top of page
Резултати од пребарување
Се' (2118)
Производи (49)
Услуги (5)
Настани (14)
Блог-објави (386)
Страници (811)
Форум-објави (823)
Programs (30)
Filter by
Type
Category
823 results found with an empty search
- Отворенo банкарство за нови небанкарски играчи во платежниот бизнисIn Платежни услуги PayPal и ост.·22 април 2019 г.Најпрво би сакал да го поздравам форумот како еден голем придонес на бизнис заедницата за заложбата за современ национален платен систем. Дозволете ми најпрво да направам една терминолошка дистинкција на користењето на поимот платни системи. Платните системи се посебни ентитети во платежната инфраструктура. Најчесто бизнис ентитетите пристапуваат на платните системи преку банките кои во нашиот случај се единствени обезбедувачи на платежни услуги за приватниот сектор, кое е согласно нашата тековна регулатива. Светското, посебно европското искуство укажува дека покрај банките, обезбедувачи на платежни услуги се лиценцирани небанкарски институции (фирми од приватниот сектор). Во ЕУ во овој домен направена е дигитална трансформација, модернизација и револуција во доменот на платежните услуги преку транспонирање на PSD2 (Payment Services Directives 2) и EMD2 (Е-Money Directive 2), кои што претставуваат директиви т.н.game changer regulations (посебно PSD2), кои го менуваат, односно трансгформираат пазарот на платежни услуги. Во таа насока се отвора и банкарскиот сектор за конкуренција во овој домен, секако и истиот се менува во насока на негова натамошна модернизација. Покрај PayPal, Stripe, Skrill се јавуваат мноштво лиценцирани играчи коишто на пазарот се појавуваат како платежни институции, институции за издавање на електронски пари, институции за иницирање на платежни услуги и други fintech компании кои целосно го трансформираат овој пазар како на глобално ниво за ефикасни и достапни прекугранични трансакции така и на национално ниво за дигитална трансформација на платежните услуги. Во земјите членки на ЕУ трансформацијата на пазарот на платежни услуги се врши најчесто преку носење на нов Закон за платежни услуги, (во кои се транспонираат горенаведените директиви) со кој ќе создаде услови за дигитална трансформација и глобална конекција на нивниот пазар за платежни услуги. Да се надеваме дека во периодот што следи не очекува еден динамичен период и во нашата земја. (Во текстот се изнесени лични ставови на авторот коишто немора да кореспондираат со официјалниот став на Народна банка на Република Северна Македонија)11404
- Ажурирање на курсни разлики во Dynamics NAVIn Microsoft Dynamics 365·29 март 2017 г.Во денешни услови скоро и да не постои современа, модерна и растечка компанија во која голем дел од трансакциите не се прават на меѓународно ниво. Еден од главните финансиски индикатори кој треба да се следи е навремено, точно и прегледно ажурирање на курсните разлики. Постојаното и правилно следење на движењето на курсот на странските валути во однос на домашната е од огромно значење за финансиите на компанијата и правилно и рентабилно искористување на паричните средства, како и донесување на навремени и продуктивни деловни одлуки. За разлика од класичните (постари) сметководствени софтвери, курсирањето во NAV е автоматско и не треба рачно да се пресметува на крајот на одреден период (или почесто). Во НАВ постојат неколку специфики/функции поврзани со курсните разлики: 1. Секојдневно внесување на девизен курс. Секојдневно треба да се внесува курс на странските валути кои се користат за да може девизните трансакции да бидат конвертирани во денари (домашната валута). Доколку нема внесено курс за датумот за кој се прави транакцијата, НАВ ќе го земе последниот внесен курс за соодветната валута. 2. Конта за книжење на курсни разлики. НАВ пресметува нереализирани и реализирани позитивни и негативни курсни разлики. Во сетапите се задаваат конта на кои се книжат истите при трансакциите. Препорачливо е да има различни конта за нереализирани и реализирани курсни разлики, како и различни конта за различни валути. 3. Курсирање на коминтенти, а не на конта. Во НАВ се курсираат само трансакциите кои се поврзани (искнижени на) со Купувачи, Добавувачи и Банки. Автоматски не се курсираат износите кои се искнижени директно на конто. Затоа, препорачливо е доколку има девизни кредити, позајмици и слично, истите да бидат отоворени како коминтенти (Пр. Добавувачи) за да се земат трансакциите во предвид при автоматското курсирање во НАВ. 4. Функција за автоматско ажурирање на курсни разлики. Функцијата за ажурирање на курсни разлики е системска функција на НАВ и се пуша најчесто на крајот на месецот, меѓутоа може да се пушта и секој ден или по динамика која самиот корисник ќе ја одреди. При оваа функција, во зависност од поставените филтри, се земаат отворените девизни трансакции за соодветниот период и истите се курсираат. Тоа значи дека во тој момент автоматски се сторнираат претходно пресметаните нереализирани курсни разлики и се прокнижуваат нови согласно моменталниот курс на соодветната валута. 5. Курсирање при затварање (поврзување) на документи со плаќања. Кога се прави аплицирање (затварање) на документи-фактури со плаќања НАВ пресметува курсна разлика согласно направена пресметка за споредба на курсот на денот на книжење на фактурата и денот на плаќање на истата, во релација со средствата кои се потрошени за да се реализира плаќањето. Во зависнот дали се плаќа повеќе/помалку од денарската вредност на фактурата на денот на книжењето, се пресметува позитивна или негативна реализирана курсна разлика. Повеќе информации за тоа како работи НАВ со курсните разлики има на линковите подолу: Currency Exchange Rate Table https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh171003(v=nav.70).aspx Adjust Exchange Rates Batch Job https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh167262(v=nav.90).aspx Adjustment Exch. Rate Amount Field, Currency ExchangeRate Table https://msdn.microsoft.com/en-us/library/hh167378(v=nav.70).aspx11297
- Финансиска помош НЕ може да користи основач/сопственик на фирма (коронавирус)In Сметководство и финансии·5 април 2020 г.Со Уредбата со законска сила за Финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор поради кризата предизвикана од корона вирусот, за исплата на платите за април и мај 2020 година се уредуваат начинот и условите на поддршката. Заклучок е дека финансиска помош не може да користи основач односно сопственик на барателот – работодавач. Имено, мерката не се однесува на сопстсвеник/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка. Исто така не се однесува на органи, институции, агенции и други субјекти на државна власт како и на приватни агенции за вработување за работници кои ги отстапиле на работодавачи од државна власт. Од ова произлегува дека кај нас многуте човек- фирма, нема да имаат финансиска поддршка за исплата на платите (пр. трговци, фризери, козметичари, мајстори, сервисери и останати занаетчии). Вашите дилеми или прашања, ги очекувам подоле.. Мери Каровска, Овластен сметководител www.karovska.mk #коронавирус #сметководство11409
- Книги за евиденција во трговијата на големо и малоIn Сметководство и финансии·27 февруари 2025 г.Правилник од Министерство за економија Од економско правен консалтинг ФВ ни доставија како изгледа Правилникот за формата и начинот на водење евиденција за набавка и продажба на стоките и услугите во трговијата на големо и мало. КДФИ - Книга за дневни финансиски извештаи Покрај меморирањето на прометот во фискалната меморија, во случај на губење на другите евиденции, даночниот обврзник има обврска да води и Книга за дневни финансиски извештаи. Книгата се води за секој деловен објект во кој се користат фискални апарати. Во објект во кој се користат повеќе фискални апарати, дневните финансиски извештаи се евидентираат збирно. http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/140271
- Приватен Paypal account, апгрејд во Business со линк на VISA картичка од NLB Тутунска (Не функционира)In Платежни услуги PayPal и ост.·4 мај 2020 г.037754
- Приватен Paypal account, апгрејд во Business со линк на VISA картичка од NLB Тутунска (Не функционира)In Платежни услуги PayPal и ост.4 мај 2020 г.Неколку работи може да попречуваат да се оствари приемот на пари. 1. Ако приватниот пејпал акаунт сте го користеле претходно со пријавено во друга земја, може да има проблем. Најдобро е да отворите нова емаил адреса и потоа да одите според постапката, прво приватна сметка, а потоа и бизнис сметка. Дали чекорот 5 помина од овој линк Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на пари? 2. Проверите дали картичката има Ауто-трансфер опција. Кои кредитни/дебитни картички поддржуваат продажба преку Пејпал - проверете дали има опција Ауто-трансфер 3. Која земја ви стои како за место на Incorporation. Проверете на оваа адреса. https://www.paypal.com/businessprofile/settings/info/edit Треба да стои во Country/region of incorporation - Macedonia. Преверете ги и другите параметри дали се пополнети: Име на бизнис, бројче на merchant - https://www.paypal.com/businessmanage/account/accountAccess. 4. За секој случај, ставете примарна валута да биде Евро, а доларот избришете го. Пишете дали сте успеале. ПС Секако дека можете да ја контактирате и банката.016
- Како-да: Креирање на бизнис сметка на PayPal за продажба на производи/услуги и прием на париIn Платежни услуги PayPal и ост.·9 април 2020 г.Бизнис сметка на ПејПал се користи за продажба на производи и услуги преку Интернет. Пред да се отвори бизнис сметката, лицето треба да провери кои се постоечките законски прописи за даноци и за водење на бизнис. Некаква правна форма за водење на бизнис е условот како на пример трговец/поединец, трговско друштво, невладина организацијата. Целта на оваа објава е да се покаже техничкиот дел од отварањето на сметката, а за правниот и сметководствениот дел добро е да се обратите на вашиот сметководител или адвокат/правник. Пред да преминете на креирање на бизнис сметка, можеби е добро да ја прочитата објавата Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување. 1. Отворање на сајтот на пејпал Се оди на сајтот на Пејпал www.paypal.com и се избира Open a Business Account. Се внесува емаил адреса под која ќе се креира бизнис сметката. На ова место може да се стави емаил адресата од претходно креираната персонална сметка на ПејПал (види Креирање на сметка во Пејпал за купување). Се притиснува Continue. Со оваа постапка може да се креира целосно нова бизнис сметка или да се надгради постоечката приватна сметка во Пејпал до бизнис сметка. Откако се избере опцијата се притиснува Continue. 2. Опишување на бизнисот На наредниот екран треба да се стави официјалниот назив на бизнисот. Тоа треба да биде назив на фирмата, организацијата така како што е регистрирана во Централниот регистер. Како што посочува Пејпал, овде не треба да се става назив на бренд или трговска марка. Потоа се ставаат информации за бизнисот - адреса на седиштето и примарна валута. Примарната валута највеќе зависи од тоа на кои пазари ќе се работи. Ако не сте сигурни, изберете Еуро (евро). Покрај внесување на податоци, треба да го прочитата Договорот за корисници и Изјавата за приватност. Ако се согласувате со нив, треба да ја штиклирате опцијата By clicking Agree and Continue, I agree to the User Agreement and Privacy Statement. Потоа се кликнува на Agree and Upgrade Account. Наредно што треба да се направи е да се опише типот на бизнисот. Прво се одредува дали е трговец-поединец, друштво, корпорација и слично. Откако првичната информација ќе се стави, се одредува и индустриската гранка и се става веб сајт адреса. Ако немате веб адреса, не ставате ништо или евентуално ставете Facebook страница. 3 Лични информации за администраторот на бизнис сметката За администраторот на бизнис сметката се ставаат лични податоци. Ако бизнис сметката е надградба на персоналната сметка, тогаш овие податоци се пополнети. Откако се проверат податоците, се притиснува на копчето Submit. 4 Финални подесувања Во овој момент Пејпал ќе побара да се достави дополнителна информација - затоа трреба да се притисне на collect additional information. Ова не е задолжителна опција, но е добро да ја направите за да ви се ослободи екранот од непотребниот алерт. Кога ќе кликнете на текстот, не се случува ништо посебно туку само информација дека вие не сте од САД и дека е ажурирана сметката. Ако досегашната постапка одеше без проблеми, Пејпал ве информира дека бизнис сметката ви е креирана. Воедно од левата страна имате инфо дека салдото ви е Нула. Примарната валута може да се смени. 5. Конфигурирање на кредитна/дебитна картичка Уште не е крај на постапката за креирање на бизнис сметка ... На ред доаѓа да се конфигурира вашата кредитна/дебитна картичка на која ќе примате пари од продажбата на производите и услугите како и од евентуалните донации. Се кликнува на картичката (долу лево на сликата). Екранот може да е различен ако претходно немавте креирано персонална сметка за Пејпал. Откако ќе кликнете на картичката за да ја потврдите, се појавува прозорец како на сликата подолу. Тука Пејпал ќе сака да ви „земе“ од 1 до два долари (не повеќе од 100 денари) од картичката за да види дека е важечка картичка. Исто така, за да провери дали на картичката може да ви се префрлуваат пари, кога ќе ви го земе износот, на изводот во банката треба да има опис што почнува со PP* потоа 4 цифри и продолжува со CODE. Ако се согласувате со ова, и имате пари на картичката (100 денари и повеќе), притиснувате Get Code. После оваа операција, може да треба да почекате некое време за да се изведе „земањето“ на тој 1 долар од вашата картичка. Ако немате електронско банкарство или не добивате на СМС, ќе треба да барате начин да ја видите состојбата на вашата картичка. Иако пишува дека треба да чекат 3 до 5 денови, моето искуство кажува дека не се чека повеќе од неколку минути. Кога ќе го знаете 4-цифрениот код, може да го ставите во прозорецот како на сликата подолу и да потврдите со Confirm. Ако кодот е точен, Пејпал ве информира дека картичката е конфигурирана и можете да вршите наплата при продажбата на вашите производи и услуги. Посакувам успешна продажба и профитабилен бизнис! 💸💸💵💵🛍🛍🛒🛒 🔶 Прашања или дилеми поставувајте во коментар на оваа порака. Или отворете прашање во оваа категорија ... Информација Ниту јас (Венко Глигоров) ни Логин Системи немаме директна поврзаност со Пејпал или пак имаме некакво застапство ниту имаме обврска за техничка или било каква поддршка поврзана со Пејпал. Активностите со воведувањето на Пејпал во Македонија ги правиме на доброволна некомерцијална основа и како дел од нашата општествена одговорност. * Исклучок може да бидат фирмите и поединците со кои сме договориле или би договориле билатерално некаков вид на соработка на основа на консултант-корисник. Корисни линкови Прегледај ги и останатите содржини поврзани со оваа објава. Форум за Пејпал Како-да: Креирање на сметка во PayPal за купување Како-да: Правење фактура и испраќање по е-пошта преку PayPal #paypal #пејпал0158747
- АКО ПРОДАДАМ СЛИКА ОД 200 ЕВРА ПРЕКУ ПЕЈПАЛ, КОЛКУ ЌЕ ОСТАНЕ ЗА МЕНЕ?In Платежни услуги PayPal и ост.·12 октомври 2019 г.За Пејпал се бара масовност. Активна масовност. Да презентираме на Пејпал дека има потенцијален бизнис. Сите викаат дека има интерес. Верувам дека има интерес. Но знаете многу добро дека во бизнисот се важни бројките. И големите играчи одлуки прават според бројки наместо на емоции. Иницијативата за Пејпал ја потпишаа 1300 ентитети, дел фирми, дел поединци. Неочекувано висока бројка која многу пријатно ме изненади. Сепак. Пред две години ова беше недоволно за Пејпал да отвори операции во Мк. И сега не е доволно. Некои се обратиле во Пејпал и добиле куртоазен одговор дека не е време за бизнис одлука. Ни останува самите да си помогнеме. Да го сработиме нашиот дел од задачата. Утре Пејпал да дојде, дали некој знае колкави провизии ќе имаат банките? Колкава ќе биде тарифата на шпедитерите? Ако треба да продадам слика за 200 евра, колку ќе ми остане како печалба? На пример, ако за транспорт ми требаат 50 евра, шпедитерот ми зема 60 евра, банката да ми земе 30 евра, Пејпал ми зема 2,5%, колку пари ќе ми останат од 200 евра? Ќе излезе дека за слика од 200 евра може ќе треба да се издвојат Цирка 130 евра како трошоци. Или повеќе, а може и многу помалку. Каде се материјалите и трудот? Дали се исплати? Затоа е важно да се дебатира фокусирано на форум наместо на разни места на фејсбук, важно е да има сугестии и коментари, да се споделува. Да се изродат нови идеи како да се подобрат условите за работење. И потоа една по една да се решаваат во институциите. Само така може да има прогрес. Кога ќе се средат работите, Пејпал не мора да дојде. Ќе дојде некој друг ... Но системот и процедурите во државата ќе стане подобрен. Нека не ве м’рзи. Пред многу години некои се фатиле за пушка за да се изборат за подобар живот. Ние можеме со “модерни” пушки да се избориме за подобра сегашност и иднина. ❤️Мк014705
- Приватен Paypal account, апгрејд во Business со линк на VISA картичка од NLB Тутунска (Не функционира)In Платежни услуги PayPal и ост.24 мај 2020 г.Македонски Пејпал бизнис не ни може да отвориш затоа што тоа Пејпал не го дозволува. Ниту пак може на личен Пејпал да примаш и повлекуваш пари. Дали Пејпал не игнорира, дали нашиве овде намерно кочат, важно голем недостаток е ова за многумина овде014
- Автоматско префрлање на картичка???In Платежни услуги PayPal и ост.·15 октомври 2020 г.Здраво!Ми треба ваша помош во врска со бизнис акаунтот на PayPal.Благодарение на ВАС и вашите совети пред месец дена направив бизнис Профил на PayPal преку Бугарскиот линк. Се регистрирав како freelancer со назнака дека продавам дигитални производи.Ја ставив картичката од НЛБ Visa Дебит (имам денарска и девизна $ трансакциска сметка на истата ) ја верифицирав со кодот кој ми го испратија од PayPal и е линкувана со сметката,...email адресата од мојот Paypal ја имам ставено на три интернет продавници и веќе имам неколку приливи на доларчиња:-)Мојот проблем е што на 1 Октомври немав автоматско префрлање на средствата на мојата картичка,ако може да ми дадете совет каде да ја уклучам таа автоматска трансакција???Имам две опции: Да направам трансвер на средствата на мојата картица, едната е ВЕДНАШ и земаат некој процент и втората е без провизија ама за два три дена ке бидат префрлени.Jaс продавам Digital Download (JPG files ) а така и означив кога го креирав профилот на Paypal На сите платени нарачки стои можноста за транспорт и додавање на тракинг број???,јас сите ги имав означено како да се пратени но немав автоматска трансакција на картичката,дали ова е проблемот????Би ве замолил доколку некој сака да ми помогне нека ми одговори,и дали некој со ваков PayPal акаунт имаше проблеми со најава изминативе денови ( јас имав )и дали може да е проблем во иднина тоа што кодот за најава ми стига на мк мобилен тел. Благодарам.014632
- Поврзување со PayPalIn Платежни услуги PayPal и ост.30 март 2023 г.Zdravo na site! Golema blagodarnost do kreatorot na stranata i sekoja cest za negovata brilijantna ideja. :) Navistina Makedonija ima potreba od paypal. Jas denes otvoriv personal account i napraviv upgrade na istata vo business account spored postapkite kako sto se opisani ovde. Megutoa nemam opcija za primanje pari. Samo prviot cekor od navedenite tri kako da se proveri business accountot t.e. verificiranje na debitna karticka go napraviv. Za drugite -business tools imam opcija samo za prakanje pari t.e. kupuvanje no ne i za receiving money. Eve screenshot od mojot paypal account. Se javiv vo NLB banka i mi rekoa deka mozelo da se povrze kartickata so paypal, sto znaci ne e do nea. Dali nekoj znae do sto bi mozelo da bide problemot i kako da se resi toa?09
- Прогресивен данок со користење на Payoneer.In Платежни услуги PayPal и ост.·17 мај 2019 г.Здраво на сите, Информативно ме интересира дали со користење на онлине сервисот Payoneer, сме задолжени на плаќање данок вклучувајќи го и прогресивниот се додека парите не се испорачани на банка во одредена држава ? Значи сценариото е .. легнување пари на сметка на сервисот и користење на картичка за влечење на истите без претходен трансфер на истите во одредена банка во одредена држава ? Благодарам унапред, Александар.095364
Пребарај во блог-објавите ...
Пребарај низ форумот на Логин Системи
Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови
bottom of page







