top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

е-Фактура Македонија: нова онлајн заедница за сметководство и комуникација со УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во Македонија, УЈП интеграција и усогласеност за компании и сметководители

MSD365BC.png

Започнување со Dynamics 365 Business Central во Македонија

MSD365BC.png

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

|

|

|

Успешна имплементација на Dynamics NAV во ИТД Дистрибуција

📌 Скопје, 13.10.2016. Логин Системи, имплементаторот за ЕРП решенија, и ИТД Дистрибуција, една од водечките диструбутерски куќи за ИКТ... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

е-Фактура Македонија: нова онлајн заедница за сметководство и комуникација со УЈП

Business Central: како да започнете брзо, прифатливо и без компликации

е-Фактура во Македонија, УЈП интеграција и усогласеност за компании и сметководители

Започнување со Dynamics 365 Business Central во Македонија

Финансискиот циклус во Business Central

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

Македонскиот превод достапен во исто време со новата верзија на Business Central

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

Логин Системи овозможува суштинска интеграција со банки за корисниците на Business Central во Македонија

Автоматизација на КИПО извештајност во Business Central со LSM Macedonian Localization Base App

MakasIT.gif


сметководство, нав, ерп, книговодство, софтвер

Скопје, 13.10.2016. Логин Системи, имплементаторот за ЕРП решенија, и ИТД Дистрибуција, една од водечките диструбутерски куќи за ИКТ производи и решенија во Македонија, објавуваат дека успешно ја завршија имплементацијата и конфигурацијата на финансиските модули на Microsoft Dynamics NAV во работењето на ИТД.

Покрај поставувањето на стандардните модули за сметководство, Логин Системи ги конфигурираше книжните шеми за документите и предложи модел на нумерациски серии на сите видови документи кои го олеснуваат работењето во сметководството. Логин Системи го надополни НАВ со модулите за налози за книжење, благајна, ситен инвентар, плати, основни средства, компензации, малопродажба и пресметка на каматни листи.

„Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство“ – изјави Мери Каровска, финансов директор на ИТД. „Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба.“

ИТД го избра ЕРП системот НАВ за своето работење заради интегрираноста на финансиите со другите процеси во фирмата како што се маркетингот и продажбата, набавките, човечките ресурси, магацинското и материјалното работење, основните средства и сервис. Системот нуди огромна можност за проширување и надополнување со решенија согласно потребите на фирмата во дистрибуцијата.

„Иако стандардно со НАВ не се вклучени спецификите од македонското законодавство за сметководство, тимот на Логин Системи постави свои модули за црвено сторно книжење, ограничување на страната на книжење на контата и докнижувања за малопродажба.“ изјави Евгенија Ѓорѓиева, главен имплементатор на НАВ во Логин Системи.

Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со совојата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој.

###

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV.

Формирана во 2007ма година како Инфософт системи, а од 2010та преименувјќи се во ИТД Дистрибуција, компанијата прераснува во водечка за дистрибуција на ИТ опрема на Македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција се стреми кон повисоки перформанси, фокусирајќи се на навремена дистрибуција, квалитативни односи со партнерите, висока бизнис етика, професионалност и знаење во процесите на продажба, како и добра логистичка подршка. Компанијата е овластен дистрибутер за Dell и многу други познати брендови во Македонија, Албанија и Косово.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page