Министерството за труд и социјална политика („МТСП“) известува дека минималната бруто плата ќе изнесува 17.943 денари (пораст за 3.3%), односно нето во износ од 12.507 денари.
Согласно Законот за минимална плата усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец април годинава. Во моментот бруто минималната плата во Република Северна Македонија изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари во нето износ. Со последното усогласување минималната плата ќе порасне за 573 денари во бруто износ.
Извор: Министерство за труд и социјална политика (објава)
Ажуриран е веб сајтот на Логин Системи со новите измени
Логин Системи ги ажурира податоците за плата на веб сајт адресата www.loginsystems.biz/plati така што пресметките за плати од април 2019та ќе ги земат предвид најновите измени.