top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Како-да: Оспособување на VISA картичка од NLB за прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.·12 декември 2020 г.Во објавата Како-да: Проверка дали е до картичката, до банката или до акаунтот Пејпал (заедно со земјата) има детални појаснувања за проверка на евентуалните проблеми со картичката за прием на пари. Кај некои корисници има проблем со картичката иако ги „одат“ сите чекори од објавата погоре. Најчесто се случува картичката да нема доделен лимит за да може Пејпал привремено да повлече некоја мала сума за да утврди дека се работи за активна картичка. Самата картичка може да има средства, но да нема лимит. Ова решение е објаснето од @Nikola Nikovski. Тој препорачува да се обратите во банката на телефонот за поддршка за да може да доделат лимит на картичката. Повеќе на линкот. #NLB #VISA #лимит00750
- Наместо безброј аналитички конта ... пример со „критериуми“In Сметководство и финансии·1 октомври 2017 г.На фирмите и организациите им се потребни подетални и пософистицирани извештаи и анализи. Современото деловно работење не може да се потпира само на износите на синтетските конта во сметководството, продажбата кон купувачите и набавките од добавувачите. Затоа сметководителите и фирмите воведуваат дополнителни субаналитички конта. Но наместо да се подобри анализата, најчесто се усложнува работењето, а бројните конта може да доведат до збунувачки и нецелосни информации/извештаи. Затоа се користат критериуми. Критериум (или димензија) е податок кој се додава на одредена трансакција/ставка како маркер со што програмот потоа може да ги групира ставките со слични карактеристики и лесно да ги извлекува овие групи за подетални анализи. На наредната слика има пример од главна книга заедно со книжени ставки. Како што може да се види, се користи обично конто 74010 за приходи. Каде е тогаш аналитиката? Ако се работи по старо, контото треба да содржи информација за географија, тип на производ или кој ја извршил продажбата. Наместо такво книжење, со употреба на критериуми, дополнителните информации се закачени на секоја ставка и се на располагање за преглед со клик на глувчето или комбинација на типки од тастатурата. Во нашиот случај, ако избереме една ставка со конто за приходи - 74010, покрај износот и бројот на документот, може да се видат и дополнителни информации како што се регион, тип на бизнис, група на купувач, кој е продавачот и тип на документ кој е потребен за групирање во налозите за книжење. Типични критериуми може да бидат, а нивниот број не е ограничен само на: Деловна единица: администрација, продажба и маркетинг, магацин, човечки ресурси, останато Проекти: проект 1, проект 2, проект 3, ... Група на корисници: мали фирми, поединци, државни институции Продажни канали: директна продажба, продавници, веб сајт и социјални мрежи, телепродажба Продажни тимови: тим за Македонија, тим за Европа, тим за останати земји Производни групи: мебел, окови, широка потрошувачка Кампањи: Кампања Лето 2017, Кампања Есен 2017, ... Предноста во употреба на критериумите е во тоа што не се обременува контниот план со конта според географски области или групи на производи. Со помош на критериумите во Dynamics NAV, менаџментот и одговорните во сметководството може да одредат произволен број на критериуми кои при книжење ќе се закачуваат на трансакциите, а со тоа и на ставките во главната книга и другите помошни книги. Во моментот кога ќе се книжи документот, Dynamics NAV ги чува и овие податоци за критериуми и тие може да се користат како филтри во извештаите или за збирни износи според тие критериуми. Повеќе на оваа тема има во блогот тука...00127
- Ограничување на страната на контата - црвено сторноIn Microsoft Dynamics 365·5 февруари 2017 г.Кога се книжи трансакција, Dynamics NAV става износ во контото на Должи или побарува во зависност од износот - ако е позитивен, се пополнува Должи, ако е негативен се пополнува Побарува. Ваквата пракса е добра ако трансакциите не се корекција на некоја друга трансакција или документ. Ако има сторно на трансакција, наместо со минус на истата страна од оргиналната трансакција, Dynamics NAV повторно ја одбира страната Должи или Побарува спрема износот дали е позитивен или негативен. Прописите во Македонија наложуваат контата на класата 4 да не смеат да имаат износи во колоната Побарува освен при затворање на годината. Слични ограничувања има и кај контата во класата 7 – едните групи можат да примаат износи само во колоната Должи, а другите само во колоната Побарува. Логин Системи постави нова опција кадешто може контата да имаат ограничувања во кои колони може да примаат износи, односно на самата картичка на контото да се означи дали износите прокнижени на тоа конто ќе одат само во Должи, Побарува или на двете страни. На сликата погоре е прикажано дека контото 403316 може да има вредности само на дебит страната. На сликата подолу е дадена трансакција на сторно за потрошено гориво во износ на 500 денари и како се заведени во Главната книга. Ако не беше поставено контото да прима само дебит износи, тогаш книжењето на сторно трансакцијата во Главната книга ќе имаше изглед како на сликата подолу. Со поставувањето на опцијата на Логин Системи се задоволуваат барањата на сметководителите за црвено сторно и тие може да одредуваат самостојно на која страна (колона) ќе се ставаат износите од книжењата.00119
- Даночно намалување (лично ослободување) за плати за 2024 годинаIn Сметководство и финансии·17 декември 2023 г.Во “Службен весник на РСМ” бр. 263/23 од 12 декември 2023 година е објавено даночното намалување (лично ослободување) за 2024 година врз основа на данокот на личен доход, односно по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија. Почнувајќи од јануарската плата во 2024 година, даночното намалување изнесува: 1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2024 година на годишно ниво, изнесува 114.480,00 денари. 2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.540,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход. Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата почнувајќи од месецот јануари 2024 година. Месечното даночно ослободување за 2024 изнесува 9.540 денари. Даночно намалување (лично ослободување) за плати за 2024 година Корисни линкови и пресметка на плати 💡 За да се подготви МПИН за јануари 2024, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк(http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81). 💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години(https://www.loginsystems.biz/plati) 💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata(https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata) #плата #УЈП #плати00124
- Редефинирај ја својата интелигенција и постигни когнитивна извонредностIn Бизнис стил и здравје·14 мај 2024 г.Зошто само IQ не е доволен за постигнување на успех во бизнисот ? Со години луѓето го мерат својот коефициент на интелигенција т.н IQ (ај-кју), за да добијат доказ за тоа колку се “паметни”. Во некои општествени кругови, сметаат дека висок коефициент на интелигенција значи престиж и моќ. Имајќи го во предвид фактот дека коефициентот на интелигенција претставува способност на човекот да размислува и логички да резонира во исто време, да се има висок коефициент на интелигенција би значело дека некој е многу паметен. Но, зошто тогаш луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат имаат ментални и/или социјални проблеми? Без разлика дали барате животен партнер или нов вработен за вашата фирма за да процените дали некој е комплетен како личност, освен IQ, потребно е да ги процените кај избраната личност: коефициент на емоционална интелигенција EQ и коефициентот на витална интелигенција VQ. Овие два нови индикатора се показатели на базични потенцијали кој личноста ги има, а кои дирекно влијаат врз начинот на кој личноста го живее животот, како работи, каков ентузијазам има, како комуницира, итн. Од степенот на развиеност на овие два индикатори на некој начин можеме да го одредиме победничкиот, баналниот или губитнички став на личноста за себе, за животот, за работата или партнерите. Значи, за да можете да бидете во хармонија со себе и со околината повеќе не е важно да имате висок IQ, туку да имате исто така висок EQ и VQ . Всушност како и се во животот, трикот е да создадете баланс на овие три “енергии”. Што е коефициентот на витална интелигенција - VQ ? За да разберете за што зборуваме овде, да го земеме примерот на нашиот организам кој е систем во кој сите органи (срце, мозок, желудник, итн) заеднички работат за да може да останете живи. Сепак иако сите ние ја имаме истата содржина во себе, тенденцијата за живот не е иста кај сите нас. Некои луѓе изгледаат како да имаат поголем апетот за животот, Нетрпеливи се, асертивни, динамични, превземаат ризик, понестабилни се од другите луѓе, итн. За овие луѓе велиме дека имаат висок степен на Витална интелигенција. Зошто? Бидејќи нашиот степен за витална интелигенција е основен индикатор на нашиот идентитет! Тој ни го дефинира степенот со кој ние сме мотивирани да го негуваме нашиот животен план, тоа е тоа што не тера од внатре и не бутка да превземеме акција и делуваме потоа. Нашата Витална интелигенција е наш апетиот за живот ! Ако имаме ислучително низок VQ постојано ке се обидуваме да избегнеме тешки ситуации, бидејки нема да имаме енергија да се соочиме со нив. Од друга страна пак, низок VQ е важен бидејки ни обезбедува, базична контрола и трпение, особено кога се соочуваме со предизвици и тешкотии во животот. Но дали знаете дека виталната интелигенција се подига со редовно практикување на вежби за физичко и ментално здравје, еве на пример како што е јога-та. Што е коефициент на емоционална интелигенција EQ ? Емоциите се манифестираат преку комуникацијата. Обично комуникацијата ја разбираме како рационален процес, со што преку зборови се пренесува некој информација. Но, зошто тогаш информациите се забораваат или погрешно се разбираат. Тоа е затоа што вербалната комуникација поминува низ нашите емоции или чувства. А нашите емоции се начин на кој ние ги информираме другите за напредокот во нашиот живот. Сите наши емоции укажуваат на различни апекти во нашиот живот а нашиот конефициент за емоционална интелигенција го мери целокупениот потенцијал да продолжиме да живееме независно дали сме успеале во тоа или не. Колку повеке имаме позитивен ЕQ толку сме во подобро расположение и поголема е нашата шанса да преживееме и да се прошириме. ЕQ го покажува степенот на нашите емоции во сега и овде моментот. Но да не заборавиме тие се променливи и во некое идно време сигурно ќе бидат различни. Е сега бидејки сопствените емоции ве известуваат за тоа на кое ниво сте со вашите животни цели, тие се рефлектираат на вашата работа и личниот живот. Така, се што ви се случува напредокот или падовите на личен план или работа, влијаат врз вашите емоции а со тоа создаваат нови. Свесно или несвесно луѓето ги манифестираат тие емоции каде и да се. Преку нив вие им кажувате на вашиот партнер, директор или пријател, како ви е во животот, дали добро или лошо. Токму поради ова емоциите се критичен чекор во комуникацијата. Оттука за да создадете баланс во својот живот и имате добра комуникација, може да ја зголемите својата ЕQ и VQ , на еден од следните начини: • Ако сте љубител на долги разговори и анализи, може да одите на настани каде што има размена на искуства и енергија со луѓе слични на вашите потреби како што се ретрити, групи за раст и развој, танцување.. итн) и ja зголемите вашата емотивна интелигенција EQ • Ако не сте љубител на зборување за своите емоции, споделување или дружење, постојат низа техники со кој може да се само анализирате и работите на зголемување на вашата витална интелигенција VQ. Јас би ја издвоила ЈОГАТА , бидејќи преку практикување на јога вежби може да ги видите сопствените емоции и да ги канализирате вашите потреби и зголемите вашата витална сила.. Оттука ви предлагам да се приклучите од овој ЈУНИ, на Утринските Јога ритуали кои ќе се одржуваат ОНЛАЈН во работни денови, наутро од 6.45 до 7,10 - Јога вежби и задачи за подобрување на вашето ментално здравје и интелигенција ! Емоциите и виталната енергија не смееме да ги игнорираме ни кај себе, ниту кај другите. Лицата на нашите сoговорници ни зборуваат, нивниот ентузијазам или отпор исто така, исто како што и ние им “зборуваме’ на нив, преку нашето лице и тело! Вештина да умеете да го “прочиташ” соговорникот некој ја имаат во себе несвесно развиено, додека други пак ја развиваат свесно преку личен раст и развој. Како и да е, се може да научите и променете во животот, само ако доволно многу сакате ! А Ако ви треба мотив и интспирација за тоа приклучете се моите утрински јога часови кои почнуваат на 3 Јуни 2024 Билјана Пешева www.healthylifeskills.mk Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор вo Healthy YOGA0022
- Бизнис совет: Лазар Ѓуров, Институт СимбиотикаIn Бизнис совети, Q&A·18 август 2018 г.СИТЕ ПРЕЧКИ СЕ ЛЕКЦИИ. АКО СИ СПРЕМЕН ЗА РАЗВОЈ. Мојот бизнис е ПОМАГАЊЕ на луѓето и компаниите да се развиваат. Помагаме индивидуите да „СЕ РАЗБУДАТ“ и да ГО ЗЕМАТ ЖИВОТОТ ВО СВОИ РАЦЕ. Да почнат на себе да гледаат како да ЛУЃЕ СО ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ, да почнат ДА ГИ РЕШАВААТ ПРЕДИВИЦИТЕ со кои се соочуваат... наместо постојано да кукаат и се жалат колку животот е тежок, колку условите се тешки и државата не ја бива и колку другите се лоши луѓе. ... ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ. ... ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ. Да, тоа донекаде е така. Животот знае да биде тежок, условите не се идеални, државата не е најфунционална и не се сите луѓе добри. Но, ти си тука ЗА ДА СЕ БОРИШ а НЕ ДА СЕ ЖАЛИШ. Клучното прашање е: СПРЕМЕН ЛИ СИ ДА ГИ НАУЧИШ ЛЕКЦИИТЕ кои животот ти ги става ПРЕД НОС и без кои нема да можеш да мрднеш НИ МИЛИМЕТАР ПОНАТАМУ. Зошто, ИЛИ КУКАШ И УМИРАШ НА РАТИ или учиш и СЕ РАЗВИВАШ и секој следен ден СЕ „РАЃАШ“ ПОВТОРНО во нов и ПОСИЛЕН ЧОВЕК! Како дојдов до тоа да го работам томку ова? ✓ Прво бев член на просечно македонско семејство – таму научив дека НЕ Е БАШ ЛЕСНО ДА ЖИВЕЕШ СКРОМНО и без силна амбиција и решеност да бидеш господар на свој бизнис и ДА ГО УПРАВУВАШ СВОЈОТ ЖИВОТ. ✓ Потоа бев СПОРТИСТ. Во младоста бев одбојкар – таму научив КОЛКУ СЛАДОК ВКУС ИМА ПОБЕДАТА. Дека е прекрасно да играш во ускладен тим и да најдеш начин, преку фер борба ДА ГО НАДИГРАШ ПРОТИВНИКОТ И ДА БИДЕШ ПОБЕДНИК. ✓ Потоа станав ПИТОМЕЦ па АРМИСКИ ОФИЦЕР. Во војската научив што е РЕД, ДИСЦИПЛИНА, предностите и слабостите на ХИЕРАРХИЈАТА, што се ПРАВИЛА, ПРОЦЕДУРИ и што е придобивката ако тие се почитуваат. ✓ Потоа по службена должност го искусив воениот конфликт во 2001-та. Таму научив дека ЕДНО Е ТЕОРИЈА А ДРУГО Е ПРАКСА. Дека на терен личноста е поважна од теоретското знаење. Дека во реална ситуација мора да си стабилен, цврст, свој, итар, тактичен, тимски играч, коректен, храбар но претпазлив, решителен но мудар. ✓ Потоа почнав да вежбам јога и да учат други духовни техники. Зошто? Од љупобитство и желба да се себеистражам. Таму научив дека СЕ Е ВНАТРЕ! Дека клучно е да дознаеме како функционира нашата психа, нашиот ум, нашето тело, нашите емоции. Да сфатиме дека ПОТСВЕСНОТО Е ТОА КОЕ ГО УПРАВУВА ЧОВЕКОТ. Дека само со работа на себе, таму ВО ДЛАБОКОТО може да се промениме. ✓ Потоа имав среќа да следам тригодишна програма Тренинг за тренери спроведена од еден реномиран универзитет од Шведска. Таму научив што е едукација. Дека за вистинска едукација е потребна СЛОБОДА ученикот ДА ПОСТАВУВА ПРАШАЊА, да поминува низ СВОИ ИСКУСТВА, да прави анализа на својот живот и со тоа да ги поврзува материјалот кој се обработува, да поминува НИЗ КРИЗИ И ДА УЧИ ОД НИВ. Дека е возможна едукација низ слобода и личен избор. Таму научив да бидам тренер за лидерство и личен развој. ✓ Потоа запишав и завршив докторат во област на организациско однесување и лидерство. Таму научив дека ЛИДЕРСТВОТО Е КЛУЧОТ за успехот на една организација. Ама не автократското и наметливото туку тимското и спонтано лидерство. Лидерството во кое групата ТЕ ИЗБИРА и ТЕ СЛЕДИ. Таму исто научив дека на организацијата и требаат и лидерство но и менаџмент. Инспирација но и правила. Мотивирање но и јасни процедури. Двете ја прават организацијата ЦВРСТА и без можност да крахира. ✓ И на крај станав сопруг и татко. Тука ги научив НАЈВАЖНИТЕ ЛЕКЦИИ. Дека е едно е како треба а друго е КАКО МОЖЕ. Дека ПОЧИТУВАЊЕТО И ДОВЕРБАТА СЕ ПОВАЖНИ од бивањето во право. Дека РЕЛАЦИЈАТА и ВРСКАТА се поважни од докажувањето. Дека ЕМПАТИЈАТА е највисоката форма на комуникација. Дека најтешко е да примениш КОГА Е ТЕНЗИЧНО, БРЗО, БЕЗ ЈАСЕН ТЕК и кога другиот нема доволно свест (бидејќи и дете) а ти си уморен. Тогаш сфатив дека во тие ситуации треба НАЈРЕШИТЕНО и БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ, затоа што нели железото се кове само КОГА Е УСВИТЕНО И ЖЕШКО! И сето ова направи да се создаде СИМБИОТИКА и преку неа да го споделуваме нашето знаење и искуство и да им помагаме на илјадници индивидуите и на стотици организациите и да учиме едни од други. Малку се расприкажав а? 🙂 Извинете ама ми тргна 🙂 Бизнис совет(и) Ако не се откажавте до сега. Еве како награда ви ги споделувам моите бизнис совети. Ќе бидат по два совети од три области. Во склад со трите обуки кои од септември до крај на годината ќе ги реализираме во СИМБИОТИКА. Тема КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ и ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОНФЛИКТИ. Совет бр. 1 ЗБОРУВАЈ ПОМАЛКУ – СЛУШАЈ ПОВЕЌЕ И ПОСТАВУВАЈ ПРАШАЊА Долгите говоранции полни со „вака треба да правиме“ нема да донесат голем ефект. Бла бла обраќањата после првите 4-5 минути ќе направат луѓето да се „исклучат“. Кажи кратко и јасно. Што? Кој и до кога да го направи? Остави тие да ти предложат како да биде направено. Цело време слушај. Примај информации од луѓето на терен. Слушај го и тоа што го кажуваат но и тоа што не го кажуваат со зборовите туку со говорот на телото, со паравербалниот говор (начинот на кој зборуваат). Клучно поставувај прашања. Ако нешто не ти се допаѓа, наместо да кажеш „тоа е погрешно“ постави серија на отворени и затворени прашања преку кои вработениот сам ќе сфати дека тоа што го кажува е погрешно. Клучно е луѓето да ги научиме да мислам и сами да сфаќаат што е правилно а што погрешно а не ние да им кажуваме. Совет бр. 2 ТРАНСФОРМИРАЈТЕ ГИ КОНФЛИКТИТЕ – НЕ ГИ СТАВАЈТЕ ПОД ТЕПИХ Секое недоразбирање, расправија, различно мислење или конфликт кој нема да биде трансофмиран и ќе биде бутнат под тепих после одредено време ќе „засмрди“ и ќе ја труе организација. Создадете култура на отворено и конструктивно трансформирање на конфликтите во реалистични и продуктивни решенија. Така сите пречки ќе станат можности. Така вашиот тим ќе ги „меле“ предизвиците и ќе стане машина за нови, иновативни и конкуретни решенија. Тема ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Совет бр. 1 СЛЕДИ ГИ СВОИТЕ ЕМОЦИИ И НАЈДИ НАЧИН ДА ГИ ИЗРАЗУВАШ Да, ти си лидер и не ти е дозволено да покажуваш слабост во тешки ситуации. Но ти си и човек. Биди свесен дека со емоциите нема играчка. Ако ги игнорираш тие ќе продолжат да „работат“ и ќе избијат во облик на пад на мотивација, летаргија, депресија, гнев, анксиозност и сл. Најди си начин да ги изразуваш своите емоции (спорт, разговор со близок човек, најди со коуч, психолог...). Изразувањето на емоциите ќе го вентилира твојот внатрешен психички простор и ќе остави простот за нов ентузијазам, мотивација и среќа. Совет бр. 2. ВГРАДИ ЈА ЕМПАТИЈАТА ВО РЕЛАЦИЈАТА ПОМЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ И СО КЛИЕНТИТЕ Емпатијата е највисока форма на слушање и комуникација. Таа помага да ја видиме ситуација од „кондурите“ на другиот. Кога така ќе настапиме во давањето на задачите на новиот вработен (кој е уплашен), или во решавањето на конфликтот повеќу вработениот (кои се нервозни) или во продажбата и преговарањето со клиентите (кои сеуште немаат доверба во нас) или уште посложено во ституација на поплака од клиент (кој се осеќа изневерен и лут), ние ќе можеме да правиме чуда. Кога ќе научиме да ги препознаваме и трансформираме емоциите на другите тогаш сме станаме мајстори во меѓучовечките релации. Тема МЕНАЏМЕНТ НА ВРЕМЕ Совет бр. 1 Научи да кажен НЕ! Ако секоја секунда ти време 100 евра како ќе се однесуваш кон своето време? Научи да го штитиш своето време. Ти си на врвот. Сите сакат да те прашаат, да поразговараат со тебе, да им дадеш совет за да ја споделат одговорноста, да бидат во твоја близина поради можност да влијаат на одуликите. Научи да дефинираш вистински приоритети и љубезно да се извиниш и да не го расфрлаш своето време насекаде. Тоа е драгоцено. Совет бр. 2 Не заборавај дека покрај сите професионални и семејни улоги ти си и човек. Не се заборавај себе. Не можеш да истуриш ништо од празна чаша. Не се запоставувај себе и своите потреби за одмор, хоби, време со себе, лични задоволства. Грижата за себе е клучна за да продолжиш да бидеш добар менаџер, вработен, татко/мајка, сопруг/а, пријател... Однесувај се одговорно кон улогата човек. Закажи си состанок со себе во својот распоред и третирај го тој состанок како да е состанок со најважниот клиент на светот. Нема одлагање и презакажување на тој состанок. Полни се за да можеш да даваш. За сега толку. Повеќе на обуките или во следна ваква прилика J НЕКА Е ЗА УБАВО ЗА АРНО! Бидете УСПЕШНИ но не заборавајте дека треба и да сте СРЕЌНИ! Д-р Лазар Ѓуров универзитетски професор, обучувач и консултант. Претседател на Институтот СИМБИОТИКА Facebook: https://www.facebook.com/Institut.Simbiotika/ https://www.facebook.com/lazar.gjurov.blog/ Web: www.simbiotika.mk За Симбиотика Јас и мојата организација СИМБИОТИКА постоиме за ДА ГИ НАУЧИМЕ ИНДИВИДУИТЕ НА ВЕШТИНИ за подобра комуникација, за успешна трансформација на конфликтите во применливи решенија, за подобро менаџирање на своето време (читај својот живот), за развиње на својата емоционална интелигенција и уште многу способности и практично применливи техники со кои ЌЕ ГИ РЕШАВААТ СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ и ЌЕ РАСТАТ КАКО ЛУЃЕ во нешто што јас го нарекувам СУПЕР ЧОВЕК! Ние веруваме дека единствениот начин ДА ЖИВЕЕШ СРЕЌНО и ДА ПОСТИГНУВАШ УСПЕСИ е да сфатиш дека МОРАШ ДА СЕ РАЗВИВАШ. А развој значи СЕБЕОСПОСОБУВАЊЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПРЕЧКИ...дома, на работа, во зградата во која живееш, во општеството... себеоспособувањето ќе те донесе до УСПЕХ И СРЕЌА! Покрај со индивидуи работиме и со организации (компании, корпорации, граѓански организации, фондаци и сл.). Нив им помагаме да се СООЧАТ со ВНАТРЕШНИТЕ И НАДВОРЕШНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ. Некогаш брзиот раст, некогаш промената на условите на пазарот, некогаш зголемувањето на бројот на вработени, некогаш промената на технологијата, некогаш проблематичните членови на тимот, некогаш личните внатрешни предизвици ИМ СОЗДАВААТ МАКИ на манаџерите но и на вработените. Кој не водел фирма/органицација или не работел во тим не знае колку од тоа може да БОЛИ ГЛАВА ☺. Ние постоиме за да од надвор ЈА ВИДИМЕ РЕАЛНАТА СОСТОЈБА. Реално и дискректно ГИ СООЧИМЕ СО СОСТОЈБАТА и низ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЦЕС креираме решенија (нова организациска структура, нови правила или измена на постоечките, нови процедури или дополна на постоечките, дефинирање на реална визија, мисија и клучни принципи и вредности...). СИМБИОТИКА им помага на компаниите да станат СИМБИОТИЧНИ ЗАЕДНИЦИ. Заедници во кои луѓето ЌЕ СЕ НАДОПОЛНУВААТ наместо да се сопнуваат, расправаат, меѓусебно се местат и ја трошат драгоцената енергија во напред-назад НЕКООРДИНИРАНО РАБОТЕЊЕ наместо сплотени во СИМБИОЗА да тргнат во ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ и постигнување ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ. www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00518
- Каровска ДООЕЛ: Пријавување на рекламирањата на Фејсбук и ГуглIn Сметководство и финансии·13 мај 2019 г.На својата фејсбук страница, друштвото Каровска ДООЕЛ објави информација: „И физичките како и правните лица, имаат обврска да ги пријават во УЈП, своите рекламирања на FB и Google! Поднесете Барање, образец ЗД-ДО во архивата на УЈП!“ Дали некој има повеќе искуство и познавање за оваа проблематика?00126
- Видео: Целиот процес од берење маслинки до точење екстра вирџин маслинов зејтинIn Бизнис стил и здравје·25 ноември 2024 г.Целиот процес од берење маслинки до точење екстра вирџин маслинов зејтин Лани постирав видео на Фејсбук за правење екстра вирџин маслинов зејтин. Имаше неочекувано за мене, голем интерес и прашања почнувајќи од купување ваков зејтин до отворање на бизнис за правење на зејтин. Оваа година/сезона направив подетално, но сепак аматерско, видео и собрав повеќе информации. Видеото е направено во фирма која почнала оваа година со работа. Ќе видите дека се' e ново. Инвестицијата како што разбрав е 400.000 евра. Фирмата направила хала, на автопатот од Тирана за Драч, ставила машини од Италија и сега произведува зејтин за луѓе што си ги носат самите своите маслинки. За да нема забуни, расправии и мангуплаци, маслинките што си ги носиш ти ги мерат, и после чистењето се ставаат во посебна комора одделно за секој купувач - и името е „закачено“ на комората. Го има на видето. Потоа од коморите, по принципот кој прв стигнал прв се опслужува, една по една комора се обработуваат за за да се добие зејтин. Додека не заврши комората за еден купувач, не се пуштаат да се обработуваат маслинките од друг купувач. Општо земено, маслинката се гмечат за да излезе „сок“ од нејзе. Првиот сок што ќе излезе е екстра вирџин зејтинот. Останатато се меле и се прави каша од остаток на маслинките. (го има на видеото) Оваа каша може понатаму да се обработува при што ќе се добие (само) вирџин зејтин. На крајот, од кашата што ќе се добие после вирџин зејтинот, со хемикалии и висока температура се двои сувата материја од кашата и „сокот“ што се добива е зејтин што се вика помаст (анг. pomace) зејтин или кај нас познато како рафинирано масло за јадење. Помаст зејтинот е најефтин и најнеквалитетен, а најчесто се користи за пржење. На видеото е прикажано правењето на екстра вирџин маслинов зејтин, литературно се вика(ло) маслиново масло. Во зависност од маслинките, а и периодот на нивна берба, на 100 кг собрани маслинки, се добива 10 до 15 а може и 20 литри зејтин. Тоа што е битно за машините е да може да ја поткренат температурата при дробењето и гмечењето. На пример, во неомври температурите се ниски и ако се гмечи на поладно, се добива помалку зејтин - како што знаете, самиот зејтин на поладно се стврднува. Затоа ве прашуваат дали да се подзагреат маслинките во процесот на дробење за да се добие повеќе зејтин, а при тоа да не се изгуби на квалитетот на зејтинот. Моето искуство кажува дека колку маслинките се поблиску до морскиот брег, тие се помали и имаат повеќе „зејтин“ во себе. Ова не мора да е научно докажано. Само мое искуство од повеќе децениското набљудување. Плаќањето е, или (1) во процент од зејтинот, на пример фирмата задржува зејтин заради правењето, или (2) се плаќа за правењето зејтин. Не ме прашувајте за цени бидејќи видеото не содржи комерцијални информации туку процесни информации. Погледнете го видеото и ако ви е корисно, ќе ми се направи кеифот и ќе ми се исплати трудот што го вложивме со брат ми Звонко за да го направиме истото. Посакувам убава работна седмица што почнува денес. Видео: целиот процес на правење екстра вирџин зејтин На крајот на видеото ја снимив и фирмата од Италија што произведува машини за правење зејтин. Не сум застапник на таа фирма ниту работам со увоз на машини, а не ни можам да знам дали се квалитетни машините или не. #здравје #екстравирџин0070
- Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансферIn Платежни услуги PayPal и ост.·30 април 2020 г.Во објавата Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачите може да се провери дали бизнис сметката подесена да поддржува прием на пари. Од нашето досегашно искуство се покажува дека MASTERCARD не поддржува Пејпал во Македонија. Имаме сознанија дека се разговара со Мастер за овозможување. Кликнете Follow на овој пост или на целата рубрика за Пејпал за да добиете веднаш информација кога Мастеркард ќе биде расположив за прием на пари. Уште една работа што е важна е дека пријавената картичка во бизнис сметката треба да поддржува Ауто-трансфер (видете слика подолу). Лево прикажаната картичка има опција за Ауто-трансфер. Ако во бизнис сметката нема пријавено картичка што нуди Automatic Transfers - Пејпал не ги вклучува функционалностите за продажба преку Пејпал. Ова е заштита за корисниците на бизнис сметката затоа што може да се случи некој да ви плати, а Пејпал да нема механизам да ви ги префрли парите на картичката. Најдобро е тие што имаат картичка што не поддржува Ауто-трансфер - да се обратат на банката-издавач на картичката. Корисен линк: Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари #пејпал #paypal003469
- Бизнис совет: Суад Мисини, консултантIn Бизнис совети, Q&A·17 август 2018 г.ВАШИОТ УСПЕХ НЕ Е ИЗНОС, ТУКУ СОСТОЈБА За успесите не се расправа. Или, тоа се однесуваше на вкусовите? За мене, секој човек има сопствена визија за тоа што е за него успех. Како стасал до таму, која е цената што ја платил, која е маката што морал да ја менаџира. Затоа, успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае. И, како и секоја гастрономска категорија, успехот не е крајна дестинација. ... успехот е посебен вкус што секој човек може да го доживее и особено препознае. Успехот е состојба. Успех не е да имате милион долари. Да имате милион долари, значи комоција. Притоа, можете да бидете и несреќни. Познавам многу такви. И, најголемиот дел од нив, го потрошиле животот мислејќи дека милион долари е конечниот критериум на успехот. Распаднати семејства, страшни болести, искривоколчена општествена слика за себеси... и тука не мислам на оние кои на криминален начин дошле до спомнатиот милион. Или милијарда, имаме и такви. Не мислам на нив, пеколот е нивната состојба. Која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен? Долго време се обидував да дефинирам - која е магичната мирудија која го дефинира животот како успешен.., а за да го согледам тоа, морав сопствениот и патот на многу други да го обсервирам низ еден подолг период. И конечно да ја изградам сопствената дефиниција, сопствената верзија, сопствениот вкус. Со целосна свест дека менито на успех е, повторно, релативно, но сепак прекрасно во својата бескрајна паноплија на можности. ... си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. Кога татко ми ја доби својата прва пензија, првата реакција му беше: по 40 години посветена работа, со оваа пензија ќе можеме само да преживееме. Јас бев во совршена возраст за да ова длабоко емотивно признание го доживеам како комплетно трауматично искуство. Па си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. ... (и) зборот го одржав. Оттогаш поминаа неколку децении, но зборот го одржав. И покрај околината која постојано правеше врева за тоа колку е таквиот став погрешен, неодговорен и опасен. Но денес, можам прецизно да го квантифицирам ефектот од таквиот став. Забавно е, навистина: ✅кога целта на вашиот работен век е пензија, вие сте роб, а вашиот живот - пекол. ✅Кога не работите за пензија, вашиот живот е возбудлив повеќе од филм, кој постојано тече 200 на час и е крајно исполнителен. Бизнис совет: Денес, имам неверојатна привилегија од небото да можам да кажам дека ... ... да се биде инвеститор во пасивен приход е најспецифичниот зачин кој можете да го замислите. Еве што предизвикува тој чудесен зачин: 1 > пишувам порака на мобилниот, гледам екранот напукнат преку целата должина. Си велам, ајде да видам колку чини ова задоволство, а особено откажувањето од него. Одам во мобилара, прашувам колку чини некој добар ајфон, велат - 850 долари. Ги вадам од џебот последните 850 долари и опсесивно ги уплаќам во моето инвестициско портфолио. Бидејќи, во даден момент тој износ ќе содржи уште една нула. Задоволството што притоа го чувствувам е неспоредливо во однос на погледот кој ми паѓа врз екранот кога ја пишувам мојата наредна порака, која ја праќам на личниот асистент чиј пак мобилен е последен крик на технологијата... 2 > Ворен Бафет ... не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете ... Тоа што Ворен Бафет, волшебникот од Омаха, уште одамна не' залуде со неговото - вистински заработувате само кога парите доаѓаат додека спиете - мораше да се продухови за да животот не се сведе на заработување и трошење. 3 > И тука е третата, клучната мирудија во зачинот на успехот: вашиот успех е правопропорционален со бројот на луѓе на кои сте им служеле. Тој број ќе определи не само колку ќе заработите, туку и колку вашиот живот има смисол. Ако во клучниот момент, кога ќе го напуштите овој свет, немате насмевка на лицето, вашиот живот бил бесмислен. Зачинот на највкусната варијатна на успехот Тоа е зачинот на една од највкусните, секако не и единствена, варијанта на успехот: 🔶 сменете го светот на подобро со доволна цврстина да ја контролирате маката и никогаш да не се откажете од СНИШТАТА; 🔶изградете бизнис или состојба на КОНТИНУИРАНИ и ПАСИВНИ приходи кои ќе ви овозможат целото ваше време и креативност да го посветите на она или оние што ви се најдраги; 🔶ослободете се од сите замислени потреби и статусни симболи и вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани. ... вашата слобода и вашата работа нека им помогне на што поголем број луѓе - за да бидете вистински среќни и да заминете од овој свет насмеани. П.С. А сништата? Кои сништа? Па, сништа имате само ако се толку големи што се плашите од нив... 😀 Suad Missini Facebook Page: Suad Missini www.LoginSystems.biz/biznis-prikazna #МојатаРабота #БизнисСовет #БизнисПриказна #Стратегија #Менаџмент #ERP00447
- Македонското <Клавајте појќе голо'и> и Американското . Дали има разлика?In Стратегија и менаџмент·24 јануари 2021 г.Ова се две различни инструкции на тренери кон своите тимови за поставување на стратешките цели. Едната инструкција е дадена на ракометен натпревар, а другата е за натпревар во НБА кошарка. На прв поглед, првото изгледа навидум подобро и поконкретно. Дали е тоа така? Клавајте појќе голови Секој може да цели кон повеќе голови, повеќе кошови или повеќе пари. „Клавајте појќе голови“ кажува ШТО треба да се направи за да се успее - што секако е корисна инструкција. Проблемот со „клавајте појќе голови“ не кажува како да се стигне до целта и да се „клаваат“ голови. „Kлавајте голови“ е инструкција која не го тера тимот да смени нешто во играта за да има повеќе голови. Всушност, оваа инструкција како да го парализира тимот во исчекување дали ќе има повеќе голови на крајот - ваквите инструкции (може да) се мерат откако ќе заврши играта или периодот. Мерката се вика, историски параметар или заостанат индикатор. Turn Down Good Shots For Great Shots За разлика од „клавајте голови“, “Turn Down Good Shots For Great Shots“ е водечки индикатор. Тој им кажува на играчите и на тимот КАКО да постигнуваат повеќе кошеви. Тренерот им вели: не ги користете добрите позиции за шутирање туку креирајте одлични позиции за шут. Ова е инструкција која ги води играчите да преземат чекори со кои ќе создаваат подобри услови за шутирање кон кошот. А како се создаваат одлични позиции? Кога топката се движи од еден играч до друг и со тоа се пореметува одбраната - и одеднаш еден играч е слободен да шутира. Подобри услови за шутирање значи повеќе кошеви. Повеќе кошеви значи поголеми изгледи за победа. Како пример за историскиот параметар и водечкиот индикатор некои експерти го даваат возењето автомомобил - водечки индикатор е гледањето напред во шофершајбната за да се осознае патот пред тебе. Историски параметар е гледањето во ретровизор и го гледаш патот што си го поминал. 🔶 Повеќе за историски показатели и водечки индикатори во постот Историски показатели или водечки индикатори?. Исходот во двата случаи И двата параметри се битни. Всушнот максимални резултати се постигнуваат ако се во спрега. Сепак, многу потешко е да се дефинира водечки индикатор отколку историски параметар. Но и реултатите се различни и го наградуваат трудот на тој што дефинирал водечки индикатор. Во случајот со „клавајте голови“, ракометниот тим изгуби. Во случајот со екипата која имаше дефинирано водечки индикатор, не само што победи на тој натпревар во НБА туку во последните десетина натпревари е најдобар во лигата во проценти на постигнати кошеви од далечина и е во врвот на најефикасни екипи во лигата. При тоа се срушени повеќе рекорди на самата екипа во победи и проценти на уфрлени тројки. Една навидум мала инструкција го смени приодот кон играта и постави основи за натамошни победи. Што треба правиме за да имаме подобри резултати? Можеби секој од нас треба да помисли на овие два индикатори кога креира стратегија или поставува стратешки цели. Ова посебно важи за нашите политичари: кога кажуваат некоја цел, не е доволно само да се каже ШТО ќе биде целта (плата од 500 евра, на пример) туку е потребно да постават за цел КАКО ќе стигнат до целта. И секако да ја мерат изведбата на стратегијата преку заостанатиот и водечкиот индикатор. #мерењеперформанси #стратешкицели #стратегија Иницијално, постот го напишав на фејсбук страната, а се инспирирав од статијата The Clippers' New Motto: Turn Down Good Shots For Great Shots.0034
- Microsoft Update: No Purchases of Business Central Perpetual Licenses from 1st of April, 2025In Microsoft Dynamics 365·7 април 2023 г.Microsoft has announced the next stage in its efforts to modernize licensing for Dynamics on-premises business, moving towards a subscription model with unified pricing and customer choice of deployment topology. "As we continue transforming our Dynamics on-premises business, we want to further harmonize the purchasing decision across cloud and on-premises services. For most customers, we believe a Dynamics 365 online solution remains the preferred approach, but we recognize some customers will continue to require an on-premises solution." What is changing and when? Business Model Update (Business Central) Starting April 1, 2025, new customers licensing Dynamics 365 Business Central (on-premises) will use subscription licensing, with sale of perpetual licenses to new customers for these products being discontinued at that time. Pricing Update Dynamics On-Premises Subscriptions (Business Central, NAV). Over the next three years, Microsoft is targeting to better align DPL subscription prices with Dynamics 365 online CSP pricing. The initial adjustment to subscription pricing will take place on October 1, 2023. Dynamics On-Premises Perpetual (Business Central). Effective October 1, 2023, local currency perpetual license prices for Business Central (on-premises) will increase in some regions, consistent with prior Dynamics 365 online pricing changes. Dynamics On-Premises Enhancement Plans (EP/AP). Effective October 1, 2023, the annual price of Enhancement Plans (EP) and Advantage Plans (AP) will increase by 1 point (e.g., EP from 17% to 18% of PLP). #businesscentral0052
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page













