top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

392 results found with an empty search

  • Договори за работа

    Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Оваа функционалност е дел од модулот за човечки ресурси (кадровска служба) и содржи опции за водење на евиденција на договорите за вработување на работниците. Фирмата или организацијата ќе има евиденција на сите договори и анекси што ги склучил со вработениот. Фирмата може да креира свој урнек на договор кој ќе се печати со потребните податоци и ќе биде спремен за потпис помеѓу фирмата и вработениот. Овозможивме поврзување на договорите за вработување со модулот за плата, со што се заштедува време во “дупло“ внесување на податоците, како и избегнување на грешки и превиди при пополнување на финансиските податоци поврзани со платите на вработените. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK

  • Видео: Традиционално и ново работење во сметководството

    Бизнисот се менува. Потребите се менуваат. Компаниите се развиваат и се стремат да бидат побрзи на пазарот, со повеќе приходи и да ги намалуваат трошоците. Традиционалниот начин со користење на надворешно сметководствено биро се унапредува со хостирано ERP решение кое го опфаќа сметководството и сите други операции во компанијата. Во еден интегриран систем. Видеото ги презентира недостатоците на традиционалното работење и предностите со хостирано решение. Покрај видео сесијата, повеќе за трендовите во сметководството има на линкот тука .

  • Успешен почеток на Сервисот за плати на Логин Системи

    Сервисот за плати на Логин Системи започна со работа од почетокот на овој месец и веќе ја добивме и првата Декларација за прием од Управата за јавни приходи. Сервисот им овозможува на организациите да направат аутсорс на пресметките за плати и комуницирањето со Управата за јавни приходи и банките. Придобивките од сервисот се дискреција на платите, точна и брза пресметка на платите, испраќање на исплатни ливчиња по е-пошта и тоа што е најважно - усогласеност со законските прописи во Македонија. Повеќе за модулот за плати има тука ...

  • Плати за вработени - работи и со e-пошта

    Основна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Пресметката на платите е специфична работа за секоја земја. Dynamics NAV остава на провајдерите на решенија да вградат модул за плати и да го интегрираат со модулот за човечки ресурси. Модулот што го изработи Логин Системи за платите во Dynamics NAV ги има сите потребни специфики што се пропишани за работа во Македонија и плус имаме направено дополнувања кои опфаќаат награди и одбитоци за вработените. Тој ги поддржува сите начини на пресметка на плата (од бруто кон нето, од нето кон бруто, пресметка на вграден или надополнет минат труд и сл.), како и сите дополнителни барања согласно најновите законски промени во РМ. Месечна картичка на организација за Јули 2017 После пресметката на платата, корисникот може автоматски да ја искнижи платата во Главната книга во сметководството или на ниво на фирма, на ниво на тим или на ниво на вработен. За потребите на фирмата ги изработивме и потребните извештаи поврзани со платата: Исплатно ливче за вработен, Личен картон, Потврда за УЈП, Рекапитулар за плата (поединечен и вкупно за цела фирма), МПИН и ППД-ГИ. Изглед на дел од алатникот од модулот за плати Исплатното ливче може да се праќа во PDF формат по е-пошта на секој вработен или да се врачува на традиционален начин. Изготвувачот на плати е доволно да кликне на копчето и да избере која група на вработени или сите вработени ќе добијат исплатно ливче преку е-пошта. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK

  • Видео: Како изгледа Microsoft Dynamics NAV 2017

    На нашиот видео канал на YouTube поставивме 12 минутно видео за интерфејсот на Microsoft Dynamics NAV 2017. Видеото може да го погледате тука. Повеќе информации за Dynamics NAV 2017 има на линкот тука ... #КакоИзгледа #DynamicsNAV2017

  • Отворен нов YouTube канал за Microsoft Dynamics NAV

    Скопје, 25.08.2017 . Денес, Логин Системи објавува дека отвори нов YouTube канал на македонски јазик за содржини поврзани со Microsoft Dynamics NAV 2017. Од септември оваа година фирмата планира редовно да креира и објавува видео сесии со показни вежби за користењето на ERP во деловното работење. Уредник на каналот е Логин Системи, овластен провајдер на решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе има на линкот тука ...

  • Отворен нов YouTube канал за Microsoft Dynamics NAV

    Скопје, 25.08.2017 . Денес, Логин Системи објавува дека отвори нов YouTube канал на македонски јазик за содржини поврзани со Microsoft Dynamics NAV 2017. Од септември оваа година фирмата планира редовно да креира и објавува видео сесии со показни вежби за користењето на ERP во деловното работење. Уредник на каналот е Логин Системи, овластен провајдер на решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. „Ќе продолжиме да објавуваме текстуални колумни и статии за функционалности на Dynamics NAV во различни деловни околини и за различни потреби“, изјави Венко Глигоров, проектен менаџер и архитект за Dynamics NAV во Логин Системи. „Трендот е корисниците да користат видео содржини во својата едукација и надополнување на знаењата и бидејќи нема локални содржини се одлучивме да отвориме видео канал на YouTube.“ Интензитетот на објави на Јутјуб каналот ќе зависи од интересот и прегледите. На корисниците на располагање им е и форумот на Логин Системи кадешто има повеќе рубрики поврзани со ЕРП и менаџмент. Новиот канал се наоѓа на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw . Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #PR #DynamicsNAV #MK

  • После 25г. го пензионираме сегашното - лого за нова мисија

    Скопје, 31.07.2017. Логин Системи, провајдерот на деловни решенија за сметководство и ERP одлучи да го замени сегашното лого со ново. Постоечкото лого е креирано од почетокот на фирмата во 1991 и претпре мало дополнување во 2003та година.  „Со новото лого Логин Системи влегува во нова ера од своето работење кадешто 'клауд' технологиите, бизнис апликациите и перформансните-менаџмент услуги ќе бидат главните мотори на развојот на фирмата.“, изјави Венко Глигоров, основач, ко-сопственик и управител на Логин Системи. „Лично имам жал што досегашното лого го менуваме бидејќи со него ги поминавме сите можни фази на Логин Системи. Сепак, ни требаат сега нови алатки за да го предводиме новото време.“ Повеќе има тука ...

  • Microsoft Dynamics NAV 2017 „зборува“ македонски јазик

    Microsoft Dynamics NAV 2017, е расположив на македонски јазик за македонските фирми и организации.  „Покрај македонската локализација која е задолжителна за да се задоволат македонските закони, со преводот на Dynamics NAV 2017 го комплетираме Dynamics NAV за користење во фирмите, институциите и невладините организации во Македонија.“ изјави Венко Глигоров, проектен менаџер за Dynamics NAV 2017. „Овој превод го направивме со официјалните алатки и според правилата и стандардите на производителот Microsoft.“  Повеќе има тука ...

  • Ново: „Старото“ сметководство се вградува во новиот Dynamics NAV

    Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото сметководство и да преминат на Dynamics NAV. Скопје, 11.08.2017. Денес, Логин Системи објавува дека изработи и пушти во употреба нова функционалност за побрзо и поекономично интегрирање на податоците од постоечкото-во-заминување сметководство во новото сметководство базирано на Dynamics NAV. Наместо да се користат паралелно два системи за сметководоство (старо и ново) заради преглед на историските податоци, новата функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV. „Ги опфативме најважните сметководствени и оперативни податоци, оние кои најмногу се потребни при пребарувањата или за инспекциските служби.“, изјави Венко Глигоров, главен проектант на Dynamics NAV во Логин Системи. „Ако организацијата ги промени броевите на купувачи и добавувачи, им овозможуваме поврзување на броевите така што во претходните книги ќе ги користат старите броеви, иако се повикуваат од новите броеви.“ Книги и аналитички картички што се опфатени со интеграцијата од претходното сметкводство. Со оваа функционалност овозможуваме на фирмите побрзо и поефтино да преминат на новиот Dynamics NAV без да треба да држат два сметководствени системи. Пристапот до „старите“ податоци се прави со кликнување на командата од рибонот на соодветниот екран, на пример на контниот план. Местоположба на копчето во Dynamics NAV за пристап до старите податоци При преминувањето на нов сметководствен систем, една од главните предизвици на фирмите и организациите се историските податоци. Генерално постојат три опции: (1) да се стават почетни состојби и да има само нови податоци, (2) да се увезат сите претходни податоци/трансакции и на нив да се надодаваат новите. (3) Третата опција е најбараната бидејќи новите податоци се користат во секојдневното работење, а старите податоци коегзистираат во новиот систем и се на располагање заедно со другите команди на Dynamics NAV. „Иако им ги нудиме сите три опции на новите корисници на Dynamics NAV, новата функционалност што ја изработивме е секако најповолната за најголемиот број на заинтересирани организации да преминат кон светски познатиот Dynamics NAV 2017“, завршува Глигоров. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #DynamicsNAV #MK #PR #Сметководство

  • После 25 години, го пензионираме сегашното - ново лого за нова мисија

    Скопје, 31.07.2017. Логин Системи, провајдерот на деловни решенија за сметководство и ERP одлучи да го замени сегашното лого со ново. Постоечкото лого е креирано од почетокот на фирмата во 1991 и претпре мало дополнување во 2003та година. „Со новото лого Логин Системи влегува во нова ера од своето работење кадешто 'клауд' технологиите, бизнис апликациите и перформансните-менаџмент услуги ќе бидат главните мотори на развојот на фирмата.“, изјави Венко Глигоров, основач, ко-сопственик и управител на Логин Системи. „Лично имам жал што досегашното лого го менуваме бидејќи со него ги поминавме сите можни фази на Логин Системи. Сепак, ни требаат сега нови алатки за да го предводиме новото време.“ Досегашното лого на Логин Системи Ново лого на бела површина Ново лого со основна боја Новото лого на Логин Системи има едноставен дизајн со елегантно-футуристички фонт и конкретен слоган. Симболот укажува на светска препознатливост и на деловни и активни луѓе кои патуваат и користат ресурси од „клауд“ технологии. Самиот дизајн овозможува лесна применливост на социјалните мрежи, на маркетинг материјалите и на разните ознаки на фирмата. Лого аплицирано на летни маици „Со новото лого се обраќаме на помладата работна популација која тежнее да користи мобилни алатки и современи методи од светски признати производители, а Логин Системи ќе ги развива и прилагодува на нивните потреби.“ завршува Венко Глигоров. Логин Системи ќе го заменува старото лого со новото - етапно. На почетокот, веб сајтот и социјалните мрежи ќе се „преоблечат“ со новото лого. Симбол на новото лого Куриозитет е тоа што за прв пат Логин Системи ќе користи графички симбол - тој ги претставува деловните луѓе во интеракција со светот користејќи напредни технонологии и решенија. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #PR #MK

  • Microsoft Dynamics NAV 2017 „зборува“ македонски јазик

    Скопје, 26.07.2017. Денес, Логин Системи објавува дека светски-популарниот систем за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2017, е расположив на македонски јазик за македонските фирми и организации. „Покрај македонската локализација која е задолжителна за да се задоволат македонските закони, со преводот на Dynamics NAV 2017 го комплетираме Dynamics NAV за користење во фирмите, институциите и невладините организации во Македонија.“ изјави Венко Глигоров, проектен менаџер за Dynamics NAV 2017. „Овој превод го направивме со официјалните алатки и според правилата и стандардите на производителот Microsoft.“ Dynamics NAV со македонска локализација и надополнувања работи во дваесетина компании и организации повеќе години наназад. Сите овие организации ги поминале успешно контролите од Управата за јавни приходи (УЈП) и од светски реномираните ревизорски куќи при што добиле добиле позитивно мислење за нивниот систем за сметководство и ERP. Повеќе екрани со македонски јазик може да се видат на галеријата подолу. Галерија од екрани на Dynamics NAV 2017 Логин Системи е подготвен да го преведе Dynamics NAV и на албански јазик ако има интерес од фирмите и организациите чии вработени го користат албанскиот јазик како мајчин јазик. Видео: Главно мени и улоги на корисници во Dynamics NAV Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #PR #MK #DynamicsNAV #Сметководство

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page