Одлучивме да провериме како е да се води бизнис во земјава
По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава.
... коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“.
Одлуката да основаме сопствен портал од повеќето наши пријатели и познаници не наиде на некое посебно воодушевување, од проста причина што најчестиот коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“. 🤔🤔🤔
Тоа и на нас ни беше најголемата мака, непречуствувајќи дека доаѓа сериозна криза на сите нивоа, која подоцна излезе дека ни била нашиот најголем проблем до сега.
Почнавме многу наивно
Да бидам искрен почнавме многу наивно. Имавме некои базични познавања што е тоа портал и како се поставуваат вести на истиот, бидејќи години наназад сме го работеле тоа, но фала Богу за брзо сфативме дека тоа е само еден сегмент од целата приказна.
Така беше и со содржината. Идејата ни беше да објавуваме оргинални информации, што ќе не' издвои од другите портали, но во мал број и во магазински концепт.
... сфативме дека портал е 24/7 работа ...
И во овој дел брзо се преиспитавме и сфативме дека портал е 24/7 работа, со многу информации, од ексклузивни до фактографски.
... посебно сме горди што ние со месеци работевме без пари.
Податок што е многу интересен и на кој посебно сме горди, е што ние со месеци работевме без пари. И не само тоа. Се' што требаше да се инвестира, од техничка подршка до дизајн беше од наш џеб, без ничија помош.
Тоа не не спречи да напредуваме во содржинскиот дел и за брзо да станеме препознатливи на преплавениот порталски пазар.
И што ни е посебен ќеиф, нашите колеги новинари од другите медиуми не' обожаваат и секојдневно добиваме признание за нашата работа, а богами некои и многу често ни ги крадат информациите.
Почнаа да доаѓаат и парите ...
Почнаа да доаѓаат и парите, а како и во целото стопанство, не секогаш наплатата одеше сјајно.
... ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови.
Сепак за сите овие пет години, уште еден податок на кој сме многу горди, е дека ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови.
Немаме земано ни денар од ни една фондација или од влада.
Тоа многу ни помогна да бидеме вистински новинари и да ја негуваме оваа професија, која за жал последниве години стана една од нај непочитуваните.
Бизнис совет:
Многу бизнис совети од развиените земји, споделени од многу попаметни луѓе од мене, во Македонија не проаѓаат.
Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија.
Она што мене многу ми помогна е многу упорност, трпеливост и секако многу многу работа. 🏋️ 🏋️ ✍️ ✍️
Петре Димитров
Facebook: Petre Dimitrov
За еМагазин
еМагазин е проект на Здружението на граѓани "Центар за развој и унапредување на новинарството".
Web: emagazin.mk
Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna