Скопје, 01.04.2021. Во соработка со сметководствено-консултантското биро Каровска дооел, вчера Логин Системи одржа вебинар за пресметка на плати.
Вебинарот започна со осврт на законските прописи поврзани со платите, продолжи со теретскиот дел за пресметка на плата “на рака” и заврши со практичниот дел во кој се разгледуваа сценарија и примери на плата со веб калкулатор за плата.
Веб калкулаторот за плата е бесплатна алатка за пресметка на плата. Со оваа алатка може да се прават различни калкулации со вклучување на минат труд (работен стаж), целосен и половичен ангажман во месецот како и да се избираат различни месеци.
Исписот на пресметката на плата е прегледен и детален.
Веб калкулаторот може да се користи на страницата https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata.
Следниот настан е закажан на 15ти април 2021 со почеток во 17 часот. Повеќе информации и пријавување за вебинарот има на страницата Вебинар: „Пресметка на бруто и нето плати 2021 (Е02)“
Каровска ДООЕЛ од Скопје е лиценцирана компанија за сметководствени, консалтинг и едукативни услуги од областа на финансиите и сметководството, значи сметководство, консалтинг и финансиски едукации. Повеќе информации на https://karovska.mk/.
Логин Системи е софтверски провајдер на сметководствено-деловни системи за средни фирми. Своите решенија ги базира на светски-распространетиот Microsoft Dynamics 365 Business Central (поранешен Microsoft Dynamics NAV или Navision).
Comentarios