top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Customer story: Swarovski boosts global sales and marketing with Microsoft Dynamics 365In Quotes | Изјави·7 јуни 2020 г.For a company like Swarovski, brand image and customer experience are essential to their success. They’re constantly working to deliver the best quality and sparkle to their customers. But this image and marketing do not come cheap. Swarovski is tracking the effectiveness of their various marketing and sales efforts through a single, connected customer relationship management (CRM) system—Microsoft Dynamics 365. #CustomerStory #Dynamics3650011
- Како да направам рачно ажурирање на трошоците на залихата?In Microsoft Dynamics 365·28 септември 2017 г.Dynamics NAV овозможува водење на залихите според различни методи за вреднување на залиха, како што се ФИФО, ЛИФО, Просечни цени, Стандардни цени и Специфичен метод. Прецизното и навремено вреднување на залихата во зависност од избраниот метод е една од водечките предности кои го издвојува NAV далеку пред другите решенија. Во случај кога се употребува методот на вреднување на залихата по просечни цени, покрај секојдневното (или неделно, месечно или пак годишно) упросечување на цените на чинење кое автоматски се прави во NAV во зависност од поставените подесувања, препорачливо е, особено пред подготвување на завршните пресметки, да се прави и рачно ажурирање на просечните цени на залихата. Постапката за рачно ажурирање на трошоците на производите на залиха се одвива на следниот начин: 1. Се пристапува преку следната патека: Financial Management -> Inventory -> Adjust Cost -> Item Entries Се отвора следниот прозорец: Со одбирање на копчето ОК, без да се одбере (штиклира) "Post to G/L" се врши рачно ажурирање на трошоците. Со овој процес се врши ажурирање на сите влезни и излезни трошоци за сите производи од лагер за кои имало влезни трансакции. За производи кои го користат методот на упросечување (average costing method), со овој процес се прави ажурирање и на излезните трансакции за истите артикли доколку ги има. При рачното ажурирање може да се искористи “batch” за сите производи одеднаш или за одредени групи или производи. Препорачуваме секогаш да се користи опцијата "batch" за сите производи одеднаш. Опциите за ажурирање со филтер на групи или артикли треба да се користи само во итни случаи или кога е потребно да се ажурира (корегира) трошокот на одредени производи. Бидејќи е важно податоците за артиклите да бидат ажурирани, советуваме процесот на рачно ажурирање да го изведувате што почесто, за време на неработните часови. Важно е да се напомене дека, независно дали се ажурираат податоците рачно или автоматски, ефектот на ажурирањето на трошоците ќе биде ист. 2. Откако ќе се заврши процесот на ажурирање, како следен чекор се следи патеката: Financial Management -> Inventory -> Costing -> Post Inventory Cost to G/L. Со тоа се постигнува книжење на новите вредносни влезови во Главна Книга. Потоа се отвора прозорецот во кој се внесува датум и број на документ, и се одбира копчето "Preview". На тој начин се добива преглед на износите кои ќе бидат искнижени на контата од главна книга како резултат на направеното упросечување на трошоците на залихата. Потоа се одбира (чекира) полето Post и повторно "Preview" Овој пат износите кои ги видовте на претходниот прозорец ќе бидат искнижени на соодветните конта. Со овој чекор завршува постапката за рачно ажурирање на трошоци на производи на залиха.0038
- Како да направам план за плаќање?In Microsoft Dynamics 365·28 септември 2017 г.Dynamics NAV преку функцијата Предложи плаќање на добавувач (eng. Suggest Vendor Payments) им нуди можност на корисниците да добијат предлог за плаќање на доспеаните фактури согласно расположливите парични средства на сметките во банка. Во Payment Journal-от има опција, преку функцијата Suggest Vendor Payments да се филтрира да се прикажат сите доспеани фактури кои треба да се платат преку една банка. Исто така да се филтрира и по добавувач, период на доспевање и сл. Во Payment Journal-от се клика на копчето Suggest Vendor Payments. Со тоа ќе се отвори прозорецот Suggest Vendor Payments каде што потребно е да се изврши избор во следните полиња: Last Payment Date (Исплата до) – Се внесува датум на доспеаност. Available Amount (LCY) (Расположлив износ МКД) – Доколку имаме точно определен износ на средства со кои располагаме, тука се внесува тој износ. Ова поле може да остане и празно. Posting Date (Датум на книжење) – Се внесува датумот на книжење. Starting Document No. (Почетен документ бр.) – Се внесува почетниот број на документ со кој сакаме да се пополни полето Број на документ во Налогот за безготовински испалти Bal. Account Type (Тип на противсметка) – сметка во банка Bal. Account No (Шифра на противсметка) – сметката од која сакаме да се изврши плаќањето Во табот Vendor (Добавувач) има можност да се избере и од кој добавувач да се прикажат фактурите, доколку сакаме да направиме плаќање само кон еден добавувач. No. (Шифра) – Се внесува шифрата на добавувачот. На крај се клика на копчето OK Ќе се појави порака која информира дека се креирани предложени исплати за добавувачи за сите валути. Веднаш ќе бидат пополнети линиите во Payment Journal-от: Oд тука се бришат линиите кои не треба да се исплатуваат. Откако ќе се направи плаќањето во банка и се добие потврда, се преминува на книжење. За книжење се клика на копчето Post (Книжи). Ќе се појави порака за потврда за книжење: Се клика Yes (Да). На крај се појавува уште една порака која информира дека налогот е успешно прокнижен.0050
- Како да сторнирам направен расход на основно средство?In Microsoft Dynamics 365·28 септември 2017 г.За да се сторнира погрешно направен расход на некое основно средство треба да се направат следните чекори: 1. Се оди во FA Ledger Entry на картичката на основното средство 2. Се позиционира на ставката каде што пишува Proceeds on Disposal и потоа се оди во Function, се одбира Cancel Entries… 3. На следниот прозорец се кликнува ОК и ода таму ставките се префрлаат во FA Journal (доколку сторнирањето треба да биде со ист датум како и оригиналната ставка) 4. Се оди во FA Journal и од таму ставката се книжи стандардно. Со тоа е сторниран направениот Disposal и вредноста на основното средство се враќа како што била претходно. Сторнираните ставки може да се видат на картичката на основното средство, во делот Fixed Asset -> Error Ledger Entries0030
- Како-да: Ажурирање на плата преку внесување на договорIn Microsoft Dynamics 365·25 ноември 2017 г.Внесувањето/ажурирањето на платата за вработените во Модулот за плата на Логин Системи во Dynamics NAV може да се изврши на два начини: 1. Преку рачно (мануелно) внесување/ажурирање на износот на плата. 2. Преку автоматско внесување/ажурирање на износот на плата согласно претходно внесените договори за вработените. Рачното внесување на износот на плата е многу едноставно, се оди на картичката на плата за вработен и во полето за износ на плата (нето или бруто) се внесува договорениот износ. Врз основа на тоа која основа за пресметка е избрана (од бруто кон нето или од нето кон бруто), системот сам го пресметува бруто/нето износот согласно тековните проценти на социјални придонеси и даночно ослободување. Недостаток на ваквиот начин на ажурирање на платите е тоа што секогаш кога ќе има промена во договорите, рачно ќе треба да се ажурираат износите тука. Услов за ваквото ажурирање да фукционира е на картичката на вработениот да се одбере Тип на ажурирање на плата – Мануелно. Вториот начин за внесување на договори за плата е преку „книжење“ на дневникот на договори за плата. Ваквиот начин е погоден кога се работи за внесување на плати за повеќе вработени, или пак кога за еден вработен има договор во кој договорената плата има еден износ на пр. во првите три месеци, па потоа има зголемување за наредните десет месеци. Пополнувањето на дневникот за договори се прави на едноставен начин со внесување на бројот на вработен, бројот на договор (опционо), почетен и креан датум на важење на договорот за тој износ, износ на плата, тип на износ (дали се работи за бруто или нето плата), ангажман (дали е на полно работно време, пола работно време) и сл. Подолу е пример во кој за еден вработен се внесува договор според кој во првите три месец вработениот ќе зема нето плата од 25.000 денари и 31.000 денари во следните 10 месеци. Откако ќе се внесат линиите и дневникот ќе се искнижи, автоматски се ажурира картичката за плата на вработениот со актуелните податоци. Единствено подесување што треба да се направи е на картичката на вработениот, во делот кај подесување на договорни услови за работа, да се одбере Тип на ажурирање на плата – Според договор. На овој начин, секој следен месец, при пресметка на платата системот сам ќе проверува кој е актуелниот договор на вработениот во зависност од почетниот и крајниот датум на договорот, и врз основа на пронајдените параметри ќе го зема актуелниот износ на бруто или нето плата во месечната пресметка.0063
- Факти за успешноста на Dynamics NAVIn Microsoft Dynamics 365·11 март 2017 г.Dynamics NAV е софтвер за сметководство и решение за деловно работење на мали и средни фирми, како и јавни институции. Во Македонија може да го користат поуспешните мали, сите средни и најголемите фирми. Покрај сметководството и финансиите, NAV содржи модули за комерција, магацинско работење, набавки, човечки ресурси, водење проекти, сервис и производство. Некои битни факти за Dynamics NAV (податоците се за 2014та, а бројките растат од година во година): NAV во 165 земји 94.000+ организации 44 јазици 1.4 милиони лиценцирани корисници Преку 2200 дополнителни решенија Логин Системи го надополни овој систем со сопствени прилагодени модули за дистрибутерски куќи, малопродажни ланци, рудници, болници, универзитети и сервисни организации. NAV го прилагодивме на македонските прописи и стандарди и е во функција во десетина фирми и организации, приватни и јавни, во Македонија и регионот. Ако сте заинтересирани за имплементација на NAV 2017 во вашата организација, Ве очекуваме со Ваша порака на овој пост, во инбокс на веб страната на Логин Системи или на info@loginsystems.biz.0026
- Видео: Производство на вода и пијалоци "Talking Rain"In Microsoft Dynamics 365·23 март 2017 г.Фабриката произведува вода и сокови во САД и има 100 вработени. Во својата работа користат Microsoft Dynamics NAV. Клучни поенти од изјавите на корисникот: (Со NAV) можете да го растете бизнисот, а фиксните трошоци да останат исти. Од менаџерски аспект тоа е нешто најдобро што можете да направите Лесен е да се користи. Се' ми е тука на едно место. Стариот систем ни беше ноќна мора Видеото можете да го погледнете на линкот https://www.microsoft.com/showcase/video.aspx?uuid=1EA5662E-3203-43BC-8AC3-324CC3D62C1E0028
- CRM: Продажни и маркетинг активности со Купувачи и проспектиIn Microsoft Dynamics 365·13 мај 2017 г.Microsoft Dynamics NAV 2017 е целосно интегрирано ЕРП решение кое вклучува сметководство, финансии, основни средства, продажба, набавки, магацинско, производство, човечки ресурси, сервис, проектен менаџмент и секако CRM. Бидејќи е дел од NAV, сите работи што се прават во CRM се интегрираат со продажба и другите модули во NAV. Модулот CRM може да работи и независно од модулот за финансии од Dynamics NAV. По дефиниција, Customer relationship management (CRM) е поим кој се однесува на стратегиите, технологии и праксите кои ги користат компаниите да ги управуваат и анализираат податоците за купувачите и интеракциите со нив за време на ќивотниот цисклус на купувачот. Целта е да се подобрат деловните релации со купувачите, да се помогне во нивното задржување и да се зголемува продажбата со нив. Иако се вика CRM, основен податок на модулот за ЦРМ е контактот. Контакт може да биде компанија, институција или физичко лице и не е задолжително да биде купувач. На сликата подолу е прикажан екран со листа на контакти. Во горниот дел од екранот има рибон со најразновидни функции за креирање на зделки (анг. Opportunity), интеракции, понуди и слично. На наредната слика е прикажан еден од табовите за работа со контакт. Може да се гледа историјат на интеракции за контактот, статистика, зделки, работни задачи, а може да се гледа и каква е релацијата на тој контакт како Купувач и Добавувач. Поопширно за модулот CRM може да се прочита во блогот "Kупувачи, проспекти и зделки - CRM".0028
- CRM: Обработка на барања на кориснициIn Microsoft Dynamics 365·25 мај 2017 г.Опслужување на барањата на постоечките и потенцијалните купувачи е една од примарните задачи на една фирма или организација. Опслужувајќи ги нив, се зголемуваат можностите за набавка на производи и услуги. Типични барања од купувачите се (1) барање за понуда или потреба од (2) интервенција за поддршка во користењето на производите. Microsoft Dynamics NAV како интегрално ERP решение содржи модул за Customer Relationship Management ("CRM") кој се користи за опслужување на купувачите. Постоечките и потенцијалните купувачи се внесуваат во CRM како контакти. Процесот на обработка на барањата од контактите е претставен на наредната слика: Кога стигнува барање од некоја фирма или индивидуа, компанијата проверува дали постои контактот во базата. Ако не постои, се креира нов контакт. Потоа за тој контакт се креира работна задача (анг. to-do, а во Microsoft Outlook тоа се вика Task). Во картичката на работната задача се внесуваат податоци за барањето и се доделува на вработен во организацијата кој ќе ја изведува работната задача. Изведбата и реализацијата на работната задача се заведува преку интеракции за контактот, а поврзани со работната задача. На крајот работната задача се затвора. Структурата и поврзаноста помеѓу контактот, работната задача и интеракциите е дадена на сликата подолу. Како што може да се уочи, главните форми за внесување се картичката на работна задача и екранот за внесување на интеракции. Слика подолу: картичка на работна задача Слика подолу: интеракција Dynamics NAV содржи функционалност за синхронизирање на податоците од работните задачи со Microsoft Outlook. Линкови со повеќе информации: Kупувачи, проспекти и зделки - CRM Циклус кој носи продажба0030
- Екрани при отворање на Dynamics NAV 2017In Microsoft Dynamics 365·22 јули 2017 г.Dynamics NAV 2017 има прегледен интерфејс и е богат со информации кои се расположиви на вистинските места на екранот. При стартување на Dynamics NAV се појавува екран кој е подесен во зависност од улогата (ролјата) на корисникот. Ако ролјата е Business Manager тогаш екранот изгледа како на сликата подолу. Левиот дел се менијата според области. Централниот дел е наменет за информации кои даваат брз преглед за состојбите на бизнисот - продажби, набавки плаќања и слично. Поцелосен преглед на менијата се добиваат ако се кликне на Оддели (анг. Departments). Повеќе екрани може да се видат на линкот „Како изгледа Dynamics NAV 2017“ ...0047
- Процес на набавкиIn Microsoft Dynamics 365·25 ноември 2017 г.Набавките се доста важна компонента во работењето на фирмите и организациите. Microsoft Dynamics NAV заедно со дополнувањата на Логин Системи овозможува целосно автоматизирање на процесот на набавки. Целата операција започнува од барањето за набавка што го има некој вработен или оддел. Ова барање може да се запише директно во Dynamics NAV како Набавно требување (анг. Purchase Requisition). Алтернативно, ако организацијата е голема и сите немаат пристап во ERP системот, тогаш одобрувањата на требувањето се прави на хартиен документ. Откако ќе се внесе во NAV, за требувањето почнува постапката на испраќање барање за понуди до одреден број на добавувачи. Понудите на добавувачите се внесуваат во NAV и се избира најповолната понуда. Со изготвувачот на најповолната понуда се склучува договор кој се става во NAV. (види слика подолу) Ако набавката е повеќе кратна во текот на одреден период (повеќе месеци или седмици по ред), врз основа на договорот се креира рамковна порачка од која се прават потоа поединечни набавни порачки. Ако набавката се однесува на еднократна испорака на производи или услуги, од договорот се креира директно набавна порачка. Кога ќе пристигнат производите, се прави приемница и се книжи набавната (влезната) фактура. Повеќе на темата има во блогот Поефтини и навремени набавки без (не)намерни грешки.00127
- Зошто е потребна Македонска локализација за Dynamics NAV?In Microsoft Dynamics 365·2 јуни 2018 г.Microsoft Dynamics NAV е светско решение кое одговара виртуелно на сите мали и средни компании во светот. Иако воглавно компатибилни со другите земји, сите земји имаат сопствени закони, специфики и менаџмент практики/навики. Едицијата на Dynamics NAV што е на располагање во Македонија е W1 и тоа е истата основа за сите земји во светот. Локализација е сет од функционалности кои ги адресираат локалните побарувања на земјите и тие обично се групирани во следните категории: Регулатива на законодавецот Тука спаѓаат локалните функционалности кои ги задоволуваат регулаторните барања какви што се извештаи околу ДДВ, билансите на успех и состојби, пресметки на плати, водење службени патувања, насочување на книжењата кај одредеи конта и слично. Побарувања од националните стандарди Под национални стандарди се подразбираат форматите што ги користат банките при увоз и извоз на изводи од банкарските сметки, формати на извештаи во поглед на адреси, налози за книжење, и други локални интерпретации на глобални стандарди. Пазарни потреби Во оваа категорија спаѓаат функционалностите кои не се бараат од законодавецот но се корисни за бизнисите. Такви може да бидат безбедносни заштити, систем на права на пристап до системот, листи за човечки ресурси и слично. ... Иако не спаѓа директно под локализација, софтверското решение е поприфатливо ако е на македонски јазик. Видео: Како изгледа Dynamics NAV на македонски јазик. Повеќе за македонската локализација има на линкот https://www.loginsystems.biz/lokalizacija-nadopolnuvanja-mk. Поставете прашање на форумот ако ве интересира нешто поконкретно за Македонската локализација и-или за Microsoft Dynamics NAV.0041
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page













