Кога се книжи трансакција, Dynamics NAV става износ во контото на Должи или побарува во зависност од износот - ако е позитивен, се пополнува Должи, ако е негативен се пополнува Побарува.
Ваквата пракса е добра ако трансакциите не се корекција на некоја друга трансакција или документ. Ако има сторно на трансакција, наместо со минус на истата страна од оргиналната трансакција, Dynamics NAV повторно ја одбира страната Должи или Побарува спрема износот дали е позитивен или негативен.
Прописите во Македонија наложуваат контата на класата 4 да не смеат да имаат износи во колоната Побарува освен при затворање на годината. Слични ограничувања има и кај контата во класата 7 – едните групи можат да примаат износи само во колоната Должи, а другите само во колоната Побарува.
Логин Системи постави нова опција кадешто може контата да имаат ограничувања во кои колони може да примаат износи, односно на самата картичка на контото да се означи дали износите прокнижени на тоа конто ќе одат само во Должи, Побарува или на двете страни. На сликата погоре е прикажано дека контото 403316 може да има вредности само на дебит страната.
На сликата подолу е дадена трансакција на сторно за потрошено гориво во износ на 500 денари и како се заведени во Главната книга.
Ако не беше поставено контото да прима само дебит износи, тогаш книжењето на сторно трансакцијата во Главната книга ќе имаше изглед како на сликата подолу.
Со поставувањето на опцијата на Логин Системи се задоволуваат барањата на сметководителите за црвено сторно и тие може да одредуваат самостојно на која страна (колона) ќе се ставаат износите од книжењата.