top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Како-да: Пополнување на налог за подигнување на готовина за материјални трошоциIn Сметководство и финансии·13 март 2019 г.За потребите на фирмата од готовина, се пополнува налог за исплата на готовина - урнек од налогот е прикажан на сликата. На левата страна се пополнуваат податоци за фирмата какви што се назив, трансакциска сметка, цел на исплата и се става потпис од лицето кое е овластено за потпишување на налози во банка. Кај цел на исплата може да пишува ‘материјални трошоци’, ‘патни трошоци’ или друг опис што одговара на целта за подигнување на готовина. На десната страна се запишува лицето кое ќе ја подигне готовината, неговиот/нејзиниот матичен број и износот на готовината што треба да се подигне. Секако на крајот се става и потпис. Налогот се носи во банка кај одделот за работа со правни лица. Откако ќе биде проверено и одобрено, се оди на шалтер за благајната за правни лица. И се подигнува готовината. Парите и една копија од налогот се носат во сметководство/финансии на фирмата за да се запише во благајната и да се искнижи трансакцијата. #обрасци #сметководство001237
- Пријавување и плаќање на персонален данок (физички лица)In Сметководство и финансии·24 декември 2017 г.Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на Персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година (по усвојувањето на измените на Законот за персонален данок на доход). Поедноставни постапки за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и граѓаните: Поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД); Издавање на Електронски налог за плаќање на данокот од УЈП; Намалување на грешките при пресметување и плаќање на персоналниот данок; Укинување на годишните и месечните извештаи кои исплатувачите ги доставуваат до УЈП; Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од страна на УЈП и потврда на податоците од страна на граѓаните. Брошурата можете да ја прегледате тука. Извор: Управа за јавни приходи00564
- Бизнис совет: Марјан Николовски, Emit KnowledgeIn Бизнис совети, Q&A·16 август 2018 г.Нашата приказна Emit Knowledge стартуваше од искрата да изградиме продукт-ориентирана компанија, која ќе го употреби знаењето и креативноста на тимот и множество од Microsoft-ови технологии за да создаде бизнис решенија едноставни за користење и оддржување. Поставивме високи очекувања каде квалитетот на изработка е должност ... Поставивме високи очекувања каде квалитетот на изработка е должност со цел да сме горди на продуктите кои ги испорачуваме. Мотивот беше јасен, сакавме да излеземе од услужното сивило ... Пишувајќи го краткиот опис, ми поминуваат сликите од вечерната прошетка каде со мојот другар Сашо решивме да работиме на нашиот прв продукт - социјална мрежа за квалитетна содржина (блиску до тоа што денес е medium.com). Мотивот беше јасен, сакавме да излеземе од услужното сивило како би имале повеќе време и можности да работиме на сопствените идеи и да придонесеме назад во заедницата. Нашиот последен продукт на кој што работиме е Envoice - алатка за фактурирање и online наплата ... Денес, по неполни пет години, нашето срце сеуште чука како да почнавме вчера. Нашиот последен продукт на кој што работиме е Envoice - алатка за фактурирање и online наплата преку ХалкБанк, Payoneer, PayPal, 2Checkout, KlikAndPay, Stripe, Square, RazorPay и WePay. Купче совети од фурната Секој што почнал сопствена приказна барем еднаш посветил време да размисли за себе и за својата приказна. На таа тема ќе пробам да ги сумирам моите совети во облик на листа: За мотивацијата: Твојот идол нека биде твојата утрешна верзија; Секој сам треба да си ја најде својата приказна и темпото кое му одговара; Посвети се на работите што те прават среќен, се останато делегирај; За одлуките: Одлуките поткрепи ги со податоци; Кога немаш доволно податоци, разговарај; The assumption is the mother of all fuck ups; Грешките не прават помудри. Грешките се нашиот ментор во недостаток на ментор; За времето: Парите доаѓаат и си одат но времето заминува; Времето посветено на фамилијата враќа 2 x перформанси на бизнисот; Боже дај ми трпение, но те молам побрзо; За тимот: Кариерата на индивидуалците мора да се совпаѓа со визијата и работењето на фирмата; Барај ги најспецифичните, најтешките, бунтовниците. Нивната индивидуалност, каприците и вкусовите ќе ја однесат фирмата на следното ниво; Кога индивидуалноста е загушена од културата, напредокот престанува; Барај ги и предизвикувај ги спротивностите во тимот; За парите: При сам старт научивме дека не треба да си со двете нозе во една дупка; Ако го гледаме бизнисот како математичка функција, во еден момент мора да доживее локален максимум и минимум. Спремете се за минимумот; Не се расфрлајте со парите кога ги има; За учењето: Секогаш има нешто што не знаете; Читајте секојдневно, нека работи мозокот. За тоа е наменет; Разговарајте со луѓето. Колективниот мозок често носи креативни решенија; Сумарно би рекол, бидете фокусирани и задоволни. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално. Сумарно би рекол, бидете фокусирани и задоволни. Грижете се за вашето физичко и ментално здравје и за добробитот на фамилијата и тимот. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално. Не го трујте паметот со формули и тренери за успех кои ветуваат брда и планини за вашиот бизнис преку ноќ. Бидете балансирани и уживајте го животот, убавите работи се случуваат со време, разум и доза на среќа. Имајте одличен викенд! Марјан Николовски CEO, Emit Knowledge Веб сајт: www.emitknowledge.com Facebook: Марјан Николовски www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00271
- Бизнис совет: Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин, Асеана Ројал СпаIn Бизнис совети, Q&A·25 август 2018 г.Од идеја во Индонезија до реален бизнис во Македонија Идејата за Aseana Royal Spa се роди 2006-та година, во Индонезија. Сакавме да започнеме нешто различно и авентично, нешто што го нема на нашите простори. Инспирацијата ни дојде од Индонезиската култура и традиција, и од нејзиниот однос кон убавината на телото и духот. ... развојот на нашата компанија не беше секогаш лесен. Овој наш сон стана реалност во 2008-та, кога ја отворивме нашата азиска оаза наречена Асеана Ројал Спа. Иако работиме успешно повеќе од 10 години, развојот на нашата компанија не беше секогаш лесен. ... (правиме) оаза каде што секој може да "побегне" од модерниот, брз и стресен начин на живеење. Првите 3 години работевме исклучиво со персонал којшто го носевме од Индонезија. Овој индонезиски тим од високо-квалификувани професионалци обучи подоцна 10-на наши луѓе и ние денес се гордееме со фактот дека повеќето од нив се сеуште со нас. Принципи на работа и стандарди Ова се принципите што би можеле да ги окарактеризираме како наша успешна бизнис пракса: Висок стандард на услуги Високо-квалификуван персонал од Азија, којшто подоцна на македонските колеги им го пренесе своето знаење од областа на спа терапијата Поседуваме CIDESCO диплома (тоа е светски престизна квалификација во областа на естетската терапија, засхто CIDESCO ги поставува/одредува меѓународните стандарди во оваа област од 1957 година) Всушност, ние сме единствени со такви квалификации во Македонија (а повеќе од петмина наши козметолози се обучени по стандардите на CIDESCO) Користиме органски производи со висок квалитет за нега на лицето и телото Постојано имаме тренинзи (обука) на персоналот Имаме посветен тим којшто ги следи светските трендови во областа на спа терапијата со една единствена цел - задоволни и среќни клиенти, што е всушност и нашата крајна цел. ... со посветен тим до задоволни и среќни клиенти... Бизнис совет(и) Од нашето работење ги споделуваме следните битни совети: користи светски трансфер на знаење и вештини за издвојување од конкуренцијата и поставување на повисоко ниво на услуги. Тимот постојано да се гради и да се мотивира за посветено да ги опслужува клиентите ... користи светски трансфер на знаење за издвојување од конкуренцијата ... и поставување на повисоко нива на услуги. За Aseana Royal Spa Нашата визија за Асеана Ројал Спа е да биде оаза каде што секој може да "побегне" од модерниот, брз и стресен начин на живеење. Темелите на нашата стратегија се посветеноста, креативноста, оригиналноста и постојаниот ентузијазам во работата. Facebook: Natasha Kirjazovska, Biljana Kirjazova Baharudin Instagram: aseanaroyal Web: www.aseanaroyalspa.eu.mk Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP001219
- Наместо безброј аналитички конта ... пример со „критериуми“In Сметководство и финансии·1 октомври 2017 г.На фирмите и организациите им се потребни подетални и пософистицирани извештаи и анализи. Современото деловно работење не може да се потпира само на износите на синтетските конта во сметководството, продажбата кон купувачите и набавките од добавувачите. Затоа сметководителите и фирмите воведуваат дополнителни субаналитички конта. Но наместо да се подобри анализата, најчесто се усложнува работењето, а бројните конта може да доведат до збунувачки и нецелосни информации/извештаи. Затоа се користат критериуми. Критериум (или димензија) е податок кој се додава на одредена трансакција/ставка како маркер со што програмот потоа може да ги групира ставките со слични карактеристики и лесно да ги извлекува овие групи за подетални анализи. На наредната слика има пример од главна книга заедно со книжени ставки. Како што може да се види, се користи обично конто 74010 за приходи. Каде е тогаш аналитиката? Ако се работи по старо, контото треба да содржи информација за географија, тип на производ или кој ја извршил продажбата. Наместо такво книжење, со употреба на критериуми, дополнителните информации се закачени на секоја ставка и се на располагање за преглед со клик на глувчето или комбинација на типки од тастатурата. Во нашиот случај, ако избереме една ставка со конто за приходи - 74010, покрај износот и бројот на документот, може да се видат и дополнителни информации како што се регион, тип на бизнис, група на купувач, кој е продавачот и тип на документ кој е потребен за групирање во налозите за книжење. Типични критериуми може да бидат, а нивниот број не е ограничен само на: Деловна единица: администрација, продажба и маркетинг, магацин, човечки ресурси, останато Проекти: проект 1, проект 2, проект 3, ... Група на корисници: мали фирми, поединци, државни институции Продажни канали: директна продажба, продавници, веб сајт и социјални мрежи, телепродажба Продажни тимови: тим за Македонија, тим за Европа, тим за останати земји Производни групи: мебел, окови, широка потрошувачка Кампањи: Кампања Лето 2017, Кампања Есен 2017, ... Предноста во употреба на критериумите е во тоа што не се обременува контниот план со конта според географски области или групи на производи. Со помош на критериумите во Dynamics NAV, менаџментот и одговорните во сметководството може да одредат произволен број на критериуми кои при книжење ќе се закачуваат на трансакциите, а со тоа и на ставките во главната книга и другите помошни книги. Во моментот кога ќе се книжи документот, Dynamics NAV ги чува и овие податоци за критериуми и тие може да се користат како филтри во извештаите или за збирни износи според тие критериуми. Повеќе на оваа тема има во блогот тука...00130
- Бизнис совет: Радмила Павловска, Bar Code Consultancy & ExpertiseIn Бизнис совети, Q&A·10 август 2018 г.Сопственик сум и извршен директор на “Barcode consultancy and expertise”. Во последно време се дефинирам себе како Cloud Manager. Идејата за Cloud Manager произлезе од моето сопствено искуство. Имам работено како топ менаџер и на двете страни во браншата. На едната страна бев одговорна за креирање и операционализација на маркетинг и организациски кампањи и проекти за голем број интернационални и локални брендови како што се Џони Вокер, Смирноф, Моет Шандон, Евиан, Сангрија, Криолан, и неколку асоцијации, но исто така, во улога на издавач на првото македонско списание за угостителство, BAR CODE, барав од компаниите да ги поддржат моите маркетинг проекти и да се огласуваат кај мене. ... во малите претпријатија недостасуваат компетенции и капацитети за постигнување високи резултати. Со моето искуство од повеќе од 20 години ги научив процесите на размислување и одлучување во малите и големите фирми од сферата на маркетингот, комерцијата, дистрибуцијата и хореката, и заклучив дека, особено во малите претпријатија недостасуваат компетенции и капацитети за постигнување високи резултати, било да е тоа во делот за продажбата или во делот на промовирањето. Поради тоа добив идеја дека еден менаџер на повик би бил идеално решение за било која, а особено за мали или специјализирани фирми, кои би ја добивале менаџерската услуга само кога ќе им биде потребна, со огромна заштеда на финансии, ресурси и време, без да инвестираат во кадрови и организациски решенија. Комфорт зоната не носи напредок. Застапник сум на ставот дека успешниот човек треба секогаш да биде отворен кон новите сознанија и предизвици. Комфорт зоната, според мене, не носи напредок. Сакам да пронаоѓам и да откривам, да споделувамм и да учам, но и да менторирам и да го пренесам своето знаење на помладите или понеискусните. Се гледам себе си како човек кој постојано сака да да набљудува и да анализира, да не прави чекори во празно. Не сакам рутина и недостаток на предизвици. Бизнис совет Ако претпоставиме дека повеќето успешни деловни луѓе би се сложиле околу тоа дека за успех секогаш е потребно да се има визија, дисциплина, упорност, потреба за иновација, етика, добар тим околу себе и високо ниво на знаење, јас во тој случај не би се задржувала на презентирање на совети околу овие теми, туку би се фокусирала и би се обидела да анимирам една друга тема која кај нас е малку запоставена. ... за успех секогаш е потребно да се има визија, дисциплина, упорност, потреба за иновација, етика, добар тим околу себе и високо ниво на знаење ... Мојот совет би бил: што почесто и во поголема мерка, да се практикува менторирањето односно да се популаризира деловното менторство кај нас. Зошто сметам дека менторирањето е значајно? Освен што претставува пренесуваање на знаења и вештини, менторирањето обезбедува и професионална социјализација и поддршка која на идните генерации им обезбедува деловна самодоверба и храброст. А токму овие деловни карактеристики ги лоцирам како најголеми пречки за деловен развој кај нас. Искрено верувам дека со зголемувањето на свесноста околу менторирањето ќе се даде поттик за побрз напредок и ширење на позитивна бизнис клима во сите сфери. Радмила Павловска Instragram: radmilapavlovska Facebook: Radmila Mila Pavlovska http://barcode.com.mk/ #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00295
- Најбрзо што може до прием на пари од производи и услуги преку ПејпалIn Платежни услуги PayPal и ост.·30 јуни 2023 г.За да не лутате по повеќето линкови, ова се најбитните линкови за креирање на бизнис сметка во Пејпал. Со бизнис сметката ќе можете да наплаќате преку Интернет со Пејпал. Претходна подготовка Не ја занемарувајте подготовката затоа што ако не ја изведете операцијата течно и во „еден здив“, Пејпал може да ве означи за сомнителен обид и да ви ја прекине постапката. Кој линк ви е најкористен за припрема? Овој тука на Совети за отворање бизнис сметка Пејпал за онлајн наплата на производи и услуги во Македонија. Креирање на персонална сметка Ја копирате адресата што е наведена подолу или кликнувате на линкот така како што е напишан. https://www.paypal.com/al/webapps/mpp/home Се внесуваат податоци за адреса, мобилен и друго како за Македонија. Се става и платежната картичка ВИСА тука. Мастер картичките НЕ работат со Пејпал за прием на пари. Повеќе инфо има на Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување. Надградба на бизнис сметка Откако сте креирале персонална сметка, ја копирате адресата што е наведена подолу или кликнувате на линкот така како што е напишан. https://www.paypal.com/bizsignup/ Се внесуваат податоци за фирмата или индивидуата како за во Македонија. Повеќе инфо има на линкот Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари. Проверки Направете пробни наплати со некој од вашите блиски. Повеќе инфо има на следните линкови: Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 #пејпал #paypal00951
- Успешни приказни што може да користат при креирање бизнис сметка за Paypal (наплата на производи и услуги)In Платежни услуги PayPal и ост.·27 април 2023 г.За да ја олеснам работата на оние кои сакаат да креираат бизнис сметка за наплата на производи и услуги преку Paypal, направив листа на успешни приказни од лица кои споделиле на овој форум. ✔️ Viktor Davkov Поврзување со PayPal | форум (loginsystems.biz) ✔️ Ena Vidak Успешна Пејпал сметка за примање пари во НЛБ тутунска банка | форум (loginsystems.biz) ✔️ Hypio Social Успешна имплементација на бизнис Paypal | форум (loginsystems.biz) ✔️ Marijan Bandev Успешна имплементација на Pay Pal | форум (loginsystems.biz) ✔️ Dimitar Ivanovski Активиран ПејПал за прием на пари со Visa Business од Комерцијална банка | форум (loginsystems.biz) ✔️ Bogdan Bobi Todorovski Креирав PayPal и примив пари | форум (loginsystems.biz) Се надевам дека овие линкови ќе бидат корисни. Ако сте успеале, споделете ја и вашата приказна. #paypal #пејпал Ако сте заинтересирани за консултација 1 на 1, закажете состанок на линкот подолу.00305
- Линк за отворање на бизнис сметка во ПејпалIn Платежни услуги PayPal и ост.·29 април 2020 г.Ако го немате текстот или копчето за отворање на бизнис сметка, ова е линкот за директен пристап. https://www.paypal.com/bizsignup/ Постапката за креирање на бизнис сметка е објаснета во постот: Креирање на бизнис сметка во Пејпал. #пејпал #бизниссметка002433
- Бизнис совет: Мите (Мичо) Филков, Хорти Експерт МКIn Бизнис совети, Q&A·22 септември 2018 г.Почеток и инкорпорирање на пазарот во Грција Во 1991 год. како резултат на успешноста во работата во бизнисот со цвеќе, но и неспремноста во која се затеков по распадот на еден систем, решив да ја основам фирмата Хорти Експерт МК. На почетокот со скромни амбиции и со неколку вработени, но со многу труд и работа и секако желба за успех, успеав мојот бизнис со хортикултурно уредување да го инкорпорирам на пазарот во Грција. Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Опкружен со море од ајкули, јас како една мала риба се борев чесно, знаејки дека ништо не доаѓа само по себе, дека мора да го постигнам сам па така успехот беше неминовен. Успеси и резултати ... во Вотерленд Солун, комплексот Сани Бич Халкидики, Порто Центар Солун Космос трејд центар ... Потписот на уметничките творби или дворови создадено од Хорти Експерт МК може да се види во: Вотерленд во Солун, комплексот Сани бич на Халкидики, Порто центар во Солун, Космос трејд центар, автопатот од Волос до Атина и на многу други места - се' во склад со слоганот на Хорти Експерт МК, наука и уметност во хортикултурата. ... ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина ... Со гордост кажувам дека ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина и учество во проектот за Амбасадата на САД во Коломбо-Шри Ланка. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум. Сето тоа е резултат на комплетноста во работата со создавање на уникатни дворови и скапи производи и никогаш не се плашиме да ги понудиме на пазарот. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум. Понесен од една реченица која ја прочитав додека бев млад декa "Галебот што лета највисоко гледа најдалеку" успеав да го создадам најголемиот хортикултурен бренд на овие простори со име Хорти Експерт МК. Бизнис совет(и) Како резултат на моето 27 годишно работење во приватниот бизнис ги советувам сите што сакаат да започнат со сопствен бизнис ✅ да бидат искрени, куси и секогаш присутни на самото место. Само така може да се изгради сопствен имиџ и репутација. ✅ Откријте ја и живејте ја својата цел. Немојте од дрвото да не ја видите шумата. Треба да сфатите дека ова не е социјала, ова е бизнис и секогаш станува збор за крајниот резултат. Лошите работи не се најлошото што може да ви случи, ✅ најлошо е да не ви се случи ништо. Мичо Филков Facebook: Filkov Micho За Хорти Експерт МК Хорти Експерт МК денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти и јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Главниот принцип врз кој се темели нашето работење е вклопување на градините во нивната природна средина – што го постигнуваме преку дизајнирање на градините во суптилен спој меѓу науката и уметноста. Facebook: Horti Expert MK Веб: Хорти Експерт МК Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00997
- УЈП: Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси, бруто плата 2025In Сметководство и финансии·28 јануари 2025 г.Бруто плата 2025 Управата за јавни приходи информира дека просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2025 година изнесува 63.154 денари согласно објавата од Државен завод за статистика. Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2025 година. • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2025 година изнесува 31.577,00 денари (50% од 63.154.00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 1.010.464,00 денари (16 x 63.154,00) • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2025 година за самовработено лице изнесува 757.848,00 денари (12 x 63.154,00) Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар. Просечна плата по работни во РСМ УЈП напоменува сека сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2025 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата. Извор: Управа за јавни приходи Пресметај ја твојата плата со бесплатната веб апликација на Логин Системи тука.0069
- Употреба на печатот за фирмите НЕ е задолжителен според Заменикот-министер за економијаIn Сметководство и финансии·4 декември 2019 г.Во фејсбук статус, заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски, информира дека согласно член 92, став 5 од Законот за трговските друштва, во правниот промет не е задолжителна употреба на официјален печат. Потврдувањето на кој било документ со официјален печат на друштвото не смее да се пропише со закон или друг нормативен акт или тоа да се бара од државен орган. „Ги повикувам државните органи и институции, како и правните лица, да ја прекинат праксата со барањата од правните лица да ставаат печат во правниот промет.“ пишува Кирил Колемишевски. „Да го олесниме секојдневното работење на македонските компании со почитување на македонските закони во пракса.“ #прописи #сметководство00616
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page













