top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

MSD365BC.png

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

MSD365BC.png

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

MSD365BC.png

Започнува серија одобрени обуки за е‑Фактура (УЈП) за сметководители - континуирана професионална усовршеност со 3 КПУ поени

press release

Отворен е форумот на Логин Системи за сите

📌 Скопје, 23.09.2017. Денес, Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

Започнува серија одобрени обуки за е‑Фактура (УЈП) за сметководители - континуирана професионална усовршеност со 3 КПУ поени

е-Фактура Македонија: нова онлајн заедница за сметководство и комуникација со УЈП

Business Central: како да започнете брзо, прифатливо и без компликации

е-Фактура во Македонија, УЈП интеграција и усогласеност за компании и сметководители

Започнување со Dynamics 365 Business Central во Македонија

Финансискиот циклус во Business Central

MakasIT.gif
  • Sep 23, 2017
  • 2 min read

Скопје, 23.09.2017. Денес, Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.LoginSystems.biz/forum. Форумот е организиран во 5 категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле.


Категоријата „NAV: на едно место“ опфаќа актуелни теми од функционалностите и придобивките од користењето на Micrsooft Dynamics NAV. Во категоријата „Како да направам ...“ модераторите на форумот ставаат чести потреби од корисниците, а посетителите може да поставуваат прашања и да добиваат одговори од сите членови на форумот. За посетителите на форумот од англиско говорно подрачје е наменета категоријата „NAV Users & Professionals“. Изјавите на корисниците на Dynamics NAV се забележуваат во категоријата „Quotes / Изјави“.


Категории (рубрики) на форумот на Логин Системи

Категории (рубрики) на Форумот

За разлика од сите претходно наведени рубрики кои се директно поврзани, на форумот е отворена и рубрика за „Стратегија и менаџмент“. Постовите во оваа рубрика се однесуваат на генерални поими, алатки и решенија за подобро управување со организациите. Новина е тоа што во оваа рубрика ќе се поставуваат и теми поврзани со една од најзначајните методологии за изведба на стратегија, Balanced Scorecard, кадешто модератор е сертифицирано лице за Balanced Scorecard.

Членовите на форумот ќе можат отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да споделуваат на социјалните мрежи за популаризација на овие теми.

Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до темата, модераторите може да бришат постови или коментари кои се надвор од темата или се недолични. Форумот може да се прегледува и користи и на мобилните телефони и уреди.

„Очекуваме содржаен форум со корисни теми и коментари за менаџментот, сметководсвото и ЕРП системите со што ќе го збогатиме македонскиот информативен простор и ќе создаваме услови за напредок на економијата во Македонија“, изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page