top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Испечатените електронски документи се признаваат како целосно валидниIn Сметководство и финансии·4 јануари 2025 г.Вчера, 03.01.2025, Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, објави дека секој електронски документ издаден од Националниот портал или од било која друга државна институција може да се отпечати и да се користи со целосна правна валидност. Според него, измените во Законот за електронски документи овозможуваат печатените електронски документи од државните институции имаат иста легална и правна вредност како оригиналот, без потреба од дополнителна верификација. Валидноста може да се потврди со скенирање на кодот QR кој води до орииналниот документ. Испечатените електронски документи се признаваат како целосно валидни Извор: https://www.linkedin.com/posts/activity-7280871124626726912-bGV60068
- Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП системIn Сметководство и финансии·8 декември 2024 г.Постојат бројни предности на интегрираниот систем за деловно работење, ЕРП, во споредба со сметководствен програм. Ако би избирал клучна разлика, некако би се свело на разликата помеѓу поглед кон минатото и визија за иднината. Сметководствениот програм гледа назад и кажува нешто што веќе го знае самата организација. Од друга страна, ЕРП системот ги врши операциите како сметководствениот програм и помага сега, во моментот, а креира претстава за иднината за да може организацијата се развива. Подолу е мое кусо видео со објаснување ...📽👇 Клучна разлика меѓу сметководствен програм и интегриран систем за деловно работење ЕРП Видео: извадок од предавањето на КПУ обуката за сметководители во организација на ФВ Консалтинг. Кога на сето тоа ќе се надодаде и AI (вештачката интелигенција), компанијата/организацијата има широка лепеза на алатки за поддршка на бизнисот и планирање на иднината. Повеќе за ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics 365 Business Central има на линкот www.loginsystems.biz/bc. 15 мин консултација https://www.wix.app/bookings/7b61b440-e324-49a4-8ec6-250180876d6d/service/84a1a00e-9712-4f35-b1b3-7c2f910e8d32/details?d=https://www.loginsystems.biz/service-page/15-мин-консултација #ERP #ЕРП #BusinessCentral #MSDyn365BC0033
- Бизнис совет: Глигор Дачевски, Докстеам (doXteam)In Бизнис совети, Q&A·3 септември 2018 г.Бизнис инспириран од мојата пасија за софтверот Софтверот е моја пасија од мали нозе а можноста да се натпреварувам со светот на тоа поле ми претставува огромно задоволство. Во првиот момент кога беше можно во Македонија да се произведува софтвер а притоа да се пласира и со него да се натпреварува на светскиот пазар јас тоа го направив. Патот до моментот кога технологијата што ја развива DOXTEAM ја користат најголемите светски компании во полето во кои работат беше исполнет со подеми и падови, успеси и предизвици, најчесто радост и понекое разочарување ама во секој случај возбудливо патување. Соработка со Sony Нашиот прв продукт Sportypal беше избран за најдобра спортска апликација во светот за андроид во 2009 година. Во 2010 стоевме раме до раме со прелистувачот Опера во изборот за најдобра Windows мобилна апликација. Го направивме првиот heart rate monitor за мобилен телефон во соработка со Polar а Sportypal беше и првата апликација во светот што работеше на првиот smart watch на Sony. ... Sportypal беше избран за најдобра спортска апликација во светот за андроид во 2009 година. Успеавме да се договориме и создадовме заеднички продукт со Sony во кој Sportypal беше дел од понудата. Сепак и после сите успеси во развојот на Sportypal не успеавме да го продадеме на некоја од големите компании што се занимаваат со производство на спортска опрема како што тоа го направија нашите конкуренти. Сепак тоа не беше пречка ние да се развиваме и понатаму со огромна брзина. Ерата на DOXBEE (Со DOXBEE) победивме и на првата конференција за "Cloud" решенија во Амстердам / Холандија. Почнавме да го развиваме DOXBEE апликација за колаборација со документи. Победивме на натпреварот за иновативни решенија на Телеком ама победивме и на првата конференција за "Cloud" решенија во Амстердам / Холандија. Во 2012 бевме избрани за една од 25 "rising stars" компании во Европа а бевме и дел од Seedcamp од Лондон. Во 2012 бевме избрани за една од 25 "rising stars" компании во Европа ... Низ ова патешествие многу научивме како од технолошки аспект така и од бизнис, па целото тоа искуство сега го преточуваме во развој на MICROTICA едно од најнапредните технолошки решенија во моментов на светскиот пазар, во областа на "cloud and microservices infrastructure" ... целото тоа искуство сега го преточуваме во развој на MICROTICA. Бизнис совет(и) ▶️ Бидете упорни. Успехот не доаѓа преку ноќ. ▶️ Бирајте соработници кои се попаметни од вас тие ќе придонесат за развојот на вашата идеа. ▶️ Мерете го успехот, секогаш може подобро, направете измена и проверете. ▶️ Внимателно слушајте ги вашите клиенти, тие ке ви кажат се што ви е потребно да успеете. ▶️ Треба да бидете упорни и многу да работите да успеете ама оставете малку време и за фамилијата сепак таа е најважна во нашиот живот. ▶️ Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа. Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа. Глигор Дачевски Facebook: Gligor Dacevski Facebook: doXteam За Doxteam Докстеам е софтверска компанија чиј фокус се микросервисите и градење на современи софтверски решенија околу нив. Сите наши решенија се "cloud" базирани а поставени на Amazon платформата а клиенти ни се некои од најголемите светски компании во нивните сегменти како Nederman или најголемата реосигурителна компанија во светот со седиште во Цирих. Веб: www.doxteam.com Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00639
- УЈП: Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност ДДВ-01In Сметководство и финансии·11 јануари 2019 г.УЈП информира дека пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност задолжително ја поднесуваат даночните обврзници со фактичко седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во земјата чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал износот од 1.000.000 денари, даночните обврзници кои во текот на календарската година го надминат износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари, како и обврзниците кои при отпочнување со вршење на стопанска дејност проценуваат дека вкупниот промет во тековната година ќе го надмине овој износ. Пријавата за регистрација ја поднесуваат и оние даночни обврзници кои доброволно сакаат да се регистрираат зa данокот на додадената вредност, иако нивниот вкупен промет не надминува 1.000.000 денари. Пријавата за регистрација се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во тековната година. Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари, пријавата се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот. Доколку пак даночниот обврзник започнал со вршењето на дејноста во текот на календарската година, пријавата се поднесува во рок од петнаесет дена од почетокот на вршењето на дејноста. Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk Пријавата може да ја преземете тука Извор: Управа за јавни приходи #УЈП #ДДВ #Пријава00203
- Announcing: Microsoft Dynamics 365 Business Central 2025 release wave 1 plan publishedIn Microsoft Dynamics 365·28 јануари 2025 г.The plan for Dynamics 365 Business Central in 2025 release wave 1 is now published. The 2025 release wave 1 plan covers all new functionalities planned to be delivered to market from April 2025 to September 2025. In this article, you'll find the product overview and what's new and planned for Dynamics 365 Business Central. Find it at: aka.ms/BCreleaseplan Microsoft Dynamics 365 Business Central 2025 release wave 1 plan #businesscentral #msdyn365bc008
- Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купувањеIn Платежни услуги PayPal и ост.·6 април 2020 г.Постапката за креирање на сметка во PayPal за да може да се купува на Интернет или преку електронска пошта е следната. 1. Отворање на сајтот на пејпал Се оди на сајтот на Пејпал www.paypal.com и се избира Sign Up. 2. Избор на тип на сметка Се избира копчето за Personal Account и се кликнува на ОК. 3. Основни информации Се внесуваат основни информации како што се држава, Име, Презиме, емаил адреса и лозунг. Потоа се кликнува на Next. 4. Контакт информации Се ставаат податоци за контакт. Се штиклира Stay logged for faster checkout и се штиклира „I confirm ...“ откако ќе се прочита договорот и изјавата за приватност (што речиси никој не ги чита во оваа фаза 😉😉😉). Address line 2 се употребува ако адресата е подолга од вообичаено. Откако е пополнето, се кликнува на Agree and Create Account. 5. Линкување на кредитна/дебит картичка со пејпал-сметката Ако е се' во ред, се појавува следниот екран. Се кликнува на Get Started за да се линкува платежната картичка со пејпал сметката. Се внесува бројот на картичката, месецот и година на истекување и безбедносниот код (се наоѓа на задната страна од картичката. Се кликнува на Link Card. 6. Екран за успешно креирање на сметка Постапката е завршена ако се добие екран како на сликата подолу (или сличен екран). Со ова завршува постапката за креирање на сметка во Пејпал. Со оваа пејпал сметка може да се купува насекаде во светот кадешто е прифатена картичката. Посакуваме успешно купување! 🔶 Прашања или дилеми поставувајте во коментар на оваа порака. Или отворете прашање во оваа категорија ... Напомена Креирање на бизнис сметка за Пејпал се прави како надополнување на оваа постапка. Со бизнис сметката ќе може да се примаат пари од продажба на производи и услуги, или да се примаат бакшиши и донации. #paypal #пејпал #какода001846
- Интегрирано сметководство со ЕРПIn Сметководство и финансии·23 декември 2017 г.Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи. ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата. Повеќе за ERP има на постот „Општо за ERP“. На илустрацијата подолу е прикажан концептот на работа на сметководството со помош на ERP. Главната карактеристика е тоа што со самото креирање на фактурата кон купувачот и нејзиното постирање (книжење), се ажурираат помошните книги какви што се книгите на купувачи, даночната книга, книгата на артикли или услуги - за да на крајот се запише во главната книга од сметководството со соодветните потребни книжења. Сметководствен систем со ERP софтвер Слично се постапува и со другите документи. Сите други трансакции и повремени документи какви што се одлуките се запишуваат во општиот дневник и потоа се прокнижуваат. Од тука може да се заклучи дека при креирањето и затворањето на документите организацијата си го извршува потребното книжење во сметководството. Ако таквите случаи се повеќе од 90% од работењето, тоа би значело дека организацијата има реализирано сметководство од 90 и повеќе проценти. Друга важна работа е дека главните финансиски и менаџерски извештаи се креираат од една единствена Главна книга и затоа секогаш одговараат на тековната ситуација. Бидејќи книжењата на набавките и продажбите се прават во реално време, извештаите се секогаш навремени и точни. Повеќе на темата има на блогот "Трендови во сметководството кај малите фирми и невладините организации". Вашите коментари и забелешки се добредојдени. Повеќе за Венко има на https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/about0089
- Има некој искуство со 2Checkout платежниот сервис?In Платежни услуги PayPal и ост.·29 јуни 2021 г.2Checkout е платежен провајдер/сервис кој е во сопственост на Verifone. Како што може да видам, има поддршка за Македонија. Исто така поддржува преку 120 платформи за е-трговија. https://www.2checkout.com/online-shopping-carts/, меѓу кои и Ecwid, Shopify и Wix Store. Ве молам ако има некој свое искуство, сознанија и информации, да сподели во коментар на оваа објава. Ви благодарам. 👇 #2CheckOut00432
- Бизнис совет: Лукреција Маљковиќ Атанасовска, Академија за протокол на МакедонијаIn Бизнис совети, Q&A·22 август 2018 г.Патот од образованието до професијата Мислев дека во животот ќе се занимавам само со превод и толкување, бидејќи завршив англиски и италијански јазик, ама судбината ме однесе и во други води. ... судбината ме однесе и во други води. После повеќегодишна работа во странски дипломатски мисии на позиции за протокол, односи со јавност и медиуми, посакав моето знаење и искуство да го инвестирам во сопствената земја и народ. Иако можев да завршам каде било во светот за што имав можности, посакав моето искуство и знаење да го „инвестирам“во Македонија. И патувањето почна! Од 2008 сум меѓународен консултант за дипломатски и деловен протокол според акредитација на Школата за протокол од Вашингтон, најпрестижната школа за протокол во светот, која акредитира професионалци од секој регион. После повеќегодишна работа во странски дипломатски мисии ... посакав моето знаење и искуство да го инвестирам во сопствената земја и народ. Основање на Академии за протокол на Македонија и Косово Ги основав Академијата за протокол на Македонија и Академијата за протокол на Косово, го предавам нивниот курикулум за деловен и за дипломатски протокол, а работам и како надворешен предавач овде и во странство. Член сум на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија во Вашингтон, САД а се доусовршував во Европската комисија во Брисел, Регионалниот центар за обука на Стејт Департментот во Франкфурт, Националниот центар за обука во САД „Џорџ Шулц“ и Школата за професионални студии при Институтот за Форин Сервис. Никогаш не престанав да се надградувам ... Докторирав на полето на дипломатијата ... Никогаш не престанав да се надградувам, го истражував развојот на протоколот а еден од тие мои трудови беше прифатен и на Научната конференција во Харвард, Бостон. Докторирав на полето на дипломатијата, со дисертација која значеше неколку годишно истражување на кралските и модерните протоколи од 18 век па наваму. Во својата биографија имам неколку награди, од кои најмила ми е наградата на „Бенџамин Франклин“ на Стејт Департмент за развој на протоколарна датабаза за потребите на Американската амбасада. Најтешко е кога пробивате нешто ново ... Особено кога „продавате“ интелектуални услуги. Имплементација на образованието и вештините Е сега, вооружени така со образование, искуство и желба колку планина, треба својот производ, толку „нормален“во светот, да го „продадете“ тука! Најтешко е кога пробивате нешто ново – трошите енергија и трпение за да го докажете својот производ. Особено кога „продавате“ интелектуални услуги. Кај нас и дообразувањето се занемарува – мал број фирми и институции вложуваат во доусовршувањето на вработените. Па уште и протокол, кој за многумина беше „што ќе ми е мене тоа, дај нешто конкретно“!!! Треба да докажете на директорот дека е важно како се дочекуваат и седнуваат, како се организира прием или како се потпишува меморандум? Но, станува полесно откако процесот ќе почне, само ако го одржувате квалитетот и создавате мрежа на задоволни клиенти кои се вашата најдобра реклама. Со секој од моите над 500 обучени кандидати сум колешка и пријател, редовно разменуваме „протоколџиски“ искуства. Сите се многу успешни луѓе, а некои дури храбро влегоа во дипломатијата. Уживам и со детската обука со која кај нашата најмлада генерација се обидувам да им ги вградат правилата на убаво однесување и манири. Наивно е да се помисли дека за започнувањето на сопствен бизнис ви треба само знаење и образование ... Наивно е да се помисли дека за започнувањето на сопствен бизнис ви треба само знаење и образование – потребни се солидни почетни финансии и многу желба за да се совладаат и научат сите закони, подзакони и правилници. Уште понаивно е да се помисли дека профитот ќе ви се слева во џеповите уште веднаш – ако се надевате на тоа, откажете се уште веднаш! Уште понаивно е да се помисли дека профитот ќе ви се слева во џеповите уште веднаш ... Бизнис совет(и) 1. > Сакај ја професијата Ќе мора многу да ја сакате својата професија за да можете ги издржите сите македонски Сцили и Харибди! Македонија не е лесна за приватен бизнис, но импровизациите пропаѓаат, а вистинските остануваат! Секогаш бидете од вторите! Македонија не е лесна за приватен бизнис ... Работете го само она за кое сте навистина квалификувани и најдобри ... Работете го само она за кое сте навистина квалификувани и најдобри - веднаш се гледа кога предавате со слајдови симнати од интернет, а кога навистина го знаете она за кое зборувате! 2. > Не престанувај да учиш Никогаш, ама никогаш не престанувајте да учите! Не е лесно да инвестирате во сопственото надградување, но посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера. Светот постојано оди напред и мора да држите чекор со промените дури и кога не можете инстантно да ги примените! ... посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера ... Светот постојано оди напред ... Д-р Лукреција Маљковиќ Атанасовска Академија за протокол на Македонија Facebook: Lukrecija Maljkovic Atanasovska За Академија за протокол на Македонија Академијата за протокол на Македонија® е единствена институција од ваков вид во земјата која нуди обука за протокол и етикеција по сертификација на Школата за протокол во Вашингтон®. Наставната програма е професионално дизајнирана и ја следи теоријата на образување на возрасни преку вклучување на индивидуален пристап кон учењето. Опфаќа модули кои се однесуваат на деловната етикеција, дипломатскиот протокол, организација на настани, крос-културолошките аспекти во работењето и говорништвото. https://www.facebook.com/akademijaza.protokol/ www.protocolacademy.org Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00280
- Како-да: Онлајн наплата на производи и услуги - без креирање на веб сајтIn Платежни услуги PayPal и ост.·17 октомври 2021 г.Периодот на корона ја забрза потребата на бизнисите за наплата на своите производи и услуги преку Интернет. Наместо луѓето да доаѓаат во угостителските и другите објекти за да ги подигнат производите, сопствениците на бизниси и нивните менаџери (може да) се ориентираат кон директна достава до адресите на своите купувачи. Традиционални начини на наплата и нивни ризици При испораката на производите до крајниот потрошувач, до неговата врата, може да се јаваат повеќе проблеми, меѓу кои и наплатата. Традиционално, наплатата може да се изведе на повеќе начини: Самиот бизнис да има веб сајт со можности за е-трговија односно веб сајт со можности за наплата со картички Наплата на лице место со кеш со/или без фискална сметка Купувачот да се пишманил или да дал погрешна адреса Сите овие начини на наплата имаат свои ризици и трошоци. 1️⃣ Првиот начин преку веб сајт не е погоден за оние бизниси кои немаат свој веб сајт, не се сигурни дали ќе им тргне со електронската комерција или самиот бизнис не е адекватен за да се вложува во веб сајт. 2️⃣ Вториот начин е проблематичен заради испораката на фискалната сметка, а и регулирање со кусурот. Алтернативно може да се носи мобилен фискален апарат, но ако бизнисот го нема, ќе треба да го набави. 3️⃣ И третиот случај, кој може да биде доста чест е нарачката да е направена, но адресата да не е точна или купувачот да се пишманил. За горенаведените начини и случаи за наплата, Пејпал овозможува наплата со речиси Нула иницијални трошоци и сигурност во наплатата. При трансакциите со пејпал, и добавувачот и купувачот се заштитени во случаи на злоупотреби како на пример, купувачот да платил, а добавувачот да не испорачал. Добавувачот е заштитен бидејќи тој ја наплатува сметката однапред и има можност да направи и фискална сметка. При ваквата достава, доставувачот не треба да се грижи за наплата или да носи пари за кусур. Постапка за наплата преку Пејпал Пред да се започне со наплата преку Пејпал, се отвора бизнис сметка, 📌 Отворање на бизнис сметка. Сопственикот на бизнис или менаџерот треба да отвори бизнис сметка во Пејпал и да поврзе платежна картичка од домашните банки. Картичката може да биде деловна, но може да биде и приватна. Оваа постапка се прави еднаш, на почетокот. Корисни линкови: 📃 Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) 📃 Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал 📃 Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донации Откако е отворена бизнис сметката и е функционална и поврзана платежната картичка, се отвора дешбордот на Пејпал на адресата https://www.paypal.com/ или https://www.paypal.com/mep/dashboard. Се бара копчето/командата Request Money и се кликнува на истото. Се појавува екран со место за внесување на емаил адреса, корисничко име или мобилен телефон - види слика подолу. Мобилен телефон не е на располагање за Македонија. Се става или Пејпал-корисничкото име на купувачот (ако е познато или купувачот го достави) или се става емаил адреса. Откако ќе се стави информација за купувачот, се притиснува на копчето Next. Кога ќе се појави екранот Request Payment, се внесуваат податоците: (1) се избира валутата, (2) се става износот на сметката, (3) се запишува белешка/коментар за да се знае за што се бара пари, и се кликнува на Request Payment. Ако е успешна операцијата, ќе се добие екран како на сликата подолу. Во исто време, купувачот ќе добие емаил порака со информации како на следниот екран. Купувачот ќе треба да притисне на копчето Pay Now и да го плати износот. Парите од купувачот ќе „легнат“ на бизнис сметката на продавачот. Корисни линкови: 📃 Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП 📃 Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 📃 Како-да: Пренос на заработеното преку Пејпал -->> на салдото од вашата платежна картичка 📃 Како-да: Креирање на профил PayPal.me за едноставно прибирање на бакшиши, донации и плаќања од купувачи 📃 Секој први во месецот, Пејпал автоматски префрла се' што има од сметката накај платежната картичка За прашања и бесплатни одговори, посетете го форумот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost или коментирајте подолу на оваа објава. Ако е потребна консултација 1-на-1, кликнете на линкот Book Now (напомена: оваа услуга се наплатува). #paypal #пејпал00726
- Бизнис совет: Касам Зендели, Екошар, ТетовоIn Бизнис совети, Q&A·12 септември 2018 г.Фамилијарен бизнис кој почива на долгугодишна традиција Eкошар доо почна со работа во ноември 1998 како фамилијарен бизнис, основан од татко ми. Како поширока фамилија, ние сме се занимавале со овчарство од времето на прадедо ми, така што може да се каже бизнисот почива и на долгата фамилијарна традиција на правење овчо сирење и биено сирење - горе на Шара! ... од 200 литри до 27 тони на ден. Нашите производи се пласираат тука во Македонија и дел во Косово. Првиот ден во фабриката сме почнале со 200 литри, а сега работиме до 27 тони/ден. Нашите производи се пласират тука во Македонија и дел во Косово. Иначе сега имаме широка производна палета и увозна (производи што не ги правиме тука), која што и е добро позната на нашите потрошувачи. Имаме над 700 фармери кои што месечно добиват прилично добри приходи од млекото што ни го носат. ... во село Алданци, Крушево, постоечки објект од 4 илјади квадрати го пренаменуваме во модерна производна единица ... Нашата програма е таканаречената “тврда програма” - а во тек е нова инвестиција во село Алданци, Крушево. Таму, постоечки објект од 4 илјади квадрати го пренаменуваме во модерна производна единица за тврда и течна млечна програма, различни видови на македонски сирења, млеко, кисело млеко, јогурти, ајран, павлака. За прв пат во нашата земја и типот на сирење Edamer! За прв пат во нашата земја и типот на сирење Edamer! Нашиот успех се базира врз квалитетот, традицијата, напорната работа (hardworking), не откажувањето од нашите иницијативи, и инвестициите во know-how и технологијата. Бизнис совет За младите и потенцијалните претприемачи имам да ги советувам следното: ✅ Иновативност. Да се концентрират на иновативни идеи, производи или услуги, посебно во ИТ секторот. ✅ Учење на професии и занаети. Да учат професии и занаети, за да можат било каде да кажат: Да, јас сум тој и тој, ја знам оваа дејност или работа. ... да можат било каде да кажат: Да, јас сум тој и тој, ја знам оваа дејност или работа. Пошто многу од младите денес завршуват некое школо, а у ствари не знаат ништо да работат. Доста е со дипломирани студенти, ни требаат студенти што знаат (да работат). Касам Зендели Facebook: Kasam Zendeli За Екошар Ekosharr е компанија која постои 20 години, а за овој краток период на своето постоење одбележа нагорен тренд на развој. Во изминатиот период постојано е присутна на пазарот со тенденција да стане активно извозна ориентирана компанија. Ekosharr произведува 950 тони сирење, 245 тони кaшкавал и 172 тони биено сирење годишно. Веб: www.ekosharr.com Facebook: Eko Sharr Official Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00364
- Ограничување на страната на контата - црвено сторноIn Microsoft Dynamics 365·5 февруари 2017 г.Кога се книжи трансакција, Dynamics NAV става износ во контото на Должи или побарува во зависност од износот - ако е позитивен, се пополнува Должи, ако е негативен се пополнува Побарува. Ваквата пракса е добра ако трансакциите не се корекција на некоја друга трансакција или документ. Ако има сторно на трансакција, наместо со минус на истата страна од оргиналната трансакција, Dynamics NAV повторно ја одбира страната Должи или Побарува спрема износот дали е позитивен или негативен. Прописите во Македонија наложуваат контата на класата 4 да не смеат да имаат износи во колоната Побарува освен при затворање на годината. Слични ограничувања има и кај контата во класата 7 – едните групи можат да примаат износи само во колоната Должи, а другите само во колоната Побарува. Логин Системи постави нова опција кадешто може контата да имаат ограничувања во кои колони може да примаат износи, односно на самата картичка на контото да се означи дали износите прокнижени на тоа конто ќе одат само во Должи, Побарува или на двете страни. На сликата погоре е прикажано дека контото 403316 може да има вредности само на дебит страната. На сликата подолу е дадена трансакција на сторно за потрошено гориво во износ на 500 денари и како се заведени во Главната книга. Ако не беше поставено контото да прима само дебит износи, тогаш книжењето на сторно трансакцијата во Главната книга ќе имаше изглед како на сликата подолу. Со поставувањето на опцијата на Логин Системи се задоволуваат барањата на сметководителите за црвено сторно и тие може да одредуваат самостојно на која страна (колона) ќе се ставаат износите од книжењата.00120
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page













