top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

информација

press release

MSDyn365

технологија microsoft

Две Дански компании преминаа на Business Central со помош на Логин Системи

Логин Системи успешно префрлу две Дански компании на новата верзија Business Central.

пишува:

Angel Face

логин системи

26.11.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Две Дански компании преминаа на Business Central со помош на Логин Системи

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Скопје, 26.11.2021. Логин Системи, провајдерот на сметководствено-деловни софтверски системи базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central, објавува дека успешно префрли две Дански компании на новата верзија Business Central.


Покрај сметководството и финансиите, дистрибуцијата, производството, основните средства и набавките, овие фирми користат и напредни софтвери за менаџмент на документи (Document Capture и OCR) и за електронска размена на фактури EDI (анг. Electronic Data Exchange). Менаџментот на документи вклучува и оптичко препознавање на фактурите кои автоматски се внесуваат во Business Central со скенирање или од PDF формат. Плаќањата и преземањето на изводите од банките се изведува автоматски со напредниот модул за Плаќања


Процесот на преминување од постара верзија на Dynamics NAV (поранешен Navision) траеше нешто помалку од 4 месеци. Во овој период се направија прилагодени процедури за префрлување на податоците од стариот во новиот систем. Исто така беа преработени претходните кастомизации за да може да се задоволат построгите критериуми на Microsoft за програмирање во верзијата Business Central.


„Досега не сме извеле ваков потфат со две фирми кои имаат различно работење, истовремено да ги префрлиме на Business Central.“ вели Венко Глигоров, раководител на проектот. „Во петокот фирмите завршија со постарата верзија, а веќе во понеделникот започнаа со новата верзија на Business Central.“


Во надградбата на деловните системи базирани на Business Central, Логин Системи ги користи сопствените алатки за миграција на податоци како и своето искуство во надградбите на Business Central во десетина фирми во повеќе држави вклучувајќи и Македонија.


 

Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV.



Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.



Фото: Рингстед, Данска (преземено од https://en.wikipedia.org/wiki/Ringsted)

Commentaires


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Dyn365 BC – Консултација (1 час)

Dyn365 BC – Советување и проценки (1 ден)

Dyn365 BC Суштински корисник (месечна претплата)

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page