Мобилната верзија на програмот за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV има можности за телефорнирање од контактите (купувачи и добавувачи).

Телефонирањето е овозможено со CRM функционалностите на Microsoft Dynamics NAV. Софтверот за CRM ги консолидира информациите и документите за купувачот во една база на податоци CRM која може лесно да се ракува и да се пристапува. Останатите функционалности вклучуваат запишување на разните интеракции со купувачите (преку емаил, телефон, социјалните мрежи и други канали), автоматизирање на разни процеси на работа како работни задачи (анг. Tasks), календари и нотификации (известувања).
Кога се телефонира, може да се избере дали ќе се звони на класична телефонска линија или преку Viber. На овој начин, вработените и менаџерите во организацијата ќе може да ги искористуваат меѓусебно листите со телефони и интеракциите на сите контакти во фирмата.
Овие функционалности се корисни за продажни менаџери и комерцијалисти, вработени во поддршка и грижа а корисници, за топ менаџмент и сите други кои работат со потенцијални и тековни купувачи и добавувачи.
Во видеото подолу е прикажана практична изведба на телефонирање преку Dynamics NAV.
Видео: Демо прикажување на телефонирање преку Dynamics NAV
Повеќе информации за CRM функционалностите на Dynamics NAV има на https://www.ERP.mk/DynamicsNAV/crm.
Comments