Дали и за ова се виновни банките?
Преку 10 години плаќаме Министерство за информатичко општество. Премиерот и министри задолжени за економија се сликаат со претставници на Google - а македонски јазик во Google нема. За гугле јазикот на мојот сајт www.loginsystems.biz е непознат - видете на сликите.
Зошто е тоа така? Затоа што повеќето работи во Мк не се прават суштински добро. Како да сме заглавени во 19ти век, и не знаеме, како држава и институции, да се справиме во 21ви век. Изгледа дека македонскиот јазик на луѓето им е битен за собирање политички поени, но не им е битен за развој на македонската економија.
Ако за Пејпал беа банките виновни, за Google AdSense кој е виновен? Дали секогаш ќе се вадиме на македонската Калимеро неправда или точно ќе ги лоцираме потребите/проблемите и ќе се зафатиме за работа? Прашањето е адресирано до политичарите но и за сите нас.