На својата фејсбук страница, Винаријата Попов советува како се служи виното.
Според Попов, виното се служи во соодветни чаши изработени од тенко, чисто стакло. Најдобро е да се избегнуваат гравирани или обоени чаши затоа што оневозможуваат јасно да се види бојата на виното.
🍷 Црвеното вино се служи во поширока чаша во форма на лале.
🥂 Белото вино се служи во чаша која е благо затворена кон врвот.
🍾 Пенливото вино се служи во високи и тесни чаши кои овозможуваат да се развијат меурчињата од пенливото вино.