top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- УЈП: Бруто плата за 2024 - најниска и највисока основица за пресметка на придонесиIn Сметководство и финансии·1 февруари 2024 г.УЈП: Бруто плата за 2024 - најниска и највисока основица за пресметка на придонеси Управата за јавни приходи известува дека просечната бруто плата по работник во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2024 година изнесува 57.609 денари (линк кон Државен завод за статистика: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41)(https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41). Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2024 година. • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804,00 денари (50% од 57.609.00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744,00 денари (16 x 57.609,00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308,00 денари (12 x 57.609,00) Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН (http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81)која го содржи новиот параметар. Клиентскиот софтвер може да се преземе и од оваа страница, кликнете подолу. Извор: Управа за јавни приходи(http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/993) Корисни линкови и алатка за пресметка на плата 💡 За да се подготви МПИН за јануари 2024, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк(http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). 💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години(https://www.loginsystems.biz/plati) 💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata(https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata) #плата (https://www.loginsystems.biz/forum/search/~num~%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0)#УЈП (https://www.loginsystems.biz/forum/search/~num~%D0%A3%D0%88%D0%9F)#плати(https://www.loginsystems.biz/forum/search/~num~%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8)00104
- Како-да: Пополнување на налог за подигнување на готовина за материјални трошоциIn Сметководство и финансии·13 март 2019 г.За потребите на фирмата од готовина, се пополнува налог за исплата на готовина - урнек од налогот е прикажан на сликата. На левата страна се пополнуваат податоци за фирмата какви што се назив, трансакциска сметка, цел на исплата и се става потпис од лицето кое е овластено за потпишување на налози во банка. Кај цел на исплата може да пишува ‘материјални трошоци’, ‘патни трошоци’ или друг опис што одговара на целта за подигнување на готовина. На десната страна се запишува лицето кое ќе ја подигне готовината, неговиот/нејзиниот матичен број и износот на готовината што треба да се подигне. Секако на крајот се става и потпис. Налогот се носи во банка кај одделот за работа со правни лица. Откако ќе биде проверено и одобрено, се оди на шалтер за благајната за правни лица. И се подигнува готовината. Парите и една копија од налогот се носат во сметководство/финансии на фирмата за да се запише во благајната и да се искнижи трансакцијата. #обрасци #сметководство001234
- Пријавување и плаќање на персонален данок (физички лица)In Сметководство и финансии·24 декември 2017 г.Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на Персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година (по усвојувањето на измените на Законот за персонален данок на доход). Поедноставни постапки за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и граѓаните: Поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД); Издавање на Електронски налог за плаќање на данокот од УЈП; Намалување на грешките при пресметување и плаќање на персоналниот данок; Укинување на годишните и месечните извештаи кои исплатувачите ги доставуваат до УЈП; Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од страна на УЈП и потврда на податоците од страна на граѓаните. Брошурата можете да ја прегледате тука. Извор: Управа за јавни приходи00556
- Картичките на Халк банка се поддржани за наплата со ПејпалIn Платежни услуги PayPal и ост.·15 јули 2023 г.Споделуваме информација од наш член кој ни потврди дека со картичка од Халк банка успешно е креирана бизнис сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал. Според нашите сознанија од форумот, поддржани картички за бизнис сметка на Пејпал се следните банки: НЛБ банка Комерцијална банка Стопанска банка Халк банка При тоа, важно е да се напомене дека само ВИСА картичките се оспособени за наплата преку Пејпал. Повеќе за читање: Линкови за креирање на Пејпал сметки: https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/najbrzo-shto-mozhe-do-priem-na-pari-od-proizvodi-i-uslugi-preku-pejpal Ако имате искуства со други платежни картички, ве молиме да споделите тука во коментар или да креирате нов пост тука. 🙏🙏🙏 Да помогнеме на сите заинтересирани. Ви благодариме. #paypal #пејпал00683
- Недостаток на B12: Сериозни здравствени проблеми што може да се избегнатIn Бизнис стил и здравје·2 јуни 2019 г.„Се' започна со повремени појави на замор, вртоглавица и зуење во ушите. Потоа се јавија срцеви отчукувања (палпитации), чудни движења (сензации) во екстремитетите и снемување воздух. Како што поминуваше времето, ми се јави анксиозност, имав чувство на слабост и доживував мозочна магла.“ раскажува Dana Hawkins-Simons во колумна на реномираниот Wall Street Journal. Dana со години шетала од прегледи на прегледи, средби со различни доктори специјалисти (кардиолози, гастро, гинеколози, ...) и правела различни тестови. Еден ден, после многу часови во истражување, открила дека има симптоми што наведуваат дека има недостаток на витамин Б-12. Недостатокот на витаминот Б12 може да создаде низа од симптоми кои влијаат на мускулите, нервниот систем, органите за варење и многу друго. Зошто витаминот Б-12 е важен? Човечкото тело има потреба од витаминот Б12 за да ги создава црвените крвни зрнца, нервите, ДНК и да изведува други функции - пишува Patrick J. Skerrett во својот блог за Harvard Health. Според Patrick, недостатокот на Б12 може да биде препреден и штетен. Просечен возрасен човек треба да внесува 2.4 микрограми на ден. Бидејќи не може да се генерира во човечкото тело, потребно е да се внесува преку храна или додатоци за храна. Некои луѓе не го внесуваат доволно во организмотот, а дополнителен проблем претставува што луѓето различно го абсорбираат од храната, независно од количината на внесување. Недостатокот на витаминот Б12 се манифестира со: чудни чувства, вкочанетост или трнење во рацете, нозете или стапалата потешкотии во одење (проблеми со рамнотежата) анемија отечен, воспален јазик потешкотии во размислување и расудување (когнитивни потешкотии) или губење на меморијата слабост замор „Понекогаш симптомите се суптилни/скриени“, вели интернистот Linda Assatourians, во статија на Wall Street Journal - Sluggish? Confused? Vitamin B12 May Be Low. Таа кажува дека изненадувачка бројка на млади женски пациенти имаат ниско ниво на Б12. Според нејзе, тие се здрави и активни, но не јадат месо и имаат слабо расположение и проблеми со меморијата и рамнотежата. „Кога ќе им дадам додатоци на Б12, тие се чувствуваат многу подобро“. Конзумирање на витамин Б12 Б12 доаѓа исклучиво од месо, џигер, живина, риба и млечни производи. Некои житарки за доручек се засилени со овој витами. Некои луѓе имаат проблем со апсорбирање на Б12 во телото. Потребна е стомачна киселина за да се издвои витаминот од хранливите честитки. Некои луѓе земаат медикаменти што ја блокираат киселината. Повозрасните луѓе почнуваат природно да не создаваат стомачна киселина така што недостатокот на Б12 е честа појава кај возрасните. Затоа Институтот за медицина во САД препорачува земање на Б12 како додаток во исхраната за луѓе над 50 години возраст. Мое лично искуство Пред десетина години имав симптоми и тегоби кои беа необјасниви за мене. Ми се чини дека се' започна со бактеријата хеликобактер пилори, многу незгодна бактерија која според некои статистики ја има во телата на речиси 50% од популацијата. После коктел од антибиотици, според тестовите, нивото на анти телата за бактеријата беше под границата, но симптомите продолжија. Ми требаше неколку години за да утврдам дека имам недостаток на витамин Б12 и тоа ми ги создаваше проблемите. Потоа сфатив дека мојата исхрана не содржеше храна богата со витамин Б12 бидејќи избегнувам јадење на месо - сега витамин Б12 внесувам преку суплменти од време на време. Симптомите исчезнаа. Ако имате некое ваше слично искуство, ве молам да го споделите тука во коментар или со нова објава на форумот. Да не се мачат луѓето како мене и како Дана, а „лекот“ е достапен во форма на превенција. Благодарам. #бизнисстил #здравје00864
- Бизнис совет: Дина Муцунска, хотел Манастир - БеровоIn Бизнис совети, Q&A·16 август 2018 г.Она кое ни е секојдневно на „to do“ листата, е она кое всушност и не прави тоа што сме. Не постои желба или цел, која доколку не ја ставиме на таа листа со секојдневни активности насочени кон нејзино реализирање, може да ни се оствари. Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала... Осмислувањето на секој ден, па дури и во детали со конкретен тек на нештата мене многу ми помага за да успевам да завршам се' што сум планирала... Не дека не се случуваат тековни промени, што е нормално доколку така налага денот и обврските, туку и со тие промени повторно денот е многу попрегледен и можам да го организирам така што најдобро ќе ги искористам ефективно и ефикасно 24те часа од него. Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам. Секојдневието ми е рефлексија на она кое го посакувам. Целите ги поставувам спрема желбите и посакувањата и не само јас, туку целиот менаџерски тим на „Манастир“ така функционира. Важно е целиот тим да е усогласен во визијата за бизнисот и не само да работат на неа, туку визијата се живее, таа е начин на живот. ... она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера. За мене ододамна не постои разграничување меѓу деловен и приватен живот, тоа е нереално и дволично, ние сме сите една единка, со сите наши доблести, негативни страни, вештини, афинитети..., така да она кое те карактеризира на планина или плажа, се истите карактеристики кои доаѓаат до израз и во деловна атмосфера... Доколку не е така, тоа е глумење и лажно претставување, кое е голем проблем во нашето општесто, истото е појава на незадоволство од самиот себе, а воедно што е и најстрашно не дозволува растење и развој на личноста на било кое поле, па и во бизнисот..., затоа и бизнис атмосферата и ситуацијата, е онаква каква е... Приоритетизирањето е исклучително важно да се совлада како вештина, но најпрво мора да си работел многу на себе, за да знаеш што навистина ти е значајно во животот, која е твојата мисија поголема и од твоето постоење..... Една изрека која мене многу ми помага е „не го менувај она кое најмногу го посакуваш, за она кое во моментот ти е привлечно“. Живеењето на оваа изрека бара неверојатна дисциплина, не бара одрекување и аскетизам, туку бара лично спознавање - да знаеш што навистина те прави среќен и радосен... Да, зборувам за бизнис, зборувам за животот, бидејќи животот е бизнис, ние сме животот... звучи емотивмо? И е емотивно... бидејќи секоја наша одлука колку и да мислиме ние дека е рационална, нејзиниот корен е чисто емотивен... ... накратко бизнис приказната, е приказна за страст ... Би можела уште многу да говорам..., но накратко бизнис приказната, е приказна за страст, односно за многу длабока љубов и болка, а пасијата, посветеното активно време и чувството на благодарност, го носат успехот... Бизнис совет Лесно НЕ е, ама е убаво... Лесно не е, ама е убаво... Бизнис успехот се стекнува САМО врз основа на личен кредибилитет. Дури и во семеен бизнис како нашиот, деловната почит и успех, не можеш да ја наследиш и превземеш, сам мораш да ја стекнеш и тоа никако поинаку освен со многу посветеност и вложување, но секако клучен за се е, личниот капацитет. Успех не се заработените материјални сретства и нешта. Времето во кое живееме завзема холистички пристап кон она „Што е успех“... ... животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации ... Луѓето денес сме „полимери“, создадени од различни функционални делови и растеме постепено, хетерогено, разнородно..., животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации, кои предизвикуваат себе-незадоволство... затоа, растете и развивајте се, паралелено, на што е можно повеќе полиња кои ви се навистина во интерес... ... успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас... Професионален успех - да, но врз него целосно се одразува: ментален развој -образование, едукација, вештини..., духовен развој - партнерска љубов, родителство, пријателства, спиритуализам... физички развој и благосостојба - спорт, рекреација, хоби..., не запоставувајте ништо на сметка на нешто..., бидејќи успех е колку си задоволен и среќен со себе и најсаканите и колку тие се среќни и задоволни со вас, а балансот сте вие, оние кои треба да го направите. ... моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани ... И на крај среќен е само слободниот човек, бидете успешни за да имате избор, за да бидете слободни и свои. За хотел Манастир, Берово Хотел Манастир постои од 2004г. од кога успешно ја гради својата бизнис приказна. Денес неговите капацитети се зголемени за 4 пати, а оценката за неговата понуда и услуга на booking.com, како најрелевантен фактор во браншата, му е со години околу 9,2, кое зборува за неговиот исклучителен и извонреден квалитет, при кое е и најавтентичен хотел во земјата, кој атрибут со гордост го негува. Хотел Манастир, не е првото нешто кое почна да ме гради професионално, пред тоа беше присутен семеен ресторан, каде беа моите почетоци..., но секако тој е она со кое пораснавме заедно и „се дефиниравме“ еден, друг. Покрај него, на кој сум му најпосветена, моите професионални залагања ги опфаќаат и ТА Манастир, здружението на граѓани Спортско Планински Клуб Малешевска Корија и консултантско-експертските ангажмани, кои се исто така чести. Дина Муцунска Instagram: Dina_Mucunska Facebook: Dina Mucunska www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00754
- Бизнис совет: Мите (Мичо) Филков, Хорти Експерт МКIn Бизнис совети, Q&A·22 септември 2018 г.Почеток и инкорпорирање на пазарот во Грција Во 1991 год. како резултат на успешноста во работата во бизнисот со цвеќе, но и неспремноста во која се затеков по распадот на еден систем, решив да ја основам фирмата Хорти Експерт МК. На почетокот со скромни амбиции и со неколку вработени, но со многу труд и работа и секако желба за успех, успеав мојот бизнис со хортикултурно уредување да го инкорпорирам на пазарот во Грција. Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Опкружен со море од ајкули, јас како една мала риба се борев чесно, знаејки дека ништо не доаѓа само по себе, дека мора да го постигнам сам па така успехот беше неминовен. Успеси и резултати ... во Вотерленд Солун, комплексот Сани Бич Халкидики, Порто Центар Солун Космос трејд центар ... Потписот на уметничките творби или дворови создадено од Хорти Експерт МК може да се види во: Вотерленд во Солун, комплексот Сани бич на Халкидики, Порто центар во Солун, Космос трејд центар, автопатот од Волос до Атина и на многу други места - се' во склад со слоганот на Хорти Експерт МК, наука и уметност во хортикултурата. ... ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина ... Со гордост кажувам дека ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина и учество во проектот за Амбасадата на САД во Коломбо-Шри Ланка. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум. Сето тоа е резултат на комплетноста во работата со создавање на уникатни дворови и скапи производи и никогаш не се плашиме да ги понудиме на пазарот. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум. Понесен од една реченица која ја прочитав додека бев млад декa "Галебот што лета највисоко гледа најдалеку" успеав да го создадам најголемиот хортикултурен бренд на овие простори со име Хорти Експерт МК. Бизнис совет(и) Како резултат на моето 27 годишно работење во приватниот бизнис ги советувам сите што сакаат да започнат со сопствен бизнис ✅ да бидат искрени, куси и секогаш присутни на самото место. Само така може да се изгради сопствен имиџ и репутација. ✅ Откријте ја и живејте ја својата цел. Немојте од дрвото да не ја видите шумата. Треба да сфатите дека ова не е социјала, ова е бизнис и секогаш станува збор за крајниот резултат. Лошите работи не се најлошото што може да ви случи, ✅ најлошо е да не ви се случи ништо. Мичо Филков Facebook: Filkov Micho За Хорти Експерт МК Хорти Експерт МК денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти и јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Главниот принцип врз кој се темели нашето работење е вклопување на градините во нивната природна средина – што го постигнуваме преку дизајнирање на градините во суптилен спој меѓу науката и уметноста. Facebook: Horti Expert MK Веб: Хорти Експерт МК Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00995
- Вид на обврска при пресметка на платитеIn Сметководство и финансии·9 октомври 2021 г.Кога се подготвува платата, задолжително се пополнува една од шифрите на вид на обврска (некои го нарекуваат и вид на облигација) по основ на придонеси и персонален данок кои се однесуваат на пресметана плата или надоместок: 100 - дел од плата, придонеси и персонален данок; 333 - конечна пресметка за соодветен месец кога претходно има доставено пресметка за дел од плата; 101 - плата, придонеси и персонален данок за соодветен месец; 102 - разлика на плата, придонеси и персонален данок по годишна пресметка; 103 - разлика на плата, придонеси и персонален данок или исправка на податоци за претходни месеци (кои не се однесуваат за периоди пред 31.12.2008); 108 - плата, придонеси и персонален данок од извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи 109 - плата, придонеси и персонален данок по судска пресуда или судска спогодба; 222 - придонес за лица вон работен однос, осигурани во случај на настанување на инвалидност и телесно оштетување. 406 - придонес за обврзници кои имаат обврска за плаќање само придонес за здравствано осигурување; Видовите се применуваат 01.01.2009 година. #плати #сметководство Корисни линкови за плата: Плати и хонорари - Business Central Точна и навремена пресметка на плати Функционалности за плати и примања Прегледај ги функционалностите и види како може да се искористат во твоето работење Плати ... УЈП: Бруто плата 2021 - најниска и највисока основица за пресметување на придонеси Управата за јавни приходи информира дека просечната плата по работник во Република Северна Македонија Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за ... Бесплатниот веб калкулатор за плата е дополнет со коефициенти за 2021 година Логин Системи објавува дека го дополни бесплатниот веб калкулатор за плата со параметри и коефициенти ЛС Веб Плата, апликацијата на Логин Системи за бесплатна пресметка на плата, може да се пресметува од бруто плата во нето плата и обратно, да се става години од работен стаж (минат труд) ...00237
- Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услугиIn Платежни услуги PayPal и ост.·17 септември 2023 г.Три начини за креирање на Пејпал сметка за наплата на производи и услуги Креирање на сметка за наплата на производи и услуги преку Пејпал во Македонија не е сложена постапка. Сепак си има свои специфики и ако не се прават чекорите по одреден редослед, обидите за креирање на сметка може да бидат неуспешни. Логин Системи како општествено одговорна компанија издвојува свои ресурси, време и можности за да им олесни на фирмите и поединците во нивните напори за онлајн наплата преку помош во креирање на бизнис сметка на Пејпал. Ова е волонтерска, непрофитна активност на Логин Системи. На потенцијалните заинтересирани за бизнис сметка на Пејпал, изработивме неколку начини и канали за помош во креирање и користење на сметка paypal за наплата на производи и услуги. Погледнете ги подолу. Самостојно со помош на содржините од овој форум 👇👇👇 Форумот на Логин Системи изобилува со информации и објаснувања за успешно креирање на сметка за Пејпал. На форумот може да се постават прашања, да се сподели искуство и информација. Линкот е www.loginsystems.biz/paypal.(http://www.loginsystems.biz/paypal) Онлајн курс со самостојно темпо 👇👇👇 Курсот се состои од подготвителни активности, креирање на сметка за купување, прикачување на платежна картичка, надградба на бизнис сметка и креирање на веб линк за наплата PayPal.me.(http://PayPal.me) После секоја тема има дел за фидбек и евентуални прашања. Сите учесници стануваат членови на групата за пејпал каде може да се разменуваат искуства и информации. Курсот е на промоција и е бесплатен за првите учесници. Линк за повеќе информации за „Чекор по чекор до бизнис сметка на Пејпал“(https://www.loginsystems.biz/challenge-page/biznis-smetka-paypal) има тука.(https://www.loginsystems.biz/challenge-page/biznis-smetka-paypal) Консултации 1 на 1 👇👇👇 Оваа премиум услуга содржи консултации за време од 30 минути кадешто може да се праша за PayPal како сервис, да зборуваме за стратегија на поставување на платежна услуга PayPal за наплата на твоите производи и услуги. Услугата што ја нудиме вклучува и помош во инсталирање и конфигурирање на бизнис сметката во временската рамка на оваа услуга. Повеќе инфо и можност за закажување има на линкот 👇. Кликнете на описот за повеќе информации или на копчето Book Now за да иницирате закажување на термин. 30 мин online консултација за PayPal https://www.wix.app/bookings/7b61b440-e324-49a4-8ec6-250180876d6d/service/6540e885-801b-4490-837e-9b0d59161b4c/details?d=https://www.loginsystems.biz/service-page/30-мин-online-консултација-за-paypal Услугата се наплаќа, а на линкот погоре има информации за котизацијата. За техничка и друга поддршка, секако дека е пожелно да го контактирате Пејпал на https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal.(https://www.paypal.com/mk/cshelp/personal) Се надеваме дека ви помогнавме и со успех користењето Пејпал/Paypal! 🙏🙏🙏 #paypal #пејпал00678
- Како-да: Импортирање на изводи од банкаIn Microsoft Dynamics 365·30 ноември 2017 г.Македонската локализација на Dynamics NAV од страна на Логин Системи овозможува импортирање на изводи од банка согласно дефинираните фајлови за експорт од страна на Македонските банки. На овој начин се овозможува брзо и едноставно вчитување на изводите, со избегнување на рачното внесување на секоја линија од изводот која одзема значително време и можностите за грешки и неконзистентност се присутни. Преку автоматското превземање и вчитување на изводите, покрај тоа што веднаш се вчитуваат линиите од изводот, Логин Системи овозможи и препознавање на контата и коминтентите за кои се однесуваат трансакциите (плати, провизии, преноси и тн), така што целата операција за внесување и книжење на изводите се сведува на три кратки чекори: Вчитај -> Провери -> Искнижи! Вчитувањето на изводот се прави на следниот начин: Се пристапува до Дневникот на документи и се одбира Увоз-извоз од/во Дневник: Ќе се отвори прозорец како на сликата подолу: Важно е полето Земи извод од банка да биде штиклирано, и на тој начин ќе се отвори вториот дел од прозорецот каде што треба да се одбере Банката од која се прави импорт на изводот и Насоката на плаќање (дали сакаме да ги импортираме само уплатите, само исплатите или уплати и исплати заедно). Полето Бр. на документ автоматски ќе се пополни кога ќе се вчита изводот. Откако ова ќе се пополни, се отвара прозорец од каде што треба да се избере фајлот за импорт, се означува и се кликнува ОК: Веднаш се импортира изводот и системот дава порака за успешно завршената акција: Ставките од изводот на тој начин се вчитуваат во дневникот на документи и од таму може да се проверат и веднаш да се искнижат преку функцијата Креирај линии во дневник: Во модулот за управување со готовина во НАВ направивме и листа на изводи, во кој може да се прегледаат сите внесени изводи заедно со состојбата на сметката пред и по книжење – Почетно салдо, вкупен прилив, вкупен одлив и крајно салдо, како и сите трансакции кои се однесуваат на соодветниот извод. Изводи од банкарски сметки (листа): Преглед на извод00356
- Образец: Барање код за идентификација за интегрирана наплата (електронски сертификат за МПИН)In Сметководство и финансии·14 август 2020 г.Секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите, без разлика дали сам за себе ги пресметува и доставува податоците за бруто-плата до УЈП или користи услуга од обезбедувач на услуги (сметководствени бироа), задолжително треба да поседува Код за идентификација. Доколку не сте регистрирани и не поседувате Код за идентификација за електронско потпишување на Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН) или истекува валидноста на веќе доделениот код (5 години од денот на неговото издавање), поднесете Барање за код за идентификација на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси кој служи за електронско потпишување на образецот МПИН (образец УЈП-УД-3.2-20/1) до надлежната Регионална Дирекција на УЈП. Извор: Управа за јавни приходи #сметководство #плата00367
- Вадење на потврда за тековна состојба за фирма (субјект)In Сметководство и финансии·25 октомври 2020 г.Ова е услуга на Централниот регистар што овозможува издавање на потврда изработена врз основа на службена евиденција која ја води Централниот регистар. Потврдата има информација за тековните (актуелни) податоци за субјект во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица. Се оди на почетната страница на Централниот регистар - www.crm.com.mk. Се избира командата за тековна состојба на субјект со кликнување на копчето Тековна состојба на субјект. Или се оди директно на адресата на оваа услуга: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/delovni-podatotsi-i-potvrdi-za-subjekti/tekovna-sostojba-na-subjekt. Се појавува екран како на сликата подолу. Се избира начинот на добивање на потврдата. Кликнете на Електронски за да добиете електронска потврда во ПДФ. Ако не сте најавени на системот на Централниот регистер, сторете го тоа со Најави се. Ако не се регистрирани, потребно е да се регистрирате. Овие копчиња се наоѓаат горе десно. Потоа се оди на страницата за е-Потврди - http://www.crm.com.mk/CRIS/default.aspx и се избира Ново барање. Се избираат опции како на сликата подолу. Ако не е познат ЕМБС, се избира ЕМБГ и обратно. Откако е пополнето, се кликнува на копчето Зачувај кое е најдолу на страната. Ако е се' во ред, се прикажува кошничката со ставка дека услугата чини 256 денари - слика подолу. Се преминува на плаќање со кликнување на копчето Плати. Откако се помине екранот за внесување на податоци за лицето кое ќе врши плаќање, се појавува страница за внесување на картичка за плаќање. Се ставаат податоци за картичката и сигурносниот код CVV2/CVC2 и се кликнува на Потврди. Ако уплатата е успешно изведена, се добива потврда од Централниот регистар како на сликата подолу. По некое време, се добиваат две емаил пораки - едната дека е примена уплата, а другата порака линк од каде да се преземе бараната потврда. За да ја подигнете потврдата (тековната состојба), се оди на страницата https://www.crm.com.mk/cris/ или на линкот што го пишува во втората емаил порака. Потоа се избира опцијата Преземање потврди. На страницата за преземање потврди го ставате деловодниот број што го пишува во е-пораката што е испратена од Централниот регистер. Се кликнува на Барај. Види слика подолу. Подолу на страницата се излистува листа на барања - во нашиот случај се излистува еден запис за тековна состојба. Види слика подолу. Се кликнува на Преземи потврда и со тоа се симнува потврдата од Централниот регистер и се снима на локалниот компјутер. Тоа е целата постапка. Со успех. 👍👌💪 Ако сте задоволни од напишаното и ако успеавте да извадите тековна состојба, ќе бидеме благодарни да добиеме бакшиш. Доволно е да се кликне на сликата за PayPal и да ставите сума која мислите дека е доволно добра. 😃 Ви благодариме. 🙏🙏🙏 Со вашата уплата ќе бидеме охрабрени да пишуваме повеќе за актуелни теми. #тековнасостојба003953
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page












