Здраво на сите!
Претходно имав успешно креирано персонален PayPal account со обична VISA Debit картичка од НЛБ банка.
Успешно примав средства и се функционираше како што треба. Сега сакам да се надоградам во Business account на PayPal, и ме интересира доколку некој има искуство да каже кои Visa Business картички функционираат, и од која банка.
Поздрав,
Дејан,
Најверојатно проблемот е во тоа што надградуваш акаунт кој веќе бил креиран во Пејпал.
Пробај со целосно нова емаил адреса и пејпал акаунт. Подолу е совет број 1 од корисните совети за креирање на бизнис сметка.
✅ Нова емаил адреса од домен што не е употребуван никогаш од Пејпал. Може да биде gmail, yahoo, outlook, како и доменот од вашата организација или веб сајт.
Повеќе совети има на линкот подолу...
Се надевам ќе успееш.