top of page
Резултати од пребарување
Се' (2121)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (15)
Блог-објави (388)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Успешно креиран бизнис paypal со дебитна картичка од НЛБIn Платежни услуги PayPal и ост.·10 декември 2020 г.Здраво дечки, денес успешно креирав и остварив трансакција на мојот бизнис пејпал профил. Без да должам, еве ја постапката: -Креирајте обичен профил (paypal за потрошувачи ((( ЗНАМ ДЕКА ОВА ЗВУЧИ ЗБУНУВАЧКИ, трпение....))) линкот можете да го најдете овде: https://www.loginsystems.biz/forum/platezhni-sistemi-paypal/kako-da-kreiranje-na-smetka-vo-paypal-za-kupuvanje -Следен чекор е во полето за националност да изберете албанско или бугарско (препорачувам албанско бидејки тоа за мене функционира во моментов), внесете ја вашата адреса, мобилен етц... -Следен чекор е од кога ке го креирате овој обичен профил да поврзете картичка, да го верификувате мејлот етц..... Потоа одјавете се и обидете се пофторно да креирате НОВ профил но овој пат одберете бизнис профил. Внесете го ИСТИОТ мејл што го користевте за вашиот обичен профил и одберете ја опцијата за апгрејд на веќе постоечкиот профил во бизнис профил. Со среќа!05905
- Сондажа: Искуства со транспорт, шпедиција и царинска постапка за мали пратки при извозIn Платежни услуги PayPal и ост.·23 септември 2019 г.Како продолжение на измената на регулативата на Народната банка како и мојот претходен пост (За да носи мед, саќето треба да е подготвено - следни чекори за PayPal) дека е потребно да се подготват работи во повеќе сегменти - отварам тема за извозот на мали пратки. Постои заинтересираност и начелна согласност кај надлежните институции за разговор и наоѓање решенија за извоз на мали пратки. Сегменти за кои би се зборело се транспортни трошоци и нивна сигурност, шпедитерски трошоци и царински формалности. За да не биде само на жалење на администрацијата, сега кога имаме подадена рака, замолувам да споделите ваши искуства, предлози и сугестии околу овие теми. Ако немате, а знаете некој има искуство, информирајте го за оваа иницијатива/сондажа за да може да се вклучат релевантни лица. Ни требаат паталци, а не - гаталци. Времето е значајно. Ве молам да прибереме фидбек во наредните 10 денови. Ќе претстојат средби во Министерството за економија и во Царината. Благодарам! #paypal #однасзависи05573
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.2 април 2023 г.Немам можност да ја сменам државата да биде Албанија, не може така да се зачува и ме враќа веднаш на Македонија. Да не треба некаде на друго место нешто да променам за да ми се овозможи и промена на државата овде?0
- Dali imate nekoi novi informacii vo vrska so PayPal ?In Платежни услуги PayPal и ост.·20 април 2019 г.04190
- СоветIn Платежни услуги PayPal и ост.·27 октомври 2020 г.Здраво, Ве молам за помош: како да направам "следење" на пратка која е платена преку пејпал., за која имам пејпал трансакционен ИД. А производот е купен на ebay. Благодарам однапред.04160
- Business ili BusinessIn Платежни услуги PayPal и ост.27 април 2020 г.Ова е важно за да се одреди дали картичката поддржува прием. На сликата подолу, левата картичка има Auto-transfer, а на таа десно - нема. Споредба на две картички Тоа значи дека за иста бизнис сметка во Пејпал, ако картичката нема Auto-transfer, Пејпал не дозволува прием на пари затоа што нема начин како да ги префрли потоа на картичката на сопственикот на бизнисот.04
- Три клучни знаци кои покажуваат дали вашата Пејпал сметка може да наплатува пари од купувачитеIn Платежни услуги PayPal и ост.·15 април 2020 г.Прием и наплата на пари од купувачите се прави само со креирана бизнис сметка во Пејпал. Посете го линкот Креирање на бизнис сметка во Пејпал ако не сте креирале бизнис сметка. Иако бизнис сметката ви е креирана, кај некои корисници нема можност за прием на пари. За да утврдите дали вашата бизнис сметка во Пејпал може да прима пари односно да наплатува за продадените производи и услуги, потребно е да ги проверите следните работи. 1) Дебитната/кредитната картичка треба да е линкувана со сметката На адресата https://www.paypal.com/businesswallet/money треба да проверите дали картичката е прикажана и нема на нејзе никаков екстра знак. Ако има извичник, икс, прашалник или било каков екстра знак, тоа покажува дека не е до крај линкувана картичката со бизнис сметката. Кликнувате на самата картичка и конфигурирате. 2) На главниот дешбоард треба да имате линк Withdraw Money На адресата https://www.paypal.com/mep/dashboard се наоѓа дешбордот за вашата бизнис картичка. Ако под текстот на салдото на картичката не пишува Withdraw funds (повлекување пари), тогаш веројатно бизнис сметката не е конфигурирана за прием/наплата на пари од продажба на производи и услуги. 3) Алатките во Пејпал содржат апликации за бизнис Ако од менито Tools изберете командата All Tools, ќе ви се појави листа на апликации за работа со бизнис сметката. Можете да одите и директно ако кликнете на овој линк - https://www.paypal.com/merchantapps/myapps. Ако во менито лево на екранот имате само две - три команди, тоа значи дека бизнис сметката не е конфигурирана за прием на пари. Посебно треба да видите дали ги има командите Get paid, Integrate PayPal и Sell your products. ... Ова се главните знаци дали вашата сметка има можност за прием на пари. Ако една од овие точки не е исполнета, вашата сметка не е „способна“ за прием на пари. Обратете се на вашата банка за помош и за проверка. ✍️ Напишете коментар со вашето искуство при проверката на картичката. Лајкнете ја објавата ако ви беше корисна. Споделете ја на вашиот пријател за да му користи и нема. Благодарам! 💙 #пејпал #paypal #бизснисметка041340
- Бизнис совет: Зоран Витанов, Лајконет ИнтернационалIn Бизнис совети, Q&A·7 август 2018 г.На 8.8.98 година (точно пред 20г), заедно со мојата сопруга и шестмесечниот син, одлучивме со нашето 8 години старо Југо, да се преселиме од Струмица во Скопје. Сиот наш имот го закачивме на куката од Југото, и се вселивме во Ново Лисиче во двособен стан под кирија. Од имот имавме многу љубов, прекрасен син, големи соништа и празни џебови. Политичка активност Како припадник на несреќната ЈНА генерација кога се распаѓаше Југославија, живеев со убедување дека мора да бидам политички активен, за да не оставаме простор на себични политичари, на кои за лични интереси целата моја генерација им послужи како топовско месо. Но, тогаш верував дека преку политика човек може да делува за изградба на подобар свет. Има една мудрост која што вели дека кој на млади години не бил социјалист, нема срце, но кој подоцна ќе остане социјалист, нема мозок. Така и јас, додека бев млад и наивен, бев политички активен социјалист, денес сум само млад! :) Ја напуштив политиката пред точно 10 години, кога навлегов со полн младешки потенцијал во претприемништвото. Тогаш веќе ми беше сосема јасно дека во политиката човек служи на туѓи агенди, кои не само што не се свои, туку се и спротивни од сопствените убедувања. Зачетоците како претприемач Одлучив да работам за себе, но, немав капитал. До тогаш верував дека се важни парите, а не идеите. Но, подоцна увидов дека не е баш така, дека менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век. Време беше да се промениме, бидејќи и економијата беше сменета. Софтверската технологија напредна енормо. Промените се кон “фигитал” (PHYsical & diGITAL), креирајќи нов бизнис дизајн, со спојување на дигиталните и физичките светови во сите аспекти на човековиот живот. ... менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век. Станав непоколеблив кон личната визија, но флексибилен кон деталите. Знаев и ЗОШТО нештата ги правам, а не ми беше важно КАКО, за тоа оставав на стручни луѓе од областа на софтверската технологија да најдат решенија. Дигитализацијата ми стана алатка за лична промена! Порано бев од оние кои "кои знаат се", сега сум од "оние кои учат се"! Сватив дека незнам, а мислев дека знам! Порано бев од оние кои "кои знаат се", сега сум од "оние кои учат се"! Видов дека додека цел свет се менува и напредува, ние сме фокусирани на лажни лидери, кои не се претприемачи, туку политичари.! Знаев дека за миг не можев да постигнам успех, но за миг можев да го сменам фокусот. До тогаш бев фокусиран на парите, работев за пари, сега се фокусирав на градењето мрежи, па парите почнаа да работат за мене, користејќи ја глобалната дигитализација. Новите економски трендови станаа краудфандингот, краудсорсингот, огментацијата, дигитализацијата и автоматизацијата. Преку тие текови се покажа дека никогаш не било полесно и побрзо да се позиционира човек на пазар со сопствена идеја, но и никогаш не било полесно и побрзо да се исфрли човек од тековите, доколку нема визија за себе. Сватив дека само инвестирањето во себе навистина се исплати ... Почнав многу да инвестирам во себе, учев од најдобрите во светот на маркетингот, претприемништвото и личниот развој. Сватив дека само инвестирањето во себе навистина се исплати, сватив дека неможам на пазарот да понудам нешто што немам, а особено сватив дека ако нудам нешто што можат многумина да го понудат, не можам да очекувам да бидам високо вреднуван. Сватив дека ако се фокусираш на успехот, успехот ќе се фокусира на тебе! Разбрав дека формалното образование ќе ми овозможи живеачка, но неформалното образование ќе ми овозможи богатство. Разбрав дека не треба да одам по истапкана патека по која сите одат, таму нема да растам и напредувам. Отидов таму каде што очекувањата за моите лични вештини и компетенции се големи. Сватив дека ако се фокусираш на успехот, успехот ќе се фокусира на тебе! Учејќи од најуспешните во светот, ги зголемив своите цели, размислував за глобални бизниси, престана да ме интересира се што е локално. Градење на најголемиот виртуелен шопинг центар во светот Познавајќи го маркетингот, знаев дека продажбата е најплатен сегмент од бизнисот и се фокусирав во тој сегмент. Штом е најплатено, значи дека е тоа најголем проблем на компаниите, инаку не би била продажбата најплатен дел. Така дојдов до заклучок дека кога би можеле да го пренасочиме прометот на конзументите со загарантиран бенефит и додатни мотивации за нив, трговците со задоволство ќе ни исплаќаат провизии. Конзументите и така и така трошат. Тие не треба да прават ништо ново, туку сега би ги мотивирале тоа што и така го прават, тоа да го сторат кај нашите трговски партнери. ... кога би можеле да го пренасочиме прометот на конзументите со загарантиран бенефит и додатни мотивации за нив, трговците со задоволство ќе ни исплаќаат провизии. Новата софтверска технологија ни овозможуваше тоа да го следиме, и благодарение на краудфандингот, ни се приклучија илјадници луѓе кои ја препознаа визијата и заедно го градиме најголемиот виртуелен шопинг центар во светот, каде од сите светски парични текови, бидејќи ние ги пренасочуваме, трговците откога ќе наплатат, ни исплаќаат провизии. Сите кои се во системот добиваат. Конзументите штедат, а трговците добиваат поголем промет. Тие преку дисинтермедијацијата наместо парите за реклама да ги дадат однапред на медиумите, сега ги враќаат кон крајниот потрошувач. Денес Денес, после неколку години, приказната се развива понатаму сама од себе, во моментов во 47 земји, а во иднина насекаде! ... во моментов (сме) во 47 земји, а во иднина насекаде! Денес е пак 08.08, но сега 2018, Тогаш имав сосема мали амбиции за опстанок. Целта ми беше да не сум во криза. Денес опстанокот не ме засега, бидејќи сум во сферата на успех, но се стремам кон значајност. Ако јас можев, секој може. Внимавајте кого слушате, видете што ве исполнува, дознајте кој е веќе успешен во тоа што вас ве исполнува и учете од него, а не од секого! Бизнис совет(и) Не е важно што ви се случило во животот, единствено важно е што вие ќе сторите во врска со тоа. Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. Многу луѓе не работат на остварување на своите соништа бидејќи им дозволуваат на искуствата од минатото да им ги детерминираат можностите. Тоа што ви се случило во минатото не е одраз на вашите можности, тоа е само одраз на вашата свест. Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. Иднината е неограничена во овој момент за вас. Никој нема поим колку вие можете во животот, дури ни вие самите! Ние имаме моќ да си го смениме правецот во кој нашиот живот се движи, со менување на нашите мисли, со избегнување на сите негативни луѓе од нас, без обзир колку и значајни тие луѓе да ни се чинат во овој момент за нас! Ако не сте спремни да ризикувате, нема да растете, ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе, ако не го извадете најдоброто од себе, нема да сте среќни, ако не сте среќни, што друго ви останува во животот!? ... ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе ... Лудило е да ги мразиме сите рози затоа што сме се боцнале од еден розин трн, да се откажеме од сите наши сништа, затоа што еден не ни се остварил. Да изгубиме верба во молитвите затоа што една не ни е исслушана. Да ги осудиме сите пријателства, бидејќи еден не предал. Да не веруваме во љубовта ако некој не ни ја возвратил или не изневериле. Да се откажеме од нашите шанси бидејќи една не сме реализирале. Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте. Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте. Големината на луѓето се мери според големината на проблемите кои успеале да ги кутнат. Големите луѓе имаат големи мисии, а големите мисии се предусловени со големи искушенија! Зоран Витанов Instagram: zoran.vitanov Facebook: Zoran Vitanov www.lyconet.com ✅✅✅ Пријави бизнис приказна и совет на линкот тука ... ✅✅✅ #МојатаРабота #БизнисСовет045727
- Личен/бизнис акаунт за прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.·27 јануари 2023 г.Бев на последниот настан за Пејпал, но тогаш не отворив акаунт. Сега син ми почнал нешто со видео едитирање за некои гејмери и сработил 80 долари па сака да ги повлече парите. Отворив АЛБ акаунт на пејпал, па се мислам дали да го префрлам во бизнис акаунт како што советувавт. Акаунтот го поврзав на Виза дебитна од Халк, која дефакто тој ја користи (купување игри и сл.). Прашањето ми е дали да трансформирам во Бизнис акаунт (физичко лице, ако повлекува пари ќе си плаќам персонален) или да го оставам како сега па вака да му праќаат средства (гледам дека ја има таа опција)?04454
- Средба со заменик-министерот за економија: Олеснување на постапките и поддршка за извозот преку Пејпал и другитеIn Платежни услуги PayPal и ост.·7 октомври 2019 г.Денес, 07.10.2019, на покана на заменик-министерот за економија, г-нот Кирил Колемишевски, остварив работна средба поврзана со Пејпал и останатите (странски) платежни процесори. Целта на средбата беше да се започнат активности за елиминирање на евентуалните пречки околу извозот на македонските производи и услуги и наплатата преку PayPal и останатите платежни процесори. Заменик-министерот Колемишевски покажа голем елан и желба дa поддржи активности на подобрување на условите за стопанисување на микро и малите фирми и на поединците-професионалци во сите сфери. „Заедно ќе се заложиме овој сегмент од македонската економија да го динамизираме и да овозможиме услови за зголемен извоз на македонските производи и услуги.“ напиша на својата фејсбук страница Кирил Колемишевски. „Преку овозможување на PayPal, сметам дека има голем потенцијал за македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и светот.“ истакнува Колемишевски. „Ги повикувам претприемачите, бизнисмените и луѓето со храбри идеи, да ме контактираат за презентирање на идеите и мерките, бидејќи сите сме дел од тимот кој треба да ја подобри македонската економија.“, завршува во својата објава на фејсбук страницата заменикот-министер Колемишевски. Ме радува еланот и односот на заменик министерот за подобрување на условите за работење. Посебно е за поздравување неговата проактивност - самиот изрази желба работите да се сменат. Замислете. Ова е обратна ситуација од која сме се навикнале. Нека биде за пример. Зборувавме за прилагодување на прописите за користење Пејпал и другите светски платежни процесори при наплата од странство. Освен придобивката од Пејпал, Македонските претприемачи да имаат намалени трошоци и поедноставени процедури при продажба на своите производи. Областите кои треба да бидат координирани и со можност прилагодени на поголем број на мали субјекти и поединци се прикажани на сликата подолу. Повеќе за ова има во објавата „За да носи мед, саќето треба да е подготвено - следни чекори за PayPal“. Од средбата се донесе заклучок дека овие активности треба да финишираат кон крајот на годината. На крајот од овие активности ќе биде потребно да се разговара со претставниците на Paypal за да се овозможи овој сервис во Македонија. Потоа и другите сами ќе дојдат. Пејпал и останатите платежни процесори Како што е познато, PayPal е овозможен во Македонија за купување на производи од странство, но нема можност за продажба на македонски производи на странските пазари. Неодамна Народната банка ја укина пречката за отворање на сметки во странство - види НБРМ: Овозможено отворање сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели. Ова беше првиот неопходен чекор. Сега од сите нас зависи Замолувам овие денови да доставите ваши согледувања, предлози, идеи и коментари кои би се користеле во разговорите и активностите со горе-посочените институции. За да може подобро да се адресираат потребите на стопанствениците, претприемачите и професионалците, очекувам поголем фидбек за потребите во коментари, тука на овој пост, или на Сондажа: Искуства со транспорт, шпедиција и царинска постапка за мали пратки при извоз. Може да напишете нова објава на форумот. Сега од нас самите зависи колку ќе се заангажираме за да обезбедиме Пејпал што побрзо. #paypal #министерствоекономија #пејпал #однасзависи04766
- Пробна (бета) верзија на ЛС КонвертМак 365 за Microsoft ExcelIn Општа дискусија·1 ноември 2020 г.Пробната (бета) верзија за конверзија на кирилични фонтови во текст со македонската поддршка е изработена и е спремна за тестирање. Следејќи го концептот за Word, конверторот се вика ЛС КонвертМак за Microsoft Excel. Ве молиме вашите сознанија, сугестии и грешки да ги пријавите со коментар на оваа страница. Ќе биде корисно ако овој пост го споделите на ваши соработници и пријатели за да може да се истестира што е можно подобро. За неколку денови ќе го „затвориме“ развојот на конверторот и затоа е добро да се добие што е можно покорисен фидбек за да го подобриме конверторот за Excel. Конверторот може да се преземе на страницата за споделување на фајлови - алатки на Логин Системи. Во очекување на вашиот фидбек, ви благодариме! ❤️ #LSKonvertMak #ЛСКонвертМак #excel04645
- Работна средба со Народна банка на РСМ: Промени во регулативата за отворање сметки во странствоIn Платежни услуги PayPal и ост.6 август 2019 г.Пејпал ќе треба да одлучи за пазарот.2
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page









