За да се сторнира погрешно направен расход на некое основно средство треба да се направат следните чекори:
1. Се оди во FA Ledger Entry на картичката на основното средство
2. Се позиционира на ставката каде што пишува Proceeds on Disposal и потоа се оди во Function, се одбира Cancel Entries…
3. На следниот прозорец се кликнува ОК и ода таму ставките се префрлаат во FA Journal (доколку сторнирањето треба да биде со ист датум како и оригиналната ставка)
4. Се оди во FA Journal и од таму ставката се книжи стандардно.
Со тоа е сторниран направениот Disposal и вредноста на основното средство се враќа како што била претходно.
Сторнираните ставки може да се видат на картичката на основното средство, во делот Fixed Asset -> Error Ledger Entries