Сте слушнале ли за тн. 80/20 правило? Независно од вашиот одговор, во продолжение ќе прочитате за изворната примена на правилото, но и за моите препораки како да се употреби неговата логика, за промена на животната филозофија во насока на водење поизбалансиран, а со тоа и среќно-успешен живот.
Правилото за прв пат се промовира од страна на италијанскиот економист Вифлредо Парето (затоа се нарекува и Парето правило/принцип), кој во својот труд од 1896 година, констатира дека само 20% од популацијата, поседува 80% од вкупното земјиште во Италија. Од тогаш, па сѐ до денес тн. 80/20 правило или познато и како „закон за влијателното малцинство“ („the law of the vital few“) наоѓа примена во голем број научни области, во светот на бизнисот, но и во управувањето со нашите секојдневни животи. Всушност, од него произлегуваат добро познатите и многу експонирани „80/20 изјави“, кои даваат одговор за „20% од причините, кои влијаат на приближно 80% од ефектите“, како што се на пример следните:
само 20% од населението поседува 80% од светското богатство, наспроти останатите 80%, во чија сопственост е 20% од богатството, како потврда за сѐ поголемиот јаз помеѓу малкуте, многу богати („влијателно малцинство“) и многуте, многу сиромашни („невлијателно мнозинство“),
само 20% од клиентите во секој бизнис, придонесуваат за остварување на 80% од продажните резултати, како основа за тн. „АБВ анализа“ за да се откријат „топ клиентите“, на кои треба да им се посвети најголемо влијание за да се задржи нивната лојалност,
само 20% од производите/услугите во било кој бизнис, се заслужни за 80% од профитот на фирмата,
само 20% од нашите дневни активности, придонесуваат за остварување на 80% од нашите успеси/резултати,
само 20% од купените чевли, се носат во 80% од секојдневните излегувања (ова важи, за женската популација :) ), наспроти останатите 80%, кои се непотребно фрлени пари (или не се :) ), итн., итн., итн…
Сега, откако се надевам ја разбравте логиката и основната намена на правилото, застанете за миг со читање и размислете за негова можна употреба и во голем број секојдневни животни ситуации.
Продолжи да читаш тука ...
Извор: „Правилото 80/20“ за среќно успешен живот од Игор Андреев, објавено на сајтот на Институтот за маркетинг истражувања (линк http://imi.mk/praviloto-80-20-za-srekno-uspesen-zivot/)