Резултати од пребарување
377 results found with an empty search
- Нова услуга: Хостирање на Dynamics NAV за побрз почеток и поефтино користење
Соопштение за јавноста Скопје, 04.07.2017. Денес, Логин Системи, имплементаторот на ERP решенија базирани на Dynamics NAV, објавува дека го прошири својот серверски систем и го оспособи за хостирање на ERP решенија за мали и помали-средни фирми и организации во Македонија. Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено биро. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Со воведување на услугата за хостирање на интегриран ERP систем, Логин Системи го прави подостапно користењето на најпопуларниот ERP систем во светот - Microsoft Dynamics NAV. "Една од главните пречки кај малите и помалите-средни фирми е почетната инвестиција во набавката на сервер и лиценците за ERP решение", изјави Венко Глигоров, главен проектант за Dynamics NAV во Логин Системи. "Со веќе-постоечката можност за месечно рентање на Dynamics NAV и со воведувањето на новата услуга на хостирање во Логин Системи, квалитетното ERP решение станува атрактивно за многу поголем број на фирми и институции". Шематски приказ на хостирано ERP решение со Dynamics NAV Целта со хостирањето на ERP решението е организацијата да може да се поврзе преку безбедна Интернет врска до точно доделено подрачје на серверскиот систем во Логин Системи по пат на компјутер, лаптоп, таблет или паметен мобилен телефон. Преку овие уреди, вработените во организацијата ги внесуваат податоците и трансакциите на хостираниот ERP систем и тие автоматски се прокнижуваат во соодветните деловни книги. Предноста на ваквото користење е што сметководственото биро може да ги проверува книжењата од време на време со нивно најавување на хостираното ERP решение од сопствената канцеларија. Голема погодност е и тоа што корисниците на ваквите ЕРП услуги не мораат да ги носат документите во сметководствените бироа за нивна обработка и книжење. Со помош на хостираното ERP решение се намалува и дуплата работа околу водење на помошни книги (влезни и излезни фактури, уплати и исплати, работа со благајната) во организацијата и нивното повторно внесување во сметководственото биро. Венко Глигоров при проверка на серверскиот систем во Логин Системи Месечните надоместоци за хостирање почнуваат од 40 евра без ДДВ и "одат" нагоре во зависност од капацитетот на податоци и бројот на корисници на серверскиот систем. Цените за користење на хостирањето се пониски во однос на другите провајдери заради оптимизираноста во користењето само за ERP услуги. Логин Системи очекува оваа услуга први да ја прифатат фирмите и организациите што имаат до 20 вработени, имаат екстерно сметководство, а водат помошни книги и вршат фактурирање во самите организации. Главната предност со хостирањето во Логин Системи е што организацијата може слободно да располага со сопствените податоци со пристап преку било каков уред во било кое време, оригиналните документи не се "шетаат" од едно место на друго, и што може да се користат бројните извештаи и опции за деловна интелигенција. Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #PR #MK #DynamicsNAV #Сметководство
- Книга на влезно-излезни документи (фактури) за ДДВ-04
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Управата за јавни приходи за определена група на ДДВ обврзници може да достави барање за информации заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава “ДДВ-04“ (согласно член 57, 60 и 62 од Законот за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр. 13/06 ... 23/16). Обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“ е потребно да достават и (а) евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и (б) евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период. Во случај ДДВ обврзникот да добие вакво Барање од УЈП, податоците треба да ги достави во Табеларен преглед кој е доставен од страна на УЈП. Пополнетиот Табеларен преглед се доставува како прилог кон даночната пријава ДДВ-04 за соодветниот даночен период, преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk. Книгата за влезно-излезните документи што ја изработи Логин Системи е корисна и како поткрепа за ДДВ пријавата ДДВ-04 бидејќи овозможува преглед на влезното и излезното ДДВ по документи и даночни стапки. Изглед на книга за влезно излезни документи во Dynamics NAV Корисната работа со овој извештај е тоа што се прикажуваат износите збирно за документите но со можност да се отворат и видат поединечните износи како што е на сликата подолу ... Приказ на линиите во фактурата Многу важна работа е тоа што овој извештај се пренесува во Microsoft Excel во идентичен изглед и иста функционалност. Изглед на извештајот во Excel Насоки за доставување на евиденции на излезни/влезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријава во случај на барање од УЈП има на адресата http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/590 . (20.01.2017). Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство
- Патни налози
Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Патните налози може да се ставаат во Dynamics NAV и да се книжат преку дневниците за главната книга. Сепак, на корисниците им е потребно да имаат посебен документ во кој ќе влезат сите можни трансакции и трошоци поврзани со едно службено патување. Впрочем, законодавецот во Македонија пропишал и образец "патен налог" за водење на службени патувања. Логин Системи изработи посебен модул за службените патувања кој работи интегрирано со NAV и е во согласност со македонските прописи и барања. Изведбата на службеното патување е во неколку чекори ставени на наредната слика. Постапка за службено патување Вработениот што треба да оди на патување прави Барање за службено патување во NAV и го испраќа по емаил или по систем до претпоставениот. Претпоставениот го одобрува барањето заедно со предвидените трошоци, а одговорниот во финансии му исплаќа аванс за патувањето. Откако ќе го изведе патувањето, вработениот прави извештај и ги внесува сметките (превоз, јадење, деловен ручек, хотел, награди, ...) во NAV. На крајот претпоставениот и/или сметководителот му го одобруваат патувањето и даваат налог за исплата на дополнителни средства или вработениот го враќа остатокот од авансот. При книжењето на службеното патување, се ажурира Главната книга, благајната заедно со посебните каси за валути и делот за човечки ресурси (кадрова служба). Ажурирање на деловните книги Бидејќи податоците се интегрирани, менаџментот на организацијата може да добива извештаи и информации за обемот на службените патувања, да ги споредува трошоците во однос на неговите продажни учиноци, или да се споредуваат трошоците на вработените за едукација на годишно ниво. NAV е платформата која се користи како инпут за мерење на учиноците на организацијата, тимовите и поединците преку методологии каква што е Kaplan/Norton Balanced Scorecard. Пример за тоа како се работи со модулот има тука . Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство
- Холандско претставништво во Македонија ќе „оди“ со Dynamics NAV 2017
Соопштение за јавност Скопје, 28.06.2017. Логин Системи и Холандскa менаџмент фирма со претставништво во Македонија потпишаа договор за имплементација на ЕРП решение со Microsoft Dynamics NAV 2017. Според договорот претставништвото ќе користи трајни лиценци за Dynamics NAV со холандска локализација, а ќе се хостира локално во Македонија. „Радосни сме што Dynamics NAV 2017 наоѓа се' поголема примена во различни индустрии и за различни големини и типови на организации“, изјави Венко Глигоров, главен проектант на ERP решенија во Логин Системи. „Оваа имплементација во претставништвото ќе биде карактеристична заради тоа што решението ќе се прилагоди да биде компатибилно и со холандските и македонските закони и прописи“. Покрај услугите за имплементирање и одржување, дел од договорот е и пресметката на плати за вработените во Македонија. Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #PR #MK #DynamicsNAV
- Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија
Направи корисно за себе и за македонската економија. Скопје, 21.06.2017. Денес, основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на PayPal како платежен сервис за продажните места во Македонија. "Откако првичната сондажа покажа дека има прилично голем интерес и потреба за воведување на PayPal во Македонија, стартуваме денес со нејзината реализација" изјави Венко Глигоров. "Отворивме место за пријавување на заинтересираните физички и правни лица и после рокот за пријавување, ќе испратиме писмо до Министерството за финансии, со копија до вицепремиерот за економски систем, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и Народната банка на РМ." Според официјалните лица во PayPal, пречката за воведување на Пејпал е што веќе подолго време нема "зелено светло" од главните банки во Македонија за воведување на сервисот. Во 2014та година, Македонија направи измени во регулативата за да се овозможи македонските граѓани да плаќаат во странство преку сметката во Пејпал. Сепак, остана незавршена можноста домашните претприемачи и вредни професионалци да отвораат свои продавници на Интернет и да ги продаваат своите производи и услуги. "Изгледа многу побрзо воведуваме регулатива за да се купува или троши нешто односно да се прави увоз, отколку да се стимулира продажбата на македонските производи и да се прави поголем извоз." вели Венко Глигоров. Зошто е Пејпал битен? Македонија увезува многу повеќе отколку што извезува и тој јаз се зголемува кај реалниот бизнис. Македонските фирми и претприемачи се мали и слаби да отвораат скапи маркетинг и продажни канали низ светот. За ваквите земји и економии од посебно значење е електронската трговија и можноста странските купувачи да може да плаќаат безбедно за македонските производи и услуги со безбедни платежни платформи каква што е PayPal. На сликата е прикажан процесот на купување преку електронска продавница и плаќање преку процесор за плаќање каков што е Пејпал. Процес на купување, продавање и плаќање преку PayPal Иако според дел од рангирањата во светот, Македонија е во средината или во погорниот дел од листите, што се однесува до Пејпал, Македонија се наоѓа во неславната група на ретки земји кои немаат Пејпал. Групата ја сочинуваат земјите Afghanistan, Pakistan, Bangladesh, Uzbekistan, Iran, Iraq, Lebanon, Libya, Liberia, Syria, Palestine, Belarus, Cameroon, Central African Republic, Kosovo, Ivory Coast, Republic of North Korea, Gabon, Ghana, Equatorial Guinea, Haiti, Macedonia, Monaco, Moldova, Myanmar, Montenegro, Nigeria, Paraguay, Saint Lucia, Sudan, Timor-Leste и Zimbabwe. Со отворање на можноста за прием на уплати преку Пејпал, се отвораат нови хоризонти за продажба на македонските производи, а посебно на тие уникатните, во светот. Своја иднина ќе може да изградат бројни мали производители, уметници, луѓе од услужната дејност како и трандициналните компании во Македонија. Пријавување за иницијативата се прави преку пополнување на формулар на страницата goo.gl/9G8qJa . Во самиот формулар, пополнувачот може да одреди дали сака да се најде на листата која ќе се достави до Министерството за финансии и другите надлежни министерства. Рокот за пријавување е до 28ми Јуни 2017 до 14 часот. Иницијаторите ќе бараат поддршка и од стопанските комори како и од сите други деловни асоцијации и здруженија. Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #PR #MK #Општественаодговорност
- Даночна пријава за данокот на додадена вредност ДДВ-04
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Даночните обврзници кои се обврзани за регистрација или кои доброволно се регистрирале за целите на данокот на додадена вредност, обврзани се да поднесат Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец "ДДВ-04") за секој даночен период (месец или тримесечје). Даночната пријава која ја нуди Dynamics NAV не е усогласена на потребите на сметководството во Македонија. Дел од спецификите на книжење на документите не се опфатени, како на пример книжење на износ на ДДВ директно на конто, одредување основица врз основа на износ на ДДВ и сл. Изглед на екран од даночна пријава за ДДВ 04 во Dynamics NAV Како што може да се види на сликата погоре, даночната пријава за ДДВ Логин Системи ја прошири да одговара точно како што ја бара законодавецот. ДДВ пријавата изгледа речиси идентично како пропишаниот образец од страна на Управата за јавни приходи УЈП. Даночната пријава содржи и износи кои произлегуваат од книжењата директно на конта во лавната книга Логин Системи ја дополни пријавата да ги зафаќа и износите кои се книжат директно на контата во главната книга, а се поврзани со ДДВ-то (слика погоре). Дополнително, ставивме и опција за фирмите што се занимаваат со малопродажба како и да ги прикажува износите ако има даночен долг или побарување (слика долу). Приказ на даночен долг / побарување Даночната пријава за ДДВ (образец ДДВ-04) може да ја симнете од сајтот на УЈП тука . Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV
- Макас Инженеринг е првиот корисник на месечните ERP пакети со Dynamics NAV
Скопје, 14.06.2017. Логин Системи и Макас Инженеринг склучија договор за имплементирање на Microsoft Dynamics NAV 2017 во Макас Инженеринг за реализација на своето сметководствено и деловно работење. Според договорот, Макас Инженеринг ќе го префрли своето сметководство на Dynamics NAV и ќе ги користи функционалностите за финансии и основни средства, плати, управување со релациите со купувачите (анг. CRM) и деловната интелигенција Power BI. Услугите може да се користат со компјутери но и со паметни телефони Android и iOS, како и преку веб интерфејс. “Се одлучивме за Dynamics NAV и Логин Системи бидејќи ова решение ни овозможува да имаме платформа која ќе го поддржи нашиот напредок и раст во ИТ и телекомуникацискиот сектор”, изјави Марко Петровиќ , главен системски архитект во Макас Инженеринг. Корисниците на хостинг и комуникациски услуги се суштината на работењето на Макас Инженеринг и со оваа платформа им се овозможува да имаат навремени и квалитетни извештаи, да опслужуваат повеќе корисници со постоечките ресурси на фирмата и да ги планираат идните активности. Макас Инженеринг е првата фирма што го избра атрактивниот пакет за ERP услуги што неодамна е објавен на веб страната на Логин Системи. Пакет за сметководство и CRM Пакетот ERP овозможува да се искористуваат потенцијалите и стручноста на сите чинители кои работат како еден тим. Фирмата го користи Dynamics NAV и прави фактури, го полни со други податоци и изведува трансакции. Надворешниот сметководител повремено ги контролира деловните книги преку веб, а Логин Системи се грижи услугите да работат во секое време за корисникот. Искористување на најдоброто од сите "Ни се допадна и атрактивната понуда на принципот на месечна претплата со намалени цени”. завршува Марко Петровиќ. Логин Системи продолжува со прилагодувањето на Dynamics NAV да биде атрактивен систем за деловно работење кај организациите со различна големина и потреби. Повеќе за пакетот што е предмет на договорот меѓу Логин Системи и Макас Инженеринг има на линкот тука . Информации за Макас Инженеринг може да се најдат на веб страната www.makas.biz или на нивната фејсбук страна на линкот тука . Почнувајќи од 2002ра година, Логин Системи поставува и одржува ERP решенија за успешни мали и средни фирми во Македонија и регионот. Стручниот тим на Логин Системи го прилагоди Dynamics NAV на македонските прописи и создаде ERP пакети за месечна претплата на Dynamics NAV и поврзаните услуги и консалтинг. Повеќе за Логин Системи има на www.loginsystems.biz . #PR #DynamicsNAV #MK
- Попис на производи (лагер)
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Стандардниот модул за попис на производи во Microsoft Dynamics NAV е детален и прегледен. Сепак, Dynamics NAV бара пописот да се внесе и искнижи на денот кога е направен. Ова во суштина значи дека целата активност на фирмата поврзана со залиха треба да биде во мирување додека целосно не се направи и прокнижи пописот. Во случаи кога не е можно целата операција да се изведе и да се искнижи во истиот ден, Логин Системи изготви подобрување на функционалноста на модулот за попис. Со подобрувањето е можно да се прави попис на одреден датум (еден или повеќе денови), а потоа книжењето и состојбата на залихите да се земат од датум кога навистина се одржал пописот наместо од денот на книжење. На пример, ако фирмата прави попис (физичко броење) на 31.12.2015 и податоците од пописот ги внесува во Јануари наредната година, иако датумот во Дневникот за попис е од 31.12.2015, Dynamics NAV ги зема во предвид и трансакциите односно количините на артиклите и во Јануари. Ваквата ситуација може да доведе до стопирање на книжењето на пописот или влегување во негативни залихи. Подобрувањето на Логин Системи ги решава овие случаи со тоа што количините на залихите ги зема од датумот на Дневникот на пописот. Види слика подолу ... Илустрација за пописот на производи со локализацијата на Логин Системи Дополнително, Логин Системи изработи надополнување кое овозможува Dynamics NAV да работи со малопродажни цени. Ако локацијата е означена како локација за работа со малопродажни артикли, надополнувањето на функционалноста за попис на ваквите малопродажни артикли овозможува да се прават потребните докнижувања за малопродажба согласно законските прописи во РМ. Напомена: Функционалноста за работа со малопродажни цени според македонските прописи не е вклучена во Microsoft Dynamics NAV ниту е содржана во оваа задолжителна локализација за попис на производи. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #DynamicsNAV
- Oграничување на страната на контата при книжење
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV При операцијата на книжење во главната книга, Microsoft Dynamics NAV става износи на контата во главната книга и во колоната Должи и во колоната Побарува. Прописите во Македонија наложуваат некои од контата да имаат ограничувања на страната каде се книжат износите во главната книга. Така на пример контата од класата 4 не смеат да имаат износи во колоната Побарува освен при затворање на годината. Пример за ограничувања при книжење на дел од контата од класа 4 Слични ограничувања има и кај контата во класата 7 – едните групи можат да примаат износи само во колоната Должи, а другите само во колоната Побарува. Пример за ограничувања при книжење на дел од контата од класа 7 Логин Системи направи функционалност во Dynamics NAV кадешто контата може да имаат ограничувања во кои колони (страна) може да примаат износи. Имено на самата картичка на контото се означува дали износите прокнижени на тоа конто ќе одат само на страната Должи, само на Побарува или на двете страни. За пример како се изведува оваа функционалност, погледнете тука . Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK
- Црвено сторно
Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Стандардно Dynamics NAV ги распределува износите во главната книга согласно износот на ставката од книжењето: ако е позитивен износ се става во колоната Должи (лева страна), а ако е негативен - се става во колоната Побарува (десна страна). Со опцијата Црвено сторно се овозможува корисникот на Dynamics NAV да одреди на која страна ќе оди негативниот износ односно да се форсира сторно на посакуваната страна. На пример, ако на одредена ставка во дневникот за книжење се постави дека е „Сторно“, NAV ќе го стави износот во книгата на искнижени ставки точно онака како што го пополнил корисникот. За пример како се изведува оваа функционалност, погледнете тука . Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK
- Мобилна Android апликација на Логин Системи на Google Play
Скопје, 09.06.2017. Денес, Логин Системи, овластениот провајдер на Dynamics NAV решенија, објавува дека мобилната апликација за паметните телефони Android е расположива за преземање од продавницата Google Play. Корисниците на апликацијата ќе може да ги проверуваат најновите информации за ERP, CRM и деловната интелигенција базирани на Dynamics NAV на своите паметни телефони Android. "Работевме подолго време на адаптирање на нашиот веб сајт и помошните аликации за пријатно користење со мобилните телефони Android и iOS", изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Целта ни е да ги направиме што е можно подостапни информациите за технологиите и алатките кои се важни за управувањето на компаниите и институциите какви што се ERP, CRM и деловната интелигенција Power BI". Покрај можностите да се следат објавите и блоговите поврзани со Dynamics NAV, мобилната апликација е оспособена за интеракција и користење на форумот за бизнис и менаџмент, како и четување со стручните лица од Логин Системи. На долниот дел од екранот секогаш се на располагање копчињата за контактирање со Логин Системи. "30% од посетителите на нашиот веб сајт доаѓаат преку мобилните телефони, а очекуваме таа бројка да расте.", заврши Венко Глигоров. "Преку услугата Нотификација ќе ги информираме нашите корисници, како и потенцијалните корисници инстантно за одредени вести, соопштенија или предупредаувања". Мобилната апликација може да се преземе од Google Play на адресата https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appswiz.loginsystems&hl=en . Мобилната апликација го има препознатливото лого на Логин Системи за социјалните мрежи. # # # Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #PR #DynamicsNAV #MK
- За првпат во Македонија: нови пакети за ERP со Dynamics NAV
Скопје, 07.06.2017. Денес, Логин Системи објавува нови пакети на месечни претплати за софтверски решенија ERP за мали и средни претпријатија. Ова е прв пат да се понудат стандардизирани пакети за користење на Dynamics NAV во Македонија. Целта на овие пакети е да ја поедностави постапката за набавка и изведба на ERP решенијата во прогресивните компании во Македонија. Поедноставувањето е направено преку стандардизирање на лиценците, изведбата (имплементацијата), македонската локализација и поддршката. Главната новина и предност на овие пакети е начинот на набавка и плаќање преку месечна претплата. Наместо организациите да инвестираат однапред одредена сума на средства, тие можат да плаќаат на месечна основа по пат на рентање лиценците и услугите. Споредба на два пакети за ERP Основниот пакет за мали потреби е ERP решение идеално за мали фирми со основни потреби и максимално 10 вработени и имаат надворешно сметководство. Решението вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 265 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор. Стандардниот пакет за средни потреби е ERP решение идеално за фирми и организации со средни потреби со максимално 15 - 30 вработени. Вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 545 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор. Хостирањето на ERP решенијата е на избор на претплатникот и може да биде во Логин Системи, на сопствен сервер или на некој од виртуелните сервери на македонските провајдери. "Со овие пакети очекуваме фирмите да се охрабрат да постават квалитетни ERP системи кои ќе го помогнат нивното работење за постигнување на подобри деловни резултати", изјави Венко Глигоров, главен проектант за ERP системи во Логин Системи. "Понудата им дава можност на фирмите да ги планираат своите трошоци на месечно ниво." Повеќе информации за основниот пакет има на страната " Основен пакет ERP за мали потреби (месечна претплата) ", а за стандардниот пакет има на " Стандарден пакет ERP за средни потреби (месечна претплата) ". ### Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #MK #PR #DynamicsNAV