СКОПЈЕ --- Шведска компанија од градежниот бизнис оваа седмица започна да работи со Microsoft Dynamics 365 Business Central, благодарение на консултантските и програмерските услуги на Логин Системи.
„Користеа постара верзија на Dynamics NAV 2015 и ги надградивме на Business Central. При тоа им ги префрливме сите податоци и модули што ги користеле во претходниот сметководствен и деловен систем.“ вели Венко Глигоров, главен консултант на проектот во Логин Системи.
Шведската фирма е дел од групација на фирми во градежништвото кои работат во повеќе држави претежно од ЕУ. Планот на менаџментот е да ги надградат сите фирми од групацијата во скандинавските земји со најновата верзија Microsoft Dynamics 365 Business Central.
Во надградбата на деловните системи базирани на Business Central, Логин Системи ги користи сопствените алатки за миграција на податоци како и своето искуство во надградбите на Business Central во десетина фирми во повеќе држави вклучувајќи и Македонија.
Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV.
Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.
Коментарі