top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

388 results found with an empty search

  • Не важи „кондураџијата со налани оди“

    После десет-годишно користење на Microsoft Dynamics NAV 5.0 (од 2007ма), Логин Системи премина на најновата верзија на светски познатиот ERP систем. Од денес Логин Системи ја користи најновата верзија на ERP системот - Microsoft Dynamics NAV. Помеѓу бројните активности со клиентите, Логин Системи успеа да ги префрли податоците од претходниот систем и да го адаптира Dynamics NAV за своите потреби. „Ќе ги користиме функционалностите на сметководството, модулите за услужна дејност, планирањето на приходи и трошоци, платите, и односите со купувачите и добавувачите - Customer Relationship Management (CRM).“- изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „После толку имплементации на Dynamics NAV во фирмите, редно беше да преминеме на најновата верзија и да го применуваме правилото 'eat your own dog food first'“. Од новата верзија поставена во Логин Системи придобивки ќе имаат клиентите на Логин Системи заради побрзата административна работа, фокусот на решавање на проблемите, интегрирањето на услужните активности со сметководството и финансиите и со навременото информирање за новостите и поддршката. Главен екран на Dynamics NAV за улогата на Business Manager (сликата намерно е замаглена) Повеќе екрани со менија и команди на Dynamics NAV има на линкот тука ... „Нема веќе 'кондураџијата со налани оди' бидејќи ќе ги поставуваме секогаш новите верзии на Dynamics NAV во нашето работење“, уверува Глигоров. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsystems.biz/za-nas . #PR #DynamicsNAV #Сметководство

  • Основици за пресметување на бруто плата за 2018

    Управата за јавни приходи ги објави најниската и највисоката основица за пресметување придонеси за платите за 2018та година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079) Овие податоци се базираат на просечнатата плата по работник во Република Македонија која според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари. Извор: Управа за јавни приходи, соопштение од 25.01.2018

  • Видео: Вртење од мобилен телефон на контактите во CRM-от на Dynamics NAV

    Мобилната верзија на програмот за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV има можности за телефорнирање од контактите (купувачи и добавувачи). Телефонирањето е овозможено со CRM функционалностите на Microsoft Dynamics NAV. Софтверот за CRM ги консолидира информациите и документите за купувачот во една база на податоци CRM која може лесно да се ракува и да се пристапува. Останатите функционалности вклучуваат запишување на разните интеракции со купувачите (преку емаил, телефон, социјалните мрежи и други канали), автоматизирање на разни процеси на работа како работни задачи (анг. Tasks), календари и нотификации (известувања).  Кога се телефонира, може да се избере дали ќе се звони на класична телефонска линија или преку Viber. На овој начин, вработените и менаџерите во организацијата ќе може да ги искористуваат меѓусебно листите со телефони и интеракциите на сите контакти во фирмата. Овие функционалности се корисни за продажни менаџери и комерцијалисти, вработени во поддршка и грижа а корисници, за топ менаџмент и сите други кои работат со потенцијални и тековни купувачи и добавувачи. Во видеото подолу е прикажана практична изведба на телефонирање преку Dynamics NAV. Видео: Демо прикажување на телефонирање преку Dynamics NAV Повеќе информации за CRM функционалностите на Dynamics NAV има на https://www.ERP.mk/DynamicsNAV/crm .

  • Дали софтверот за сметководство овозможува работа на таблет или мобилен?

    Во денешно време, работа на мобилни уреди не е убаво-да-се-има туку е една од приоритетните работи. Со мобилните уреди менаџерите и вработените може да прегледуваат состојби на конта, залихи или купувачи/добавувачи, да испраќаат извештаи, да одобруваат документи. Секако дека може и процесираат продажни порачки на лице место од кај купувачите. Прегледај ги можностите за мобилни уреди тука ... Повеќе за сметководство и деловно работење со Dynamics NAV има на линкот тука ... #ДругитеНемаатЗаМобилниУреди #DynamicsNAV #Сметководство

  • Пред 23 години: Проектниот план за лансирање на Windows 95 во Македонија

    Скопје, 22.09.2018. Деновиве изминуваат 23 години од револуционерното лансирање на Microsoft Windows 95 во светот. Македонија не заостануваше од светската премиера. По тој повод Логин Системи како официјален дистрибутер на Microsoft организираше богата програма. Во продолжение е прикажан проектниот план на Логин Системи со богатата програма: Светската премиера на Windows 95 беше на 24 август 1995 година, а на Office 95 - на 26 август 95 Во Македонија го одбележивме светскиот ден со работен состанок и презентација со актуелните продажни партнери на Microsoft во работните простори на Логин Системи Во август 1995 година ја организиравме и првата обука за Windows 95 Главната промоција на WIndows 95 се одржа на 18 сеп 1995 во салата на АРМ (преку 500 присутни). Покрај презентирањето на Windows 95, во фоајето на МНТ имаа штандови неколку македонски компании како Вест Компјутинг и Усамак Компјутерс. Од 19 до 23ти септември се одржуваа секојдневни презентации и советувања со различни фокусни групи во Природо-научниот музеј во Скопје "... најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија." - Венко Глигоров. "За разлика од денешните алатки за водење на настани и проекти, во 1995 година немаше ефикасни алатки - сеуште не беше заживеан Outlook, а Microsoft Project излезе после лансирањето на Windows 95", се присетува Венко Глигоров , основачот на Логин Системи и главниот огранизатор на лансираето на Windows 95 во Македонија. "И да имаша алатки, тие требаше да се користат на десктоп, а најдобрите планови се прават на празен лист хартија и надвор од работната просторија". На наредната слика е оригиналната проектна документација на Логин Системи - правени без Outlook Calendar или Microsoft Project. :) За маркетинг планирањето и изведбата помош имавме од маркетинг агенцијата Идеа Плус . Официјалното пуштање на Windows 95 беше пропратено со музиката од песната "Start Me Up" на Ролинг Стоунс. За целата кампања се потрошени преку 200 милиони долари. Официјалната реклама за Windows 95 со музиката од Ролинг Стоунс Windows 95 низ слики Во продолжение погледнете ги некои сеќавањата од тоа време. Поврзано: Сеќавање на лансирањето на Windows 95 / триумф на маркетингот АКО СТЕ БИЛЕ ДЕЛ ОД ОВИЕ НАСТАНИ КАКО АКТИВЕН УЧЕСНИК ИЛИ КАКО ПОСЕТИТЕЛ, ЌЕ НИ БИДЕ ДРАГО ДА ЛАЈКНЕТЕ ИЛИ ДА СТАВИТЕ КОМЕНТАР ЗА ВАШИТЕ ВПЕЧАТОЦИ. Уште подобро, ако имате слика од тоа време, ќе бидеме благодарни ако споделите тука. #Windows #Лидерство

  • Миграција на ЕРП системот на Фероникели кон Microsoft Dynamics NAV 2017

    Фото: поглед кон главниот дел од фабриката на Фероникели Дренас, 23.10.2017. Денес, Логин Системи и NewCo Ferronikeli Complex (скратено FNK или Фероникели) од Косово, објавуваат дека започнаа со надградување на ERP системот од верзијата Dynamics NAV 2009 кон Dynamics NAV 2017. Со овој договор, менаџментот на Фероникели очекува проширување на системот со нови функционалности кои ќе ја подобрат продуктивноста и ќе обезбедат аналитички извештаи во реално време. Системот ќе биде компатибилен со системите на другите членки од групацијата Cunico Resources. „Постоечкиот тим на Логин Системи за Dynamics NAV покажува многу поголемо ниво на одговорност и проактивност давајќи ни идеи и алатки како да го организираме производството и како да ги подобриме деловните процеси “, вели Pratik Jain, главен финансов менаџер (CFO) во Фероникели. „Со најновата верзија Dynamics NAV 2017, ние ќе воведеме неколку нови програмски функционалности и ќе ја рационализираме постоечката имплементација со што ќе ни се овозможи значително да ги намалиме трошоците“. Фероникели се состои од реновирана фабрика за производство на феро-никел и минерални наоѓалишта во Drenas, Kosovo. Компанијата е еден од првите клиенти на Логин Системи кои користат Dynamics NAV повеќе од една деценија. Новата импементација на Dynamics NAV 2017 е планирана да биде завршена до крајот на оваа година. Со овој проект, Фероникели исто така ќе го замени својот лиценцен модел на Dynamics NAV од базиран на трајни (Perpetual) лиценци во модел базиран на месечна претплата (Subscription). „Mногу сме возбудени затоа што ќе работиме со Фероникели на новиот систем”, вели Венко Глигоров, проект менаџер на Логин Системи. „Вработените во Фероникели се полни со знаење и секогаш однапред спремни со сугестии и идеи, па тaка преку самиот процес на имплементирање и ние ќе ги подобриме нашите способности и знаења - и тоа ќе биде придобивка за двете страни“. Фероникели е во сопственост на Cunico Resources NV (Cunico Resources, Cunico) со седиште во Холандија. Cunico Resources N.V. е интернационална компанија за рударство и метали и специјализирана за истражување, рударство и производство на феро-никел. Таа е најголем производител на феро-никел во Европа и четврт најголем производител во светот. Повеќе информации има на www.cunicoresources.com . Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #PR #DynamicsNAV #Сметководство #MK

  • Видео: Како изгледа Microsoft Dynamics NAV 2017

    Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое како база ги има финансиите и сметководството, а ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните дејности на организациите. Toj е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со својата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој. Интерфејсот на Dynamics NAV е интуитивен и е во склад со останатите апликации на Microsoft какви што се апликациите од семејството Microsoft Office. На видеото подолу може да погледнете како изгледа главното мени на Microsoft Dynamics NAV и како се прилагодува на различните улоги (ролји) на неговите корисници. Видео: цца 12 мин Повеќе информации за Dynamics NAV има на линкот тука ... Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz . #MK #DynamicsNAV #Сметководство

  • Видео: Продажба - интеграција на материјално и финансово

    Се прикажува како се олеснува продажниот процес со Microsoft Dynamics NAV и се презентираат основните екрани од продажната порачка. Прегледајте го видеото или кликнете тука за повеќе ...

  • Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV

    Функционалноста за Дојдовни документи може да се користи за директно префрлување на хартиени сметки во Dynamics NAV преку сликање со мобилен телефон. Со видео сесијата која е прикачена подолу се покажува како со мобилните уреди се префрлуваат сметки за гориво преку сликање и испраќање (upload) во Dynamics NAV. Потоа овие дојдовни документи се прикачуваат на набавни фактури или на налози за книжење на набавки. Функционалности Дојдовни документи Откако ќе се внесат во систем и се прикачат на одредени трансакции, дојдовните документи се на располагање за преглед со кликнување на нивниот линк кој се прикажува на десната страна во самата рамка за факти (анг. incoming documents fact-box). Видео сесија: Сметките од бензиска пумпа директно во сметководството Dynamics NAV Изведбата на операцијата прикажана на видео сесијата е на располагање за мобилните телефони и таблети со оперативните системи iOS, Android и Windows Phone. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV

  • Оглас за работа „Систем-инженер и Програмер“

    Логин Системи има потреба од двајца колеги во делот на систем-инженерство и програмирање. Кандидатите треба да имаат факултетско образование од областа на информатичката технологија, познавање на англискиот јазик и возачка дозвола. Работните задачи опфаќаат активности околу дизајн, програмирање и поддршка на Dynamics NAV и клиентски апликации. Предност ќе имаат кандидатите со познавање на .NET, Visual Studio, Microsoft SQL Server и VMWare. Не е потребно работно искуство бидејќи сме спремни да работиме ви изградбата на кариерата на избраните кандидати. Објавата трае до 15.10.2016 до 16 часот. Во пријавата кандидатот треба да наведе за кое место се пријавува. Повеќе информации и пријавување на линкот „ Пријавување за работа во Логин Системи “. #MK #Работа

  • Логин Системи се одзва на поканата за чистење на Општина Карпош

    Скопје, 15.09.2018. Денес во рамките на Светскиот ден на чистење - #WorldCleanUpDay , Општината Карпош организираше темелно чистење на општината заедно со општествено одговорни компании, граѓани и организации. Основачот на Логин Системи, Венко Глигоров, се приклучи на оваа акција како жител на Карпош со компанија чије седиште е исто така во Карпош. „Порано како ученик бев чест организатор на чистење на околината во Карпош 3. Сега ја прифатив поканата од Општината со огромно задоволство.“ изјави Венко Глигоров. „Потребно е да има редовни акции за чистење за да премине во навика да имаме чиста општина и град. Видео-клип од акцијата на чистење во Карпош Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Dynamics NAV и користење на интелигентен :облак: Azure преку Intelligent Edge

    Скопје, 09.09.2018. На последната конференција на Microsoft ова лето во Лас Вегас е објавено дека за постоечките корисници на Dynamics NAV ќе се овозможи пристап до интелигентните Intelligent cloud/Azure преку услугата Intelligent Edge . До крајот на годината корисниците на Dynamics NAV и на Dynamics 365 Business Central On-premises ќе може да ги користат услугите на интелигентниот облак преку Dynamics 365 Business Central ( прикажано на сликата подолу ). Со воведувањето на услугата Intelligent Edge за Dynamics NAV и за другите апликации од семејството Dynamics кои користат сопствени сервери ќе може да се искусат способностите на "облакот" на Microsoft заедно со сите решенија што го користат интелигентниот облак. На тој начин ќе може да се користат апликациите Microsoft Flow, PowerApps, машинското учење и другите решенија преку заедничка податочна услуга. Главната цел на оваа новина е да се вклучат во облакот и оние корисници кои моментално не се спремни, немаат можност или немаат во план да преминат целосно на "облакот" на Microsoft. Ова ќе значи и лесна миграција во иднина, тогаш кога компаниите ќе бидат спремни да преминат на облакот на Microsoft. Со ова се потврдува намерата на Microsoft да биде "облак прво" бизнис и да ги овозможува способностите на облакот за секој поединец и секоја организација. #msdynnav #msdyn365bc #dynamicsnav #azure #облак Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page