Нова услуга: Хостирање на Dynamics NAV за побрз почеток и поефтино користење | 📢 Login Systems | 🔖 Press Release
top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

press release

Нова услуга: Хостирање на Dynamics NAV за побрз почеток и поефтино користење

Соопштение за јавноста Скопје, 04.07.2017. Денес, Логин Системи, имплементаторот на ERP решенија базирани на Dynamics NAV, објавува дека...

пишува:

Angel Face

Автор

04.07.2017

Notebook and Fountain Pen

категории

Нова услуга: Хостирање на Dynamics NAV за побрз почеток и поефтино користење

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Соопштение за јавноста


Нова услуга: Хостирање на Dynamics NAV за побрз почеток и поефтино користење

Скопје, 04.07.2017. Денес, Логин Системи, имплементаторот на ERP решенија базирани на Dynamics NAV, објавува дека го прошири својот серверски систем и го оспособи за хостирање на ERP решенија за мали и помали-средни фирми и организации во Македонија.

Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено биро. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите.

Со воведување на услугата за хостирање на интегриран ERP систем, Логин Системи го прави подостапно користењето на најпопуларниот ERP систем во светот - Microsoft Dynamics NAV.

"Една од главните пречки кај малите и помалите-средни фирми е почетната инвестиција во набавката на сервер и лиценците за ERP решение", изјави Венко Глигоров, главен проектант за Dynamics NAV во Логин Системи. "Со веќе-постоечката можност за месечно рентање на Dynamics NAV и со воведувањето на новата услуга на хостирање во Логин Системи, квалитетното ERP решение станува атрактивно за многу поголем број на фирми и институции".


Шематски приказ на хостирано ERP решение

Шематски приказ на хостирано ERP решение со Dynamics NAV

Целта со хостирањето на ERP решението е организацијата да може да се поврзе преку безбедна Интернет врска до точно доделено подрачје на серверскиот систем во Логин Системи по пат на компјутер, лаптоп, таблет или паметен мобилен телефон. Преку овие уреди, вработените во организацијата ги внесуваат податоците и трансакциите на хостираниот ERP систем и тие автоматски се прокнижуваат во соодветните деловни книги.

Предноста на ваквото користење е што сметководственото биро може да ги проверува книжењата од време на време со нивно најавување на хостираното ERP решение од сопствената канцеларија. Голема погодност е и тоа што корисниците на ваквите ЕРП услуги не мораат да ги носат документите во сметководствените бироа за нивна обработка и книжење. Со помош на хостираното ERP решение се намалува и дуплата работа околу водење на помошни книги (влезни и излезни фактури, уплати и исплати, работа со благајната) во организацијата и нивното повторно внесување во сметководственото биро.


Венко Глигоров со серверскиот систем

Венко Глигоров при проверка на серверскиот систем во Логин Системи

Месечните надоместоци за хостирање почнуваат од 40 евра без ДДВ и "одат" нагоре во зависност од капацитетот на податоци и бројот на корисници на серверскиот систем. Цените за користење на хостирањето се пониски во однос на другите провајдери заради оптимизираноста во користењето само за ERP услуги.

Логин Системи очекува оваа услуга први да ја прифатат фирмите и организациите што имаат до 20 вработени, имаат екстерно сметководство, а водат помошни книги и вршат фактурирање во самите организации. Главната предност со хостирањето во Логин Системи е што организацијата може слободно да располага со сопствените податоци со пристап преку било каков уред во било кое време, оригиналните документи не се "шетаат" од едно место на друго, и што може да се користат бројните извештаи и опции за деловна интелигенција.

 

Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

0 comments
LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page