top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

MSD365BC.png

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

MSD365BC.png

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

MSD365BC.png

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

блог

Топ 10 причини за замена на софтверот за сметководство

📌 Како што работењето на организацијата расте по големина и станува покомплексно, алатките кои некогаш го подржувале работењето сега можат... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Updated: Dec 27, 2021



Како што работењето на организацијата расте по големина и станува покомплексно, алатките кои некогаш го подржувале работењето сега можат да бидат пречка.

Затоа се соочувате со важна одлука:


Ако се препознавате во барем еден од предупредувачките знаци подолу, време е да направите промена.

Стар софтвер. Вашиот сметководствен софтвер е постар од вработените-кандидати кои аплицираат за работа кај вас. Ако имате убави спомени од 2000те години со вашиот сметководствен систем, јасно е дека неговата примена е минато. Денешната дигитална работна сила очекува технологијата да го подржува начинот на работа без ограничување на функционалноста.

Конкуренција. Губење на продажбата од конкуренција со инфериорни производи. Не е важно дали сте најдобар (the best of the best) ако немате увид во расположивата залиха, информации за клиентите или немате self- service опции, поддршката на клиентите и вашата продажба ќе опаѓа.

Непотребно губење време. Минувате повеќе време во барање на информации отколку планирање на растот на вашето работење. Вие работите за да можете да нудите иновации на вашите клиенти, а не на трошење време во бескрајно копање по информации складирани во неповрзани апликации. Ако стратешкото размислување и планирање на растот е на крајот на вашата to-do листа, време е Вашата технологија да се унапреди.

Неопслужени муштерии. За вашиот процес на нарачување сеуште е потребен телефон или факс и независно колку вработени имате, не можете да држите чекор со побарувачката. Застарените технологии неможат да се прилагодат на степенот на раст на денешното работење, а клиентите кои не се опслужуваат доволно брзо или едноставно (или не можат сами да се служат) обично не се враќаат.

Ризик. Повеќе би ризикувале со јама полна звечарки, отколку со претстоечката ревизија. Ако немате ревизија или работни процеси за да ја заштите Вашата сопственост и за бидете во согласност со законските прописи, Вашата компанија може да биде доведена во опасност.

Изненаденост од резултати. Наглите промени во Вашиот паричен тек Ве зачудуваат ги менаџирате Вашите финансии со помош на магија и претпоставки. Колку податоци за трошоци или доспеани обврски завршуваат набрзина запишани на жолтите лепливи ливчиња или заробени во некој документ или фајл кој се користи само еднаш? Без точен, сеопфатен преглед на трошењето или заработувањето, без знаење кога и како да ги скратите трошоците, ќе Ви биде потребно повеќе од среќа.

Немање вистинска информација. „Прилично си сигурен“ дека го имате тој и тој производ некаде во вашиот магацин. Ако вашиот систем не може да ви каже што имате на лагер, што имате во порачка, а што е алоцирано кај некој купувач, Вие не сте осамени. Изненадувачки, многу познати и софистицирани компании работат без сериозна контрола на нивната залиха – често со незадоволителни резултати. Ако вашиот софтвер не може едноставно да ви ги обезбеди овие информации, време е за надградба.

Страв. Веста за уништување на Вашите податоци и за кое размислувате постојано е само прашање на време. Ќе го изгубите мирниот сон размислувајќи за лош софтвер, бекапи, пробивање на заштитата или измама. Размислувањето дека можеби лаптопите или уредите на вашиот тим можат да бидат украдени и критичните податоци за работењето да бидат компромитирани или украдени Ве исполнува со страв.

Некомплетност. Повеќе работите сметководство надвор отколку во самиот сметководствен систем. Застарен или прикрпен сметководствен систем има тенденција да продуцира еднократни листи и мануелно ажурирање на табелите кои не се поврзани кое тешко се поврзуваат или средуваат. Без централизиран, холистички преглед на вашите податоци, понатамошниот раст ќе биде задушен и правењето на одлуки за нова производна линија или локација се скоро невозможни, дури и опасни.

Не сте фенси. Позеленувате од бес кога гледате дека другите го водат својот бизнис со смарт телефон. Ако при одговарање на барање од клиент потребно е отидете до вашата канцеларија или треба да повикате некој да ви помогне, Вие го губите кредибилитетот. Вам ви е потребна вистинска мобилност за да одговорите на новите предизвици и очекувања на корисниците.

Можеби сте го надминале вашиот сметководствен систем, но пронаоѓањето на нов воошто не е лесно. Истражете денес како деловните решенија на Microsoft заедно со услугите од Логин Системи можат да го подобрат Вашето работење и како да ви помогнат да ги постигнете Вашите амбиции утре.

За понатамошна инспирација, проверете на: The Business Owner's Guide to Replacing Accounting Software, и бидете спремни да ги добиете бенефитите на целосно, доверливо и познато бизнис решение на Мајкрософт.


The business owner's guide for replacing accounting software

Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia.

Корисни линкови:

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Најнови објави

Финансискиот циклус во Business Central

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

Македонскиот превод достапен во исто време со новата верзија на Business Central

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

Логин Системи овозможува суштинска интеграција со банки за корисниците на Business Central во Македонија

Автоматизација на КИПО извештајност во Business Central со LSM Macedonian Localization Base App

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

Резиме на вебинар: Миграција кон Business Central

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

MakasIT.gif

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page