top of page
Резултати од пребарување
Се' (2106)
Производи (22)
Услуги (5)
Настани (18)
Блог-објави (392)
Страници (816)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Lumbalna Discus Hernia /ИШИЈАС/. Научно објаснување за природата на болеста и современите, минимално инвазивни методи на лекување.In Бизнис стил и здравје·20 мај 2019 г.00134
- Поставување на PayPal на веб сајтови направени со Wix, Weebly и WordPressIn Платежни услуги PayPal и ост.·14 април 2019 г.Поставување на копче PayPal со можност за продажба на веб сајт креиран од светски-популарните Wix, Weebly и WordPress е едноставна активност. Погледнете ги видеата подолу. Веб сајт направен со Wix Видео: Поврзување на PayPal со Wix веб сајт Веб сајт направен со Weebly Видео: Поврзување на PayPal со Weebly веб сајт Веб сајт направен со WordPress Видео: Поврзување на PayPal со WordPress веб сајт #пејпал #paypal Ако имате инфо, наведи други видеа од сајтови направени со други веб билдери.00144
- Краен рок за поднесување на пријава за регистрација на ДДВ за промет поголем од 1м денариIn Сметководство и финансии·11 јануари 2019 г.УЈП информира дека даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година. Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Истовремено, УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност. За подобро информирање на даночните обврзници – физички лица по однос на правата и обврските кои произлегуваат од Законот за данок на додадена вредност, а воедно и обезбедување на повисоко ниво на услужност и поттикнување на доброволната усогласеност на обврзниците, преземете го „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“. Водичот содржи корисни информации и упатства за предметот на оданочување со данок на додадена вредност, пресметувањето на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ, начинот на регистрација за цели на ДДВ, како и појаснувања за останатите права и обврски на даночниот обврзник – физичко лице. Водичот е изработен во соработка помеѓу Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Цивитакс – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица. Доколку според Законот за данок на додадена вредност и дополнителните појаснувања и упатства дадени во „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“ сте оствариле промет оданочив за целите на ДДВ во износ кој надминува 1.000.000 денари, потребно е да поднесете Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Пријавата ДДВ-01 може да се преземе од форумот тука или преку веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk. Погледнете ги сите рокови на календарот за рокови тука. #ДДВ #УЈП0086
- Видео: Што е ЕРП? Кои се неговите компоненти?In Сметководство и финансии·7 декември 2024 г.Кратенката ЕРП доаѓа од англискиот израз Enterprise Resource Planning (ERP). ЕРП е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се: • Продажба и маркетинг • магацинско работење • набавки и испораки, • управување со човечки ресурси, • планирање и анализа на производство и • сервис. Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина. Клучното во кратенката ERP е планирањето на ресурсите. Значи, софтверите што се нарекуваат ЕРП освен сметководството, комерцијата и магацинското работење треба да имаат функционалности за работа со ресурси. Венко Глигоров објаснува повеќе за ЕРП на предавањето деловно сметководствени софтверски системи, наречени ЕРП, во рамките на КПУ обуките за сметководители организирани од економско правен консалтинг ФВ. Што е ЕРП? Компонентите на ЕРП. #ERP #ЕРП0040
- Forbes: How To Choose the Best ERP SystemIn Microsoft Dynamics 365·18 јуни 2023 г.When evaluating an ERP system that’s best for your organization, consider core features, cost, the demo and implementation: Essential Features Integrations. As a unifying interface, the best ERP system for your company should integrate data from HR, IT, accounting/finance, CRM and whatever other suites your company uses in order to coordinate workflows across these areas of your business. Shared database. By drawing from one shared database, all connected software systems in the ERP surface real-time data for every user, no matter which module they’re accessing that data from. Automation. For cross-functional workflows that involve, for example, both HR and accounting, automations help staff in these departments complete repetitive tasks more quickly. Analytics and reporting. An ERP should deliver actionable business intelligence on internal and external factors that impact the entire business. Security. Given the sprawl of information circulating in your ERP system, it should keep your data secure. Data encryption, automatic backups, multifactor authentication and system monitoring are just a few examples of security features and measures. Types of ERP Systems On-premise. On-premise ERP software is installed on computers and servers within the organization’s offices or physical locations. It is paid upfront via a one-time perpetual license but costs will vary depending on the size of the business. If your organization is dealing with confidential information, this solution is ideal. Not only will you be able to keep information in-house, but you can also customize the module to suit your unique business processes. Cloud-based. This type of software runs on a network of remote servers—instead of an office-based server. A cloud-based ERP does not need hardware, software or specialized information technology (IT) personnel to manage servers. Moreover, it’s cost-effective, easier to maintain and faster to set up than an on-premise ERP. Despite these advantages, some cloud-based solutions offer less personalization and customizability than on-premise solutions. Rather than owning the software, you must rely on a cloud provider as long as your business depends on it. Hybrid. Those seeking the best of both worlds can opt for a hybrid ERP, which offers a mix of cloud-based and on-premise ERP solutions. This approach often includes two tiers: an on-premise ERP system for corporate functions (tier 1) and another system to support business units or locations (tier 2). These two tiers combined allow businesses to reduce costs and meet specific needs. Continue reading on Forbes: Best ERP Systems of 2023 #erp #businesscentral0049
- Бизнис совет: Петре Димитров, еМагазинIn Бизнис совети, Q&A·2 септември 2018 г.Одлучивме да провериме како е да се води бизнис во земјава По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава. ... коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“. Одлуката да основаме сопствен портал од повеќето наши пријатели и познаници не наиде на некое посебно воодушевување, од проста причина што најчестиот коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“. 🤔🤔🤔 Тоа и на нас ни беше најголемата мака, непречуствувајќи дека доаѓа сериозна криза на сите нивоа, која подоцна излезе дека ни била нашиот најголем проблем до сега. Почнавме многу наивно Да бидам искрен почнавме многу наивно. Имавме некои базични познавања што е тоа портал и како се поставуваат вести на истиот, бидејќи години наназад сме го работеле тоа, но фала Богу за брзо сфативме дека тоа е само еден сегмент од целата приказна. Така беше и со содржината. Идејата ни беше да објавуваме оргинални информации, што ќе не' издвои од другите портали, но во мал број и во магазински концепт. ... сфативме дека портал е 24/7 работа ... И во овој дел брзо се преиспитавме и сфативме дека портал е 24/7 работа, со многу информации, од ексклузивни до фактографски. ... посебно сме горди што ние со месеци работевме без пари. Податок што е многу интересен и на кој посебно сме горди, е што ние со месеци работевме без пари. И не само тоа. Се' што требаше да се инвестира, од техничка подршка до дизајн беше од наш џеб, без ничија помош. Тоа не не спречи да напредуваме во содржинскиот дел и за брзо да станеме препознатливи на преплавениот порталски пазар. И што ни е посебен ќеиф, нашите колеги новинари од другите медиуми не' обожаваат и секојдневно добиваме признание за нашата работа, а богами некои и многу често ни ги крадат информациите. Почнаа да доаѓаат и парите ... Почнаа да доаѓаат и парите, а како и во целото стопанство, не секогаш наплатата одеше сјајно. ... ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови. Сепак за сите овие пет години, уште еден податок на кој сме многу горди, е дека ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови. Немаме земано ни денар од ни една фондација или од влада. Тоа многу ни помогна да бидеме вистински новинари и да ја негуваме оваа професија, која за жал последниве години стана една од нај непочитуваните. Бизнис совет: Многу бизнис совети од развиените земји, споделени од многу попаметни луѓе од мене, во Македонија не проаѓаат. Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија. Она што мене многу ми помогна е многу упорност, трпеливост и секако многу многу работа. 🏋️ 🏋️ ✍️ ✍️ Петре Димитров Facebook: Petre Dimitrov За еМагазин еМагазин е проект на Здружението на граѓани "Центар за развој и унапредување на новинарството". Web: emagazin.mk Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00247
- Refreshed Microsoft Dynamics 365 Business Central Capability GuideIn ERP Users & Pros·18 февруари 2025 г.The refreshed Microsoft Dynamics 365 Business Central Capability Guide has been released. Few key updates are: • Sustainability management • Copilot and AI in Business Central • Supply chain management You may download it here. Microsoft Dynamics 365 Business Central Capability Guide006
- УЈП: Ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка и данок на личен доход - уредба со сила на закон на Владата на РСМIn Сметководство и финансии·15 април 2020 г.Скопје, 15.04.2020. --- Денешната прес конференција на Управата за јавни приходи беше посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. Исто така јавноста беше информирана и за Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година. Постоечко право на обврзниците од угостителска дејност, туризам и транспорт Директорката на УЈО, Лукаревска, потсети дека ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките од (COVID-19). За да го користат ова право потребно е да ги исполнуваат следните услови: Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и Да не го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените. Право за ослободување и за обврзниците од другите дејности Обврзниците од останатите дејности, правото од ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка може да го остварат доколку исполнуваат и еден од следните услови: Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или Намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките , да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или Даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти). Искористување на правото со пополнување на Барање Даночните обврзници, го остваруваат ова право со електронско поднесување на образец Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) преку системот e-Даноци на УЈП - досега до Управата за јавни приходи поднесени се вкупно 370 барања. Барање за ослободување од данок од добивка за 3 месечни аконтации Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно (март, април и мај 2020) така што обврзниците не се обврзани да поднесуваат барање за секоја аконтација посебно. Ослободување од данокот на личен доход За ослободувањето од плаќање на данокот на личен доход Лукаревска посочи дека може да го искористат обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за COVID-19. Барање за ослободување од данок на личен доход За користење на ослободувањето самовработените лица поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА) преку системот е-Персонален данок на Управата за јавни приходи. Обработка на барања Управата за јавни приходи овозможува автоматска обработка на поднесените Барања при што обврзникот добива повратна порака за статусот на Барањето. 👉 Ако обврзникот добие порака дека Барањето е комплетно и е прифатено, автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за месеците март, април и мај 2020 година. 👉 Ако обврзникот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредно поднесени барања ќе добијат статус на отфрлени. 👉 Ако обврзникот направил грешка при пополнување, поради што барањето е отфрлено, истиот треба да поднесе ново барање. Извор: Управа за јавни приходи #данок #коронавирус #финансии00197
- Насоки на УЈП во врска со примената на Законот за данок на личен доходIn Сметководство и финансии·30 декември 2018 г.Управата за јавни приходи на својата веб страница објави насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход. Законска основа Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година. Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход. Законот може да се преземе тука. Видови на доход Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови на доход остварени во земјата и во странство: доход од работа; доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права; доход од продажба на сопствени земјоделски производи; доход од права од индустриска сопственост; доход од закуп и подзакуп; доход од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа; доход од осигурување и друг доход. Стапки на данок на доход Данокот на доход, за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, СЕ ПЛАЌА ПО ПРОГРЕСИВНИ СТАПКИ и тоа: Данокот на доход, за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, СЕ ПЛАЌА ПО ЕДИНСТВЕНА СТАПКА ОД 15%. Аконтација на данокот по одбивка од исплатувач Аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка, при секоја исплата на следните видови доход: Аконтација на данокот што ја пресметува обврзникот - физично лице Во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход за следните видови на остварен доход: Важни напомени Аконтациите на данокот на доход по одбивка СЕ ПРЕСМЕТУВААТ И ПЛАЌААТ СПОРЕД СТАПКАТА ШТО ВАЖИ НА ДЕНОТ НА ИСПЛАТАТА НА ДОХОДОТ, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе СЕ ПРЕСМЕТУВА И ПЛАЌА СПОРЕД СТАПКАТА И ДАНОЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ ШТО ВАЖАТ ЗА МЕСЕЦОТ ЗА КОЈ СЕ ПРЕСМЕТУВА И ИСПЛАТУВА ПЛАТАТА, НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА, ПЕНЗИЈА И ИСПЛАТА ПО ОСНОВ НА ДЕЛОВНА УСПЕШНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ. Аконтациите на данокот на доход по одбивка за платата за месец декември 2018 година се пресметува и плаќа по стапка од 10 проценти (без примена на прогресивното оданочување) и личното ослободување кое важи за 2018 година. Системот е-Персонален данок е соодветно прилагоден согласно новиот Закон за данок на личен доход и ќе започне со примена на 03.01.2019 година. Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17). Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07,159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17). Извор: УЈП објава - НАСОКИ ВО ВРСКА СО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД (28.12.2018) #данок #доход00934
- ФВ Консалтинг: Минимален и максимален регрес за годишен одмор за 2022 година (К-15)In Сметководство и финансии·26 јули 2022 г.Економско-правното биро ФВ Консалтинг со електронска порака до своите корисници испрати информација за платите во јули 2022 година. Во делот на надоместоците на трошоци за вработени во приватниот сектор, а согласно соопштението од Државниот Завод за Статистика, ДЗС, бр. 4.1.22.66 и 4.1.22.67 од 22.07.2022 година, граничните износи за регресот за годишен одмор се: 🔶 Минималниот нето износ на регресот за годишен одмор (К15) изнесува 12.535 денари. 🔶 Максималниот износ на регресот (К15) изнесува 33.820 денари. (види табела подолу) *1 минимален износ ОКДПСС, *2 максимален износ според Законот за данок од добивка, * Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКДПСС) Ова значи дека компаниите може да пресметуваат поголем износ на регрес за годишен одмор со плаќање само на персонален данок (данок на личен доход) од досегашните минимални (види за 2021). За бруто износ на регрес поголем од 37.578 денари, компанијата треба да плати и данок од добивка. Пример: за бруто износ од 30.000 денари, државата издвојува 10% персонален данок во износ од 3.000 денари, а нетото за вработениот е 27.000 денари. Извор: ФВ Консалтинг Корисни линкови и пресметки 💡 Пресметка на регрес се прави на линкот на Управата за јавни приходи https://e-pdd.ujp.gov.mk/. 💡 За преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години 💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata #плата #plata #2022 #регрес #regres #K15 #К15004568
- Основи на сметководствен циклус со пример во Dynamics NAVIn Сметководство и финансии·3 април 2018 г.Сметководствен циклус е низа од постапки за следење на финансиски трансакции и известување за финансискиот ефект на тие трансакции. Подолу ги прикажуваме најбитните точки од овој циклус. Се случува некоја трансакција, на пример точење на гориво. Документот од трансакцијата (изворниот документ) оди во сметководството. Се анализира изворниот документ за да може да се запише трансакцијата во соодветниот дневник. Дневникот се книжи во главна книга. Се подготвува бруто-биланс. Се подготвуваат финансиски извештаи. Трансакции и изворни документи Деловните трансакции се случуваат на различни начини, а истите задолжително генерираат трага на хартија (или во електронска форма). Примери: прием на уплата, прием на средства на кредитни картички, сметки од фискални каси, откажани чекови, вратени слипови, продажни фактури, набавни порачки, набавни фактури, временски картички, слипови за депозит, чекови или копии, забелешки за позајмица. Секој изворен документ вклучува датум, износ, опис на трансакцијата, име и адреса на другата страна. Слика: сметка за гориво како изворен документ Овие изворни документи се неопходни за секој сметководствен систем. Тоа се записи од трансакциите и содржат информации потребни за следење на финансиските активности. Изворните документи и нивните записи треба да бидат сочувани како референтни податоци за во иднина, за анализа на финансиски извештаи или во случај на ревизија, како поткрепа на тие извешати. Некои повторувачки трансакции може да немаат хартиен изворен документ, какви што се трошоците за амортизација, банкарските трансакции или трошоците за работењето за кои фактурата сеуште не е доставена или платена. За ваквите трансакции, мора да се креира изворен документ, на пример, план за амортизација, извод од банкарска сметка, или план за пресметани трошоци. Општ дневник За да се заведе во книгите, трансакцијата треба да се контира односно да му се зададе соодветно конто и против-конто земено од пропишаниот контен план. Со контирањето, трансакцијата се внесува во општ дневник која е всушност „книга на оригинални ставки”. Општиот дневник во основа е хронолошка листа на трансакции, секоја со објаснување, референтен број и означување на соодветни конта (на должи или побарува) и износи. Слика: Изглед на општ дневник во Dynamics NAV Главна книга Следниот чекор е да се пренесе ставката од општиот дневник во главната книга и оваа постапка се нарекува „книжење“. Главната книга уште се нарекува и книга на трансакциски сметки (конта). Главната книга ја поедноставува анализата на ефектите од трансакциите на контата и претставува основа за составување финансиски извештаи. Секоја страна од главната книга треба да има заглавие со број на контото, негов опис и следните колони: датум на книжење на дневникот, опис на книжениот дневник, и износи за должи и побарува (дебит и кредит). Слика: Главна книга со искнижен општ дневник Ставките од општиот дневник се пренесуваат на соодветното конто во главна книга. Така секое конто ќе може да биде избалансирано во секое време: салдо на страната „должи“, салдо на страната „побарува“ и пресметаната разлика. Затворање на крај на период и подготовка на финансиски извешати На крајот од секој период, откако сите трансакции ќе се искнижат од соодветните дневници, главната книга за затвора. Потоа, износите од дневниците се пренесуваат на контата во главна книга. Следно, вкупните износи од контата се пренесуваат на контата во главна книга. На крајот, се пресметуваат вкупните износи на контата од главна книга и се добива прелиминарно крајно салдо за секое конто. Забелешка: Претходната постапка е објаснета за рачно пресметување. Кога се работи со Dynamics NAV, сите овие преноси и пресметки на салда се прават автоматски со самото пренесување (книжење) на оштиот дневник во главната книга. Со претходната постапка, прелиминарниот бруто биланс е подготвен. Сите салда на контата од главна книга се пренесуваат во бруто билансот кој претставува листа на сите конта заедно со нивните салда. Вкупното салдо на колоната должи треба да биде еднакво на вкупнот салдо на колоната побарува. Пред затворање на книгите, одредени прилагодувања треба да се направат на контата за настаните кои не се евидентирани во дневните трансакции. Овие ставки за прилагодување (анг. adjustments) се обработуваат како сите останати записи: се анализираат, внесуваат во соодветниот дневник и се книжат. Потоа контата, на кои се направени овие прилагодувања се повторно во рамнотежа, бруто билансот е подготвен со салда од секое конто од главна книга. Повторно, вкупното салдо на колоната должи треба да биде еднакво на вкупното салдо на колоната побарува. Бруто-биланс Работниот бруто биланс дава информација дали книгите се избалансирани. Тоа е листа на сите трансакциски конта прикажани во табела, секое со салдо од крајот на месецот, било на страната на должи или побарува, веднаш покрај описот на контото. Исто така, бруто билансот има две колони за должи и побарува за делот на билансот на состојба и две колони со должи и побарува за делот со билансот на успех. Откако, првите две колони од работниот бруто биланс се урамнотежени, бројките се пренесуваат во колоните од билансот на состојба или колоните од билансот на успех. Слика: Бруто-биланс Потоа, салдото на должи и побарува се пренесува од работниот бруто биланс на соодветниот дел од билансот на успех или биланс на состојба. Билансот на состојба ја покажува финансиската состојба на компанијата. Билансот на успех ги покажува сите приходи за одреден временски период, намалени за сите трошоци при генерирање на тој приход. После подготовката на финансиските извешати, неопходно е да се подготви главната книга за следниот сметководствен период. Затоа, контата за приходи и трошоци, се затвораат и нето приходот или загубата се префрлаат на други соодветни конта. Тоа се прави со затворање на периодот во општ дневник. По затворањето на периодот, конта за приходи и трошоци немаат салдо. Потоа, се подготвува конечниот бруто биланс, за да се обезбеди сите салда на контата од главната книга да бидат точни на почетокот на новиот сметководствен период. Бидејќи сите конта за приходи и трошоци се затворени на нула, овој бруто биланс ќе содржи само конта од билансот на состојба. Заклучок Ова е општо, поедноставено објаснување на сметководствениот циклус. Тоа може да се разликува согласно потребите на компанијата и нејзините процедури. Во повеќето компании процедурите се автоматизирани. Како и да е, добро е да се познаваат основите на сметководствотото. Повеќе за функционалностите на сметководството од Dynamics NAV има на линкот тука. Одговори за најчесто поставуваните прашања за Dynamics NAV има на линкот тука.00686
- Речник на поими за стратегија, нејзино формирање и изведувањеIn Стратегија и менаџмент·16 август 2021 г.Во продолжение е список на клучни поими при формирање на стратегија и нејзино изведување. Покрај секој поим е ставен линк со повеќе информации. На крајот се излистани линкови со примери и дополнителни објаснувања. Стратегија Стратегија е план за контролирање и рационално користење на ресурсите (човечки, физички и финансиски) на организацијата со цел да се промовираат и да се заштитат виталните интереси. ℹ️ Повеќе за стратегија Визија Визија е концизен исказ кој ги дефинира среднорочните и долгорочните (од 3 до 10 години) цели на организацијата. Овој исказ го одредува правецот за иднината на организацијата. Одговара на прашањето: „Каде одиме?“ ℹ️ Повеќе за визија Мисија Мисија е куса изјава, обично една или две реченици, која дефинира зошто постои организацијата. Мисијата треба да ја опише фундаменталната причина за постоење на еден ентитет (фирма или институција), а особено што тој ентитет им нуди на купувачите и клиентите. Најчесто мисијата дава одговор на прашањето: „Зошто постоиме?“ ℹ️ Повеќе за мисија Вредности Вредности се искази на верувања/убедувања, норми на однесување или идеал кој го води начинот на кој организацијата мисли, изведува или реагира на ситуациите. ℹ️ Повеќе за вредности Стратешка дестинација Стратешка дестинација е квантифицирање на визијата. Ако нема бројки во исказот на визијата, тогаш бројките се ставаат во стратешката дестинација. ℹ️ Повеќе за стратешка дестинација Стратешка агенда на промени Стратешка агенда за промени е ефективен начин за одредување, сумаризирање и социјализирање на т.н. Случај за промени. Агендата ги отсликува деловните предизвици што насочуваат кон потребата од промени кај критичните перформансни димензии. ℹ️ Повеќе за стратешка агенда на промени Стратешки цели Ако постојат премногу врвни приоритети, всушност не постојат било какви врвни приоритети. Во врска со стратешките цели важно е дека треба да бидат помалку, приоретизирани, мерливи и да може да се стават во резултатна табела (анг. scorecard). ℹ️ Повеќе за стратешки цели Вредносна дупка Вредносна дупка е финансиска разлика меѓу постоечките и новите/посакуваните перформанси. Тоа е почетна точка во креирањето на стратегијата. Без одредување на големината на вредносната дупка, многу е тешко да се разберат изворите и потребниот степен на подобрување во идното финансиско работење. ℹ️ Повеќе за вредносна дупка Стратешка намера Стратешка намера се дефинира како исказ за тоа каде (да) се движи една организација. Таа подобро открива што сака организацијата да постигне на долги патеки. Стратешката намера има за цел енормно да ја растегне организацијата за да ги постигне очекуваните резултати. ℹ️ Повеќе за стратешка намера Стратешки принцип Стратешки принцип е фраза која тера на акција и е лесна-за-помнење. Таа ја прочистува корпоративната стратегија до нејзината уникатна есенција и може да се комуницира лесно низ организацијата. ℹ️ Повеќе за стратешки принцип Стратешки процес Создавањето на стратегијата и неговата имплементација треба да се земат како еден процес во кој еден сет од активности ги трансформира влезовите во излези. Создавањето на стратегијата тргнува од мисијата на организацијата која ја одредува целта за која постои за своите сопственици и купувачи. Врз основа на мисијата, врвните менаџери на организацијата поставуваат мерливи цели за остварување на визијата на организацијата (за визија види тука). ℹ️ Повеќе за стратешки процес Стратешка мапа Стратешката мапа и’ овозможува на организацијата да ги опише и илустрира целите, иницијативите и таргетите, метриките за да се постигне одредено ниво на перформанси како и врските што се неопходни за стигнување до стратешкото одредиште. ℹ️ Повеќе за стратешка мапа Balanced Scorecard Balanced Scorecard е методологија која им овозможува на менаџерите да го гледаат работењето од четири важни перспективи. Тој дава одговори на четири основни прашања: Како не’ гледаат клиентите? Во кои области треба да се подобриме? Можеме ли во континуитет да се подобруваме и да создаваме вредности? Како изгледаме кај сопствениците и засегнатите страни (гласачи, корисници на услуги)? ℹ️ Повеќе за Balanced Scorecard Инфраструктура за креирање и изведба на стратегија Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци. Податоците за надворешните фактори организацијата ги прибира од статистичките извештаи за земја или одреден пазар, од стопанските комори и други деловни здруженија како и од програмите на владата и локалната самоуправа. Податоците за внатрешната анализа се земаат од самиот информатички систем во организацијата. ℹ️ Повеќе за инфраструктура Листата со поими не е конечна - дополнете ја со поими што мислите дека недостасуваат. ❗️ Корисни линкови со примери: План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска Историски показатели или водечки индикатори? Разлика меѓу креирање и имплементирање на стратегија Предводење промени во 8 чекори #стратегија #изведба #balancedscorecard00204
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page











