top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

🚨 Предлог-законот за е-Фактура е објавен: Доброволна примена од 1 октомври 2026, задолжителна од 1 април 2027

MSD365BC.png

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

MSD365BC.png

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

MSD365BC.png

е-Фактура Readiness Program: Линкот помеѓу разбирањето на еФактура и успешната имплементација

press release

За првпат во Македонија: нови пакети за ERP со Dynamics NAV

📌 Скопје, 07.06.2017. Денес, Логин Системи објавува нови пакети на месечни претплати за софтверски решенија ERP за мали и средни... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

🚨 Предлог-законот за е-Фактура е објавен: Доброволна примена од 1 октомври 2026, задолжителна од 1 април 2027

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

Наместо ИТ проект, е-Фактура на УЈП е проект за одговорност

е-Фактура (УЈП) ќе донесе повеќе дисциплина во деловното работење

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

е-Фактура Readiness Program: Линкот помеѓу разбирањето на еФактура и успешната имплементација

ЗОШТО ФАКТУРА „НА РАКА“ ЗНАЧИ ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕ И КАКО Е-ФАКТУРА НА УЈП ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ТОА

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MakasIT.gif
Jun 7, 2017
2 min read


Скопје, 07.06.2017. Денес, Логин Системи објавува нови пакети на месечни претплати за софтверски решенија ERP за мали и средни претпријатија. Ова е прв пат да се понудат стандардизирани пакети за користење на Dynamics NAV во Македонија.

Целта на овие пакети е да ја поедностави постапката за набавка и изведба на ERP решенијата во прогресивните компании во Македонија. Поедноставувањето е направено преку стандардизирање на лиценците, изведбата (имплементацијата), македонската локализација и поддршката.

Главната новина и предност на овие пакети е начинот на набавка и плаќање преку месечна претплата. Наместо организациите да инвестираат однапред одредена сума на средства, тие можат да плаќаат на месечна основа по пат на рентање лиценците и услугите.


Споредба на два пакети за ERP

Основниот пакет за мали потреби е ERP решение идеално за мали фирми со основни потреби и максимално 10 вработени и имаат надворешно сметководство. Решението вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 265 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор.

Стандардниот пакет за средни потреби е ERP решение идеално за фирми и организации со средни потреби со максимално 15 - 30 вработени. Вклучува и CRM, а не вклучува хостирање на решението. Овој пакет чини 545 евра плус ДДВ месечно и важи за потпишан двегодишен договор.

Хостирањето на ERP решенијата е на избор на претплатникот и може да биде во Логин Системи, на сопствен сервер или на некој од виртуелните сервери на македонските провајдери.

"Со овие пакети очекуваме фирмите да се охрабрат да постават квалитетни ERP системи кои ќе го помогнат нивното работење за постигнување на подобри деловни резултати", изјави Венко Глигоров, главен проектант за ERP системи во Логин Системи. "Понудата им дава можност на фирмите да ги планираат своите трошоци на месечно ниво."

Повеќе информации за основниот пакет има на страната "Основен пакет ERP за мали потреби (месечна претплата)", а за стандардниот пакет има на "Стандарден пакет ERP за средни потреби (месечна претплата)".

###

Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.


Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page