top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

386 results found with an empty search

  • Партнерства со сметководители

    На клиентите на сметководителите и сметководствените бироа им треба подобра технологија за нивниот раст и развој. Логин Системи нуди партнерства на различни нивои и обем. Повеќе информации и иницирање на соработка има на линкот тука ... #Партнерства #Сметководство #Сорабтка #Придобивки #DynamicsNAV

  • Предлог на закон: персонален данок на доход

    Поради потребата од намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, како и унапредување и олеснување на начинот на плаќање на персоналниот данок на доход Министерството за финансии предлага измени на горенаведениот закон. Повеќе на линкот тука ...

  • Форум: Сметководствени прогнози за подобар и предвидлив бизнис

    На форумот на Логин Системи во рубриката за стратегија и менаџмент е постирано за сметководствените прогнози за подобрени деловни резултати. Автор е Венко Глигоров. Постот може да се прочита и коментира тука ...

  • Рубрика за сметководство и финансии

    Отворивме нова рубрика за сметководители и финансиски менаџери на форумот на Логин Системи. Целта ни е да ги приближиме знаењата од финансиите и информатичката технологија. Рубриката е отворена за сите членови на форумот. Може да се пристапи на следниот линк тука ...

  • Најдобрата стратегија се пишува на една страница

    Нов пост на Венко Глигоров во рубриката за Стратегија и менаџмент. Основната девиза треба да е: најдобрата стратегија е напишана на една страница. Повеќе на линкот тука . #Стратегија #Македонија #Менаџмент

  • УЈП: Помош за работодавачите за исплата на минимална плата

    На форумот е објавено соопштението од Управата за јавни приходи и се однесува на помошта за работодавачите за исплата на минимална плата. Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска помош за исплата на минимална плата. Повеќе има тука ... #УЈП #Сметководство

  • Вчитување на екстерни фајлови XLS и TXT во Dynamics NAV

    Скопје, 13.10.2017. Во завршна фаза е функционалноста на вчитување на екстерни фајлови (Excel или текстуални) во сметководствениот и ЕРП систем Microsoft Dynamics NAV. Документите се вчитуваат во Дневник на документи и тие може да содржат набавни и продажни фактури, налози за книжење и изводи од банките. Откако ќе се проверат податоците и евентуално се ажурираат, од Дневникот на документи се креираат соодветни изворни документи во NAV (види слика подолу). Вака креираните документи потоа се книжат во главна книга и се ажурираат соодветните листи на книжени документи. Графички приказ на процесот на вчитување на документи Со помош на Дневникот на документи, корисниците ќе можат да ги вчитуваат изводите од банките и да ја забрзаат постапката на внесување и раскнижување на плаќањата. Дневникот на документи може да се користи и за комуницирање на фирмата со екстерното сметководствено биро. Оваа функционалност е правена за верзијата 2017 од Dynamics NAV. После финалното тестирање, модулот ќе биде расположив за примена кај корисниците. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #DynamicsNAV #Сметководство

  • Поставени ознаките со новото лого на Логин Системи

    Скопје, 13.10.2017. Ознаките со новото лого се поставени во просториите на Логин Системи на ул. Гиго Михајловски бр. 3а во Скопје. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz. Креирањето на ознаките и нивното поставување го изведе фирмата Макас Инженеринг. Повеќе инмформации за Макас инженеринг има на http://makas.biz/zanas.html. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. #PR #MK

  • Писмо до PayPal испратено од приватната иницијатива

    Скопје, 08.10.2017. Денес, Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување на PayPal за електронска трговија во Македонија испрати писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис PayPal. Писмото е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal ова лето годинава.  Повеќе информации има тука ... #PayPal #Иницијатива

  • Писмо до PayPal испратено од приватната иницијатива

    Скопје, 08.10.2017. Денес, Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната инцијатива за воведување на PayPal за електронска трговија во Македонија испрати писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис PayPal. Писмото е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal ова лето годинава. Целите на иницијативата се да се отворат нови можности и продажни канали на македонските претприемачи и професионалци, да се намали одливот на „мозоци“ од Македонија и да се ублажи даночната евазија заради отворање на сметки на PayPal во странство од страна на македонските граѓани и бизниси. Во писмото се наведува и за придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија. „Иако државната поддршка е значајна, светските компании ценат многу кога приватниот сектор има иницијатива за воведување на некој бренд или услуга“, изјави Венко Глигоров. „Им ги предочивме предизвиците со кои се соочува Македонија како и потенцијалот од воведување на услугата PayPal“. Целосното писмо може да се прочита на линкот тука . Линк за преглед на писмото испратено до PayPal (англиски јазик) Во јавноста постои решеност дека ако PayPal не реагира во некој разумен рок, да се премине на контактирање други платежни провајдери кои се актуелни во светот. Приватната иницијатива наиде на поддршка од преку илјада претприемачи и професионалци, а Министерството за финансии се заложи да ја предводи државната меѓу ресорска група составена од ресорните министерства, Народната банка на РМ и банкарскиот сектор. Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на адресата https://goo.gl/7wo2Ur . Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #MK #Општественаодговорност #PR

  • На прослава на Шмиц Каргобул - 125ти роденден

    Нашиот долгогодишен клиент за Microsoft Dynamics NAV - Шмиц Каргобул Македонија, вчера прослави 125 години oд основањето на својата мајка-фирма. Прекрасната атмосфера ја подгреа актерот Сашко Коцев за да продолжи со одлична музика и жива свирка. На прославата Шмиц Каргобул го претстави својот најнов производ - паметната приколка Smart Trailer. Од прославата: Евгенија Ѓорѓиева и Венко Глигоров Со годишно производство од 50.000 возила и околу 5100 вработени, Шмиц Каргобул АГ е водечки производител во Европа за полу-приколки и приколки за превоз на производи со контролирана температура, општ карго и групни производи. Повеќе за нашата соработка со Шмиц Каргобул има на линкот тука ... https://www.cargobull.com/en/

  • Одржан семинарот - Од локален софтвер кон ERP систем

    На семинарот се споредуваше традиционалното водење на сметководството кај фирмите и новото подобрено работење со помош на хостирано решение Dynamics NAV. Повеќе има на линкот тука ... #DynamicsNAV #Сметководство #ERP #ВенкоГлигоров

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page