top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Провизии на Пејпал при наплата на производи/ услуги и донацииIn Платежни услуги PayPal и ост.·24 мај 2020 г.Провизиите што ги зИма Пејпал наплата на производи и услуги се разликуваат во зависност од земјата во која се работи и е пријавена во бизнис сметката на Пејпал. При креирање на бизнис сметка во Пејпал, Пејпал доделува трговски број и назив на бизнис сметката за да се распознава од другите. Со кликнување на линкот https://www.paypal.com/businessmanage/account/aboutBusiness се добива информација слична како на сликата. За креирање на бизнис сметка посети го постот Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари. Исто така треба да се провери земјата во која ќе работите - линк https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/. Види слика подолу .... Направив неколку тест наплати на мали износи и провизиите се прикажани подолу во табелата. Прикажани на графиконот подолу, јасно се гледа дека со зголемување на износот, провизијата е помала. Нормално, нели? Каква е математиката за пресметка? Математиката за пресметка на провизии изгледа вака: 👉 4,4% на износот и плус 0,35 евра од трансакција (наплата). За помали износи излегува голема провизијата. Има начини и таа да биде помала ако се користи опцијата микро-плаќања (анг. micro-payments). Кај наплати помали од 10 долари, ваквата провизија е 6.5% на износот и 0,05 евра од трансакција. За да се овозможи ваква опција, потребно е да се пополни во Пејпал формулар и да биде одобрен. #paypal #пејпал00355
- Activate Digital Selling: Cut-and-paste no longer cuts itIn Стратегија и менаџмент·3 октомври 2020 г.Gone are the days of cold calling and cut-and-pasting of boilerplate email copy. Today, success is about quality over quantity. It means nurturing genuine relationships one-on-one, rather than firing off mass correspondence to huge audiences. Three key themes Each part of a successful process Build and strengthen relationships with key prospects When it comes to empowering a sales team to build and organize relationships with target accounts, findings prove that data management—of contacts, leads, accounts, and opportunities—ranks as the most effective component. Provide prospect insights and recommendations to inform next steps 79.7% of respondents who are successful in achieving their organizations’ goals indicate their use of data and consumer insights used to move deals forward is effective. Engage at scale 33.1% of respondents at organizations that achieve their goals say the key to success is providing sellers with access to the right tools and management platforms. 24.3% attributed their success to their defined sales process which advances leads through the funnel. Activating digital selling with Microsoft solutions such as Teams and Dynamics 365 allows companies to collaborate efficiently regardless of physical distance. Source: The power of relationship selling: How leveraging technology and personal relationships means sales success for top organizations, Microsoft Dynamics 365 and Heinz Marketing, 2019 #продажба #sales0016
- Бизнис совет: Марјан Николов, Центар за економски анализиIn Бизнис совети, Q&A·14 септември 2018 г.Почетоци Желбата за разбирање и контрола на машини/техника и технологија со практичноста преку повремено работење во Германија на компјутеризирани машини-алатки (NC/CNC) секако ја одреди мојата патека за дипломирање на машинскиот факултет во Скопје во 1996 година. Но запишан на факултет во една држава - СФР Југославија, а дипломирање во нова држава - Р. Македонија и со замена на општествено политичката формација од планска во пазарна не беше лесен предизвик за млад човек од Штип. Периодот беше таков да се затворија погоните на производните единици во РМ додека Владата во тој период силно газеше во дубиозна транзиција и приватизација. Седејќи така дома со свежа диплома на машинец во рака, a во ваков амбиент, разумот вели дека лимитот е постигнат со дипломата, но перцепцијата и визијата за самиот себе како уште еден штрајкувач и another one bites the dust го нарушува задоволството за постигнатото дипломирање на „тежок факултет“. Јасно ми стана дека дипломирањето и потрошеното време за знаења од машинство, а кои се занимаваат со законите на механиката и законите на природата и кои не се менуваат, малку можат да ми помогнат во услови на транзиција кога се менуваат законите на човекот. Јасно ми стана дека со законите на човекот се занимаваат правници и економисти и дека тие професии се потребни за промена на општествено политичката формација од планска во пазарна. Рационалноста и практичноста на инженерството беше моја компаративна предност за успешно да магистрирам економија во Рејкјавик, Исланд. И тогаш научив дека моменталното задоволство од една победа и дипломирање на машинство не можев да го прифатам како лимит за мојот животен век одреден поради транзицијата во РМ. Тогаш научив дека во променливи амбиенти лимитите се всушност нови можности за секој од нас. Дај напор за екстра милја Пред 15 години го формиравме Центарот за економски анализи. Тој произлезе од мои лични фрустрации работејќи за УСАИД како главен економист на проект за фискални реформи во Министерството за финансии. Личните фрустрации беа од инертност на администрација, од луѓе кои се блендирале во амбиентот, од постојано повторување на истите грешки. Желбата да се работи малку повеќе и на поинаков начин, да се даде дополнителен напор и да се помине екстра милја беше препознаена од УСАИД ... Желбата да се работи малку повеќе и на поинаков начин, да се даде дополнителен напор и да се помине екстра милја беше препознаена од УСАИД кои ја подржаа идејата за нова форма на влијание на граѓаните на јавните политики преку Центарот за економски анализи. Бев опкружен со млади луѓе, но ретки беа оние кои беа спремни да ја дадат онаа екстра милја ... Бев опкружен со млади луѓе, но ретки беа оние кои беа спремни да ја дадат онаа екстра милја, оној маргинален дополнителен напор за да направат разлика помеѓу она што значи да направат доволно само за нивниот интерес и за нивното оџаче да чури или да дадат уште малку напор и за развој на заедницата. Лимитирање на работење само за сопственото задоволство и интерес не дозволува развој на заедницата. Ако сакате промени, ако процесите за промени ве прават среќни и ако сакате вие да носите промени во ваков амбиент, тогаш тоа бара следење на сопствениот инстинкт и бара осет за носење одлуки за подолг рок. Бизнис совет(и) ✅ Бидете секогаш пионери во вашата област, одново и одново. Ако се препознавате, тогаш советот е едноставен лупинг алгоритам секогаш да бидете пионер во областа, секогаш освојувајте нови знаења и вештини и не очекувајте награди веднаш и сега. Имајте јасна ваша рефлексија за тоа што е тоа задоволство и успех. Тоа се променливи категории зависно од вредносните системи изградени за секој од вас поединечно. ... не очекувајте награди веднаш и сега. ✅ Креирајте ги производите секогаш први во амбиентот. За ваков пристап на работење прашањата: „ама зошто ова го работиш, тоа не функционира, рано е“ немаат смисла, особено во денешно време кога дневно се отвораат нови дејности и професии, кога дневно застаруваат професии, кога за период од неколку години застарува знаењето на дипломираните. во денешно време ... дневно застаруваат професии ... за период од неколку години застарува знаењето на дипломираните. ✅ Конечно, работете така да непознатото стане ваш советник за ваши идни успеси без лимити. Со ваков пристап на работење секогаш со себе ќе го носите она задоволство од освојување на нови знаења и возбудата за тоа како и на кој начин тие да се применат во вашето работење. Овој пристап ве ослободува од стравот од непознатото бидејќи вие дневно ќе работите со непознатото за да го вработите во нешто корисно. Лимит за личните амбиции е рационализација и замка на моментално задоволство. Претвори го во предност! Марјан Николов Facebook: Marjan Nikolov За Центар за економски анализи Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана со регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година. Главната мисија на ЦЕА е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции. Веб: https://cea.org.mk/ Facebook: Center for Economic Analyses - CEA Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00214
- Лично искуство: Работа со Пејпал во Македонија при несоодветна уплата од купувачIn Платежни услуги PayPal и ост.·1 јули 2021 г.Една фирма ни уплати за производ/лиценца преку веб сајтот (линк https://www.loginsystems.biz/mesechna-pretplata-dyn365bc). Веб сајтот ни е конфигуриран за наплата на нашите производи и услуги преку Пејпал и работи на платформата Wix Store. Повеќе за Пејпал и Wix има во објавата Поставување на PayPal на веб сајтови направени со Wix, Weebly и WordPress. Откако се разбравме со потенцијалниот купувач дека набавената месечна претплата за Dynamics 365 Business Central не е соодветно решение за нивните потреби, со едноставна операција на сајтот ја стопиравме трансакцијата (види слика 2 подолу). Стопирањето на набавката иницираше во позадина да се вратат парите на фирмата што ги уплатила (види слика подолу). Тоа е убавината во работата со Пејпал: ги заштитува купувачите од погрешни набавки или од неисполнување на обрвските на трговецот. Воедно го растеретува бизнис сопственикот на Пејпал од непотребни активности во комуникации со банки, картички, пишување поплаки и слично. Затоа „странците“ сакаат да плаќаат преку Пејпал во земји како Македонија - се чувствуваат сигурни дека нема да бидат изманипулирани и дека ако е грешка, може да се надеваат дека парите ќе им бидат вратени. Пејпал работи во Македонија И да, Пејпал за прием на пари работи во Македонија. Откако го креирав(ме) бизнис акаунтот за Пејпал со македонски картички во април 2020, досега не сме имале било какви потешкотии (како што некои кажуваат дека имале во минатото). Оваа објава е адаптација на постот на фејсбук на мојата страна. Повеќе инфо има подолу: 🗞️ Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари 🗞️ Листа на платежни картички од МК банки за прием на пари преку Пејпал 🗞️ Евидентирање на наплатата преку Пејпал во сметководството или даночната управа УЈП 🗞️ Одговори на некои често поставувани прашања за Пејпал за Македонија - јануари 2021 👉 Споделете го вашето искуство на место со клик на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-uslugi-paypal-i-ost/create-post. Да им помогнеме на другите. Благодарам! 🙏🙏🙏 #paypal #пејпал00269
- Бизнис совет: Петре Димитров, еМагазинIn Бизнис совети, Q&A·2 септември 2018 г.Одлучивме да провериме како е да се води бизнис во земјава По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава. ... коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“. Одлуката да основаме сопствен портал од повеќето наши пријатели и познаници не наиде на некое посебно воодушевување, од проста причина што најчестиот коментар што го добивавме беше: „Како ќе опстанете, врие од портали“. 🤔🤔🤔 Тоа и на нас ни беше најголемата мака, непречуствувајќи дека доаѓа сериозна криза на сите нивоа, која подоцна излезе дека ни била нашиот најголем проблем до сега. Почнавме многу наивно Да бидам искрен почнавме многу наивно. Имавме некои базични познавања што е тоа портал и како се поставуваат вести на истиот, бидејќи години наназад сме го работеле тоа, но фала Богу за брзо сфативме дека тоа е само еден сегмент од целата приказна. Така беше и со содржината. Идејата ни беше да објавуваме оргинални информации, што ќе не' издвои од другите портали, но во мал број и во магазински концепт. ... сфативме дека портал е 24/7 работа ... И во овој дел брзо се преиспитавме и сфативме дека портал е 24/7 работа, со многу информации, од ексклузивни до фактографски. ... посебно сме горди што ние со месеци работевме без пари. Податок што е многу интересен и на кој посебно сме горди, е што ние со месеци работевме без пари. И не само тоа. Се' што требаше да се инвестира, од техничка подршка до дизајн беше од наш џеб, без ничија помош. Тоа не не спречи да напредуваме во содржинскиот дел и за брзо да станеме препознатливи на преплавениот порталски пазар. И што ни е посебен ќеиф, нашите колеги новинари од другите медиуми не' обожаваат и секојдневно добиваме признание за нашата работа, а богами некои и многу често ни ги крадат информациите. Почнаа да доаѓаат и парите ... Почнаа да доаѓаат и парите, а како и во целото стопанство, не секогаш наплатата одеше сјајно. ... ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови. Сепак за сите овие пет години, уште еден податок на кој сме многу горди, е дека ние сме пазарно ориентиран портал, кој живее единствено од реклами и ПР текстови. Немаме земано ни денар од ни една фондација или од влада. Тоа многу ни помогна да бидеме вистински новинари и да ја негуваме оваа професија, која за жал последниве години стана една од нај непочитуваните. Бизнис совет: Многу бизнис совети од развиените земји, споделени од многу попаметни луѓе од мене, во Македонија не проаѓаат. Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија. Она што мене многу ми помогна е многу упорност, трпеливост и секако многу многу работа. 🏋️ 🏋️ ✍️ ✍️ Петре Димитров Facebook: Petre Dimitrov За еМагазин еМагазин е проект на Здружението на граѓани "Центар за развој и унапредување на новинарството". Web: emagazin.mk Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00246
- Испечатените електронски документи се признаваат како целосно валидниIn Сметководство и финансии·4 јануари 2025 г.Вчера, 03.01.2025, Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, објави дека секој електронски документ издаден од Националниот портал или од било која друга државна институција може да се отпечати и да се користи со целосна правна валидност. Според него, измените во Законот за електронски документи овозможуваат печатените електронски документи од државните институции имаат иста легална и правна вредност како оригиналот, без потреба од дополнителна верификација. Валидноста може да се потврди со скенирање на кодот QR кој води до орииналниот документ. Испечатените електронски документи се признаваат како целосно валидни Извор: https://www.linkedin.com/posts/activity-7280871124626726912-bGV60067
- Како се изработува потсетник за плаќањеIn Microsoft Dynamics 365·28 јули 2017 г.Dynamics NAV 2017 нуди алатка и функции за брза изработка и испраќање на потсетници за плаќање на еден или повеќе купувачи. Постапката за изготовка и испраќање на еден потсетник е опишана подолу. 1) Од менито Продажби се избира алатката Потсетници и потоа се кликнува на копчето за нов потсетник New. 2) Во картичката на новиот потсетник се внесуваат податоци за купувачот. На пример, со ставање на шифра 20000 се појавува фирма Селангориан и автоматски се пополнуваат соодветните податоци. 3) Со кликнување на копчето „Предложи линии за потсетник“, се пополнуваат линиите од потсетникот со фактурите кои не се платени. Постојат опции да се стават линии и за доспеани или за сите неплатени фактури - како на сликата подолу. Откако ќе се пополнат линиите во потсетникот, може да се ажурира нивната содржина со дополнителен текст, да се избрише некоја линија и слично. 4) Потоа се врши издавање на потсетникот со помош на копчето во рибонот најгоре од страницата. При изведбата на оваа операција, потсетникот може да се печати или да се испрати на емаил. Ако се избере опцијата за прекање по е-пошта, тогаш се задаваат податоци за примачот на пораката. Dynamics NAV може да испрати директно порака, а корисникот може да избере и да ја ажурира пораката во Outlook и потоа од таму да ја прати. 5) Кога се праќа пораката со себе носи и прикачен документ во ПДФ кој има излглед како на сликата подолу. Ова беше еден од начините за креирање и испраќање на потсетници. Во Dynamics NAV може да се креираат оддеднаш потсетници за сите должници. Исто така во Dynamics NAV може да одредите дали ќе се става дополнителен надоместок за изработката или нема да се прави тоа. Потсетниците се прават на јазик кој е одреден во картичката на купувачот. Ако имате купувачи од странство, потсетникот се праќа на англиски јазик. Алтернативно, може да се прати на германски или шпански јазик ако во Dynamics NAV се инсталирани овие јазици и подесени за работа со копијата од NAV која се користи од самата фирма. Ако имате прашања или сакате да коментирате за постот, добредојдени сте!0075
- Бизнис совет: Софија Семенпеева, Маркетинг агенција ЕфективаIn Бизнис совети, Q&A·26 септември 2018 г.Почеток со продажба во печатница Софија Мојата бизнис приказна започнува пред 15 години. Уште тогаш ја имав прецизно зацртано мојата цел и патот по кој треба да одам за да ја постигнам. Иако точно знаев што сакам, признавам дека не можев ниту да претпоставам што ме очекува. Едноставно, мислев дека се ќе биде поедноставно. ... искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење. Зад себе имам 14-годишно работно искуство, но искуството мора секогаш да се надополни со квалитетна едукација. Затоа постојано инвестирам во знаење. Тринаесет години работам во сегментот продажба во убедливо најголемиот бренд во графичката индустрија во Македонија, Печатница Софија. Компанијата е основана од моите родители и речиси 30 години успешно опстанува и се развива иако пазарните услови не секогаш се добри за водење на овој бизнис. Најтешко е кога нешто продавате. Треба да го уверите купувачот дека го добива најдоброто за своите пари ... Најтешко е кога нешто продавате. Треба да го уверите купувачот дека го добива најдоброто за своите пари, но она што е особено важно е да ја освоите неговата доверба. Да знае дека може да ви верува и секогаш да се потпре на вас, и се разбира да биде сигурен дека ќе му помогнете да расте и да се развива. Сепак, добрата приказна е залудна ако зад неа нема одличен производ. Сметам дека токму тоа е адутот на Печатница Софија. Постојано инвестираме во нови технологии и несебично го вложуваме нашиот креативен потенцијал, но и нашите емоции и знаења. Реализација на мојот сон - Ефектива Пред повеќе од шест години одлучив да работам на реализација на мојот сон. Искрено признавам дека на почетокот се плашев. Ми требаа две години за да пресечам дека ќе ризикувам наместо да останам во комфорната зона која ми ја нудеше веќе етаблираната компанија на моите родители. И никогаш не се покајав за тоа. Многумина ме разубедуваа велејќи дека не е лесно да водиш сопствен бизнис во Македонија и дека во маркетинг водите успеваат само големите риби, но токму тоа беше мотив повеќе да се обидам. Ја основав маркетинг агенцијата „Ефектива“. Ние сме едно мало, но креативно семејство, препознатливи како женски тим, но се разбира не ја исклучуваме можноста во иднина да нѝ се приклучи и припадник на спротивниот пол 😃 ... се обидуваме да создадеме нова енергија во маркетинг просторот во Македонија. Веруваме во квалитетот и креативноста што ги нудиме. Шест години се зад нас. За некого можеби малку, но за мене многу значајни. Значајни затоа што се обидуваме да создадеме нова енергија во маркетинг просторот во Македонија. Веруваме во квалитетот и креативноста што ги нудиме. И кога на сето тоа ќе се додадат искрената емоција, многу работа и постојано усовршување, убедена сум дека го имаме вистинскиот рецепт за успех. Живееме и работиме во време на исклучително лоша комуникациска култура, на креатива без емоција, на кампањи без резултати и мерливост. Живееме и работиме во време на исклучително лоша комуникациска култура, на креатива без емоција, на кампањи без резултати и мерливост. Ние пробуваме да се се бориме нудејќи го спротивното. Секој состанок со нов клиент го започнувам со став на еден мој професор: „Квалитетот е резултат на двете страни - 50% на оние кои ја предлагаат стратегијата или креативата и 50% на оној кој одлучува за неа.“ Бизнис совет(и) ✅ Ризикувајте за својот сон! Впуштајте се во ризик за работите кои искрено ги сакате и за кои имате знаење. Не се плашете. Стравот е најголемиот непријател на иницијативноста. ✅ Вложувајте во постојана едукација! Од едукација никогаш доста. Посетувајте саеми, следете новитети, учете постојано, истражувајте, читајте... Обидете се да создадете тим од луѓе кои сакаат да учат нови нешта и кои се жедни за знаење. Во спротивно ќе имате тим кој ќе биде само тег на вашата нога. ✅ Ништо не е едноставно! Ако одлучите да започнете сопствен бизнис, заборавете на помислата дека ќе биде лесно. Многу е тешко, многу препреки стојат на патот. Треба да ја најдеш работата, не ти доаѓа на тацна. Треба да ја сработиш квалитетно, да ја наплатиш, да поделиш плата на вработените, а целиот тој синџир не е лесен за носење. Има многу главоболки, но добро завршената работа е лек за сите главоболки и носи насмевка на вашето лице на крајот на денот. Има многу главоболки, но добро завршената работа е лек за сите главоболки и носи насмевка на вашето лице на крајот на денот. ✅ Имајте доверба во луѓето! Јас седнувам на маса да разговарам со клиент и од старт сакам да му верувам. Давам шанса за доверба и искрен пристап. Тоа е скапоцен дар. Демотивирачки е кога од старт поставувате гард и недоверба. Инспирирајте и слушајте ги внимателно потребите на вашите клиенти. ✅ Сите имаме лоши денови! Сите имаме лоши денови, па од старт сфатете дека и членовите на вашиот тим и клиентите имааат лоши денови. Разберете ги и дајте им шанса да се чувствуваат комотно и на свој терен. Компанијата ја градиме заедно. Сите сме заслужни и за успесите и за падовите. Сите имаме лоши денови, па од старт сфатете дека и членовите на вашиот тим и клиентите имааат лоши денови. ✅ Дефинирајте ја својата цел! Мотивира кога од спротива имаш клиент кој од старт ја кажува целта која сака да ја постигне. Тогаш можеме да разговараме за тактики и креативност. Ентузијазмот кај клиентите мотивира, но и вашиот ентузијазам ги мотивира нив. Работам и кога сум на одмор, на кафе... Работам и кога сум на одмор, на кафе... Едноставно е, идеите ти го напаѓаат умот, а креативноста и инспирацијата се насекаде. Лично, инспирација ми се едуцирани луѓе, искрени луѓе кај кои љубовта ја гледаш во нивните очи. Постојат професиналци, постајат луѓе со многу знаење. Најдете ги. Никогаш нема да го прифатам фактот дека во Македонија, конкретно во мојата професија има голем аматеризам. Најгласни се оние кои најмалку знаат. Постојат професиналци, постајат луѓе со многу знаење. Најдете ги. Само со професиналност, едукација и чесен пристап ќе изградиме квалитетно општество. И на крај, треба да го работите она што најмногу го сакате, но искрено и од дното на душата. Не се плашете од работа. Во моментов ја работам и мојата самостојна изложба и мојата книга првенче. „Црвена линија“ е името и на изложбата и книгата. Преку нив ќе споделам многу работи и интимни чувства. Сметам дека имам што да кажам и ќе го кажам на мој начин . Софија Семенпеева Facebook: Sofija Semenpeeva Instagram: sofijaart За „ЕФЕКТИВА“ Ефектива е независна маркетинг агенција, лоцирана во Скопје. Нашиот тим е составен од искусни креативци кои работат во различни области во делот на маркетингот и комуникациите. Стратегијата е столб на нашето работење, а во срцето на нашата стратегија се нашите клиенти. Тие се наши партнери. На едно место добиваат од идеја до реализација. Секоја фаза во целокупниот процес на креирање и создавање е внимателно анализирана. Нашата цел е визијата на клиентите да ја претвориме во вистинска приказна. Приказна, која нивните брендови и производи ќе ги доближи до потрошувачите и ќе создаде емотивна врска со нив. Развиваме маркетинг и комуникациски решенија на дигиталната ера. Нашата визија е поврзување на off line со on line просторите за комуникација. Ова е вистински предизвик во кој вложуваме 100% од нашата креативна енергија. Веб: https://www.behance.net/effectiva Facebook: Effectiva Ја очекуваме твојата бизнис приказна и бизнис совет на адресата www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00754
- НЛБ Банка воведува провизија за девизни сметки - дали е на повидок Пејпал за продажба?In Платежни услуги PayPal и ост.·3 ноември 2019 г.НЛБ Банка ја информира јавноста дека од 01.11.2019 година воведува провизија за водење на девизни сметки на физички лица. НЛБ Банка ја информира јавноста дека од 01.11.2019 година воведува провизија за водење на девизни сметки на физички лица. Дел од провизиите ги презентираме во табелата подолу. Повеќе информации за новата провизија можете да добиете на следниот линк Се прашуваме дали е на повидок воведување PayPal за продажба на производи? Што мислите? #paypal #пејпал001643
- Од овој 1ви Јуни забрането е плаќање на износи поголеми од 500 евра во готовинаIn Сметководство и финансии·22 мај 2019 г.Од 1ви Јуни оваа година, согласно член 182 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, („Службен весник на РМ“ бр.120/18) забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги. Дефиниции „Пари“ се готовина, жирални пари или електронски пари; „Готовина“ се книжни и ковани пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава; „Електронски пари“ се електронски пари согласно со закон; Казнени одредби Казните според горенаведениот закон се движат од 80.000 евра, преку 30000 евра 12000, а има и од 2.000 до 5.000 евра. Овие прекршочни одредби се наведени во глава VII од законот, од членовите 160 до 173. Според член 172, прекршочна постапка за сторен прекршок од овој закон не може да се поведе или води ако поминат повеќе од шест години од денот кога е сторен прекршокот. Законот можете да го преземете од сајтот на Народната банка на Република Северна Македонија. #закон #готовина00265
- Речник на поими за стратегија, нејзино формирање и изведувањеIn Стратегија и менаџмент·16 август 2021 г.Во продолжение е список на клучни поими при формирање на стратегија и нејзино изведување. Покрај секој поим е ставен линк со повеќе информации. На крајот се излистани линкови со примери и дополнителни објаснувања. Стратегија Стратегија е план за контролирање и рационално користење на ресурсите (човечки, физички и финансиски) на организацијата со цел да се промовираат и да се заштитат виталните интереси. ℹ️ Повеќе за стратегија Визија Визија е концизен исказ кој ги дефинира среднорочните и долгорочните (од 3 до 10 години) цели на организацијата. Овој исказ го одредува правецот за иднината на организацијата. Одговара на прашањето: „Каде одиме?“ ℹ️ Повеќе за визија Мисија Мисија е куса изјава, обично една или две реченици, која дефинира зошто постои организацијата. Мисијата треба да ја опише фундаменталната причина за постоење на еден ентитет (фирма или институција), а особено што тој ентитет им нуди на купувачите и клиентите. Најчесто мисијата дава одговор на прашањето: „Зошто постоиме?“ ℹ️ Повеќе за мисија Вредности Вредности се искази на верувања/убедувања, норми на однесување или идеал кој го води начинот на кој организацијата мисли, изведува или реагира на ситуациите. ℹ️ Повеќе за вредности Стратешка дестинација Стратешка дестинација е квантифицирање на визијата. Ако нема бројки во исказот на визијата, тогаш бројките се ставаат во стратешката дестинација. ℹ️ Повеќе за стратешка дестинација Стратешка агенда на промени Стратешка агенда за промени е ефективен начин за одредување, сумаризирање и социјализирање на т.н. Случај за промени. Агендата ги отсликува деловните предизвици што насочуваат кон потребата од промени кај критичните перформансни димензии. ℹ️ Повеќе за стратешка агенда на промени Стратешки цели Ако постојат премногу врвни приоритети, всушност не постојат било какви врвни приоритети. Во врска со стратешките цели важно е дека треба да бидат помалку, приоретизирани, мерливи и да може да се стават во резултатна табела (анг. scorecard). ℹ️ Повеќе за стратешки цели Вредносна дупка Вредносна дупка е финансиска разлика меѓу постоечките и новите/посакуваните перформанси. Тоа е почетна точка во креирањето на стратегијата. Без одредување на големината на вредносната дупка, многу е тешко да се разберат изворите и потребниот степен на подобрување во идното финансиско работење. ℹ️ Повеќе за вредносна дупка Стратешка намера Стратешка намера се дефинира како исказ за тоа каде (да) се движи една организација. Таа подобро открива што сака организацијата да постигне на долги патеки. Стратешката намера има за цел енормно да ја растегне организацијата за да ги постигне очекуваните резултати. ℹ️ Повеќе за стратешка намера Стратешки принцип Стратешки принцип е фраза која тера на акција и е лесна-за-помнење. Таа ја прочистува корпоративната стратегија до нејзината уникатна есенција и може да се комуницира лесно низ организацијата. ℹ️ Повеќе за стратешки принцип Стратешки процес Создавањето на стратегијата и неговата имплементација треба да се земат како еден процес во кој еден сет од активности ги трансформира влезовите во излези. Создавањето на стратегијата тргнува од мисијата на организацијата која ја одредува целта за која постои за своите сопственици и купувачи. Врз основа на мисијата, врвните менаџери на организацијата поставуваат мерливи цели за остварување на визијата на организацијата (за визија види тука). ℹ️ Повеќе за стратешки процес Стратешка мапа Стратешката мапа и’ овозможува на организацијата да ги опише и илустрира целите, иницијативите и таргетите, метриките за да се постигне одредено ниво на перформанси како и врските што се неопходни за стигнување до стратешкото одредиште. ℹ️ Повеќе за стратешка мапа Balanced Scorecard Balanced Scorecard е методологија која им овозможува на менаџерите да го гледаат работењето од четири важни перспективи. Тој дава одговори на четири основни прашања: Како не’ гледаат клиентите? Во кои области треба да се подобриме? Можеме ли во континуитет да се подобруваме и да создаваме вредности? Како изгледаме кај сопствениците и засегнатите страни (гласачи, корисници на услуги)? ℹ️ Повеќе за Balanced Scorecard Инфраструктура за креирање и изведба на стратегија Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци. Податоците за надворешните фактори организацијата ги прибира од статистичките извештаи за земја или одреден пазар, од стопанските комори и други деловни здруженија како и од програмите на владата и локалната самоуправа. Податоците за внатрешната анализа се земаат од самиот информатички систем во организацијата. ℹ️ Повеќе за инфраструктура Листата со поими не е конечна - дополнете ја со поими што мислите дека недостасуваат. ❗️ Корисни линкови со примери: План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска Историски показатели или водечки индикатори? Разлика меѓу креирање и имплементирање на стратегија Предводење промени во 8 чекори #стратегија #изведба #balancedscorecard00203
- Поим: МисијаIn Стратегија и менаџмент·6 март 2017 г.Мисија е куса изјава, обично една или две реченици, која дефинира зошто постои организацијата. Мисијата треба да ја опише фундаменталната причина за постоење на еден ентитет (фирма или институција), а особено што тој ентитет им нуди на купувачите и клиентите. Изјавата за мисија дава одговор на прашањето: Што е нашата цел? Што правиме? Зошто постоиме? Изјавата за мисија треба да ги информира менаџерите и вработените за главната цел зошто се здружиле за да продолжат да работат заедно. ( *** анг. Mission Statement is a brief statement, typically one or two sentences, that defines why the organization exists. The mission should describe the fundamental purpose of the entity, especially what it offers to its customers and clients. It answers the questions: What is our purpose? What do we do? The mission statement should inform executives and employees about overall goal they have come together to pursue. *** )0031
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page













