Cunico Resources N.V., прва од корисниците со Dynamics NAV 2017

Скопје, 25.11.2016. Логин Системи и холдинг компанијата Cunico Resources N.V. од Амстердам потпишаа договор за набавка на најновата верзија на деловниот софтвер Dynamics NAV 2017. Cunico Resources N.V. во својата група на компании ги вклучува и македонските фирми Фени Индустри, Нова Логистик и неколку други специјализирани компании во услугите и производството.

Одлуката на Cunico Resources N.V. за Dynamics NAV 2017 е резултат на потребите на холдингот да ги унифицира сметководството и финансиите кај своите членки на групацијата. Претходно мешовит тим составен од експерти на Логин Системи, Фени индустри-Македонија, NewCo Ferronikeli-Косово и Cunico Resources N.V.-Холандија изработија универзален контен план кој ќе биде имплементиран кај сите свои компании-членки во наредниот период.

„Многу сме радосни што токму Логин Системи и домашните експерти за сметководство и финансии учествуваа во изработката на универзален контен план”, изјави Венко Глигоров, проект менаџер за ERP (Enterprise Resource Planning) во Логин Системи. „Прилагодениот македонски контен план ќе се користи во десетина фирми од три различни континенти што секако претставува куриозитет во оваа област.“

Покрај стандардизацијата на деловните книги и финансиските извештаи, со универзалниот контен план и деловниот софтвер Dynamics NAV 2017, Cunico Resources N.V. ќе го забрза процесот на донесување на менаџмент одлуки, ќе ги намали трошоците и ќе ја подобри соработката на своите фирми во размената на информациите и споделувањето на знаењето.

Dynamics NAV е еден од најпопуларните ЕРП системи во светот, а неговата најнова верзија NAV 2017 се појави на пазарот на почетокот на овој месец. За потребите на македонските корисници, Логин Системи изведе локализација на софтверот која е во согласност со македонските закони и сметководствени прописи. Dynamics NAV е во употреба во десетина македонски компании претежно со мешовит капитал меѓу кои има и пионери-фирми со само домашен капитал. Поради прилагодувањето на цените во регионот, последните години се забележува зголемен интерес на домашните средни компании за поставување на Dynamics NAV во своето работење.

Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz.

Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации на веб сајтот http://www.cunicoresources.com/.

#PR #MK

    0