Основи на ЕРП и Dynamics NAV | 📢 Login Systems | 🔖 блог
top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Новина за Пејпал: онлајн курс со самостојно темпо - бесплатен за првите пријавени

блог

Основи на ЕРП и Dynamics NAV

Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани...

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

Новини во управувањето со складишта (Business Central 2023 release wave 2)

Ново: мобилната апликација на Business Central со сосема нови можности за скенирање на баркодови

Herbelin користи податоци собрани од Business Central за да испорача часовници од светска класа

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

Новина за Пејпал: онлајн курс со самостојно темпо - бесплатен за првите пријавени

MakasIT.gif


Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина.


ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата.

Затоа ЕРП системот со право се смета за витална деловна алатка и платформа бидејќи ги интегрира различните системи, поддржува безгрешни трансакции и отстранува непотребно повеќекратно внесување на податоците во различните оддели.

ERP базиран на Microsoft Dynamics NAV

Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. NAV е дел од палетата на деловни апликации на Microsoft и со својата интегрираност овозможува брза и продуктивна работа, како и флексибилност и адаптирање на организацијата кон новонастанатите можности и потребите од развој.


Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности:

  • Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството

  • Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите

  • Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис

  • Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите

  • Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти

  • Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со различни валути и јазици

  • Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата.

Стратегијата на Microsoft е корисниците на Dynamics NAV да добиваат секоја година дополнета верзија на Dynamics NAV во која ќе бидат вклучени најновите техничко-технолошки достигнувања. Па така после Dynamics NAV 2015 и Dynamics NAV 2016, неодамна Microsoft го лансираше Dynamics NAV 2017.

Новини во НАВ 2017

Подобрувањата на Dynamics NAV во верзијата од 2017та може да се групираат во (1) подобрувања на основната апликација, (2) приближување на двата света Power BI и Office365 како и (3) општи подобрувања во користењето и проширувањето на NAV.

Подобрувањата на основната апликација воглавно е направена во 4 делови и тоа кај финансиите, артиклите, проектите и CRM.

Во финансиите главното дополнување е тоа што контниот план е проширен со категории на конта и додадени се два нови извештаи кои ги користат категориите на конта – извештај за паричен тек (анг. Cashflow) и изјава за задржана добивка (анг. retained earnings). Во апликацијата е додадена нова ролја за бизнис сопственик кој може да ги гледа сите главни финансиски извештаи на фирмата како биланс на состојба, биланс на успех, паричен тек, извештај за задржана добивка и извештај за прибрани даноци.

Новината кај артиклите е воведувањето на атрибути како модел, боја и големина која е погодна за интеграција со веб апликации. Така сега е можно да се искористат постоечките категории на артикли и да се направи хиерархија која ги користи атрибутите со што се заштедува време во планирањето на артиклите и се обезбедува конзистентност. На пример, кај мебелот може да има Бренд и Модел година.

Кај проектите е воведена ролјата на проектен менаџер. Исто така има подобрувања на картичката на проекти, доделување на проектен менаџер за проект и креирање на проекти од постоечки проекти. Планирањето на проектите може да се праќа директно во календар во Outlook или да се стават часовите од outlook директно во дневникот на проекти во NAV.

Деловната интелигенција Power BI (Business Intelligence) може да се вградува директно во екраните на NAV и при тоа да се запазува типот на пристап до овие извештаи и графици во зависност од ролјата на корисникот.

Имплементација на ЕРП со Логин Системи

Поставување и користење на едно решение со NAV зависи од барањата на корисникот, како и компонентите на производи и услуги што ќе се применат во решението. Генерално, поставувањето на NAV во организациите се сведува на 5 елементи и тоа:

  1. Лиценца за користење на NAV - се набавува од Microsoft преку Логин Системи и може да биде на принцип на набавка на лиценцата или на месечна претплата

  2. Планирање и инсталација на платформата - го прави Логин Системи заедно со корисникот

  3. Прилагодување на потребите на корисникот и надополнувања - Обемот на работа зависи од барањата на корисникот при што поголеми барања влијаат секако на цената на чинење.

  4. Програмирање на модули по нарачка (ако е потребно) - Се случува корисниците да бараат дополнителни модули за одредено работење како на пример ПОС терминали или специфично производство.

  5. ​Поддршка во работењето од Microsoft и Логин Системи - Microsoft доставува нови верзии и закрпи во текот на работењето, а Логин Системи овозможува отстранување на грешки од било која природа, превентивно делување и ситни корекции и надополнувања на решението.

Корисникот ќе треба да одлучи и за хардверската платформа која може самиот да ја набави или да користи хостинг услуги на Логин Системи или некој од провајдерите на хостинг за Microsoft Windows/SQL Server.

Бидејќи не постои унифицирано решение со ист тип на модули, не може да се даде една и единствена цена. Големо влијание има и начинот на плаќањето.

Надополнувања од Логин Системи за Македонија

Сите модули од NAV може да се користат во изворна форма во Македонија како што се финансии (со сметководство), набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење проекти, производство, магацинско и материјално работење.

Дополнително, NAV е прилагоден на македонските прописи од страна на стручниот тим на Логин Системи. Така, за потребите на македонските корисници изработивме посебни делови кои во NAV или изостануваат или се изведуваат на поинаков начин во другите земји. На пример, направивме или додадовме налози за книжење, црвено сторно, одредени конта да не смеат да имаат износи на страната Долгува или Побарува, ситен инвентар, благајничко работење, малопродажно работење, ДДВ пријави, компензации, каматни листи, јавни набавки и плати.

Сите аналитички картички, за купувачи, добавувачи и артикли, ги направивме да ги задоволуваат барањата на македонските корисници.


Пример за слубени патувања

Пример за надополнување на Логин Системи: Службени патувања

Стандардно NAV доаѓа со интерфејс на англиски јазик, но тој може да се користи на повеќе јазици меѓу кои и на македонски и албански јазик. Логин Системи има преводи на овие јазици во различни верзии било на ниво на NAV или само на дополнувањата што ги има правено Логин Системи.

Корисници на Dynamics NAV

Ако организацијата има потреба од компјутеризирање на сметководството и базични опции за фактурирање и магацинско работење - најверојатно нема потреба од Microsoft Dynamics NAV. Но. За успешна и растечка мала кон средна организација со повеќе деловни процеси, а особено ако постоечкиот софтвер или добавувачот не ги задоволува нараснатите потреби за деловен софтвер, тогаш многу веројатно е дека организацијата е зрела за Microsoft Dynamics NAV.

Иако има одлични локални софтверски решенија во Македонија, ваквите локални решенија се правени првично како софтвер за сметководство, а потоа му се надодадени базични функции за одредени процеси во работењето на организациите. Спротивно на тоа, Microsoft Dynamics NAV е направен врз основа на целокупните потреби на организациите при што сметководството е еден модул во решението.

Dynamics NAV успешно се имплементира и користи во македонските компании Фени Индустриес, Мекиците од Стража, Мермерен Комбинат Прилеп, ИТД Дистрибуција, странските компании Шмиц Карго Бул, како и Општина Велес и Универзитетот Гоце Делчев.


ИТД Дистрибуција, Dynamics NAV

„Со прилагодувањето на НАВ во ИТД имаме подетални и попрегледни извештаи, и попродуктивна работа на одделот за финансии и книговодство. Логин Системи одговори на сите наши специфични барања и дополнувања на професионален начин и со квалитетна изведба.“ изјави Мери Каровска, финансов менаџер, ИТД Дистрибуција.


Feni Industries, Dynamics NAV

Според Сашко Ѓорчевски, Фени и Логин Системи соработуваат речиси 10 години во изградбата и одржувањето на софтверот за сметководство и ЕРП. „Периодов Логин Системи успешно ја изведе и унификацијата на контниот план на ниво на цела групација која планираме да ја спроведеме во Фени и во другите наши фирми“, вели Ѓорчевски.


Мекиците од Стража, Dynamics NAV

Според Стане Исакоски од Мекиците од Стража, со новата верзија на платата во Dynamics NAV хранарините автоматски се превземаат и вчитуваат од локациите каде што е конзумирана. Платата се изработува за помалку од половина час и се праќа на емаил до вработените за нејзина верификација.


Schmitz Cargobull, Dynamics NAV

За Љупка Јосифовска од Шмиц Каргобул е важно што Логин Системи секогаш навремено и квалитетно одговара на нејзините специфични барања околу финансиите и затоа заедничката соработка трае повеќе од 5 години.

Придобивки од користењето Dynamics NAV

Покрај тоа што користењето на NAV овозможува организациите да работат според законите и прописите, главните придобивки се:

  • Навремени извештаи за квалитетни и брзи одлуки

  • Поддршка на растот преку скалабилност

  • Намалување на трошоците во фирмата преку нивна контрола и управување

  • Намалени грешки и злоупотреби од вработените

  • Најдобар однос на цена/перформанси во споредба со сите други решенија за интегрирано деловно работење на пазарот

Карактеристики на работата на Логин Системи

Логин Системи посветува посебна грижа за продуктивноста, економичноста и ефикасноста на вработените кај корисниците на Dynamics NAV. Сите надополнувања се добро испланирани, тестирани и природно интегрирани со основните функционалности на NAV. Нашата работа се одликува со следните особини:

  • Оптимизираност. Модулите, програмскиот код и извештаите се оптимизирани и работат побрзо.

  • Конфор. Скратени се во голема мерка непотребните кликови за форми или пребарувања.

  • Проактивност. Знаеме да работиме проактивно со корисниците и со тоа ги предвидуваме евентуалните идни грешки и пропусти што корисникот би можел да ги направи.

  • Економичност. Бројот на дополнителни објекти што ги користиме во NAV се во помал број во однос на нашите конкуренти за ист тип на работни задачи. Тоа значи помала инвестиција за лиценци и број на објекти во NAV.

  • Соодветна поддршка. Поддршката на решението и системот се дефинира во зависност од потребите како на пример работното време, начинот на комуникација и времето за одзив. Логин Системи има клиенти за одржување со различни потреби, а имаме и клиенти за кои имаме поддршка од речиси 24/7. За критичните потреби како Server Down, не можност да се фактурира или некој вработен има потреба од итно најавување, Логин Системи претпочита реагирање веднаш со телефонски повик. Стандардните барања се процесираат најчесто преку емаил но се случува и преку телефон. Ако е потребна нова функционалност или да се поразговара за системски и оперативен дизајн, обично тоа се прави со состанок на лице место кај корисникот или кај нас.

  • Искуство и сигурност. Логин Системи е основана во 1991 година и во сопственичката структура го има американскиот инвестициски фонд SEAF. Како фирма имаме најголемо искуство со NAV во Македонија и регионот, било како корисници на NAV во работењето на Логин Системи (почнувајќи од 2003 година) или како имплементатори на NAV кај десетици фирми во регионот од 2006та до денес. Оваа година влеговме во QBS мрежата на 350 Dynamics NAV фирми во Европа.

Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV.

Повеќе информации за можностите на Dynamics NAV 2017 и неговото лиценцирање може да се добијат од оригиналните документи на Microsoft што може да се преземат од страната www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav. Исто така може да ја искористите и страната https://www.microsoft.com/en-us/dynamics365/nav-overview за тура со водич.

0 comments
LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page