СКОПЈЕ --- Модулот за човечки ресурси во Dynamics NAV / 365 Business Central го надополнивме со пресметка за плати за корисниците во Македонија. Исто така во функција е и модулот за договори за вработени. Логин Системи со задоволство објавува дека се дополнети функционалностите за отсуства на вработените, квалификациите и импорт на мерења на работното време на вработените. Во продолжение ги објаснуваме сите функционалности кои се интегрирани меѓу-себно.
Вработени. Листата на вработени и нивното ракување е основата на модулот. Ова се мастер податоци кои ги содржат сите карактеристични податоци за вработениот вклучувајќи датум на вработување, стаж, организациска прераспределба и работно место.
Квалификации. Со оваа функционалност се води евиденција за образованието, вештините и обуките што ги поседува секој вработен.
Отсуства. Барањата за отсуства и отсуствата се внесуваат во дневник и откако ќе се проверат, се сместуваат во книга на отсуства. Причините за отсуства е слободна листа која може да се проширува во зависност на потребите на корисникот.
Покрај отсуствата, може да се внесат и буџети односно однапред одобрени (или загарантирани) отсуства за тековната или наредната година. Кога се внесуваат барањата за отсуства, може да се споредува според буџетот.
Договори со вработени. Со оваа функционалност се водат договорите со вработените како и нивните анекси или продолжувања. Покрај договори во кој се внесува плата, работно место и организациона единица, може да се внесуваат информации за банка на вработениот или мобилни телефони и нивни лимити за користење. Договорот се внесува во дневник (журнал) и кога ќе се одобри се заведува во книга за договори. Со заведувањето на договорот се ажурира картичката на вработениот и подесувањето за плата во функционалноста за плата.
Импорт на времиња. Ако фирмата користи надворешен систем за мерење на работното време на вработените, тогаш со импорт на овие податоци од Ексел, се ажурираат работните времиња во системот за да може да се земат во предвид при пресметката за плата.
Пресметка на плата. Модулот за пресметка за плата е скалабилно решение кое работи добро и за неколку вработени во мала фирма како и за илјади вработени во поголема фирма. При пресметката за плата, се земаат основните податоци за вработените заедно со нивните договорни услови и работнит времиња. Пресметаните плати може да се отпечатат, да се пратат на емаил или да се експортираат во Ворд или ПДФ за архива.
Откако ќе се пресметаат платите, истите може да се искнижат во Главната книга на сметководството без да се прават дополнителни пресметки.
Сите функционалности се ставени на едно место во ролјата за човечки ресурси за полесна и побрзо изведување на задачите.
Иако е интегриран модулот за човечки ресурси и плати со сметководството и другите модули од ERP решението, ако е потребно, заинтересираните фирми може да го користат модулот за човечки ресурси и плати одвоено од сметководството
За потребите на членовите на веб сајтото на Логин Системи, изработен е и бесплатен веб калкулатор кој може да се користи на страната Пресметај плата.
Komentáre