- Feb 13
- 2 min read
Многу компании во моментов се прашуваат: „Што точно бара е‑Фактура според УЈП од сите нас, и како да го поставиме процесот за да работи секој ден - без хаос?“
Воведувањето на е‑Фактура според УЈП во текот на 2026 година ќе донесе значајни промени во работењето на компаниите - од усогласување на податоците, до организациски и технички подготовки во деловниот софтвер. За многу компании ова претставува процес кој влијае врз сметководството, администрацијата, продажбата, набавките и ИТ.
Со цел да обезбедиме јасност и практични насоки, Логин Системи ја организира masterclass обуката:
🎓 „е‑Фактура за УЈП: Од обврска до успешно функционирање во пракса“.
Досега, неколку стотици сметководители во Македонија ја проследија воведната обука за е‑Фактура како дел од ИСОС програмата за КПУ усовршување на сметководителите. Оваа содржина ја предававме преку ФВ Консалтинг, а новиот masterclass е надградба со практични примери, кодни листи и ERP/API демонстрации.
Што ќе обработиме
Оваа тричасовнна masterclass обука е наменета за сметководители, финансиски менаџери, директори и ИТ тимови за да се добие јасна слика, конкретни чекори и реални демонстрации.
Обуката ќе опфати:
Регистрација во УЈП и овластувања: улоги, пристапи, практични совети.
Организациска подготовка: улоги, одговорности, протоколи, ажурирање на податоци.
Работа на УЈП порталот (во сегашната функционалност): преглед на испратени фактури, примени документи и пребарување по даночен број - што може, што не може (засега), и што бара интерен процес.
Шифрарници и мапирање: како да ги усогласите сопствените шифрарници (артикли, контрагенти, даноци, мерки, единици) со кодните листи на УЈП системот, за да избегнете одбивања и рачни корекции.
Структура на е‑Фактура + технички преглед: логика на полиња, извадоци на JSON, читање/разбирање на API повратни пораки и кратки Postman примери (без „предлабока“ техничка дискусија).
Опции за користење: рачно преку портал, API интеграција во ERP или middleware/API посредник (кога која опција е рационална).
ERP демонстрации со реални сценарија, вклучително Microsoft Dynamics 365 Business Central (за илустрација на процеси, не како единствен услов).
Q&A сесија за конкретни прашања и гранични случаи од вашата пракса.
💡 Напомена: Сесијата нема да се снима; и затоа присуството во живо е неопходно. Early Bird постои за да им овозможиме попристапна цена на помалите компании и да планираме материјали/Q&A однапред - за сите да добијат подобро искуство.
Термини (онлајн)
26 февруари
19 март
Цени
Early Bird: 4.200 денари
Редовна: 5.500 денари
(🎯 Повеќе детали и пријава на страницата на настанот. 👇👇👇)
📆📞 Регистрирајте се и подгответе ја вашата компанија навреме - со јасни чекори, кодни листи што се совпаѓаат, правилно структуриран документ и процес што функционира секој ден.














Comments