Македонија. Да се притиска во Народната банка, банките, Владата и агенциите за да се овозможат услови за новите модерни платежни услуги. Еднаш кога ќе тргне оваа работа, со помош на мрежниот ефект, ќе се креираат нови и нови фирми и оддели во фирмите, ќе има вработувања и растечки извоз на Македонската економија. Една фирма ако затвори ќе се “родат” пет други. Нема ризик. Ќе се засили претпримничкиот дух во Македонија - нешто што фали во општеството. Грото од младите или гледаат да работат државно или да киднат од МК. Ова се новите перспективи. Дали многу барам? Дали оваа власт е способна и има желба за вакво нешто? Објавено како фејсбук статус на Венко Глигоров https://www.facebook.com/148668665323900/posts/1074844489372975?s=100001089246532&sfns=mo
top of page
Форум на Логин Системи
Прашање?
Заштеди време за евалуација и подесување на Пејпал за прием на пари. Закажи термин за премиум консултација. 👇
Подесување на бизнис сметка и прием на пари со PayPal во Македонија
30 min
36 евра
Ако не си член на сајтот, регистрирај се тука 👉