Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот.
Логин Системи има подготвено сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи во Македонија, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Повеќе информации за Dynamics NAV има на линкот http://www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav.
Македонска локализација
Логин Системи ја изведе македонската локализација повеќеслојно и со тоа се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина. Локализацијата во Македонија е изведена во две групи: (1) задолжителна локализација и (2) локализација со надополнувања.
Задолжителна локализација
Задолжителната локализација ги има потребните компоненти и клучни подесувања во Dynamics NAV без кои не може да работи ниедна организација во Македонија. Најкарактеристични подесувања се:
црвеното сторно,
ограничувањето на контата на страната на книжење, и
попис на производите.
Пописот на производите ги дополнивме да работат по теркот на македонските деловни пракси.
Стандардните извештаи за купувачи, добавувачи, магацини, заклучен лист и документите во секојдневното работење се прилагодени за Македонија.
Основно надополнување
Основното надополнување содржи:
изработка на камати,
управување на благајна,
плати, книжење на плати,
договори за плати,
книга на влезно излезни документи и даночна пријава, и
завршна пресметка.
Стандардно надополнување
Стандардното надополнување ги вклучува надополнувањата од основното и содржи:
налог за книжење,
компензација,
финансиски извештаи,
менаџерски извештаи и
магацински извештаи со почетни состојби.
Напредно надополнување
Напредното надополнување ги има надополнувањата од стандардното надополнување и вклучува дополнително:
службени патувања,
ситен инвентар,
договори за вработување,
бар код систем за магацин со мобилни уреди,
сервис и
производство
Dynamics NAV содржи модул за сервис и производство, а нашите надополнувања се однесуваат на прилагодување на потребите на македонските корисници.
Надополнувања по желба и потреби
Покрај горенаведените надополнувања, Логин Системи изработи надополнувања и прилагодувања кои може да се изберат по желба или потреба на корисниците. Такви надополнувања се:
малопродажбата,
апликација за каса и поврзување со фискален принтер,
приклучување на фискални каси и апликации,
системи на дневно бекапирање, и
архивирање и Power BI.
Повеќе информации:
Покрај локализацијата, екраните на Dynamics NAV се на англиски и македонски јазик ...