top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

MSD365BC.png

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

MSD365BC.png

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

MSD365BC.png

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

информација

блог

MSDyn365

технологија microsoft

Forbes: Најдобар производствен ERP е Microsoft Dynamics 365 Business Central (мај 2023)

📌 Споделуваме интересна анализа на системите за планирање на ресурсите на претпријатијата (ERP) и нивните софтверски производствени можности. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Споделуваме интересна анализа на системите за планирање на ресурсите на претпријатијата (ERP) и нивните софтверски производствени можности. Анализата е направена од страна на реномираниот магазин Forbes (www.forbes.com). Подолу е извадок од статијата како и линк за целосната анализа.


Forbes го дефинира системот за планирање на ресурсите во претпријатијата (ERP) како решение со карактеристики кои секоја компанија може да ги користи за да ги интегрира сите свои функции и технологии, а потоа да соработува низ компанијата за поголема ефикасност и видливост. ЕРП за производство дополнително им овозможува на производителите да интегрираат системи специфични за производството, добивајќи холистички поглед на производствените активности, а потоа соработуваат со внатрешните тимови, добавувачите, магацините, клиентите и подружниците.


Со толку многу ERP решенија на пазарот, сите со различни карактеристики и цена, тешко е да се одреди кој е најдобриот избор за уникатните производствени потреби на фирмите. За да им се помогне да го најдат најдоброто производствено ERP, Forbes проценува десетици врвни системи врз основа на трошоците и давачките, функционалноста, специјализациите, леснотијата во користењето, поддршката на клиентите и друго.


Форбс го избра најдобриот производствен ЕРП за 2022 година, и тоа:

  1. Microsoft Dynamics 365 Business Central: Најдобро (севкупно) достапно решение за средни бизниси

  2. SAP Business One Professional: Најдобар за производители кои размислуваат за одржливост

  3. SYSPRO: Најдобар скалабилен ERP за произдвоство за растечки бизниси

  4. QT9: Најдобро за производителите на високо регулирани производи

  5. Epicor Prophet 21 ERP: Најдобро за дистрибуција на производи

  6. Oracle NetSuite OneWorld: Најдобар за глобалните средни производители

  7. Acumatica: Најдобар за модерна технологија во производството на мали бизниси


Резиме: Најдобар производствен ERP од Forbes
Резиме: Најдобар производствен ERP од Forbes

Девет (9) придобивки од производствен ЕРП


Според Forbes, најмногу придобивки од еден производствен ЕРП има кога претпријатијата купуваат решенија прилагодливи за нивните индивидуални потреби. Општо земено, ERP може да им помогне на производителите да ракуваат со својот паричен тек, да ги оптимизираат операциите, да предвидат кои одлуки ќе ги унапредат целите на компанијата, ефикасно да управуваат со залихите, да создадат видливост на ланецот на снабдување и ефикасноста на магацините, да донесат позитивни искуства на клиентите и да добијат висококвалитетна продажба.

Еве подетален преглед на секоја од овие произведувачки ERP бенефиции:

1. Раководење со паричниот тек

Производствениот ЕРП ослободува готовина со помош на управување на ниво на залиха и брзо следење на сметките кои се примаат. Параметрите на залихите обезбедуваат непотребните залихи да не бидат заглавени во магацините (без продажба). Со тоа, парите не се врзани во трошоци за непотребно складирање на производите. Производствениот ЕРП исто така ги поврзува продажбата и побарувањата, со можноста да се види платежната дисциплина на купувачите.

2. Оптимизирање на производствените активности

Производствениот ЕРП ги интегрира сите системи за планирање на ресурси, давајќи поглед од 360-степени на ресурсите, вработените, контактите, процесите и целите. Кога се поврзуваат внатрешните и надворешните тимови и процеси, се добива поголема видливост во тоа каде потребите не се исполнети за да може да се изведат активности пред да се појават потешкотии. Овој холистички поглед, исто така, ги открива трендовите, падовите и предизвиците за да може да се користат брзи одлуки или континуирани подобрувања.

3. Прогноза за паметно донесување одлуки

Постојат неограничени можности за тоа како капацитетот за предвидување во ЕРП кај производството може да биде од корист за фирмите. На пример, може да се анализира пазарот за да се идентификуваат трендовите или факторите кои можат да влијаат колку производи да се произведуваат. Ова гарантира дека нема да се произведува повеќе отколку што може да продаде. Исто така, може да се предвидат трошоците наспроти приходите за да фирмата обезбеди економично работење.

4. Лесно управување со залихите (лагерот)

ЕРП за производство ви помага да управувате со залихите. На пример, помага во одредување на набавките преку дефинирање на потребите како и ставање процеси и автоматизација за да се задоволат истите. Исто така, ви овозможува следење на залихите во реално време додека одржувате база на податоци на добавувачи на кои може да се повикате кога е потребен лагер, комплетиран со историја на купување за лесно нарачување повторно.

5. Видливост во реално време на ланецот на снабдување

Покрај тоа што може да се поврзат сите внатрешни тимови, може да се поврзат и сите локации кои учествуваат во ланецот на снабдување. На пример, може да се поврзат магацини, подружници и добавувачи. При тоа, може да се рационализира процесот на ланецот на снабдување каде што сите материјали ќе пристигнат на време и на соодветно место за да бидат ставени во употреба без создавање непотребни дополнителни трошоци.

6. Создавање ефикасност и заштеда на трошоците во магацините

Кога станува збор за управување со магацин, времето е пари. Премногу време за справување со неефикасни или неорганизирани магацински процеси значи дека мора да им платите на вработените за хаосот, наместо за нивниот талент. ЕРП нуди сигурност дека платеното време не се троши за автоматизација. На пример, ЕРП може да се интегрира со автоматизирана машинерија, а потоа да се користи за печатење на етикети и баркодови, показатели кога вашата залиха се намалува и нарачување на дополнителни залихи.

7. Креирање победнички искуства на корисниците

Производителите се во бизнисот да го продадат она што го произведуваат. Создавањето на најдоброто искуство на корисниците им помага да продаваат повеќе сега и во иднина. ERP може да ги обедини сите продажни допирни точки за да ви помогне да создадете постојано позитивно искуство без разлика како корисниците соработуваат со фирмата. Ваквото искуство може да помогне да се назначат корисниците кои се најзагрозени со префрлање на лојалност за да може повторно да се врати довербата. Исто така, може да помогне во создавање вредно искуство на корисниците со тоа што ќе кажува колку ниско може да се намали ценовното ниво, а сé уште да се заштитат профитните маржи.

8. Создавање ефикасност преку автоматизација

ЕРП за производство може да помогне да се автоматизира креирањето на извештаи, да се постават аларми кои ќе кажуваат статуси на процесот на производство и дистрибуција, како и ресурсите и задачите. Бидејќи ги обединува сите основни оперативни системи, лесно е да се види каде автоматизацијата е од корист, а потоа да се автоматизираат одделенските задачи. На овој начин, се добива ефикасност во соработката во целата компанија.

9. Креирање продажна ефикасност за затворање на висококвалитетните продажни можности

Затоа што производствениот ERP ги поврзува тимовите за продажба и производство, подобро може да се склучи продажбата со клиентите. На пример, тимот за продажба може да знае кои производи ги има на лагер за да се постигне продажба на тоа што може да се испорача. Потоа се обработуваат плаќањата директно во ERP системот. Исто така, може ефикасно да се обработуваат нарачки за да се обезбеди навремена испорака преку автоматизирано печатење на етикетата наменета за доставувачот и лесна комуникација со истиот.


Извор, повеќе инфо: Best Manufacturing ERP – Forbes Advisor.



Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Најнови објави

Македонскиот превод достапен во исто време со новата верзија на Business Central

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

Логин Системи овозможува суштинска интеграција со банки за корисниците на Business Central во Македонија

Автоматизација на КИПО извештајност во Business Central со LSM Macedonian Localization Base App

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

Резиме на вебинар: Миграција кон Business Central

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

Летна кампања за поддршка на македонски компании во нивната ERP трансформација

Логин Системи го лансира Македонскиот јазичен пакет за Microsoft Dynamics 365 Business Central 2025 Wave 1

MakasIT.gif

Поврзани производи и услуги

Dyn365 BC – Консултација (1 час)

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page